Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе пропушти неколку натпревари поради повреда на прстот. Станува збор за повреда на прстот на левата рака. Се очекува да биде во аут најмалку една недела
Ова значи дека Лејкерс сигурно ќе бидат без Дончиќ против Сакраменто, Портланд и Минесота.
Дончиќ започна силно во првите два натпревари. Тој забележа вкупно 92 поени, 23 скока и 17 асистенции. Значи, ова е голема штета и голем удар за Лејкерс.
Проблемот за ЛА Лејкерс е поголем ако се знае дека поради повреда се зоната се уште не ја започнал Леброн Џејмс.
Борзаш се повреди на дуелот со Еурофарм Пелистер 2
Левиот бек на Алкалоид Урош Борзаш на вчерашниот првенствен натпревар со Еурофарм Пелистер 2 доживеа повреда на левата дланка.
По само неколку минути откако мина во игра, заедно со физиотерапевтот Тоше Трајковски го напушти теренот.
Борзаш се повреди во еден дуел во одбраната. Неизвесна е тежината на повредата, но српскиот репрезентативец ќе мора да биде на пауза.
Отсуството на Борзаш ќе биде големо особено во следниот период, бидејќи за Алкалоид следуваат дуелите: Вардар гости; Охрид гости; Тиквеш дома и Еурофарм Пелистер гости – сите во месец ноември.
Тренерот Лазаров на вчерашниот дуел на позицијата лев бек го користеше Емилијан Ѓорговски.
Синер го освои турнирот во Виена
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на АТП турнирот во Виена. Тој во финалето го совлада Александар Зверев од Германија со 2-1 во сетови (3-6; 6-3 и 7-5).
Синер до победата стигна со пресврт и пред сè со подобра игра во вториот и третиот сет. Финалниот меч траеше 2 часа и 30 минути, а присутната публика можеше да ужива во добриот тенис.
За Синер ова беше четврта титула сезонава, а вкупно 22.ра во кариерата.
Синер веќе најави дека до крајот на годината ќе ја пропушти завршницата во Дејвис купот, но сепак ќе се појави на завршницата на Мастерсот во Торино.
Пелистер го надигра Феникс и победата му ја посвети на Зоран Петковски
Пелистер останува на чело на суперлигашката табела и по комплетирањето на четвртата рунда, во која битолчани славеа над составот на Феникс со резултат 89-68. Иако изморени по последниот дуел со Маџари пред помалку од 48 часа, „пелистерци“ одиграа квалитетен меч и заслужено славеа, победата посветувајќи ја на прерано починатата битолска кошаркарска легенда, Зоран Петковски. Гостите парираа само седум-осум минути во кои Феникс имаше и предност. Со влегувањето на Крстевски и на Стајиќ одбраната на Пелистер доби на интензитет, „зелено-белите“ го свртеа резултатотво своја корист и со тројката на Дамјан Крстевски ја добија првата четвртина со 23-17. Вториот период почна со украдена топкаи положување на истиот кошаркар, една минута подоцна водството веќе стана двоцифрено, по што битолчани рутински го контролираа натамошниот дел од мечот.
На одмор се замина со резултат 46-35, а второто полувреме го почнавме со атрактивно забивање под прекршок на Дејвис. „Пелистерци“ не дозволија пад на концентрацијата, до крајот на четвртината стигнаа и до 20 поени предност (70-50), во последните 10 минути шанса добија и дел од помладите кошаркари, но тоа не се одрази над резултатот,па четвртата победа во низа на домашната сцена беше запечатена со конечни „плус 21“.
Дамјан Крстевски одигра одличен меч со 17 поени, 11 скокови и 4 асистенции, Прајс беше стрелец на 16 поени, додека Ленгстон Вилсон го заврши натпреваот со 15 поени и осум скокови.
Следен предизвик за Пелистер е гостувањето на Кипар против Керавнос во рамките од третото коло од ФИБА Европа Купот.
Реал ја прекина црната серија и конечно доби „Ел Класико“ против Барса
Реал Мадрид победи во 191-то „Ел Класико“. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, Реал ја совлада Барселона со 2-1.
Реал го надигра најголемиот ривал, особено во првиото полувреме, забележа победа и стекна пет бода предност пред Барселона.
На две различни полувремиња сведочеа гледачите на „Сантијаго Бернабеу“. Брилијантно прво полувреме, со многу шанси и бледо второ полувреме.
Започна бурно, веќе во втората минута судијата досуди пенал за домашната екипа поради наводен фаул од Ламин Јамал врз Винисиус. Сепак, по гледањето на видеото, одлуката беше поништена.
Десет минути подоцна, Мбапе постигна брилијантен гол. Додека играчите на реал славеа се огласи ВАР и го поништи голот поради милиметарски офсајд.
Во 21-та минута, Мбапе, по одличното додавање од Белингам, се најде сам пред Шчечин и ја затресе мрежата за водство на Реал.
Овој пат немаше офсајд. 12-ти гол на Мбапе оваа сезона, а веќе шести во натпреварите од „Ел Класико“. Откако Реал пропушти неколку добри шанси, се истакна голманот на Барса Шчесни, казната дојде во 38. минута. Грешката на Арда Гулер ја казни Фермин Лопес и израмни на 1-1.
Четири минути подоцна Реал ја врати предноста со голот на Белингем. Во 45. минута Мбапе постигна гол, но беше во голем офсајд и резултатот остана 2-1
Во вториот дел, Шчесни, најдобриот играч на Барселона, му одбрани пенал на Мбапе во 52. минута. Во следниот напад Фермин Лопз промаши голема шанса за Барселона.
Од тој момент падна темпото во играта, Барселона ја презеде контролата врз топката, но немаше никаква продукција. Можеше Кунде да изедначи во 90. минута, но лошо ја прими топката испратена од Јамал.
Во 98. минута Шчесни го одбрани обито на Родриго од слободен удар. Пред истекот на натпреварот Педри го доби вториот жолт картон.
Гарнет вмешан во НБА скандалот
Членот на „Куќата на славните“ и поранешен НБА играч Кевин Гарнет можно е дека учествувал во приватни покер партии поврзани со истрагата на американското Министерство за правда. Според новинарски истраги Гарнет можеби ќе биде дел од истрагата која ФБИ ја води за незаконско обложување и учество во покер.
Голем број поранешни спортисти учествувале во приватни покер партии, кои биле организирани од страна на поединци кои се обвинети. Еден од можните спортисти кои се вмешани е и Кевин Гарнет за учество во покер партија одржана во 2019 година, навел новинарот Пабло Торе.
Инаку, властите тврдат дека играчи учествувале во овие покер партии и притоа добивале пари од припадниците на организираниот криминал за нивното учество во наместени игри. Истрагата се води во повеќе федерални држави во САД.
Овечкин на чекор до 900-тиот гол во НХЛ лигата
Александар Овечкин постигна еден гол и имаше една асистенција во победата на Вашингтон Капиталс против Колумбус Блу Џакетс. Руската хокеарска ѕвезда со тој гол стигна до бројката од 899 и сега е на само еден гол да биде првиот играч со 900 постигнати голови во најсилната хокеарска екипа.
Овечкин е на прагот од уште еден рекорд. Следниот натпревар на неговиот тим Вашингтон против Отава ќе биде негов 1.500-ти во НХЛ лигата. 40-годишниот хокеар минатата сезона го мина Вејн Гретцки (894 натпревари).
Кога доаѓате во лигата сакате да одиграте што е можно повеќе натпревари, но 1.500 натпревари е навистина голема бројка, изјави Овечкин.
Тој ќе биде осми играч со 1.500 натпревари во еден ист клуб.
Баерн на Компани израмни историски рекорд на Милан
Баерн ја победи Борусија во Менхенгладбах со 0-3, во осмото коло од Бундеслигата. Баварците ја забележаа 13. победа од почетокот на сезоната, со што го израмнија рекордот на Милан за најдобар старт во сезоната во петте најдобри национални првенства.
Баварците се лидери во германското првенство со максимални 24 бода и гол-разлика од 30-4. Баерн го израмни рекордот на Милан од сезоната 1992/1993, ја отвори сезоната со 13 последователни победи.
Избраниците на тренерот Винсент Компани можат да станат рекордери доколку во среда го победат Келн во Купот на Германија.
Дуплантис и Бол атлетичари на годината според ИААФ
Фемке Бол од Холандија и Арманд Дуплантис од Шведска се прогласени за најдобри атлетичари за 2025 година. Свеченоста се одржа во грузискиот град Батуми, a изборот беше организиран од страна Европската атлетска федерација.
Ова е третпат Бол и Дуплантис да го добија ова признание. Претходно во три наврати беше прогласен за најдобар атлетичар на Стариот континет Британецот Мохамед Фарах.
Дуплантис оваа година по третпат стана светски првак во скок со стап и по 14.ти пат постави светски рекорд – 6.30 метри, додека Фемке Бол ја одбрани светската титула на 400 метри со пречки.
Наградата за „ѕвезди во подем“ им припадна на Одри Веро од Швајцарија и на Хуберт Трошчианк од Полска.
Лазаров го повика Петар Атанасијевиќ по отказот на Манасков
Крилото на Еурофарм Пелистер Петар Атанасијевиќ ќе треба да се јави утре на стартот на подготовките на ракометната репрезентација на Македонија.
Тој ќе треба да го пополни местото на својот клупски колега Дејан Манасков, кој го „одби“ повикот на селекторот Кирил Лазаров.
Манасков како што објави вчера на социјалната мрежа Фејсбук на таков чекор се решил поради нарушени односи со селекторот.
Лазаров веднаш по одигрувањето на редовното коло го повика Атанасијевиќ, кој лани беше дел од составот на нашата репрезентацијата на Светското првенство.
Македонскиот ракометен национален тим во неделата на ЕХФ ќе има мини подготовки, а потоа ќе одигра два натпревара со Јапонија, едниот од затворен тип (31 октомври) и вториот закажан за 1 ноември во Куманово.