feature

Исаксон го реши дербито, Милан поразен во Рим

Со гол на Исаксен во првото полувреме Лацио со 1-0 го победи Милан во денешниот дерби дуел од Серија А.

Данскиот офанзивен фудбалер, Густав Исаксен кој треба да се најде во составот на Данска за престојниот дуел со Македонија, беше херојот на Лацио вечерва.

Со негов гол во 26. минута Лацио го победи Милан со 1-0.

По примениот гол, росонерите имаа доволно време за да се вратат, но не успеаа ниту да се спасат од пораз.

Интер и покрај ремито со Аталанта, успеа да ја зголеми предноста во однос на Милан. Разликата на девет кола до крајот е осум бодови.


Итно хоспитализиран Душко Вујошевиќ

Поради тешко воспаление на плуќата, како и со тегоби во бубрезите односно срцето, итно е хоспитализиран трофејниот српски кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ.

Неговата здравстена состојба била доста проблематична и специфична, што тој морало да биде одведен во болница, и таму да биде под 24 часовен лекарски надзор.

Од она што во моментов го пренесуваат медиумите во Србија, е дека денеска неговата ситуација е за нијанса подобра во однод на онаа во моментот кога бил примен.

Во 2025 година Вујошевиќ беше подложен на трансплантација на бубрег.


Шампионот првпат поразен дома, Вардар 1961 со победа заминува од Битола

Еурофарм Пелистер и Вардар одиграа уште едно квалитетно македонско ракометно дерби, а поуспешни на крајот беа гостите од Скопје, кои подобро се снајдоа во завршниот период и заслужено стигнаа до победа со резултат 22-27.

Битолчани го контролираа резултатот во првиот дел и на одмор заминаа со гол предност (12-11), а двете екипи долго не дозволуваа одлепување на противникот, барем се додека Вардар не дојде до 19-22.

Еурофарм Пелистер не успеа целосно да се врати во натпреварот, а во обидот да ја стопи негативата беа исфорсирани неколку завршници кои не завршија со реализација, а Вардар казнуваше на спротивната страна и стигна до убедлив триумф.

Малус со осум и Лазаревски со седум голови беа најдобри поединци во победничкиот состав, додека кај Еурофарм Пелистер, Кузмановски и Манасков беа дел од групата ракометари со по три погодоци.

Во следното трето коло Еурофарм Пелистер гостува кај Бутел Скопје.


Ливерпул го убеди Алисон да остане на „Енфилд роуд“

Раководството на Ливерпул ја активираше клаузулата во договорот со Алисон Бекер, со што го продолжи договорот со бразилскиот голман до јуни 2027 година.

Оваа вест ја објавија Пол Џојс и Фабрицио Романо. Агенцијата на играчот, кој ја претставува Зе Марија Нес, исто така ја потврди оваа информација, а се очекува Ливерпул да го направи истото во следните денови.

Ова стави крај на шпекулациите околу иднината на 32-годишниот Бразилец, за кого интерес покажаја Јувентус, Интер и клубови од Саудиска Арабија. Алисон е темелот на успехот на Ливерпул откако пристигна од Рома во 2018 година за 72,5 милиони евра – сума која тогаш го направи еден од најскапите голмани во историјата на фудбалот.

Од тој момент, бразилскиот голман придонесе за освојување на повеќе големи титули, вклучувајќи ја Лигата на шампиони и две титули на Премиер лигата, истовремено постојано е рангиран како еден од најдобрите голмани во светот.

Алисон го пропушти гостувањето на Галатасарај неделава поради помала повреда, но се очекува дека ќе биде на голот во денешниот дуел со Тотенхам.


Наполи ќе плати 44 милиони за да го откупи Хојлунд

Наполи ќе го купи напаѓачот Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед за 44 милиони евра, како што е предвидено во договорот, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс.

  • Нема сомнение за тоа. Расмус ќе остане тука. Имаме обврска да го купиме играчот од Манчестер јунајтед ако се квалификуваме за Лигата на шампионите, но тој е во нашите планови без оглед на тоа, потврди спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана.

Хојлунд одигра 35 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 13 гола и четири асистенции.

Наполи е трет на табелата во Серија А со 56 бода, 12 помалку од водечкиот Интер.


Алкалоид поднесе жалба за судењето на дербито со Охрид

Ракометниот клуб Алкалоид ја информира јавноста дека до надлежните органи на Ракометната федерација на Македонија е поднесена официјална жалба поради сериозните судиски пропусти и крајно неконзистентното судење на натпреварот меѓу ГРК Охрид и РК Алкалоид.

Средба се одигра вечерва во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, во рамки на второто коло од плејофот во македонската Суперлига и заврши со нерешен резултат 27:27.

РК Алкалоид смета дека на овој натпревар беше драстично оштетен од одлуките на судиската двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски, чие судење, според клубот, беше лошо во текот на целиот натпревар, со невоедначен критериум, различен пристап во идентични ситуации и со повеќе спорни одлуки што директно влијаеја врз ритамот на играта, психолошката стабилност на тимот и конечниот резултат.

  • Дерби натпреварот во Охрид беше со сите карактеристики на дерби меч, во кој движењето на резултатот во текот на сите 60 минути беше во рамки на еден до два гола разлика. Натпреварот можеше да биде резултатски прекршен во кој било период од играта, а тоа особено се однесува на финишот. Сметаме дека РК Алкалоид е драстично оштетен со катастрофалното судење на судиската двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски. Судењето беше лошо во текот на целиот меч, критериумите не беа изедначени, а во неколку наврати беа донесени одлуки на штета на РК Алкалоид за кои сметаме дека директно влијаеја на конечниот исход на дербито, изјави претседателот на клубот, Горан Минов.

РК Алкалоид очекува Ракометната федерација на Македонија без одлагање, детално, стручно и одговорно да ја разгледа поднесената жалба и да утврди дали на овој натпревар биле исполнети основните критериуми за фер, објективно и непристрасно судење. Апелираме до надлежните да постапат професионално, одговорно и без калкулации.

РК Алкалоид и во иднина ќе продолжи да ги користи сите дозволени и легитимни механизми за заштита на своите права, интереси и спортскиот интегритет на клубот.


Тиквеш до врв ја наполни мрежата на Шкупи

Натпреварот во Кавадарци започна одлично за домашната екипа, која уште во првата посериозна акција стигна до водство. По брзиот продор по десната страна, Лавал со прецизен удар со глава ја смести топката во мрежата на гостите од Скопје.

Веднаш потоа, Лусиано успеа да продре во шеснаесетникот на Шкупи, но неговиот обид беше запрен од гостинскиот голман. Набрзо потоа, голманот Муслиу повторно беше на висина на задачата, спасувајќи го ударот на Гуели.

Во 25-тата минута, Лавал се покажа како помоќен од противничката одбрана и упати удар кон далечниот агол, каде Лусиано само ја потврди акцијата и зголеми на 2-0.

Следен кој ја тестираше одбраната на гостите беше Стојковски, но благодарение на одличната интервенција на Муслиу, резултатот остана непроменет. Истиот епилог го видовме и во следниот дуел меѓу Муслиу и Лавал, каде младиот скопски голман повторно излезе како победник.

Сепак, во 37-мата минута, по една брза контра, Лусиано мајсторски го лобуваше противничкиот голман, постигнувајќи го својот втор гол на натпреварот за високи 3-0 во корист на домашните.

Второто полувреме започна со првиот сериозен обид на Шкупи, но ударот на Ферати заврши само покрај голот на Тиквеш. На спротивната страна, Тиквеш веднаш одговори преку Сула, чиј обид беше запрен со нозе од страна на голманот Муслиу.

Сепак, веќе во следната акција, Лусиано повторно стапи на сцена. Со неверојатна ефикасност, тој го постигна својот трет, а набрзо и четврти гол на натпреварот, носејќи му на Тиквеш убедливо водство од 4-0.

Кристијан Ѓорѓиевски беше стрелец на петтиот гол на овој натпревар додека серијата погодоци ја затвори Мартин Стојанов.


Официјално одложена „Финалисима“ меѓу Шпанија и Аргентина

Натпреварот кој меѓу Аргентина и Шпанија кој беше наречен Финалисима, е откажан затоа што не беше најдено соодветно место за одржување.

Оригиналниот план беше мечот да се одигра на 27 март во Катар, но поради ситуацијата на Блискиот Исток таквата идеја пропадна.

Втор предлог беше мечот меѓу победникот на Копа Америка и Европското првенство да се игра на Бернабеу во Мадрид, но Аргентина го одби овој предлог.

Мечот официјално е откажан, а дали понатаму ќе се одржи, останува да се види.

Досега беше одиграна само една Финалисима, во 2022 година. Тогаш Аргентина со 2-0 ја победи Италија.


Омер Јуртсевен ќе заигра во НБА лигата

Кошаркарскиот состав Голден Стејт Вориорс кој остана без вистински центар брзо реагираше и колку-толку пополни дел од празнината под обрачите.

НБА тимот објави дека го ангажирал времено Омер Јуртсевен кој во изминатата недела се врати во Соединетите Држави откако претходно играше во Панатинаикос. Турскиот кошаркар дел од сезоната ја помина со грчкиот гигант.

27-годишниот центар во 19 натпревари од Евролигата имаше просек од 6,3 поени и 3,5 скока по натпревар.


Дрејмонд Грин се повреди, Голден Стејт остана без центар

Екипата на Голден Стејт остана без уште четворица играчи поради повреди. Дрејмонд Грин ја напушти поставата на 30 минути пред почетокот на натпреварот со Минесота поради болки во долниот дел од грбот.

Центарот Ал Хорфорд исто така се повлече во соблекувалната поради проблем со листот на ногата. Бекот, Сет Кари, ја повреди тетивата во втората четвртина додека центарот, Квинтер Пост, го извитка глуждот.

Ќе потсетиме дека бекот, Стивен Кари е надвор од терените од 30 јануари поради хроничен проблем со десното колено.