feature

Реџепи елиминирана по само една рунда во Токио

Македонската џудистка Арбреша Реџепи издржа само една минута во своето деби на Олимписките игри. Таа вчера во категоријата до 52 килограми загуби (11-0) од Челси Џил од Велика Британија со ипон во првата рунда.

Од осумте македонски натпреварувачи на Олимпијадата во Токио, своите настапи покрај Реџепи ги завршија уште и Борјан Бранковски кој претходно беше 21-ви во квалификациите во стрелаштво – воздушен пиштол 10 метри, како и пливачот Филип Деркоски кој заврши на последното место во квалификациите на 400 метри слободно.

Следен Македонец кој ќе се појави на борилиштата во Токио е Георгиевски Дејан, (таеквондо) во категоријата +80 кгр. Неговиот настап е предвиден за 27 јули.


Хаман: Санчо е најдобро крило во светот

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед конечно успеа да дојде до големата трансфер цел, потписот на англискиот репрезентативец Џејдон Санчо.

Некогашниот германски репрезентативец, Дитмар Хаман се одлучи да го искоментира овој трансфер кој според него е бомба затоа што Санчо за него е најдоброто крило на светот.

„Ова е голема сезона за Солскјер и Јунајтед, очекувам Санчо да биде ѕвезда на „Олд Трафорд“. Ретко сум видел крилен напаѓач кој може толку лесно да го реши противникот, тој го спушта рамото и само минува покрај дефанзивците. Санчо исто така може да ги „запали“ Рашфорд и Погба“, порача Хаман.


Ливерпул понудил 100 милиони за Киеза, Јуве без размислување одбил

Јувентус одбил понуда од 100 милиони евра за Федерико Киеза. Напаѓачот минатата година пристигна во Јувентус како позајмен играч од Фиорентина, а клубот од Торино има можност да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.

Младиот офанзивец во минатата сезона ги покажа своите квалитети и постигна 15 голови вио 46 настапи. Одлични настапи Киеза продолжи да прикажува на Европското првенство и беше еден од најдобрите играчи на Италија со која стигна до европското злато.

Ако Јувентус ја прифател понудата од Ливерпул тогаш Киеза ќе станел вториот најскап трансфер во историјата на Премиер лигата после Пол Погба кој за 105 милиони евра премина од Јувентус во Манчестер Јунајтед во 2016 година.


Никита Нагорни: „Мојот единствен противник сум самиот јас“

Освојувачот на златниот медал во Сиднеј 2000, Алексеј Немов се воодушевува од талентот и понизноста на Никита Нагорни, но предупредува дека мора да ги контролира своите емоции доколку сака да постигне историски работи на олимписката сцена. 

„Мојот единствен противник сум јас самиот“, вели Нагорни кој не сака да биде наречен „крал на душекот“. „Едноставно, како што рече тоа е задача која треба да ја направам, додаде тој.


Сон останува во Тотенхем – доби договор до 2025. година

Јужнокорејскиот фудбалер Сон Хеунг Мин во Тотенхем ќе остане до летото 2025. година, јавуваат англиските медиуми.

Според многумина еден од најдобрите играчи на Тотенхем последните неколку сезони, во Лондон пристигна во 2015. година и досега успеа да постигне 107 голови надополнети со 64 асистенции.

29-годишниот Сон потпиша нов договор со англискиот премиерлигаш кој така ја реши големата дилема во нападот по веста дека најдобриот играч Хери Кејн веројатно ќе го напушти тимот.

„Овде се чувствувам како дома, посебно кога е во прашање односот со навивачите, соиграчите и персоналот. Затоа ми беше лесно да ја донесам одлуката за останување.“- вели Сон.


Пандев ќе игра за Џенова уште една сезона?!

Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев повеќе од извесно е дека нема да оди во фудбалска пензија, туку ќе потпише нов едногодишен договор со Џенова и ќе игра во новата сезона во Серија А.

Ова го пренесуваат неколку познати новинари од Италија, меѓу кои и Ди Марцио и Романо. Според нив, преговорите меѓу Пандев и Џенова се во завршна фаза и се очекува да бидат официјално потврдени со нов едногодишен договор.

Пандев се пензионираше од националниот дрес, но остави простор да размисли за тоа дали ќе игра фудбал барем уште една сезона во Џенова, поради тоа што има желба да се повлече од фудбалот со фанови на стадионот.


Две олимписки селекции го напуштија Токио

Две олимписки селекции го напуштија Токио

Бидејќи ситуацијата во Токио од ден на ден се влошува со драстично зголемување на бројката на заразени со ковид-19, селекциите на Северна Кореја и на Гвинеја донесоа одлука да се повлечат од Игрите.

Повеќето врвни спортски работници, како и луѓе од организацијата се скептични дека најголемиот спортски светски настан во услови на пандемија може да помине без проблеми.

Од Меѓународниот олимписки комитет се децидни дека Игрите ќе се реализираат според планот.


Ѓоковиќ: Ќе биде многу тешко да го освојам златото во Токио

„Знам дека сите очекуваат да освојам златен медал во Токио“, изјави српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, пред отворањето на Игрите во Јапонија. Првиот светски рекет на АТП листата го очекува меч со Уго Далијан од Боливија (139 АТП).

„Одам ден по ден, фокусиран сум на новиот ривал. Не знам многу за него, но, кога имаш противник послабо рангиран од тебе, тогаш тој нема што да загуби“, вели Ѓоковиќ.

Тенисерот од Србија кој по четврти пат ќе биде дел од Олимписките игри, има освоено бронза во Пекинг во 2008 година.


Леванте размислува да го продаде Барди со цел да излезе од финансиска криза?

Италијанските медиуми пренесуваат дека и Торино влегол во игра за потписот на Барди. Барди имаше добри настапи како за Леванте така и за Македонија, па не е чудо што интересот за него расте.

Освен тоа неодамна во шпанските медиуми се пишуваше дека Леванте размислува да го продаде Барди со цел да излезе од финансиската криза. Во Леванте ако го продаваат очекуваат од него да заработат околу 15 милиони евра.

До крајот на летниот преоден рок има повеќе од еден месец, па останува да видиме како ќе се одвиваат работите.


ПСЖ прави максимални напори да го доведе Погба

Управата на Париз Сен Жермен допрва ќе стапи во контакт со Манчестер Јунајтед околу евентуалната можноста да го ангажира Пол Погба во актуелниот преоден рок.

Како што пренесува „Мирор“, ПСЖ најпрво мора да продаде неколку играчи за да дојде во позиција да не го прекршува финансискиот фер-плеј, а потоа и да достави понуда до Јунајтед, која се очекува да биде околу 60 милиони евра за трансфер на францускиот интернационалец.

Погба засега не демантира дека ќе го напушти Јунајтед, иако според Солскјер тој е во неговите планови за новата сезона.

Договорот на Погба со „црвените ѓаволи“ истекува наредното лето.