feature

Одложено враќањето на Ентони Џошуа во рингот

Враќањето на професионалниот боксер Ентони Џошуа на рингот ќе биде одложено поради операција на лактот, која ќе го спречи да тренира до осум недели.

Џошуа не се борел откако претрпе пораз во пет рунди од шампионот во тешка категорија на ИБФ, Даниел Дубоа, на „Вембли“ во септември, а долгоочекуваниот реванш со Тајсон Фјури беше откажан поради неодамнешното пензионирање на неговиот британски ривал.

Сè уште постои можност Џошуа и Фјури да се сретнат подоцна оваа година, но прво 35-годишниот поранешен светски шампион ќе мора да се опорави од операцијата на која ќе се подложи овој месец.

-Се обидувам да си го вратам телото во форма. Ќе имам мала операција на лактот некаде во мај. Ги финализирам деталите. Тоа ќе ме оддалечи од теретана шест до осум недели и штом ќе заздравам, ќе се вратам во боксот, изјави Ентони Џошуа за ДАЗН.

Џошуа се опорави по два порази од Олександр Усик, запишувајќи три победи по ред, само за да биде нокаутиран од Дубоа во судир што доведе до повици до освојувачот на златниот медал од Лондон во 2012 година да се повлече од спортот.

Сепак, Џошуа е свесен дека борбата со неговиот долгогодишен ривал Фјури би била исклучително профитабилна и за двајцата.

Даниел Дубоа ќе се врати на „Вембли“ за да се соочи со Усик на 19 јули.


Клоп жали што не го водел Реал во кариерата

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, жали што го одбил Реал Мадрид, објави „Марка“. Раководството на „белиот балет“ веќе постигна договор со Чаби Алонсо, кој моментално е на чело на Баер Леверкузен.

Во март, Реал Мадрид не успеал да го убеди Клоп да го предводи клубот по евентуалното заминување на Карло Анчелоти.

Клоп (57) беше тренер на Ливерпул од 2015 до 2024 година. Претходно, Германецот работеше во Борусија Дортмунд од 2008 до 2015 година.


Тудор задоволен со ремито на Јуве во Болоња

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Игор Тудор, не крие дека е задоволен по ремито со Болоња во рамките на Серија „А“.

„Ова е добар бод, солиден резултат на тежок стадион каде што секој има проблеми. Имавме многу повредени и суспендирани играчи но, се снајдовме добро“ – рече Тудор.

„Создадовме шанси но, можеме да бидеме задоволни имајќи ги в предвид сите околности“ – рече тренерот на „Старата дама“ од Торино.


Каспер Руд по голема борба го освои Мадрид

Норвешкиот тенисер Каспер Руд ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид.

Во финалето во Мадрид, тој го победи британски тенисер Џек Дрејпер со 2-1 во сетови, резултатот беше 7-5, 3-6, 6-4 за два часа и 29 минути игра.

Тој му го одзеде сервисот на Дрејпер во третиот гем од првиот сет, ја зачува предноста до крајот и поведе во мечот.

Дрејпер играше подобро во вториот сет, направи два брејка во седмиот и деветтиот гем и се избори за решаачки сет.

Во решавачкиот сет, Руд направи брејк во петтиот гем, го задржа водството до крајот и стана првиот Норвежанец кој освоил титула на турнирите од Мастерс серијата.

Тој моментално има 13 АТП титули.


Пјастри убедливо слави за ГН на Мајами

Оскар Пјастри ја освои Големата награда на Мајами. Австралиецот ја забележа шестата победа во кариерата, четврта оваа сезона, трета во последните три трки. Доминацијата на Мекларен ја потврди минатогодишниот победник, Ландо Норис, со второто место. Трет трката ја заврши Џорџ Расел од Мерцедес.

Мекларен, а особено Пјастри одо почетокот на сезоната се приказна за себе. Младиот Австралиец, стратуваше од четвртото место, експресно се проби во поредокот, а откако во 12 круг го мина лидерот Ферстапен, рутински дојде до победата.

Низ поредкот мораше да се пробива и Норис, откако во првиот свиок, по борбата со Фертсапен падна на петтото место.

Расел, избра различна стратегија од најдобрите, тоа му се испалтеше и заврши на подиумот. Ферстапен, кој стартуваше од пол-позицијата мораше да се задоволи со четвртото место.

Брилијантна трка возеше и Алекс Албон од Вилијамс. На крајот го освои петтото место, пред Кими Антонели, кој поради грешката на механичарите во боксот немаше можност да се бори за подобар пласман.

Зад младиот Италијанец завршија пилотите на Ферари, Леклер и Хамилтон, а бодови освоија и Карлос Саинц во Вилијамс, односно Јуки Цунода во Ред Бул.


Реми на Јуве во Болоња и голема збрка во борбата за ЛШ

Juventus’s Khephren Thuram celebrates after scoring the goal 0-1 during the Italian Enilive Serie A soccer match between Bologna FC 1909 and Juventus FC at Renato Dall’Ara Stadium, Bologna, northern Italy, Sunday, May 04, 2025 – Sport – Soccer – (Photo Michele Nucci – LaPresse)

Фудбалерите на Болоња и Јувентус одиграа возбудлив натпревар од 1-1 на „Ренато далара“ во недела навечер. Ова беше директен дуел помеѓу екипи кои се борат за Лигата на шампионите. Во преостанатите три кола ќе има неверојатно возбудлива борба на четири екипи за четвртото место.

Претходно, Рома продолжи да прави чуда, остана непоразена и 19-ти натпревар по ред, победи по 15-ти пат во таа серија, славеше против Фиорентина и остана во игра за пласман во европската елита.

На три кола пред крајот на Серија А, сигурни патници во Лигата на шампионите се Наполи, Интер и најверојатно Аталанта, додека Јувентус (63), Рома (63), Лацио (63) и Болоња (62) ќе се борат за четвртото место.

Во Болоња, во вистинска војна на теренот, Јуве поведе преку Кефрен Тирам во деветтата минута, а израмнувањето го донесе Швајцарецот Ремо Фројлер во 54-тата минута.


Лазаров: Не смееме да направиме грешка, ова се нашите најважни натпревари

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров верува дека можеме да стигнеме до победи над Естонија и Литванија и да го продолжиме континуитетот на учество на големите натпреварувања. Македонија треба да ги совлада Естонија и Литванија, откако загубивме двапати од Словенија, а бевме поразени и од Литванците на нивен терен.

Денес ракометарите се собраа пред двата клучни и последни меча од квалификациите за Европското првенство.

„Секогаш сум оптимист, таков бев и како играч, таков сум и сега како тренер. Но сум и претпазлив, мора да бидам таков поради проблемите со повреди кои ги имаме. Ни недостасуваат многу играчи, тие ќе бидат заменети со нови“, вели Лазаров.

„Нема да биде лесно, немаме ни многу време за подготовки, имаме само два-три дена пред мечот со Естонија. Немаме право на грешка, ќе внимаваме на она што е најважно од анализата на противникот. Очекувам два тешки меча и физички и психолошки. Сепак верувам во тимот, верувам дека ќе се прикажеме во вистинско светло. Голем дел од ракометарите имаат играно вакви мечеви на кои немате право на грешки. Прво се фокусираме на Естонија, а потоа ќе мислиме на Литванија“, додава селекторот.

Лазаров нема да може да смета ниту на Велковски и Стојковиќ.

„Мислам дека Велковски 99 проценти нема да може да настапи, дојде тука само да се поздрави со момците. Има повреда на листот која ја заработи на мечот со Вардар. Денеска на болки се пожалии Марко Стојковиќ, па ќе мора да бидат направени тестови. Велковски отпадна, а најверојатно ќе отпадне и Стојковиќ. Знаев дека може да дојде до нешто вакво, затоа повикав 21 ракометар“.


Репрезентативците се собраа пред двата клучни натпревари од квалификациите

Ракометната репрезентација на Македонија го имаше првиот собир пред последните два дуели од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во месец јануари 2026 година.

Селекторот Лазаров има мали проблеми, затоа што има неколку повредени играчи, меѓу нив триото на Алкалоид, Мартин Велковски, Марко Митев и Никола Ѓорѓиев, како и крилото на пелистерци Цветан Кузманоски.

Ракометарите најпрво ќе се соочат против Естонија на 8 мај од 18 часот, а три дена подоцна играат против Литванија во истиот термин.

Избраниците на селекторот Кире Лазаров по четири одиграни кола се на третата позиција во групата 1 со два бодови, додека пред Македонија се Литванија со шест и Словенија со осум бода.


Велковски ќе ги скокне мечевите со Естонија и Литванија

Македонија остана без еден од ракометарите на бековската позиција за квалификациите за ЕП 2026, затоа што се повреди Мартин Велковски.

Десниот бек не настапи на последниот дуел за Алкалоид против Вардар 1961, па утврдено е дека поради повреда нема да може да и помогне и на репрезентацијата.

Македонија во последните два меча од циклусот игра на гости со Естонија и на домашен терен со Литванију, а потребни ни се две победи за да останеме во игра за место на собирот.


Стоилов се враќа како асистент во македонската репрезентација

Еден новитет во пресрет на следните натпревари на македонската машка ракометна репрезентација е враќањето на легендата Стојанче Стоилов.

Поранешниот репрезентативен кружен напаѓач е за силување за Македонија во стручниот штаб, каде што ќе работи со Кирил Лазаров и останатите.

Стоилов, кој по завршувањето на играчката кариера остана во Вардар 1961 и е еден од помошниците на Владо Недановски и Гиљермо Милано.

Сега тој ќе биде уште еден во низата поранешни репрезентативци на Македонија кој ќе биде дел од стручниот штаб на Лазаров. Претходно, помошници на селекторот беа Ангеловски, Миркуловски и Јоновски…