Пари Сен Жермен официјално го објави ангажманот на
еквадорскиот централен дефанзивец Вилијан Пачо од Ајнтрахт
Франкфурт.
Парижаните ќе платат 40 милиони евра фиксна сума, плус уште 5
милиони евра во форма на можни бонуси.
Пачо потпиша договор со ПСЖ до крајот на летото 2029 година.
Со ова, ПСЖ повторно направи скап трансфер од германскиот
клуб, откако минатото лето го донесе Рандал Коло Муани за
речиси 95 милиони евра.
Рахим Стерлинг сонува враќање во репрезентацијата
Крилниот фудбалер на Челзи, Рахим Стерлинг, изрази желба да
се врати во репрезентацијата на „Гордиот Албион“.
„Секако дека сакам да играм за Англија. За мене е радост да ги
гледам момците на теренот. Со нетрпение очекувам да се вратам
во тимот на Англија“, изјави Стерлинг, цитиран од Би-Би-Си.
29-годишниот фудбалер последен пат настапи за неговата земја
на Мундијалот во Катар во 2022 година. Тој има 82 натпревари за
англиската репрезентација на кои постигна 20 голови.
Сакраменто потпиша со Орландо Робинсон
Орландо Робинсон кариерата ќе ја продолжи во екипата на
Сакраменто. Центарот (24 години, 213 см) потпиша едногодишен
договор со Кралевите кој е загарантиран на 500 илјади долари.
Тој ги помина претходните две сезони во составот на Мајами
настапувајќи на 67 средби. Во минатото првенство во НБА имаше
просек од 2,8 поени и 2,3 скока по натпревар.
Робинсон во рамките на летната лига во Лас Вегас, имаше просек
од 14 поени и 9 скокови.
Шкендија се пофали со враќањето на Бесарт Ибраими
Шкендија соопшти дека потпишале со Бесарт Ибраими. Ибраими доаѓа од редовите на актуелниот шампион Струга Трим Лум.
„Шкендија со задоволство може да го потврди ангажманот на добро познатиот напаѓач, Бесарт Ибраими, стои во соопштението на тетовскиот тим.
Ибраими вели дека е многу среќен што се враќа во Шкендија каде што играше од 2015 до 2021 година.
Многу сум среќен што се враќам во Шкендија, ќе дадам се од себе за овој голем клуб“, рече Ибраими.
Во Шкендија се враќа по три години, откако во периодот 2015-2021, шест години беше меѓу главните играчи во најуспешниот период на клубот.
Пепе објави пензија на 42 години
Поранешниот централен бек на Реал Мадрид, Бешикташ, Порто и Португалија, Пепе, објави дека се повлекува од фудбалот на 41-годишна возраст.
„Сакам да му се заблагодарам на Бога што ми даде мудрост да го продолжам моето патување. Не можам а да не им се заблагодарам на сите претседатели кои се обложија на мене и веруваа во мене. Сите вработени во сите клубови во кои сум бил, кои ми помогнаа да растам и да се натпреварувам секој ден во фудбалот“, рече Пепе во емотивното 33-минутно видео.
Последен клуб на фудбалерот беше Порто, за кој настапуваше од 2019 до 2024 година. Пепе играше и за португалскиот гигант од 2004 до 2007 година.
Пепе играше за Реал Мадрид од 2007 до 2017 година. Во овој период одигра 334 натпревари на кои постигна 15 голови и 20 асистенции. Како член на „Лос Бланкос“, дефанзивецот три пати ја освојуваше Лигата на шампионите и три пати стана шампион на Шпанија.
Пепе за репрезентацијата на Португалија одигра 141 натпревар и постигна осум гола. Го освои Евро 2016 и УЕФА Лигата на нации (2019).
Финецот Марканен потпиша нов договор со Јута
Финскиот кошаркар Лаури Марканен се договори за нов, четиригодишен договор со Јута Џез, кој ќе го направи еден од најплатените кошаркари во најсилната лига НБА.
Марканен според новиот договор ќе добие 238 милиони долари во следните пет сезони од Џезерите.
Финскиот кошаркар имаше уште една година од стариот договор, според кој добиваше 18 милиони по сезона.
Ливерпул го продава Мо Салах
Ливерпул конечно се подготвени да ја прифатат понудата за
Мохамед Салах ова лето.
Шпекулациите дека иднината на Салах е во Саудиска Арабија не
се нови. Во јануари,
Ливерпул категорично ја отфрли понудата од Саудиската Про
лига тешка дури 150 милиони фунти (100 милиони фунти плус 50
милиони додатоци).
Клоп тогаш јасно стави до знаење дека не доаѓа предвид клубот
да се откаже од најдобриот стрелец и играч во екот на сезоната.
Очигледно сега нешто се сменило бидејќи одличниот Египќанец
има само 11 месеци од договорот, по што може да го напушти
„Енфилд“ како слободен играч.
Вест Хем го краде Тодибо од Јуве
Луѓето од фудбалскиот состав, Вест Хем, започнале интензивни
преговори со челниците на Ница околу трансферот на Жан Клер
Тодибо.
Спортскиот директор на „чеканите“ пристигнал во Франција за да
се обиде да издејствува трансфер на 24 годишниот дефанзивец.
Англичаните веројатно ќе понудат 40 милиони евра а
францускиот состав ќе добие право да инкасира и одредена сума
на пари од евентуален нареден трансфер на фудбалерот.
Ретеги е замената за повредениот Скамака во Аталанта
Екипата на Аталанта потврди преку социјалните мрежи дека го
купила фудбалерот, Матео Ретеги.
Клубот од Бергамо кој го очекува Супер Купот на УЕФА против
Реал Мадрид, денеска го објави трансферот на 25-годишниот
напаѓач од Џенова. Целата трансферна сума ќе биде 22 милиони
евра плус три како бонуси.
Италијанскиот репрезентативец во претходната сезона се појави
на 29 средби во Серија А на кои постигна 7 голови.
Заврши позајмцицата, Тотре се врати во Ворска Полтава
Енур Тотре во следната сезона нема да го носи дресот на
Шкендија, потврди тетовскиот клуб.
По едногодишната позиција Тотре се враќа во украинска Ворскла
Полтава.
„Шкендија му се заблагодарува на Енур Тотре за посветеноста во
времето поминато со нас. Изразуваме посебна благодарност до
Ворскла Полтава за соработката и поддршката при оваа
позајмица. На Тотре и Ворскла им посакуваме се најдобро во
иднина“, објави Шкендија.
Во минатата сезона, Тотре одигра 31 натпревар за Шкендија во
ПМФЛ и постигна пет гола.