feature

Рома го враќа Ламела на инсистирање на Жозе Мурињо

Рома е силно заинтересирана за играчот на Тотенхем, Ерик Ламела. Жозе Мурињо одлично го познава Ламела бидејќи двајцата соработуваа во Тотенхем и сака да го донесе во Рома ова лето. Аргентинецот својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во Рома, од каде се пресели во Тотенхем. Ламела не добива голема минутажа оваа сезона и е спремен да се врати во Серија А. 28-годишниот Аргентинец на лето влегува во последната година од договорот, а Тотенхем за неговата слобода бара 15 милиони евра.


Салцбург пак ја одбрани титулата во австриската Бундеслига

Со победата над Рапид со 2-0, Салцбург и официјално ја комплетираше новата шампионска титула во австриската Бундеслига. Пред големото дерби, тимот на Џеси Марш имаше доволно бодови да го потврди освојувањето на осмата шампионска титула по ред, но најефикасниот стрелец во лигата, Петсон Дака, не остави ништо на случајот. Ова е трета двојна круна по ред за „биковите“, и 15-та шампионска титула.


Јаневски доби место во стручниот штаб на Брос во Јужна Африка

Чедомир Јаневски ќе има нова улога во неговата кариера – ќе биде дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Јужна Африка! Во псоледната сезона македонскиот стратег оствари одлични резултати со Олимпијакос Никозија, па така го привлече вниманието. Во репрезентацијата на Јужна Африка тој ќе биде асистент на тренерот Хуго Брос. Играчката кариера Јаневски ја заврши во 1999 година во клубот Даринг Клаб Бланкенберге и таму ја започна и тренерската кариера. Во периодот од 2012 до 2013 година тој беше и селектор на македонската репрезентација.


Како изгледа гаражата на Роналдо вредна 18 милиони евра?

Кристијано Роналдо го постигна стотиот погодок во дресот на Јувентус, но ова лето би можел да го промени клубот. Јувентус би можел да остане без Лига на шампиони наредната година, а тоа не ги задоволува амбициите на Роналдо. Со тоа, Јувентус тогаш не би можел да си ја дозволи платата на Роналдо во висина од 30 милиони евра. На почетокот од неделава, Роналдо со сопственикот на Јувентус, Андреа Ањели беше во посета на фабриката на Ферари. Тој се „почасти“ со автомобил вреден 1,6 милиони евра. Сопствениците на Јувентус на тој начин се обидоа да ја расположат својата најголема ѕвезда, бидејќи познато е дека Роналдо е голем љубител на скапи автомобили. Роналдо во својата гаража веќе има два скапи Бугати (Чирон и Вејрон), Мекларен Сена, Ламборџини Авентадор, Шевролет Камаро, Мерцедес АМГ ГЛЕ, Ролс Ројс Кулинан, Континентал ГТ, Ферари Ф12 ТДФ и Мерцедес Класа Г Брабус. Неговите автомобили вкупно вредат околу 18 милиони евра. Португалецот за околу 10 милиони евра купи и Бугати Чентодиечи. Такви постојат само десет во светот, а еден од сопствениците е Роналдо.


Ништо од Барселона, Чави потпиша нов договор со Ал Сад

Легендата на шпанскиот фудбал, Чави Ернандес сепак нема да го наследи Роналд Куман на клупата на Барселона за новата сезона. Ова е потврдено откако легендарниот Чави ја прифати понудата од Ал Сад за нов двегодишен договор. „Заедно постигнавме многу, победуваме и даваме голови. Оваа поддршка е најдоброто што еден тренер може да посака. Не постои клаузула за предвремен раскин на договорот на сметка на Барселона. Имам двегодишен договор и го почитувам.“ – вели Чави.


Даглас Коста се враќа во Бразил, ќе биде позајмен во Гремио

Јувентус изгледа конечно пронајде клуб за Даглас Коста и тоа клубот од младоста на Бразилецот. Кога минатиот месец првпат се појави можноста Коста да се гласи во Гремио навивачите на овој клуб беа воодушевени. Потоа се огласи од клубот и соопштија дека финансиите не дозволуваат да размислуваат во тој правец. Но, изгледа дека во последните денови работите се промениле – Даглас Коста е на чекор од Гремиo! Бразилските медиуми пренесуваат дека утрово бил одржан клупски состанок во Порто Алегри на кој присуствувал и самиот Коста. На состанокот биле најважните луѓе на Гремио и менаџерот кој го застапува фудбалерот на Јувентус, Жорж Машадо.


Евролига го укинува Еврокупот?!

Тогаш кога помисливме дека Бертомеу воспостави одредени правила на игра како се влегува во Евролигата, се случи ново изненадување. Она што сега се најавува е уште „побомбастично“ од досегашните. Шпанскиот „Мундо Депортиво“ пренесува нови информации на таа тема, дека наводно се подготвува нов план за Евролигата во кој од сезоната 2023/24 веќе нема да има место за второто натпреварување, Еврокупот. Целта е Евролигата да се формира како затворено натпреварување, во кое сите клубови учесници ќе имаат долгогодишна лиценца, при што Еврокупот ќе ја загуби својата цел како натпреварување од кое би се пристапувало кон елитата, како што оваа сезона направија Монако и Уникс. Споменатиот извор открива дека пред неколку недели клубовите кои сега имаат лиценца, тие 11, извршија притисок врз Бертомеу да започне со спроведување на оваа идеја, во спротивно се заканија со барање за негово заминување од највисоката функција во Евролигата. Додатна причина зошто се бара укинување на Еврокупот се финансиите, бидејќи на Еврокупот годишно се трошат 7 милиони евра, а приходот е значително помал, наводно околу три милиони.


Фиорентина бара 80 милиони евра за Душан Влаховиќ

Душан Влаховиќ оваа сезона прикажува фантастични настапи во дресот на Фиорентина. Влаховиќ оваа сезона успеа да се избори за место во стартниот тим, a својата шанса и тоа како знаеше да ја искористи. Овој 21 годишен напаѓач во досегашниот дел од сезоната одигра 37 натпревари и постигна 21 гол во сите натпреварувања со што го привлече вниманието на себе на повеќе европски клубови. Во Фиорентина се свесни дека тешко ќе го задржат Влаховиќ во своите редови и сакаат да извлечат што е можно повеќе пари за неговиот трансфер. „Газета“ денес објави дека челниците на Фиорентина одредиле цена за овој 21 годишен напаѓач и дека Влаховиќ може да го напушти клубот ако некој за него плати 80 милиони евра.


Финалето на Лигата на шампионите се сели од Истанбул во Порто

УЕФА донела конечна одлука за местото каде што ќе се игра финалето во Лигата на шампионите. Имено, како и што се најавуваше Истанбул нема да биде домаќин, а финалето ќе се игра на „Драгао“ во Порто. Според информациите на „Скај“ ова е конечна одлука на УЕФА. Причината поради која Челзи и Манчестер Сити нема да играат на „Ататурк“ стадионот во Истанбул е ситуацијата со коронавирусот во Турција. Се шпекулираше дека мечот може да се игра на „Вембли“ затоа што во прашање се две англиски екипи, сепак тоа нема да се случи. Многу брзо се очекува и официјалната потврда од УЕФА.


Жиру се сели во Италија, два гиганти го сакаат францускиот напаѓач

Оливие Жиру може да го смени клубот во текот на летниот преоден рок. Според „Калчомеркато“, два италијански клуба Интер и Лацио се заинтересирани за францускиот фудбалер.
Договорот на фудбалерот со Челзи истекува на крајот на сезоната, па тој ќе може да се приклучи на новиот клуб како слободен агент. За играчот е заинтересиран и турскиот Фенербахче. Оваа сезона, Жиру одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 гола.
Французинот е во Челзи од 2018 година, со клубот ги освои ФА купот 2017/2018 и Лигата на Европа 2019 година. Пред тоа, Оливие Жиру играше за друг тим од Лондон, повеќе од пет години ги бранеше боите на Арсенал.