feature

Голем проблем за „кралевите“, Рудигер три месеци во аут

Тренерот на Реал Мадрид Чаби Алонсо се соочува со проблем. Играчот од одбраната Германецот Антонио Рудигер во следните три месеци ќе биде надвор од теренот.

Играчот од одбараната на повреда се пожали на почетокот на денешниот тренинг, а по прегледите утврдена е повреда на мускул на левата нога,

Ова е сериозен проблем за тренерот на Алонсо, особено што се очекуваше Рудигер да биде еден од клучните играчи во одбраната. Прогнозите се дека тој ќе пропушти 17 натпревари.

Реал Мадрид утре игра натпревар од Ла Лига на гости против Реал Сосиедад.


Германија и Турција ќе се борат за европското злато

Кошаркарите на Турција се вторите финалисти на Евробаскетот по вечерашниот убедлив триумф над големиот ривал Грција во полифиналето.

Битката за мечот за злато беше решена уште по првото полувреме кое расположената Турција со одлична игра во одбрана и фуриозен напад го скри отпорот на Грција.

Турција доминираше во текот на првото полувреме, отиде на полувреме со +18, а потоа рутински го заврши натпреварот во вториот дел од играта. Грција не беше ни блиску до враќање во натпреварот. На крајот, убедлива победа за Турција.

Турските кошаркари се пласираа во финалето на Европското првенство во Рига. Во вториот полуфинален натпревар на Евробаскетот, Турција ја победи Грција со резултат 94:68.

Убедливо најефикасен кошаркар на полуфиналето беше крилниот ценар на Турција, Османи со 28 поени, по него следуваа Чеди Осман со 17, Ларкин и Шенгун со по 15 поени.

Кај Грците, Слукас е подобар од другите со 15 поени. Адетокумбо целосно разочара со скромни 12 поени за него.

Избраниците на Ергин Атаман ќе се сретнат со Германија во големото финале во недела (20.00 часот).


Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

Жоао Мендеш де Асис Мореира, синот на бразилската фудбалска легенда Роналдињо, потпиша едногодишен договор со Хал Сити, соопшти денеска клубот од англиската Чемпионшип лига.

Дваесетгодишниот Бразилец мина низ младинскиот погон на Барселона пред да се приклучи на Барнли во 2024 година.

„Мислам дека е добро да можеш да играш различни стилови на фудбал. Во Бразил е еден стил, во Шпанија е друг, а во Англија е уште поразличен“, па затоа ја надополнува твојата игра ако си играл на различни места“, порача Мендеш во изјава за клупскиот сајт на англискиот второлигаш.

Поранешниот играч на Барселона, Роналдињо, кој го освои Светското првенство со Бразил во 2002 година и Златната топка во 2005 година, објави фотографија од Мендеш на Инстаграм на која неговиот син позира со дресот на Хал Сити, со порака: „Среќно во твојот нов клуб и предизвик, сине мој“.


Вардар ја победи Македонија ЃП и се искачи на врвот на ПМФЛ

Фудбалерите на Вардар постигнаа нова победа откако вечерва во рамки на 5.коло ја совладаа Македонија ЃП со 1-0. Стрелец на единствениот гол по грешка на гостинската одбрана беше Азер Омерагиќ на почетокот на вториот дел во 52.минута.

Со новата победа „црвено-црните“ се пробија на првото место на табелата со 13 бодови, пред Силекс и Струга ТЛ со по 12.

На првиот дуел од денешната програма Шкендија го совлада Башкими со 2-1.


Голем интерес за билети за Мундијалот

Иако до почетокот на Светското првенство 2026 година има уште девет месеци, меѓу фудбалските фанови низ целиот свет постои голем интерес за билети, што се гледа од бројот на апликации поднесени за првата фаза од продажбата.

Во првите 24 часа, пристигнале 1,5 милиони апликации од целиот свет, објави денеска ФИФА.

Најмногу апликации за билети се пристигнати од САД, Мексико и Канада, кои се домаќини на светскиот настан, по што следат навивачи од Аргентина, Колумбија, Бразил, Англија, Шпанија, Португалија и Германија.

Кој ќе добие шанса да купи билет ќе се одлучи со жрепка, а апликациите за првата фаза од продажбата на билети можат да се прифаќаат до 19 септември.

Сите апликации имаат подеднакви шанси да бидат извлечени во жрепката, без оглед на тоа кога се поднесени. Навивачите ќе дознаат дали имале среќа во жрепката на 29 септември и ќе имаат рок до 1 октомври да купат билети.

Натпреварите од Светското првенство во 2026 година ќе се играат во 11 американски градови, два канадски (Торонто, Ванкувер) и три мексикански (Мексико Сити, Гвадалахара, Монтереј).


Преродба на Џек Грилиш во Евертон: Играч на месецот за август

Џек Грилиш е прогласен за најдобар играч во Премиер Лигата за месец август, крунисувајќи ја својата неверојатна преродба во дресот на Евертон. По период исполнет со сомнежи и критики, Грилиш повторно ја пронајде својата магија. 

Со четири асистенции во август, Грилиш не само што е најдобар асистент во Премиер Лигата, туку и во најсилните пет лиги во Европа. Неговата визија, техничка умешност и креативност му дадоа нов живот на нападот на Евертон. 

По неуспешниот период во Манчестер Сити, многумина го отпишаа. Но во Евертон, со доверба и соодветен систем, Грилиш повторно блеска: зрело, смирено и со огромно влијание на теренот. 

Ова признание не е само награда за еден добар месец, туку симбол на едно големо враќање. Грилиш ја води новата ера на Евертон и најавува сезона што може да ја одбележи неговата кариера. 


Челси потпиша ѕвезда од Страсбург

Челси веќе постигна преддоговор за ангажман на холандскиот напаѓач Емануел Емеха, со трансфер кој треба да се реализира во 2026 година. Клубот реагираше брзо и решително, осигурувајќи го талентираниот фудбалер пред конкуренцијата од други премиерлигаши и екипи од Лигата на Шампионите. 

Емеха реши да остане во Стразбур уште една сезона, со цел да го предводи клубот во европските натпревари и да стекне дополнително искуство пред да се пресели на Стемфорд Бриџ. 

Трансферот ја нагласува вербата во потенцијалот на Емеха како еден од најперспективните млади напаѓачи во Европа. Со силна физичка присутност, добро чувство за гол и способност да игра во различни офанзивни улоги, тој има потенцијал да се наметне како клучен играч.  


Светската атлетика уште ги држи „замрзнати“ Русија и Белорусија

Светската атлетска федерација останува конзистентна на својата политика за суспензија на спортисти од Русија и Белорусија од меѓународните натпревари, што го вклучува и Светското првенство што започнува в сабота во Токио, јави денеска агенцијата ДПА.

„Потребно ни е мирно решение“, изјави претседателот на Светската атлетска федерација Себастијан Коу, осврнувајќи се на војната што Русија ја води во Украина од 2022 година. Ништо не се променило, но искрено се надевам дека ќе се промени, и не само за спортистите, бидејќи ситуацијата е незамислива“, додаде Коу.

Русија беше казнета во ноември 2015 година за систематско допингување на своите атлетичари и оттогаш, Светската федерација им дозволи само на одредени руски спортисти да се натпреваруваат на атлетските турнири под неутрално знаме. Целосната забрана за настап на руските и белоруските атлетичари беше воведена откако почна војната во Украина пред три и пол години.


Проблеми во комуникацијата меѓу Рудигер и Алонсо

Реал Мадрид добро ја започна новата сезона, но дел од фудбалерите јавно искажаа незадоволство од својата минутажа на теренот.

Меѓу нив е и Антонио Ридигер, кој неодамна влезе во жестока расправија на тренингот на Реал Мадрид со Винисиус Жуниор.

Шпанските медиуми објавуваат дека сè започнало кога Германецот остро стартувал врз Бразилецот, по што следеле остри зборови и туркање. Алонсо решил да го испрати Ридигер дома за да ја смири ситуацијата, притоа довикнувајќи му „збогум“ на Германецот.

Ридигер подоцна им се извини на своите соиграчи, особено на Винисиус, но неговото незадоволство што не е во прв план на Алонсо останува, како и фактот дека неговиот договор истекува во јуни 2026 година.


Џенова го продолжи договорот со Јохан Васкез

Џенова официјално го објави продолжувањето на договорот на својот капитен и мексикански репрезентативец Јохан Васкез до јуни 2028 година. Централниот дефанзивец има 108 официјални настапи за клубот, постигнувајќи шест гола.

Тој се приклучи на Џенова од Пумас во летото 2021 година како позајмен играч, а трансферот беше финализиран во јануари 2022 година за вкупна сума од 4 милиони евра. Васкез ја помина сезоната 2022-23 како позајмен играч во Кремонезе, но оттогаш е составен дел од одбраната на Џенова.

Васкез беше именуван за капитен оваа сезона и денес потпиша нов договор што ќе го задржи на Луиџи Ферарис Мараси до јуни 2028 година.

Тој, исто така, има 36 настапи за мексиканската репрезентација, постигнувајќи еден гол од дефанзивна позиција.