Според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, Интер има голема желба да го замени Јан Зомер со голманот на Тотенхем, Гуљелмо Викарио.
Интер започна потрага по долгорочна замена за Зомер, а според информациите на весникот, прв „пик“ на „нероаѕурите“ е голманот на лондончани.
29-годишниот голман наводно ги исполнува сите критериуми што Интер ги наведе за нов, постојан прв избор на голман во следните неколку години. Моментално нема преговори меѓу Интер и Тотенхем, но се вели дека Италијанците ја подготвуваат стратегијата за тоа како договорот ќе биде реализиран.
Тотенхем има договор со Италијанецот до летото 2028 година.
Отказ за Франциско, Реал Сосиедад ќе добие нов тренер
Реал Сосиедад денеска му врачи отказ на досегашниот тренер на тимот, Серхио Франциско. Баскискиот клуб претрпе пораз од 2-1 на домашен терен од Џирона во петокот во 16-то коло од шпанското првенство, а претходно загуби три натпревари по ред во Ла Лига и се спушти на 15-то место со 16 бода.
Сосиедад објави раскинување на договорот со Франциско, кој претходно работеше во младинските тимови на Баскијците 11 години и го замени Иманол Алгуасил во првиот тим во летото.
Тимот до крајот на годината ќе го води тренерот на вториот тим, Џон Ансотеги.
Ван Дајк го кажа своето мислење во „случајот Салах“
Дефанзивецот на Ливерпул и капитен на тимот, Вирџил ван Дајк, проговори за ситуацијата со Мохамед Салах. По вчерашниот дуел и победата над Брајтон од 2-0, Холанѓанецот смета дека сите во клубот му даваат голема поддршка на Египќанецот.
„Сите се надеваме дека Салах ќе се врати и ќе биде важен за нас до крајот на сезоната. Од друга страна, сите знаеме дека во фудбалот тешко е да се предвиди иднината. Се надевам дека Мо ќе остане бидејќи тој е еден од лидерите и е многу важен за нас“, рече ван Дајк.
Јунајтед спремен да испрати понуда за Арда Ѓулер
Манчестер Јунајтед е еден од трите клубови од Премиер лигата кои покажуваат интерес за ѕвездата на Реал Мадрид, Арда Гулер, при што „црвените ѓаволи“ наводно воспоставиле контакт со играчот.
Според извештаите од Шпанија на Фичахес, за него се заинтересирани и Ливерпул и Арсенал. Турчинот кој има 20 години, се приклучи на Мадрид во летото 2023 година и има договор во шпанската престолнина до 2029 година.
Откако пристигна во клубот, има направено 83 настапи за Мадрид, постигнувајќи 15 голови и обезбедувајќи 18 асистенции. Оваа сезона, станал почесто стартер, при што 13 од неговите 16 настапи во Ла Лига се во почетниот состав.
Руни добивал смртни закани по преминот во Јунајтед
Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Вејн Руни обелодени дека добивал смртни закани кога во 2004 година го напушти Евертон за да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Руни потпиша за Јунајтед на 18-годишна возраст во трансфер вреден 27 милиони фунти откако одби рекорден договор од Евертон. Неговата одлука предизвика жестоки реакции кај навивачите на клубот од Ливерпул.
„Добивав закани со смрт. Куќата на моите родители беше исчкртана со графити и оштетена. Куќата на мојата тогашна девојка, а сега сопруга, исто така, беше исчкртана со графити“, рече Руни во најновата епизода од „Шоуто на Вејн Руни“ кое се емитува на Би-Би-Си Спорт.
Руни истакна дека во тој период било клучно да се остане ментално силен
„Заминувањето беше тешко затоа што се преселив во Манчестер Јунајтед, а соперништвото меѓу Ливерпул и Манчестер беше огромно. Но, секогаш имав став: „Не ми е гајле“. Знаев што сакам и како да го постигнам тоа“, додаде тој.
Модриќ: Реднап е експерт, штета што не стана селектор на Англија
Поранешниот фудбалер од средниот ред на Тотенхем, Лука Модриќ, зборуваше за соработката со Хари Реднап во лондонскиот клуб.
„Во Тотенхем игравме еден од најубавите стилови на фудбал во Премиер лигата. Хари е вистински експерт, човек кој го разбира фудбалот. Мислам дека е неверојатно што никогаш не стана селектор на Англија. Тој беше совршено решение за генерацијата што ја имаа“, рече Модриќ во поткаст со Славен Билиќ.
Модриќ играше за Тотенхем од 2008 до 2012 година. Тој одигра 160 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 17 гола и давајќи 24 асистенции.
Четириесет годишниот Модриќ од Тотенхем отиде во Реал, каде остана до 2025 година. Сезонава е игра за Милан.
Фламенго пресилен за Пирамидс, ќе игра за интерконтиненталната титула против ПСЖ
Фудбалерите на Фламенго обезбедија пласман во финалето на Интерконтиненталниот куп, откако во полуфиналниот дуел одигран во Ал Рајан славеа победа од 2-0 над египетскиот Пирамидс.
Бразилскиот шампион, кој неодамна ја одбрани титулата во Јужна Америка, ја одлучи средбата со головите на Лео Переира во 24. минута и Данило во 52. минута од натпреварот.
Како освојувач на Копа Либертадорес, Фламенго на 17 декември ќе се соочи со европскиот шампион Пари Сен Жермен, кој директно избори пласман во финалето на Интерконтиненталниот куп.
Завршниот дуел ќе биде одигран во Катар.
Хезоња се повреди, нови проблеми за Реал Мадрид
Марио Хезоња е сè уште еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, но се чини дека доаѓа време за нови предизвици.
Конечно, ќе има можност да го смени клубот во текот на летната пауза, а според израелските медиуми, тој е цел на Хапоел Тел Авив.
Иако го продолжи договорот со „кралскиот клуб“ минатото лето, тоа не гарантира дека ќе остане во Мадрид.
Според „Спорт5“, контактот меѓу Хезоња и Хапоел веќе е воспоставен, а главната работа за која ќе се преговара е висината на обесштетувањето, бидејќи хрватскиот репрезентативец има договор до 2029 година.
Се претпоставува дека личната добивка нема да биде голем проблем, бидејќи сопственикот на Хапоел, Офер Јанај, покрај големите амбиции, има и голем буџет, а Хезоња е главна цел на израелскиот тим ова лето.
Србинот Бомаштар го поврзуваат со Вардар
Вардар 1961 има поставено високи цели за тековнава сезона, сезона во која работите се движат во посакуван правец и покрај повредите на неколку важни играчи, но клубот веќе размислува и за следната кампања и веќе има договорено неколку засилувања.
Пред два дена „Моцарт Спорт“ пренесе дека „црвено-црните“ го договориле крилото Вукашин Воркапиќ, а сега истиот медиум тврди дека е завршена работата и со 26-годишниот Милан Бомаштар.
И Милан е српски репрезентативец, голман висок 201 сантиметар кој во моментов е дел од француски Шатр, но по завршувањето на договорот на крајот на сезонава ќе се пресели во Скопје.
Тој имал доста понуди, но одлучил да ја прифати онаа на двократниот европски шампион.
Скандал на повидок: Аргентина може да биде исфрлена од Мундијалот?
BUENOS AIRES, ARGENTINA – MARCH 25: Raphinha of Brazil reacts to Cristian Romero of Argentina during the South of American FIFA World Cup 2026 Qualifier between Argentina and Brazil at Estadio Más Monumental Antonio Vespucio Liberti on March 25, 2025 in Buenos Aires, Argentina. (Photo by Marcelo Endelli/Getty Images)
Teкст на аргентинскиот весник „Ла Насион“ крена голема прашина во јавноста, откако беше објавено дека сериозен финансиски скандал би можел да го доведе под знак прашалник настапот на Аргентина на Светското првенство во 2026 година.
Како што наведува познатиот медиум, аргентинското правосудство започнало истрага против претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација, Клаудио Тапија, човек кој важи за еден од највлијателните во земјата. Предмет на истрагата е неговиот имот, односно сомнежите за нерегуларности поврзани со недвижнините и начинот на кој е стекнато богатството.
Федералниот судија Даниел Рафекас наредил претреси во луксузна вила поврзана со компанијата „Real Central SRL“, која се доведува во врска со Лучијано Пантано и Ана Лучија Конде, лица за кои се тврди дека дејствувале како прикривање на вистинската сопственост на Тапија.
Во рамки на истрагата биле извршени контроли во повеќе од 15 фудбалски клубови, како и во деловен простор во центарот на Буенос Аирес. Акциите биле насочени кон имотот на Тапија и неговите најблиски соработници. Меѓу уапсените е и благајникот Пабло Товигињо, за кого се сомнева дека ја користел спорната вила, како и финансиската фирма „Сур Финанзас“, обвинета за одобрување кредити на клубови под крајно неповолни и злоупотребувачки услови.
Целиот случај будно го следи и ФИФА, а доколку се утврди дека Тапија навистина нелегално се стекнал со значителен имот, не се исклучува можноста Аргентина да се соочи со тешки санкции, па дури и со исфрлање од Мундијалот во 2026 година.