feature

Керик договорен: Манчестер Јунајтед добива привремено решение до крајот на сезоната

Манчестер Јунајтед е на чекор од назначување на клупската легенда Мајкл Керик за привремен шеф на стручниот штаб до крајот на сезоната. Според извори блиски до клубот, веќе е постигнат усмен договор, а формалностите се очекува да бидат завршени во најкус можен рок.

Преговорите значително се интензивираа во изминатите 24 часа, при што Керик изби во прв план пред други опции, меѓу кои и поранешниот менаџер Оле Гунар Солшер. Договорот доби зелено светло од клупското раководство, вклучително и од Сер Џим Ратклиф, а ги опфаќа и членовите на стручниот тим што ги побара Керик.

Официјалната потврда може да пристигне уште денес, што би му овозможило на Керик веднаш да започне со подготовките за големото дерби против Манчестер Сити, закажано за сабота.

Керик, кој како фудбалер со Јунајтед освои пет титули во Премиер Лигата и трофеј во Лигата на Шампионите, веќе има искуство како привремен менаџер од 2021 година, кога доби пофалби за смирениот и балансиран пристап. Неговото враќање доаѓа по разделбата со Рубен Аморим, по период исполнет со неконзистентни резултати, додека Дарен Флечер се повлече по кратката преодна улога.

Навивачите го поздравуваат ангажманот на Керик како логичен чекор и обид за стабилизација на тимот во чувствителен момент од сезоната.


Мбапе со емотивна порака го испрати Чаби Алонсо од Мадрид

Француската ѕвезда Килијан Мбапе јавно се огласи по официјалната разделба меѓу Реал Мадрид тренерот Чаби Алонсо.

Алонсо доби отказ по поразот од Барселона, а Мбапе беше помеѓу првите фудбалери на Реал Мадрид кои се огласија.

„Иако периодот беше краток, ми беше вистинско задоволство да играм под твое водство и да учам од тебе. Ти благодарам за довербата уште од првиот ден. Ќе те паметам како тренер со јасни идеи и човек кој знае многу за фудбалот. Ти посакувам среќа во следното поглавје“, порача Мбапе.

Во наредниот период „кралевите“ ќе бидат предводени од Алваро Арбелоа.


Евролигата ќе ја тужи НБА лигата

Челниците на Евролигата ќе ја тужат НБА, објавува „Јурохупс“.

Евролигата официјално ја информираше НБА дека би можела да покрене судска постапка доколку има дискусија за нов проект во Европа со претставници на клубовите кои веќе се обврзале на Евролигата за следните десет години.

Според извори на „Јурохупс“, Евролигата испратила писмо до НБА минатата недела, а сите клубови од Евролигата кои моментално имаат А лиценца се известени.

Овој потег уште еднаш потврдува дека Евролигата и НБА се во битка за европскиот пазар, времето ќе покаже дали ќе се случи нешто драматично во наредните месеци.

Одржан е состанок на акционерите на Евролигата, каде што на Реал Мадрид, Барселона и Асвел им беше наредено да донесат одлука за својата иднина, а се верува дека Фенербахче е исто така во таа група тимови кои не потпишаа нови лиценци.

Рокот што го поставија акционерите на Евролигата за целосна посветеност на натпреварувањето истекува во петок, па одговорите би можеле да дојдат во следните денови.

Сепак, треба да се напомене дека, законски, според важечките договори, клубовите можат да потпишуваат нови лиценци до 30 јуни 2026 година.


Спалети: Овој Јуве може и подобро од изданието со Кремонезе

Тренерот на Јувентус , Лучијано Спалети, по убедливата победа над Кремонезе со 5-0 во 20-то коло од Серија А изјави дека се уште има простор за подобрување во играта на неговиот тим.

„Во работа како нашата, никогаш не знаеш што може да се случи. Секогаш има изненадувања, мора добро да размислиш за работите и да ги процениш, но има и работи што се случуваат на терен. Одигравме добар натпревар против противник кој знае каква работа треба да заврши еден тим како Кремонезе. Нивниот тренер знае во која фаза е неговиот тим. Благодарение на малку среќа, играта тргна во одреден правец“, вели стратегот на „Старата Дама“.


Ботман доби нов договор на „Сент Џејмс Парк“

Њукасл објави продолжување на договорот со холандскиот дефанзивец Свен Ботман. Новиот договор ќе биде со важност до летото 2030 година. 26-годишниот Ботман е во својата четврта сезона со клубот, откако одигра 17 натпревари во сите натпреварувања.

За време на неговиот престој во Њукасл, тој одигра 93 натпревари во сите натпреварувања и постигна 2 гола.

„Многу сум среќен што потпишав нов договор. Овој клуб ми даде толку многу во последните три и пол години. Пораснав тука како играч и како личност. Чувствувам дека можам да дадам уште поголем придонес на долг рок. Затоа, двете страни се многу задоволни од оваа одлука“, рече Ботман.


Тотенхем му го украде Галагер на Астон Вила

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Конор Галагер, наскоро ќе потпише договор за трансфер со лондонски Тотенхем. Според информациите од инсајдерот Фабрицио Романо, играчот го информирал Атлетико за својата одлука да се врати во Англија.

Тотенхем е подготвен да плати 40 милиони евра за целосен трансфер за да ги победи конкурентите Астон Вила. Астон Вила претходно постигна договор со Атлетико Мадрид, но се повлече од понатамошните преговори бидејќи Галагер не ја дал својата конечна согласност да се приклучи на тимот од Бирмингем.


Швајцарија фаворит за домаќинство на Зимската Олимпијада во 2030 година

Доколку ја добие довербата, Швајцарија ќе биде првпат домаќин на Зимските олимписки игри, по цели 90 години. Проектот, кој ги опфаќа и Параолимписките игри, има за цел да организира натпревари низ целата земја.

Десет кантони и 14 општини се директно вклучени, а организаторите даваат приоритет на користењето на „постоечките спортски објекти од прва класа“, соопшти здружението Швајцарија 2038 на прес-конференција во Берн.

Основано во ноември 2023 година од националните зимски спортови федерации, Швајцарскиот олимписки сојуз и Швајцарскиот параолимписки сојуз, здружението има план за околу 120 натпревари во Женева, Лозана, Кран-Монтана, Енгелберг, Цирих, Цуг, Лугано, Ленцерхајде и Сент Мориц.

Се очекува Лозана, домот на Меѓународниот олимписки комитет, да ги организира натпреварите во уметничко лизгање, а Женева да биде домаќин на брзо лизгање и карлинг, користејќи го комплексот Палекспо, кој беше домаќин на тениски натпревари од Дејвис купот.


Најдобриот Јуве оваа сезона го декласира Кремонезе

Екипата на Јувентус вечерва во дуелот со Кремонезе од 20. коло во Серија А ја запиша својата најубедлива победа во оваа сезона славејќи со 5-0.

Уште во почетните минути домаќините го најавија триумфот со двата брзи гола во 12-тата и 15-тата мнута, стреелаа Бремер и Дејвид.

Јилдиз во 35. по еден промашен пенал одбиената топка ја смести во мрежат за веќе 3-0. Кремнозе не беше толку во подредена улога, знаеше на моменти да се закани, но Јувентус денеска беше исклучително ефикасен.

На самиот старт од второто полувреме Терачиано си ја погоди сопствената мрежа за водство од 4-0 на Јувентус. Конечните 5-0 беа поставени во 64. минута со голот на Мекени.

Јувентус до крајот создаде и уште некоја прилика, но резултатот не се промени.


ПСЖ елиминиран од Купот на Франција од помалиот париски клуб!

Фудбалерите на Париз приредија големо изненадување во Купот на Франција и го елиминираа градскиот ривал Пари Сен Жермен.

Избраницие на Луис Енрике доминираа на теренот упатија над 20 удари кон противничкиот удар, но ниту тоа не беше доволно да се затресе мрежата од гостинскиот гол.

Одлучувачкиот момент се случи во 74. минута кога Иконе ги шокираше домаќините.

Парис натпреварот го заврши со само вкупно четири удари кон голот, два одеа во рамката од голот, а ПСЖ имашее и 70% посед на топка.


Рафиња: Ќе заминев од Барселона да не дојдеше Флик!

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, искажа пофални зборови за тренерот Ханс Дитер Флик.

Барселона синоќа во Џеда извојува победа со 3-2 над Реал Мадрид во финалето на Суперкупот на Шпанија во 2026 година.

„Мојот најдобар момент оваа сезона? Никогаш не би рекол дека ова се моите најдобри моменти, бидејќи сум личност која бара многу од себе! Она што можам да го кажам е дека секогаш се стремам да дадам сè за тимот, помагајќи и во одбраната и во нападот, и носејќи сè што можам на масата. Имаме многу млади играчи… Да се ​​има ваков начин на размислување и постојана желба за победа е многу важно за клубот. Ќе се бориме за титули. Кога ќе го облечете овој дрес, вашата главна цел треба да биде освојување трофеи… Добро се справуваме. Најважно денес е што тимот се врати фокусиран во второто полувреме… Направивме што моравме. Да не дојдеше Ханси Флик, ќе ја напуштав Барса. Тој промени сè. Ми рече дека ќе бидам важен. Тоа е она што му е потребно на еден играч: самодоверба“, рече 29-годишниот Бразилец на прес-конференција.

На натпреварот против Реал Мадрид, Рафиња постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол, и беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот.