feature

Со Евротип клуб картичка до шест милиони денари!

Секој љубител на спортското обложување сонува за добитен тикет кој ќе го направи милионер, а спортските обложувалници Евротип тоа го направија да биде полесно од било кога!
Доколку поседувате Евротип клуб картичка, сега имате можност за максимална добивка од шест милиони денари!
Ако на Вашиот тикет, кој го имате уплатено со клуб картичка, имате одиграно од 26 до 35 натпревари, максималната добивка која можете да ја постигнете е шест милиони денари. Доколку одиграте 16-25 натпревари, добивката е 4 милиони денари, додека на одиграни 1 до 15 натпревари, можете да добиете максимално 2 милиони денари.

Во исто време, доколку имате тикет со одиграни 26-35 натпревари, но не е уплатен со клуб картичка, максималната добивка е три милиони. На одиграни 16-25 натпревари истата е 2 милиони, додека на одиграни 1-15 натпревари, добивката е еден милион.
Покрај можноста за двојно поголема добивка, придобивките од поседувањето на клуб картичката се уште поголеми. Највисоки бонуси од дури 467%, можност за исплата на тикет пред доигрувањето на сите натпревари, односно опцијата за „Cashout“, како и многу други.
Има ли подобар момент да ја подигнете Вашата бесплатна Евротип клуб картичка?
Спортските обложувалници Евротип  ја имаат најразновидната понуда, највисоки коефициенти, а само за Вас се подготвуваат и секојдневни изненадувања.

Посетете ја најблиската Евротип обложувалница, подигнете ја Вашата клуб картичка и ќе бидете на само чекор од исполнување на сонот. Станете милионер заедно со Евротип!


Белмади: Ријад не е среќен во Сити, сака да игра почесто

Селекторот на Алжир, Џамел Белмади ги разбранува духовите со изјавата дека Ријад Марез не е среќен во Манчестер Сити, што го загрижува тренерот. Крилниот напаѓач е дел од „граѓаните“ од 2018 година, кога пристигна за 60 милиони фунти од Лестер. Досега има одиграно 119 натпревари, постигнато 31 гол и 31 асистенција во сите натпреварувања за тимот, освојувајќи ја Премиер лигата, ФА купот, како и Лига купот двапати, но не можеше да се етаблира во почетнот состав на Пеп Гвардиола. „Марез не е среќен во Манчестер затоа што не игра доволно, тој е борец кој сака да биде на теренот на секој натпревар. Не можам да го замолам да го напушти неговиот клуб за да игра повеќе, јас не сум агент, за мене е најважно да биде во форма за следниот состанок на националниот тим. Тој е наш капитен и ја разбирам загриженоста на навивачите, но моето гледиште е дека тој има квалитет да реагира, му верувам“, рече селекторот Белмади.


Барса го носи Кун Агуеро за да го задржи Меси

Серхио Кун Агуеро може да продолжи кариера во Барселона. Неколку кандидати за претседател на каталонскиот клуб веќе контактирале со менаџерите на аргентинскиот фудбалер. Забележано е дека Агуеро е подготвен да се пресели во Барселона. Актуелниот договор на Агуеро со Манчестер Сити важи до 30 јуни 2021 година, така што Каталонците можат да го добијат играчот бесплатно, што е важно со оглед на тешката економска состојба во клубот. Трансферот на Агуеро во Барселона исто така може да го натера напаѓачот Лионел Меси да одлучи да остане и да го обнови договорот со каталонскиот клуб. Да потсетиме дека Агуеро и Меси се добри пријатели, а од друга страна договорот на Меси со Барселона важи исто така до 30 јуни 2021 година, а Меси минатото лето најави дека саа да замине од Барселона.


Јуве сака да го задржи Роналдо, веќе му нуди нов договор

Италијанските медиуми денес објавија информација дека актуелниот шампион Јувентус сака да го задржи Кристијано Роналдо уште една година плус во Торино.
Јувентус ќе му понуди на Кристијано Роналдо продолжување на соработката и останување во Торино. „Тутоспорт“ тврди дека раководството на тимот од Торино, ќе му понуди нов договор со важност до 2023 година, односно една година повеќе од сегашниот.
Кристијано Роналдо утре ќе наполни 36 години, сепак игра во одлична форма, а тоа го покажа на мечот со Интер кога постигна два гола. Во истата информација се вели дека нема да има измени во финансискиот дел од договорот, па Роналдо и понатаму ќе заработува 30 милиони евра годишно.


Револуција во Мелбурн, ВТА го „забрзува“ турнирот

Овогодинешниот Австралија Опен во женска конкуренција ќе се игра во малку поразличен облик, со оглед на специфичната ситуација со коронавирусот која ги диктира правилата.
Организаторите на неколку дена пред почетокот на Отвореното првенство на Австралија се одлучија третиот сет да се одигра „забрзано“, односно ќе се игра таканаречен тај-брејк во истиот.
Тоа значи дека доколку дојде до трет сет, тенисерките во значително пократка варијанта ќе го решаваат прашањето на победникот.
Австралија Опен започнува во понеделник, а бранител на титулата во женска конкуренција ќе биде американката Софија Кенин, која минатата година во три сета ја победи Гарбине Мугуруза.


Коронавирусот го „крои“ распоредот во Лига на шампиони

Како што е веќе познато, правилата на Германија поврзани со пандемијата на коронавирусот им прават проблеми на клубовите од Островото.
Лигата на шампионите се враќа наскоро, а првите натпревари помеѓу Лајпциг и Ливерпул, како и Борусија Менхенгладбах и Манчестер Сити ќе мора да доживеат промени. Или промена на датумот или промена на местото на одигрување.
Правилата на УЕФА налагаат дека домаќините мораат да најдат решение, а тимот од Менхенгладбах веќе го направи тоа. Првиот натпревар од осминафиналето против Сити ќе биде одигран на стадионот на Мидтјиланд во Хернинг, Данска.
Неутралниот терен веќе е пронајден, а останува уште на Лајпциг да пронајде решение. Во спротивно, тие може да го загубат натпреварот на зелена маса.


Евротип на чекор поблиску до тебе!

Спортските обложувалници Евротип секогаш се посветени на создавање на најдобри услови за своите верни посетители. Објектите на Евротип се направени според сите светски стандарди, а во време на пандемија се почитуваат сите мерки кои се наложени од здравствените власти, со цел заштита на здравјето на секого.

Само во месец јануари годинава, Евротип отвори нови четиринаесет локации, кои обложувањето го прават подостапно за секого. Четиринаесетте локации распоредени во Охрид, Гостивар, Скопје, Битола, Тетово, Велес, Неготино, Богданци, Гевгелија и Штип, воедно значат и отворање на повеќе од 50 нови работни места, што во време на пандемија со која се соочува целиот свет, се од исклучително значење и ќе играат важна улога во егзистенцијата на повеќе од 50 семејства.

Спортските обложувалници Евротип и понатаму ќе ја продолжат својата експанзија, со цел и во иднина да бидат Вашиот главен партнер и партнер од доверба во обложувањето.

Обложувајте се и добивајте заедно со Евротип, каде Ве очекува најбогатата понуда на бројни локации во Вашето место на живеење.


Ајакс го „заборави“ својот најскап фудбалер во историјата!

Себастијан Халер, најскапиот играч во историјата на Ајакс, не го најде своето место на списокот на холандската екипа за настап во Лига Европа.
Ајакс во јануари му плати на Вест Хем 23 милиони евра за услугите на 26-годишниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коста. До вторникот клубовите имаа можност да направат список од 25 фудбалери за натпреварувањата на УЕФА, а името на Халер не се најде на списокот на Ајакс. Во клубот се шокирани и не знаат како тоа се случи.
„Проверуваме што се случило. Разговараме со Фудбалскиот сојуз на Холандија и УЕФА како би можеле да видиме кој и каде погрешил. Нејасно е што се случи.“ – соопштија од клубот.
Халер веќе одигра шест натпревари за холандскиот првак и постигна два погодоци. Ајакс во нокаут фазата на Лига Европа ќе игра против Лил, а првиот натпревар е во Франција на 18. февруари.


„Постирај и добиј“ – нова промоција на Евротип

Редовно се обложуваш, а љубител си и на интересна фотографија? Новата промоција на Евротип е токму за тебе!
Во периодот до вторник 09.02 на полноќ, направи фотографија на која ќе се фотографираш себеси со логото на Евротип, или пак ќе го фотографираш само логото на Евротип и истата нека биде објавена на Фејсбук со користење на хаштагот #EvroPost а Евротип ќе те награди со вредносен ваучер од 1.000 денари, како и Евротип подарок.
Се што треба да се направи при постирањето на сликата, освен користењето на хаштагот #EvroPost е објавата да биде јавна (public), а победник ќе биде оној чија фотографија ќе „собере“ најмногу допаѓања.
Телефонот или фотоапаратот во рака, посетете ја Вашата омилена обложувалница, обложете се или испијте го кафето со пријателите, а во исто време и добијте награда!
Право на учество имаат сите лица над 18 години, а победникот ќе биде објавен веднаш по крајот на крајниот рок, односно во среда на 10. февруари.


Вест Хем доведување засилување од Камп Ноу!

Вест Хем игра одлично под водство на Дејвид Мојс уште од почетокот на сезоната, „чеканите“ се петти на табелата во Премиерлигата и имаат големи шанси да изборат пласман во европските натпреварувања идната сезона. Лондонскиот клуб е во потрага по напаѓач, а еден од оние кои би можеле да го решат тој проблем е Мартин Брејтвајт, пишуваат шпанските медиуми. Данецот беше на мета на Вест Хем и минатото лето, меѓутоа остана на Камп Ноу без оглед на тоа што знаеше дека нема да добие голема минутажа. Во меѓувреме, тој собра 25 настапи во сите натпреварувања, постигна шест погодоци и асистираше два пати, но сосема е јасно дека на крајот од оваа сезона ќе ја напушти Барселона. Англискиот тим не се откажа од неговото доведување, а наредното лето очекуваме повторно да го видиме 29-годишниот напаѓач на терените во Англија, каде настапуваше во дресот на Мидлсбро во Чемпионшип.