feature

Американците го повикаа Џериан Грант

Кошаркарот на грчки Панатинаикос, Џериан Грант, доби покана да игра за кошаркарската репрезентација на САД ова лето. Имено, 32-годишниот дефанзивен специјалист добил покана да и се приклучи на репрезентацијата на САД за ФИБА Американ Купот, кој ќе се одржи кон крајот на август во Никарагва.

Во текот на изминатите две сезони, Грант ја зацврсти својата улога како еден од клучните кошаркари на Панатинаикос во Евролигата.

Оваа сезона во Евролигата, тој имаше просек од 8,6 поени, 3,2 асистенции и 2,1 скока, помагајќи му на Панатинаикос да стигне до второто учество на Фајнал Фор во исто толку години.

Грант има искуство играјќи во НБА, каде помина пет сезони во редовите на Њујорк, Чикаго, Орландо и Вашингтон.


Наполи се откажа од Дарвин, главна цел сега е Лоренцо Лука

Италијанскиот шамшион Наполи, се откажува од идејата да го ангажира напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњес, тврди денеска – „Скај Италија“.

Шампионот на Серија „А“, сега ќе се насочи кон потписот на Лоренцо Лука од Удинезе кој имаше одлична сезона.

Според непотврдени информации, двата тима се во напредни преговори за 24-годишниот Италијанец. Според проценките, трансферот нема да ја надмине сумата од 35 милиони евра.


Сандерленд испрати понуда за Џака

Екипата на Сандерленд која се врати во Премиер-лигата, ќе се обиде да го ангажира искусниот фудбалер, Гранит Џака, објавија дел од медиумите во Англија.

Играчот од средниот ред на Баер Леверкузен добил понуда за три сезони. Германскиот тим пак, ќе инкасира околу 10 милиони доколку Џака се согласи да се врати во островскиот фудбал.

Ќе потсетиме дека неодамна се појави шпекулација дека за 32 годишниот играч се заинтересирани и екипи од Саудиска Арабија.


Атлетико го капариса Тиаго Алмада

Атлетико Мадрид направи сериозен трансферски погодок. „Јорганџиите“ ја победија конкуренцијата за аргентинскиот репрезентативец Тиаго Алмада и обезбедија 50% од неговите права за 21 милион евра. Од Атлетико објавија дека постигнале договор со Ботафого, а трансферот ќе стане реалност откако офанзивниот халф ќе ги помине задолжителните медицински прегледи.

Кариерата на Алмада се разви молскавично во последната година и половина. На почетокот на 2024-та тој го смени Атланта Јунајтед со Ботафого за малку под 20 милиони евра и ги скрши трансферските рекорди како во Мејџор Лиг Сокер, така и во бразилското првенство.

Во јануари оваа година, халфот се приклучи на Лион како заем до крајот на сезоната и се претвори во клучен играч во составот на „лавчињата“. Во меѓувреме, Алмада се утврди во репрезентацијата на Аргентина и постигна голови во светските квалификации против Уругвај и Колумбија.

24-годишниот фудбалер е светски шампион од Мундијал 2022, иако во тој период имаше споредна улога во тимот на Лионел Скалони. Со Ботафого Алмада стана шампион на Бразил и триумфираше во Копа Либертадорес.


Ливерпул ја одреди цената за Ибрахима Конате

Раководството на Ливерпул ја одредило цената на Ибрахима Конате, чиј договор со клубот истекува следната година.

Според „Ас“ од Мерсисајд бараат 50 милиони евра за Французинот. Централниот дефанзивец за сега одбива да го продолжи договорот, бидејќи според медиумите во Шпанија, одлучил да направи нешто слично на она што го направи Трент Александар Арнолд.

Имено, да го чека истекот на договорот и да премине во Реал Мадрид како слободен агент.

Се појавија информации дека кралскиот клуб може да се обиде да го ангажира Конате уште ова лето. Токму поради тоа, Ливерпул ја постави оваа цена на 26-годишниот Французин. Според „Ас“ на „Енфилд“ се категорични дека или оваа сума ќе биде платена, или Конате ќе остане до истекот на неговиот договор. Изворот тврди дека во Реал се подготвени да платат меѓу 20 и 25 милиони евра, но не и повеќе.


Интер и Баерн преговараат за Жоао Палиња

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња кога го доведе пред една година од Фулам за отштета од дури 51.000.000 евра, но ова лето можеби ќе следува раскин.

Репрезентот на Португалија не се истакна во Баварија, има одиграно 25 натпревари, но со ограничена минутажа, делумно и поради проблеми со повреди, па сега се зборува сè погласно за неговото заминување од клубот.

Баерн наводно е спремен да се раздели со него за 25.000.000 евра, интерес покажаа Тотенхем и Астон Вила, а сега погласно се зборува за Интер како потенцијална дестинација на Пальиња.

„Нероазурите” започнаа нов проект со тренерот Кристијан Киву кој сака да ја зајакне конкуренцијата во средниот ред, а наводно профилот на 31-годишниот Португалец се вклопува во ваква замисла.


Флик не води со себе тројца прекубројни на азиската турнеја

Барселона се подготвува за разделба со тројца играчи пред почетокот на нивната азиска турнеја. Во рок од една недела, Каталонците сакаат да ги раскинат договорите со играчот од средниот ред Ориол Ромеу и голманот Инаки Пења, како и да го продадат напаѓачот Пау Виктор.

Ромеу и Пења имаат уште една година од договорите, а доколку бидат раскинати предвреме, ќе добијат дел од преостанатата плата. Играчот од средниот ред е баран од клубови од Ла Лига, вклучувајќи ја и Џирона, каде што Ромеу играше како позајмен минатата сезона. Пења има понуди од странски клубови, но голманот би сакал да остане во Ла Лига.

Барса е подготвена да го продаде Виктор за 10 милиони евра или половина од неговите права за 5 милиони со опција за откуп. Според изворот, можно е напаѓачот да замине на турнејата со тимот, но неговата иднина не е во Барселона.


Валверде играч со најмногу минути на терен минатата сезона

Федерико Валверде е играчот со најмногу минути во изминатата сезона во Европа. Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид одигра 72 натпревари за „белите“ и за селекцијата на Уругвај.

Тој помина 6.116 минути на теренот. На второто место на ранг-листата е Бруно Фернандеш. Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Португалија има 5.796 минути игра на 66 натпревари.

Трет на листата е голманот на Милан и на репрезентацијата на Франција, Мајк Мањан, со 5624 минути на 63 средби.


Барса се интересира за Брајан Сарагоза од Баерн

Барселона го идентификуваше крилниот напаѓач на Баерн Минхен и на шпанската репрезентација, Брајан Сарагоса, како реална опција за засилување според вредноста на трансфер-пазарот.

23-годишниот Шпанец ја помина последната сезона на позајмица во Осасуна. Таму на 28 натпревари имаше еден гол и шест асистенции. Тој постигна еден гол и за шпанската репрезентација.

Тековниот договор со германскиот клуб му е до летото во 2029-та. Неговиот трансфер вреди 12 милиони евра.


Ивановски ја загуби драмата на турнирот во Сан Марино

Македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби во мечот од првото коло на Челинџер 125 турнирот во Сан Марино. Поуспешен од него беше третиот носител Матео Гиганте од Италија, кој победи со 2-1 во сетови (6-7/10, 6-3 и 6-3) за 100 минути игра.

Ивановски по голема борба го доби првиот сет со 7-6 во тај брејкот 12-10 на поени, а притоа и двајцата тенисери имаа по неколку сет топки. Во вториот сет Гиганте успеа да дојде до предност со брејк, кој Ивановски го врати, но следуваше уште еден брејк и сетот Италијанецот го доби со 6-3 во гемови. Со истиот резултат Гиганте беше поуспешен и во решавачкиот сет за триумф од 2-1 во сетови.

Ивановски за победите во квалификациите и пласманот на главниот турнир ќе добие пет поени.

Турнирот се игра за награден фонд од 181.250 евра.