feature

Репрезентацијата до 19 години ќе одигра контролни мечеви со Словенија

Селекторот на репрезентацијата до 19 години, Димитар Капинковски го објави списокот на играчи кои се во конкуренција за настап на двата контролни натпревари против Словенија што ќе се одиграат во Скопје.

Предводникот на националниот тим се реши за 22 фудбалери кои со овие две средби влегуваат во новиот квалификациски циклус за настап на Европското првенство.

Мечевите ќе се играат на терените на Тренинг центарот Петар Милошевски. Првиот на програмата е денеска со почеток од 17 часот, а вториот се игра в четврток и почнува точно напладне.

Список на играчи:
Голмани:
АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВ (АП БРЕРА)
АНТОНИ ТРАЈКОВ (ВАРДАР)

Одбрана:
СТЕФАН СЕКИРСКИ (НОВАЦИ)
ВИКТОР МАЧОВСКИ (БРЕРА)
СТЕФАН СТАМОТОВСКИ (ВАРДАР)
СТЕФАН ЈОРДАНОСКИ (ВАРДАР)
ФИЛИП ЦВЕТКОВСКИ (ВАРДАР)
МАТЕО КЕСИЌ (ЈЕДИНСТВО)
АНДРЕЈ ДИМОВСКИ (БРЕРА)
АЛБАН РОЧИ (СТРУГА)

Среден ред:
МАТЕЈ КИШ (РАБОТНИЧКИ)
ВАЛМИР ХАМИТИ (РАБОТНИЧКИ)
ЛУКА ВАРОШАНОСКИ (КОЖУФ)
ЛОРЕНТ ЖАКУ (РАБОТНИЧКИ)

Напад:
ФЛОРИ ИЉАЗИ (ШКЕНДИЈА)
СТЕФАН БРАНКОВСКИ (МАРИБОР)
ИВАН ТАНЧЕВ (АП БРЕРА)
ИВО МАРКОВСКИ (ВАРДАР)
ФЛОРЕНТ ОСМАНИ (АРСИМИ)
МАТЕЈ СЕЈМЕНОВ (БРЕРА)
РИСТЕ МИЛЕВ (БРЕРА)
МАРТИН ЏАНГАРОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Мечевите ќе се играат на терените на Тренинг центарот Петар Милошевски. Првиот на програмата е денес со почеток од 17:00 часот, а вториот се игра в четврток и почнува точно напладне.


Жестока караница меѓу Кин и Бруно Фернандеш

Продолжува војната со зборови меѓу поранешниот и сегашниот капитен на Манчестер Јунајтед. Откако Бруно Фернандеш го нарече Рој Кин „лажго“, легендарниот Ирец возврати со остра објава на социјалните мрежи.

Несогласувањата започнаа откако Фернандеш постави нов рекорд во Премиер лигата со 21 асистенција во една сезона во победата од 3-0 над Брајтон, во последното коло. Пред тој натпревар,

Кин го критикуваше пристапот на Португалецот кон играта и начинот на кој се обидуваше да го постави рекордот.

Тој тврдеше дека во едно интервју го слушнал Фернандеш како признава дека во некои ситуации намерно барал асистенција наместо да шутира кон голот. Кин заклучи дека Фернандеш со такво размислување нема да освојува трофеи.

На сегашниот капитен на Јунајтед не му се допадна тој коментар и го нарече Кин лажго во еден подкаст.

„Секогаш велев дека критиките не ме вознемируваат. Ги прифаќам од сите и никогаш не сум одговорил на нив. Луѓето имаат свои мислења, мислат дека нешто е добро или лошо, што и да е“, рече Фернандеш.

„Но, не ми се допаѓа кога луѓето лажат, а во овој случај, она што го кажа Рој Кин е лага. Или гледал друго интервју или едноставно не може да тврди дека сум изјавил нешто што не сум го кажал. Среча што сè беше снимено. Ги прифаќам критиките, прифаќам дека не ме сака како играч или личност. Но, не ми се допаѓа кога ми става зборови во уста. Тоа е единственото нешто што ме вознемирува“, рече Португалецот.

Откако интервјуто на Фернандеш се прошири во медиумите, следеше експресна реакција на поранешниот играч од средниот ред. Кин објави слика од магаре со порака: „Премногу внимание и магарето мисли дека е лав“.

Многумина ја протолкуваа објавата како директен одговор до капитенот на Манчестер Јунајтед.


Битола и Кавадарци домаќини на баражите за пополнување на ПМФЛ

Сезоната во домашното фудбалско првенство ќе се затвори оваа недела со одигрувањето на бараж натпреварите за пополнување на Првата македонска лига по што ќе бидат познати сите учесници во новата сезона од битката за шампионскиот трофеј.

Бараж мечевите за пополнување на ПМФЛ ќе се одиграат в недела на 31 мај, а домаќини ќе бидат стадионите во Битола и Кавадарци.

На стадионот Петар Милошевски во Битола ќе се соочат АП Брера и Скопје додека на Градскиот стадион во Кавадарци се среќаваат Пелистер и Шкендија Арачиново.

Победниците во овие дуели следната сезона ќе бидат дел од елитното фудбалско друштво во Македонија додека поразените ќе настапат во Втората лига.

Почетокот на двата натпревари е закажан за 16:30 часот.


Нико Паз сака да остане во Комо и да игра во ЛШ

Нико Паз не сака да брза со враќањето во Реал Мадрид и по пласманот на Комо во Лигата на шампионите, сака да остане уште една година.

Џанлука Ди Марцио денес откри дека Аргентинецот нема ништо против да остане уште една сезона во Комо, со кого ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, наместо да биде во пеколна конкуренција на клупата на Реал Мадрид.

Реал Мадрид има опција да го откупи за само 9.000.000 евра, но таа клаузула важи само уште две недели.

Доколку Реал не ја активира таа клаузула во следните 15 дена, Паз ќе остане во Италија уште една сезона.

Тој е голема желба на Интер, кој се надеваше дека Реал ќе сака да го врати и да го продаде, но таа идеја беше демантирана од Сеск Фабрегас.

„Интер? Паз останува тука или оди во Реал Мадрид, нема трето решение“, рече отворениот Сеск.

Сега целиот Комо ја чека одлуката на Флорентино Перез и новиот тренер Жозе Мурињо, кои ќе го имаат последниот збор за враќањето на аргентинскиот ас.


Јунајтед го краде Чуамени од Реал Мадрид

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да дојде до потписот на Орелиен Чуамени доколку фудбалерот од средниот ред, се определи да го напушти Реал Мадрид.

Медиумите во Англија денеска тврдат дека „црвените ѓаволи“ планираат да ја засилат средината на теренот и дека нивниот прв избор е токму црномурестиот играч на „кралевите“.

26-годишниот Французинот треба да биде замена за Бразилецот, Касемиро, кој дефинитивно ќе си замине од стадионот – „Олд Трафорд“.


Модриќ се предомисли и ќе го напушти Милан летово

Хрватскиот фудбалер веројатно се надеваше на проштален круг на Сан Сиро со аплауз од навивачите по успешната сезона во која ќе биде еден од главните играчи.

Продолжувањето на неговиот договор за уште една година изгледаше како чиста формалност.

Модриќ веќе постигна принципиелен договор со тренерот Масимилијано Алегри и раководството на клубот, но пред да го финализира договорот сакаше да добие солидни спортски гаранции за иднината на проектот.

Сепак, неуспехот на Милан да се квалификува за Лигата на шампионите сè промени. Извори блиски до играчот велат дека Модриќ е длабоко огорчен поради крајот на сезоната, распадот на тимот, протестите на навивачите и општите превирања во клубот.


МУНДИЈАЛСКИ БОНУС во Евротип – до 100% бонус на тикет!

Евротип подготви специјална промоција за сите љубители на спортот и фудбалската еуфорија ова лето! Во периодот од 01 јуни до 31 јули, сите играчи ќе можат да уживаат во МУНДИЈАЛСКИ БОНУС со бонус до неверојатни 100% на тикет.
Промоцијата започнува со 4 натпревари и 5% бонус, а колку повеќе натпревари има на тикетот, толку поголем е и бонусот. За најголемите љубители на спортското обложување, Евротип овозможува бонус до 100% за тикети со 25 и повеќе натпревари.
Со оваа понуда, секој тикет станува уште повреден, а возбудата од следењето на натпреварите уште поголема.
Промоцијата важи од 01.06 до 31.07
Во сите уплатни места на Евротип
Подготви го твојот тикет, следи ја спортската магија и искористи ја шансата за најголем бонус ова лето!
Евротип — Секогаш повеќе!


Вардар ги продолжи договорите со ветераните Николов и Велковски

Македонските репрезентативци, Бобан Николов и Дарко Велковски потпишаа нови договори со Вардар.

Откако ја освоија титулата, вардарци почнаа да го креираат тимот за наредната сезона.

Оттаму информираат дека Бобан Николов стави потпис на нов тригодишен договор.

„ФК Вардар ја информира јавноста дека Бобан Николов постигна договор за продолжување на соработката со клубот до 30.06.2029 година.

Клубот му посакува многу успех, здравје и заеднички победи во црвено-црниот дрес!“, стои во соопштението на Вардар.

Велковски стави потпис на договор за уште една сезона.

„ФК Вардар ја информира јавноста дека Дарко Велковски постигна договор за продолжување на соработката со клубот до 30.06.2027 година.

Клубот му посакува многу успех, здравје и заеднички победи во црвено-црниот дрес!“, објавија од клубот.


Конте потврди дека заминува од Наполи

Италијанскиот тренер Антонио Конте потврди дека го напушта Наполи. Конте ги предводеше наполитанците две сезони.

Конте се споменува во медиумите како прв кандидат да ја преземе италијанската репрезентација, која веќе ја водеше од 2014 до 2016 година.

56-годишениот тренер, заедно со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис, одржа прес-конференција по последниот натпревар на Наполи во сезоната и победата против Удинезе.

„Пред еден месец го повикав претседателот… Му кажав дека чувствувам дека нашиот проект завршува. Ја донесов оваа одлука затоа што не успеав во едно нешто во Наполи: не донесов единство. Не успеав затоа што не ги обединив сите… Ми беше чест, им се заблагодарувам на претседателот и навивачите што ме разбраа“, рече Конте.

Наполи, кој се мачеше со повреди цела сезона, заврши втор во Серија А, 11 бода зад шампионот Интер. Во две сезони во Наполи, Конте освои едно Скудето и еден Суперкуп на Италија.

Кога станува збор за преземањето на италијанската репрезентација, која не успеа да се квалификува на Светското првенство трет пат по ред, Конте изјави дека „сето тоа се само муабети“.


Брансон го одведе Њујорк во конференциското финале

Њујорк Никс се пласираа во финалето на НБА за прв пат од 1999 година, откако ги победија Кливленд Кавалирс со 130-93 и ја добија серијата со 4-0 во финалето на Источната конференција.

Карл-Ентони Таунс постигна 19 поени и 14 скока, Оу-Џи Ануноби додаде 17 поени, Лендри Шамет имаше 16 поени од клупата, а Микал Бриџис и Џејлен Брансон додадоа по 15 за Никс, кои станаа четвртиот тим во историјата со серија од 11 победи во плејофот.

Последниот тим со вакво остварување беа Голден Стејт во 2017 година, кога стигнаа до својата втора титула во три сезони со 15 последователни победи.

Сите победи на Никси во овогодинешниот плејоф беа постигнати со двоцифрена разлика, со просечна разлика од дури 23,7 поени.

Тренерот на Њујорк, Мајк Браун, ги извади стартерите на 7:47 минути до крајот на натпреварот, при водство од 35 поени.

Њујорк ќе игра против актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер или Сан Антонио Спарс во финалето.

Финалето на Западната конференција моментално е изедначено 2-2, а натпреварот 5 е закажан за вторник во Оклахома.

Тандерс или Спарс ќе имаат предност на домашниот терен во големото финале поради подобриот настап во регуларниот дел од сезоната.

Ова ќе биде трето НБА финале за Никси од последната титула освоена во 1973 година. Тие загубија од Хјустон во 1994 година во седум натпревари, и од Сан Антонио во 1999 година во пет натпревари.

Мајк Браун стана 15-тиот тренер од спојувањето на НБА и АБА лигата во 1976 година кој стигна до финалето на НБА во својата прва сезона со тимот.

Ова ќе биде второ НБА финале на Браун во неговата тренерска кариера, откако претходно стигна до него со Кливленд во 2007 година.

Џејлен Бренсон беше прогласен за MВп на серијата откако имаше просек од 25,5 поени и 7,8 асистенции.