feature

Повредата на Гави полоша од очекуваното

Гави доби тешка вест по операцијата на неговото десно колено, откако лекарите открија многу посериозно оштетување отколку што се претпоставуваше. При интервенцијата беше утврдено дека, покрај лигаментите, оштетена е и ‘рскавицата, откритие што ги изненади и самите хирурзи. 

Клубот првично се надеваше дека ќе се избегне операција, но повторената повреда на менискусот во истото колено кое претходно го повреди (со кинење на предниот вкрстен лигамент) наложи итна хируршка интервенција. Гави штотуку се врати по 11 месеци пауза, што го прави овој нов удар уште потежок. 

Сега се очекува да паузира четири до пет месеци, што значи ќе пропушти огромен дел од сезоната, а веројатно и дел од подготовките за Светското Првенство. Емоционалната цена е голема, Гави, според извештаите, се скршил кога дознал колку долга ќе биде неговата нова пауза. 

Барселона се соочува со нов предизвик, да го надополни отсуството на еден од своите најдинамични млади играчи, додека Гави започнува нова борба за закрепнување. 


Ериксен: „Легендите на Манчестер Јунајтед треба да ги поддржуваат, а не да им создаваат притисок на играчите“

Кристијан Ериксен изрази загриженост поради влијанието на строга критика од легендите на Манчестер Јунајтед, како Гери Невил и Рој Кин, врз актуелниот тим. Данскиот фудбалер смета дека таквото интензивно оценување често создава непотребен притисок наместо да им помага на играчите да се подобрат. 

Ериксен потенцираше дека поранешните играчи и коментатори треба да имаат пореалистични и воздржани очекувања, особено во тешки периоди. Во време кога Манчестер Јунајтед се бори да најде конзистентна форма, тој истакна дека конструктивната критика е важна, но премногу негативните јавно изнесени оценки можат да ја нарушат довербата и моралот на играчите. 

Тој посочи и дека гласовите на легендите имаат големо влијание врз навивачите и медиумите, па нивните коментари можат да влијаат на ставовите кон тимот. Ериксен предложи поранешните ѕвезди да бидат внимателни кога и како ги изразуваат критиките за да го поддржат развојот на играчите, а не да ги одалечат од тимот. 

Во иднина, Ериксен се залага за поддржувачка атмосфера која им овозможува на играчите да учат од грешките без страв од јавно осудување. Со промовирање трпеливост и реалност, Манчестер Јунајтед би можел полесно да мине низ фазите на обновување и да изгради посилна и поздравa клубска култура, што би било од корист за играчите, управата и навивачите. 


Араухо ќе го менува Конате во Ливерпул

Во зимскиот преоден рок, Ливерпул има намера да го доведе фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо, кој може да игра како стопер, но и како десен бек.

Во јануари оваа година, уругвајскиот репрезентативец го продолжи договорот со Барселона до јуни 2031 година. И покрај тоа што е капитен на Барселона, тој не е стандарден во првиот тим, промената на средината би можела да му одговара нему, како и на Каталонците, според шпанските медиуми.

Ливерпул е подготвен да понуди 50.000.000 за Араухо, а тие пари би ѝ биле од корист на Барселона, која сè уште е во финансиски проблеми.

Араухо го пропушти поголемиот дел од есенскиот дел од минатата сезона поради повреда, а по враќањето на теренот, повеќе не беше постојан член на првиот тим. Ситуацијата не се подобри во новата сезона. Тренерот Ханси Флик го остави на клупата за резервите во последните три првенствени натпревари.

На Ливерпул ќе му треба стопер бидејќи на крајот од сезоната веројатно клубот ќе го напушти францускиот интернационалец Ибрахим Конате. Според британските медиуми, тој одбил да го продолжи договорот, кој истекува во јуни следната година.


Јуве го враќа Милинковиќ-Савиќ во Серија А

Италијанските медиуми пренесуваат дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе се врати во Серија А, но не во Лацио.

Српскиот интернационалец има договор со Ал Хилал до крајот на тековната сезона и потоа ќе стане играч на Јувентус. Да потсетиме, популарниот “СМС” осум сезони го носеше дресот на “небесносините”. Претходно играше за Генк и Војводина.

Јувентус и порано покажуваше интерес за Србинот, а сега гледа одлична шанса да го засили средниот ред и да го доведе бесплатно.


Тен Хаг може да седне на клупата на Вест Хем

Ерик тен Хаг се поврзува со враќање во Премиерлигата, стратегот се посочува како опција за клупата на Вест Хем.

Ерик тен Хаг оваа сезона доби спектакуларен отказ од Баер Леверкузен по само два натпревари во Бундеслигата, но Холанѓанецот би можел наскоро да се врати на „островото“.

Тој се посочува како опција за клупата на Вест Хем, каде Грем Потер е под голем притисок и му се спрема „клоца“ по серијата слаби резултати.

Иронично, Тен Хаг заработи отказ од кормилото на Манчестер јунајтед минатата година токму по поразот од Вест Хем.


Мурињо не победи на првиот домашен меч на Бенфика

Жозе Мурињо нема идеален старт како тренер на Бенфика, разочарување веќе во вториот меч, а прв на домашен терен во Лисабон откако одигра 1-1 против Рио Аве.

Бенфика денеска на Стад де Луж го пречека Рио Аве во заостанат натпревар од португалското првенство.Мрежата на Рио Аве беше затресена во 60. минута кога Силва даде гол, но погодокот беше поништен поради фаул од Отаменди.

Конечно регуларен гол беше даден во 86. минута, по асистенција од Лукебакио, Судаков погоди за водство на Бенфика од 1-0. Се чинеше дека Бенфика сепак го доби овој дуел, но не беше така.

Студен туш се случи во 91. минута кога Андре Луиз реализираше за конечни 1-1. По шест одиграни кола Бенфика е на третото место со четири гола зад лидерот Порто и еден помалку од градскиот ривал Спортинг.


Челзи пак го обнови интересот за Маињан

Голманот на фудбалскиот состав Милан, Мајк Маињан, има реални шанси да замине во Челзи во текот на наредното лето, наведуваат медиумите во Италија.

Наводно, „сините“ остануваат заинтересиран за неговиот потпис. Англискиот клуб би можел да постигне прелиминарен договор во јануари за трансфер на 30-годишниот Французин.

Маињан има договор со „росонерите“ до 30 јуни 2026 година.


Вардар 1961 донесе ново крило по повредата на Кеита

По неколкудневни тренинзи со екипата, Вардар го ангажираше 30-годишниот Жуниор Тузолана кој игра на позицијата лево крило.

ој доаѓа како замена за Махамаду Кеита кој во следните месеци ќе биде надвор од теренот поради операција на рамото.

Ангажманот на Тузолана е до крајот на полусезоната, со можност соработката да продолжи до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Тој доаѓа од екипата на Сесон во Франција, каде играл последните четири сеозни.

Претходно настапувал за Понто-Комбо, Истр и неколку сезони за Нант. Лани настапи на 24 натпревари во француската лига и постигнал 49 гола.


Нови проблеми за Артета, Мадуеке ќе отсуствува два месеци

Напаѓачот на лондонски Арсенал, Нони Мадуеке, ќе отсуствува од теренот најмалку два месеци, откако го повреди коленото на дерби натпреварот против Манчестер Сити (1-1) во петтото коло од Премиер лигата.

Англиските медиуми јавија денеска скенирањата покажале оти 23-годишникот фудбалер на Арсенал избегнал повреда на вкрстените лигаменти, но ќе биде надвор од терените најмалку два месеци.

Мадуеке му се приклучи на Арсенал во јули од редовите на Челзи.

Оваа сезона Мадуеке досега има пет настапи во Премиер лигата, а одигра и еден натпревар во Лигата на шампиони.

Лондонскиот тим е втор на табелата во англиската првенство со 10 бодови.


Цехте: Данците играат многу брзо, но да направиме тоа да не им биде доволно

По победата над Загреб и поразот од Пари Сен Жермен, Еурофарм Пелистер го чека дуел со вицешампионот на Данска, ГОГ Гудме. Пред натпреварот, закажан за в среда од 20:45 во „боро Чурлевски“ во Битола, со новинарите разговараат Петар Атанасијевиќ и Нејц Цехте.

Нејц Цехте
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

ГОГ Гудме има многу млад тим. Секоја година тие или ги продаваат или ги менуваат постарите играчи. Доаѓаат играчи од нивната академија и сите играат ист ракомет. Брзо играат, но мислам дека тоа во среда нема да им биде доволно. Нашата одбрана се надевам дека ќе спречи нивни лесни голови, да не дозволиме полуконтри и контри. Сакам да ги повикам навивачите, заедно да го прославиме нивниот роденден и со победа да го потврдиме напредокот.

Петар Атанасијевиќ
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Се подготвуваме максимално. Играме против млада екипа која што игра скандинавски ракомет. Сме се соочиле со такви екипи, и сме минувале и добро и лошо. Ќе го дадеме нашиот максимум, како што беше на натпреварите со Загреб и ПСЖ. Сакаме да извојуваме победа и да ги израдуваме нашите фанови особено „Чкембари“ кои што слават роденден од 40 години. Сите веруваме во чуда и на натпреварите даваме по 200% и секогаш ќе се бориме до крај – до последните минути“, рече левото крило на пелистерци.

Шпанците Андреа Марин и Игнасио Гарсија ќе ја делат правдата на дуелот меѓу македонскиот и данскиот претставник во елитата.

Пред дуелот Еурофарм Пелистер – ГОГ зборуваат Петар Атанасијевикј и Нејц Цехте.