feature

Вест Хем доведување засилување од Камп Ноу!

Вест Хем игра одлично под водство на Дејвид Мојс уште од почетокот на сезоната, „чеканите“ се петти на табелата во Премиерлигата и имаат големи шанси да изборат пласман во европските натпреварувања идната сезона. Лондонскиот клуб е во потрага по напаѓач, а еден од оние кои би можеле да го решат тој проблем е Мартин Брејтвајт, пишуваат шпанските медиуми. Данецот беше на мета на Вест Хем и минатото лето, меѓутоа остана на Камп Ноу без оглед на тоа што знаеше дека нема да добие голема минутажа. Во меѓувреме, тој собра 25 настапи во сите натпреварувања, постигна шест погодоци и асистираше два пати, но сосема е јасно дека на крајот од оваа сезона ќе ја напушти Барселона. Англискиот тим не се откажа од неговото доведување, а наредното лето очекуваме повторно да го видиме 29-годишниот напаѓач на терените во Англија, каде настапуваше во дресот на Мидлсбро во Чемпионшип.


Рома му ја одзеде капитенската трака на Един Џеко

Спортскиот директор на Рома, Тиаго Пинто изјави дека напаѓачот Един Џеко повеќе не е капитен на римскиот тим. „Един Џеко е силен фудбалер, одличен професионалец со долгогодишно искуство, а Фонсека е лидер на нашиот проект. Тој заврши одлична работа. Одржавме неколку состаноци за да изградиме заемна доверба. По состаноците, излеговме среќни и задоволни. Сега е важно да се фокусираме на постигнување на заеднички цели, што е поважно од интересите на поединците. Убеден сум дека клубот треба да се заснова на правила, па Един повеќе не е капитен. Но, сите ќе работиме заедно за доброто на клубот“, изјави Пинто. Да потсетиме дека поради конфликтот со главниот тренер на Рома, Пауло Фонсека, Џеко неодамна тренираше одвоено од неговите колеги во Рома. Како што беше соопштено, 34-годишниот фудбалер го замолил клубот да го ослободи пред затворањето на зимскиот преоден рок, но трансферот не се реализираше. Во текот на вчерашниот ден стана јасно дека Џеко се врати на тренинг со соиграчи, бидејќи управата на Рома успеа да го среди неговиот конфликт со тренерот.


Асамоа се реактивира и потпиша за Каљари

Квадво Асамоа се врати во Серија А откако потпиша договор до крајот на сезоната со екипата на Каљари. Долго време Асамоа го носеше дресот на Јувентус за кој потпиша во 2012 година и за овој клуб настапуваше се до 2018 година. После Јувентус премина во ривалот на „старата дама“, Интер каде се задржа две сезони. За репрезентација на Гана Асамоа има 71 натпревар и четири гола, дебитираше на 11. Февруари 2000 година. Во акриерата Асамо го носеше и дресот на Удинезе.


Борбено реми на футсалците на Македонија и Романија

Македонската футсал репрезентација одигра нерешено, 2-2 против фаворизираната селекција на Романија во рамките на второто коло од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2022 година. Во СЦ „Јане Сандански”, избраниците на селекторот Васко Скендеровски одиграа одличен натпревар и заслужено го освоија првиот бод во овие квалификации. Нашата селекција поведе во првото полувреме со голот на Даниел Дандан, но романската селекција израмни веќе во следната минута кога изведоа корнер, а топката го закачи Мицевски, го смени правецот и го имзами голманот Петровски. Во 33. минута, Марлос им донесе водство на гостите по корнерот на Фелипе, а бодот за Македонија го обезбеди капитенот Дарко Ранготов во 38.минута со убав и прецизен удар. За дарко Ранготов ова беше јубилеен, стоти натпревар во дресот на Македонија. На вториот натпревар во нашата група, БиХ ја совлада селекцијата на Србија на гостински терен со 4-2, а тоа беше втора победа за БиХ.


Парма го врати Пеле во Серија А

Грацијано Пеле денес треба да ги помине лекарските прегледи во Парма и да го потпише договорот за една година со опција да му биде продолжен доколку „млекарите“ обезбедат опстанок во Серија А. 35-годишниот напаѓач доаѓа како слободен играч откако го напушти кинескиот состав Шандонг Лунег. Пеле по втор пат ќе го носи дресот на екипата од „Енио Тардини“. Тој играше за Парма шест месеци во сезоната 2011/12. Неговиот нов тим се наоѓа на претпоследното 19-то место во Серија А.


Правнукот на Мусолини потпиша со Лацио

Лацио вчера потпиша професионален договор со Романо Флоријани Мусолини.
Секако, овој трансфер привлече внимание пораид презимето на играчот, тој правнук на италијанскиот фашист Бенито Мусолини.
Прво Романо ќе биде дел од тимот на Лацио до 19 години, меѓутоа според она што се пишува во италијанските медиуми и изјаваите на скаутите тој има потенцијал во иднина да стане и репрезентативец на Италија.
Коинциденција или не, Мусолини потпиша договор со клубот чии навивачи имаа десничарски ставови. Ултрасите на Лацио во минатотот беа декларирани како фашисти.


Како изгледа „Бетмобилот“ на Ѓоковиќ вреден 100 илјади долари? (фото)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го купи најновиот модел на Тесла „Х“, луксузен електричен модел на автомобилот чија цена во основната понуда се движи околу 100 илјади долари.
Тесла „Х“ има пет седишта и 1020 коњски сили. До 100 километри на час забрзува за само 2.5 секунди, а максималната брзина му е 210 километри на час.
Ѓоковиќ е инаку познат како голем почитувач на ликот и делото на Никола Тесла.
Поради необичниот дизајн и начинот на кој се отвораат вратите, љубителите на автомобилот ја нарекоа Тесла „Х“ како „Бетмобил“.


Бразилец е првото летно засилување на Барселона

Десниот бек на Бетис, Емерсон и официјално ќе стане член на Барселона ова лето.
Ова беше уште еден „матен“ трансфер на управата на Бартомеу, која во соработка со Бетис го доведе Емерсон од бразилски Атлетик за 12 милиони евра, но со договор Бразилецот да остане на позајмица во Андалузија до летото 2021. година.
Емерсон од 1. јули официјално ќе стане член на Барселона, а според најавите нема намера да остане во Бетис. Клубот од Андалузија се надеваше дека со Барселона ќе пронајде заеднички јазик околу продолжувањето на позајмицата, но Бразилецот веднаш сака на Камп Ноу.
Се очекува Емерсон да добие шанса, позицијата десен бек беше критична, па со неговото доаѓање конкуренција ќе добие Сержињо Дест.
Емерсон има 22 години, па сигурно е дека пред него е фудбалската иднина, која единствено прашање е дали ќе биде во Барселона.


Манчини потврди, Италија во потрага по нов селектор

Италија по Светското првенство идната година во Катар ќе мора да бара нов селектор. Тоа го потврди лично актуелниот селектор на „Азурите“ Роберто Манчини, во изјава за ТикиТака.
„По Светското првенство во Катар ќе го напуштам местото селектор на Италија. Сакам да се вратам на клупскиот фудбал.“ – изјави Манчини под чие водство Италија обезбеди пласман на Европското првенство со максимален учинок од 10 победи во квалификациите.
Тој типуваше и на своите фаворити, кога наследникот е во прашање.
„Што се однесува на наследник, мислам дека Алегри, Анчелоти или Гасперини ќе биде вистински избор.“ – смета 56-годишниот Манчини, кој во текот на тренерската кариера ги водеше Фиорентина, Лацио, Интер во два наврати, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит, пред да ја преземе репрезентацијата во мај 2018. година.


Рибери го засилува тимот кој наредната сезона ќе го следиме сите!

Силвио Берлускони и Адријано Галијани имаат намера повторно да станат хит на Апенините.
Заедно, после повеќе од 30 години на чело на Милан, го презедоа третолигашот Монца, со кој сега се во Серија Б за прв пат во историјата, а веќе во првата сезона се борат и за пласман во Серија А.
Берлускони и Галијани го искористија своето влијание да ги доведат Кевин Боатенг и Марио Балотели, а сега го сакаат и Франк Рибери.
Французинот настапува во Фиорентина, каде докажува и покрај годините дека се уште има фудбал во него. Рибери најдобрите години ги помина во Баерн, но за Монца тој секако би бил огромно засилување.
Монца во моментот е на второто место во Серија Б, со шест бодови помалку од Емполи и со ист број на бодови како и Киево и Салернитана, така што ќе има голема борба за пласман во елитата до самиот крај.
Доколку изборат пласман, нема сомнеж дека Рибери би бил заинтересиран да ја засили Монца.