feature

Федерер се враќа во Мелбурн

Првиот Грен слем во сезоната ќе добие нов и исклучително атрактивен вовед. Австралија опен официјално најави дека на 17 јануари ќе се одржи првата свечена Церемонија на отворање во историјата на турнирот – вечер пред стартот на главниот жреб.

Организаторите истакнуваат дека новиот настан ќе претставува „прослава на најголемите шампиони во тенисот, навивачките заедници кои ги инспирирале и наследството што тие и понатаму го градат“. Во центарот на вниманието ќе биде човекот кој остави неизбришлива трага во Мелбурн – Роџер Федерер, шесткратен победник на Австралија опен.

Легендарниот Швајцарец, кој минатите години ја заврши својата неверојатна кариера, конечно ќе добие можност да се прости од својата многубројна австралиска публика. Федерер ќе настапи на специјален егзибициски меч под назив „Битка на светските број 1“, заедно со неколку други тениски икони Андре Агаси, Патрик Рафер и Лејтон Хјуит, сите поранешни лидери на АТП листата и вистински симболи за различни етапи од модерниот тенис.

Главниот турнир започнува на 18 јануари, а титулите ќе ги бранат Јаник Синер кај мажите и Медисон Кис кај дамите.


Тенисерската Коко Гоф е најскапоплатена спортистка во светот

Американската тенисерка Коко Гоф стана вистинска ѕвезда во сезоната зад нас, а нејзината репутација ја потврдува и фактот дека стана најплатена спортистка годинава.

Таа заработи околу 26,6 милиони евра, но дури ни оваа бројка не е доволна за да ги засени приходите на легендарниот Кристијано Роналдо.

Американката заработи навистина голема сума пари, но тоа е деветти дел од она што Роналдо ќе го заработи во 2025 година. Според „Форбс“, португалскиот фубалер инкасирал 240 милиони евра, што го прави најплатен машки спортист во светот по којзнае кој пат. Поточно, Роналдо заврши на врвот на листата по шести пат.

Кога станува збор за Коко Гоф, таа заработи осум милиони евра на теренот, а оваа сезона го освои Ролан Гарос, каде што ја победи Арина Сабаленко во финалето. Гоф го собрала остатокот од парите преку спонзорски договори и други активности надвор од теренот, а најважно е профитабилниот договор со спортска опрема „Њу баланс“.

Арина Сабаленка е на второто место, а на листата на најплатени спортистки има дури 10 тенисерки. На листата се најдоа и скијачката во слободен стил Ајлин Гу (Кина), кошаркарката Кејтлин Кларк (САД), голферката Нели Корда (САД), гимнастичарката Симон Бајлс (САД) и уште една голферка Џино Титикул (Тајланд).


Заврши првиот дел од сезоната во ВМФЛ, Детонит Плачковица го надигра Скопје

Со натпреварот Детонит Плачковица – Скопје се затвори првиот дел од сезоната во Втората македонска лига. Тимот од Радовиш славеше со 1-0, а победничкиот погодок беше постигнат уште во 14. минута и е дело на Иван Галевски.

И пред одигрувањето на овој меч беше јасно дека по 15 рунди, “есенската” титула ќе ја освои Охрид Лихнидос кој со 36 бода се наоѓа на лидерското место пред Шкендија Арачиново со 35 и Брегалница Штип со 33.

Во трката за освојување на првото место кое единствено води директно во елитното фудбалско друштво е Беласица која е четврта со 31 бод, а потоа следува петтопласираниот Скопје со 29 бода.

На половина од шампионатот водечки на листата на стрелци се Виктор Ангелов од Скопје и Иван Глигоров од Охрид Лихнидос со по 12 гола, еден помалку постигна Андреј Симевски од Каменица Сада додека десет пати прецизен беше Бојан Спиркоски од Беласица.

За потсетување, директен пласман во Првата фудбалска лига обезбедува само освојувачот на првата позиција додека второ и трето пласираните ќе играат бараж со освојувачите на осмото и деветтото место во елитното фудбалско друштво.

Идентично како и Првата, така и Втората лига од следната сезона ќе се намали на 10 екипи.

Во второлигашката конкуренција натпреварите продолжуваат на 21 февруари следната година.


Големо враќање на Линдзи Вон: Победа во спуст на 41 гоина

Американската 41-годишна скијачка Линдзи Вон испиша денес историја во Светскиот куп во алпско скијање, откако со триумфот на спустот во швајцарскиот центар Сент Мориц стана највозрасната победничка во натпреварувањето.

Вон го собори апсолутниот рекорд, надминувајќи ги достигнувањата на Италијанката Федерика Брињоне, која победи на супервелеслаломот во Ла Туил во март оваа година на 34-годишна возраст и на легендарниот Швајцарец Дидие Куше, кој беше на 37-годишна возраст кога ја забележи својата последна победа во Светскиот куп, во супервелеслаломот во Кран Монтана во 2012 година.

Вон до својот прв триумф во Светскиот куп по повеќе од седум и пол години дојде со време од 1:29:63 минути, забележувајќи ја 83. победа во кариерата, а 44. во спуст.


Баерн се вклучи во трката по капитенот на Кристал Палас

Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен се подготвува да се вклучи во трката за потписот на еден од најдобрите централни бекови во Премиер лигата, Марк Геи, јавија денеска германските медиуми.

Дваесетипетгодишниот Геи нема намера да го продолжи договорот со лондонски Кристал Палас, кој истекува во јуни следната година што значи дека ќе може да се пресели во нов клуб без обесштетување.

Според трансфер правилата, Геи може да преговара со потенцијален нов клуб од 1 јануари, а германските медиуми тврдат дека спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, планира идниот месец да разговара со англискиот репрезентативец.

Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид, исто така, се заинтересирани за Геи, кој дојде во Кристал Палас во летото 2021 година од Челзи во трансфер вреден 23 милиони евра.


Футсалците ги добија противниците за мундијалските квалификации

Македонската футсал репрезентација денеска со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги доби своите противници во прелиминарната рунда од квалификациите за Светското првенство во 2028 година.

Жрепката во Нион одлучи дека македонската репрезентација ќе биде во групата Ц, заедно со Литванија, Турција и Бугарија.

Квалификацискиот турнир ќе се одржи од 6 до 15 април идната година, а домаќин ќе биде Литванија.

Двете најдобро пласирани репрезентации од секоја од шесте прелиминарни групи ќе се пласираат во главната квалификациска фаза.

Состав на групите

Група А: Данска, Андора, Малта, Шкотска

Група Б: Шведска, Англија, Швајцарија, Северна Ирска

Група Ц: Македонија, Литванија, Турција, Бугарија

Група Д: Косово, Црна Гора, Австрија, Гибралтар

Група Е: Латвија, Албанија, Кипар, Сан Марино

Група Ф: Грција, Норвешка, Израел, Естонија.


Ако Чаби Алонсо добие отказ, привремен тренер ќе биде Арбелоа

Новиот пораз за „кралскиот клуб“ од Манчестер Сити со 1:2 на домашен терен во Лигата на шампионите ги подгреа најавите за промена на тренерот Чаби Алонсо. Прво најава за промена имаше по поразот во Ла Лига од Селта со 0-2.

Последните вести од Реал Мадрид се дека Алонсо ќе има уште една шанса – но мора да го победи Алавеш, а дел од медиумите сметаат дека следниот месец (јануари ќе биде важен за Алонсо). Условот е клубот да го освои пехарот во Супер купот.

Но, евентуален неуспех следното коло со Алавеш, може да донесе и промена на клупата.

Замената е најдена, а не е како што беше најавувано Зинедин Зидан, туку постои можност екипата да ја преземе Алваро Арбелоа.

Сепак кога станува збор за Реал Мадрид ништо не може да се предвидува особено ако клубот е во серија на неповолни резултати.


Мак-кошарката пак ќе организира викенд на сите ѕвезди

Кошаркарската федерација на Македонија информира дека на 21. декември (недела), 2025 година. ќе ги организира All Star натпреварите, кои повторно стануваат дел од официјалниот календар како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка.

Планирани се три натпревари:

● натпревар за македонските надежи (М20) – „Sвезди во подем“,

● женски сениорски All Star натпревар,

● машки сениорски All Star натпревар.

Во двата сениорски натпревари ќе настапат селекциите „Македонија“ – „Свет“, составени од домашни играчи и странски кошаркари кои играат во најквалитетните сениорски лиги под капата на федерацијата – „МТЕЛ“ Супер лига – мажи и „Шпаркасе Лајф“ Прва лига – жени.

Во рамките на All Star програмата, во паузите (истек на четвртините) од натпреварите, ќе се одржат и ревијалните натпревари во забивање и шутирање за три поени, како составен дел од кошаркарскиот спектакл и дополнителна можност за промоција на вештината, креативноста и атрактивноста на играта.

Во паузите меѓу натпреварите ќе се одржи и свечено доделување на признанија и награди за најдобрите поединци и колективи во сезоната 2024/25, како чин на почит и признание за квалитетот, трудот и професионализмот во македонската кошарка.

Со оваа манифестација федерацијата ја потврдува својата определба кошарката да биде повеќе од резултат – простор за промоција на талентот, фер-плејот, инспирацијата и заедничката спортска радост.

Повеќе информации за составите на екипите, стручните штабови и пропратните активности ќе бидат објавени во 15, декември (понеделник), 2025 година.


Де Пол добива перманентен договор, и во иднина ќе игра за Интер Мајами

Интер Мајами го заврши откупот на договорот на играчот од средниот ред Родриго Де Пол од Атлетико Мадрид.

Доколку се активира опцијата за откуп, играчот веќе се согласил на договор до 2029 година. Аргентинскиот интернационалец, кој играше за тимот од Мајами како позајмен, официјално станува полноправен член на клубот.

Де Пол се приклучи на Интер Мајами во јули 2025 година како позајмен играч.

Де Пол го постигна победничкиот гол во финалето на плејофот од МЛС 2025 година против Ванкувер. Според порталот „Трансфермаркт“, вредноста на играчот од средниот ред е 20 милиони евра.


Мадуеке автор на луд рекорд: Три гола на своето деби во ЛШ

Крилниот напаѓач на Арсенал и на англиската репрезентација, Нони Мадуеке, стана првиот играч на Арсенал кој постигна три гола на своето деби за клубот во Европскиот куп/Лигата на шампионите, според „Опта Спорт“.

На 26 ноември, Англичанецот постигна гол против Баерн Минхен (3-1) во 5-то коло од Лигата на шампионите, а на 10 декември, Мадуеке постигна два гол во натпреварот против Бриж во 6-то коло од групната фаза на Лигата на шампионите 2025/2026.

Оваа сезона, крилниот напаѓач одигра 12 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола. Актуелниот договор на Мадуеке со лондонскиот клуб е со важност до летото 2030 година, пазарната вредност на фудбалерот е 50 милиони евра.