feature

Лацио бара 70 милиони евра за Милинковиќ Савиќ

Италијанските и шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид е заинтересиран за доведување на Сергеј Милинковиќ Савиќ. Савиќ игра одлична сезона во италијанското првенство и веќе од поодамна е мета на „кралевите“. Во Савиќ Реал гледа замена за Лука Модриќ кој исто така игра добро, но наскоро ќе наполни 36 години. Според информациите, Реал на Лацио ќе мора да му плати 70 милиони евра. Савиќ сезонава постигна седум гола и додаде девет асистенции. Покрај Реал, интерес за Савиќ покажаа ПСЖ и Манчестер Јунајтед.


Ибра казнет со еден натпревар неиграње заради црвениот картон во Парма

Напаѓачот на фудбалскиот состав Милан, Златан Ибрахимовиќ, заработи казна од еден меч од страна на Дисциплинската комисија за Серија А, поради исклучувањето на средбата со Парма одиграна во изминатиот викенд. Ветеранот од Шведска дополнително ќе мора да плати и 5.000 евра. Тој ќе ја одлежи санкцијата во наредното коло во текот на викендот на мечот со Џенова. Ќе потсетиме, 39-годишниот ветеран на средбата со „млекарите“ имаше вербална расправија со главниот судија, Фабио Мареска, во 60. минута од натпреварот по што заработи црвен картон.


Олимпискиот оган пристигна во Осака

Движењето на олимпискиот факел во густо населената префектура Осака беше организирано во голем локален парк на етапи од 200 метри. Штафетата на олимпискиот факел започна во Јапонија на 25 март во фудбалскиот тренинг центар во префектурата Фукушима. Патувањето ќе трае 121 ден, факелот ќе помине низ 859 општини во сите 47 префектури на земјата. Околу 10.000 луѓе се очекува да учествуваат во штафетата. Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 23 јули – 8 август 2021 година.


Кун Агуеро се сели во Лондон, Челзи фаворит за потпис на Аргентинецот

Челзи е фаворит за потписот со напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, според последните информации на медиумите во Англија.
„Граѓаните“ веќе објавија дека ветеранот ќе го напушти „Етихад“ на лето и веднаш се формираше список на клубови заинтересирани за потписот на Аргентинецот. Во оваа фаза, сепак од „Стемфорд Бриџ“ се чекор пред своите конкуренти.
32-годишникот сака да остане во Англија. Освен Челзи, за него се заинтересирани уште два клуба од Премиер лигата – Тотенхем и Лидс Јунајтед. Меѓутоа, од овие три клуба, Агуеро повеќе би сакал да оди кај „сините“. Покрај тоа, Томас Тухел не крие дека би бил среќен да работи со Агуеро и ќе стори се што е во негова моќ да го донесе во неговиот тим.


Перез единствен кандидат, останува претседател до 2025 година

Иако постоеjа некои најави дека младиот шпански бизнисмен Енрике Рикелме ќе се обиде да влезе во трката за претседател на Реал Мадрид сепак тоа не се случи.
Рикелме дури и даваше изјави во медиумите со кои уверуваше дека ќе се кандидира за прв човек на Реал. Сепак, до 2025 во Мадрид нема да има промени, Флорентино Перез остана единствен кандидат на изборите па тој ќе ја извршува функцијата и во наредните четири години.
Претходно Перез најави дека и покрај кризата која ја предизвика пандемијата со коронавирусот ќе се обиде да доведе некого од Мбапе и Халанд.


Арсенал купува напаѓач од Селтик

Арсенал има интерес за напаѓачот на Селтик, Одсон Едуард. Според „Телеграф“, раководството на „топџиите“ планира да го зголеми бројот на напаѓачи во летниот преоден рок и смета дека Едуард е најдобриот кандидат за оваа улога.
Челниците на Арсенал го гледаат како долгорочна замена за Александар Лаказет, кој ќе наполни 30 години овој мај. Според изворот, Арсенал веќе контактирал со преставниците на францускиот напаѓач, но во текот на летото ќе мора да се соочат со конкуренција за да го добијат овој играч затоа што за него е заинтересиран и Лестер Сити.
Одсон Едуард потекнува од школата на ПСЖ, за чиј прв тим не одигра ниту еден натпревар. Во август 2017 година, тој премина во Селтик на поазјмица, а веќе во мај 2018 година Селтик го купи од ПСЖ за 10,3 милиони евра. Оваа сезона во шкотската Премиер лига, Едуард одигра 27 натпревари и постигна 16 погодоци (5 од пенал), што го направи најдобар стрелец во лигата. Неговата вредност се проценува на 15 милиони евра.


Три гиганти го сакаат Џеси Лингард!?

ПСЖ, Интер и Реал Мадрид ја следат ситуацијата околу играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард пред летниот преоден рок. Вест Хем, во кој Лингард моментално е на позајмица, сака трајно да го ангажира играчот. Сепак, одличниот настап на играчот за врска, кој има уште една година од договорот со Манчестер Јунајтед, го привлече вниманието на водечките клубови од Премиер лигата и странските врвни клубови. Лингард сè уште нема решено за својата иднина, но играчот претпочита да игра во Лигата на шампионите следната сезона. 28-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед е на позајмица кај „чеканите“ од јануари. Оваа сезона во Премиер лигата, Џеси Лингард одигра 9 натпревари, постигна 8 гола и даде три асистенции. Лингард исто така играше на позајмица во Дерби, Брајтон, Бирмингем и Лестер во текот на целата своја кариера.


Конте заминува од Интер, ќе го наследи Макс Алегри?

Познатиот италијански новинар, Џанлука Роси лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Антонио Конте не крајот на сезоната ќе го напушти Интер. Конте е на добар пат да го освои Скудетото со Интер после цели 11 години, но на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти клубот. Тој имаше несогласување со сопствениците и директорите и минатото лето, но сепак остана и оваа сезона постигнува одлични резултати. Конте сака да си замине како победник и веќе донел одлука да се радели со „нероаѕурите“ на крајот на сезоната. Новинарот открива дека во Интер веќе го избрале неговиот наследник и дека се во постојан контант со Макс Алегри. „Контактите помеѓу Марота и Алегри се воспоставени одамна и се интензивни во последно време. На Алегри му е пренесено дека тој е прв извор за заменик на Конте на крајот на сезоната“, открива Роси.


Левандовски започна со тренинзи, но не отпатува во Париз

Роберт Левандовски продолжува да се опоравува од повредата на коленото, соопшти прес-службата на клубот од Минхен. Да потсетиме, Левандовски беше заменет во 63. минута од натпреварот од второто коло во квалификацискиите за СП 2022 со репрезентацијата на Андора (3-0). За време на лекарскиот преглед, на Левандовски му било дијагностицирано истегнување во десното колено. Денес, полскиот фудбалер започна да тренира со трчање. Забележано е дека Левандовски сепак нема да може да му помогне на Баерн во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ, што ќе се одигра утре, а прогнозите се дека тој би се вратил во игра на почетокот на мај.


Хендихс го продолжи договорот со РБ Лајпциг

Дефанзивецот на РБ Лајпциг, Бенџамин Хенрихс, кој до неодамна играше за оваа екипа со позајмица од Монако, ќе продолжи да игра во Лајпциг со постојан договор. Според прес-службата на РБ Лајпциг, клубот ја искористил опцијата да го купи 24-годишниот фудбалер од Монако и склучил договор со него, кој ќе важи до летото 2025 година. Условите за трансферот не се објавени. „Откако се приклучив на РБ Лајпциг, мојата цел беше да останам тука долго време. Овде се чувствувам како дома и среќен што ќе бидам со тимот во следните неколку години. Повредите сакам да ги оставам за себе. Сега само сакам да одам напред“, изјави Бенџамин Хенрикс. Хенрихс потекнува од школата на Баер Леверкузен, за кој играше од 2015 до 2018 година. Германскиот играч потоа се пресели во Монако и беше позајмен во РБ Лајпциг оваа сезона. Како дел од оваа екипа, дефанзивецот одигра 10 натпревари во Бундеслигата и имаше една асистенција.