feature

ФИФА ја враќа Русија во меѓународните натпреварувања

Првиот човек на Меѓунароната фудбалска федерација изрази надеж дека Русија наскоро ќе се врати во меѓународните натпревари.

Инфантино изјавата која што можеби најавува добри вести ја даде на денешниот конгрес на УЕФА кој се одржа во Белград.

„Првата точка на која ќе се фокусираме е единственото. Фудбалот ги соединува луѓето, религиите, земјите…И додека мислиме на Србија и сите овие легенди, а дека сме во фудбалска земја зборува тоа што претседател на ФСС е легендарниот Драган Џајќи, селектор е Пикси, додека тука гледам и уште едно големо име, Дејан Савичевиќ кој ме потсетува на 1992 година и златната генерација на фудбалот тука.

Српскиот тим поради политиката не можеше да учествува на Европското првенство кое можеше да го освои. Секако им честитам на Данците, но мораме да се трудиме секогаш да работиме заедно. И додека тука разговараме за мир во Украина се надевам дека наскоро ќе свртиме нова страница и ќе ја вратиме на фудбаслката мапа“, изјави претседателот на ФИФА.


Шевченко не влезе во Извршниот комитет на УЕФА

FILE PHOTO: Soccer Football – Champions League – Semi Final – First Leg – AC Milan v Inter Milan – San Siro, Milan, Italy – May 10, 2023 Former AC Milan player Andriy Shevchenko inside the stadium before the match REUTERS/Claudia Greco/File Photo

Украинецот Андриј Шевченко не беше избран во Извршниот комитет на УЕФА, објавија светските агенции. Освојувачот на „Златната топка“ за 2004 година, кој го носеше дресот на Милан во неговите најсилни години како фудбалер, доби само 15 гласа од 55-те национални федерации.

Ова е многу ниска оценка за толку висок кандидат. Шевченко имаше шанси да пополни едно од двете испразнети места во управното тело на европската фудбалска централа. Местата ги ослободија Украинецот Андриј Павелко и Шпанецот Луис Рубиалес, кој е поранешен потпретседател на УЕФА.

Шпанија го задржа своето место во Извршниот комитет, при што Рафаел Лузан доби 32 гласа, додека позицијата на Украина му припадна на Израел, чиј претседател на федерацијата Моше Хуарез доби 31 глас.

На Конгресот на УЕФА во Париз во 2024 година, Украина беше меѓу ретките федерации-членки кои не го поддржаа целосно гласањето со кое му се дозволува на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин да го продолжи својот мандат до 2027 година.

Запрашан во четвртокот дали ќе го исполни своето претходно ветување дека ќе се повлече по 11 години работа, Чеферин рече: „Не е вистинско време да се зборува за тоа“.

Русија го загуби своето место во 22-члениот Извршен комитет на УЕФА, откако највисокиот фудбалски функционер во земјата, Александар Дјуков, извршен директор на руската нафтена компанија „Газпром Нефт“, не се кандидираше за да го задржи своето место во следните четири години.

Сè уште не е јасно дали УЕФА повторно ќе ги вклучи руските тимови на меѓународни турнири на клупско и национално ниво по забраната воведена во рок од неколку дена по целосната воена инвазија на Украина во февруари 2022 година.


Партизан загуби во Каунас и остана без шанси за плеј-ин

Монако вечерва ја обезбеди предноста на домашниот терен во четвртфиналето, а Партизан ги загуби шансите за пласман во плеј-ин. Панатинаикос победи во Монако 88-76, а Партизан доживеа пораз од Жалгирис во Каунас 70-66.

Кендрик Нан уште еднаш покажа дека е неверојатен кошаркар, вечерва ја истакна кандидатурата за МВП на сезоната, го предводеше својот Панатинаикос до победа над Монако на гостински терен во претпоследното коло од Евролигата.

Во последното, 34. коло, ПАО ќе ја пречека Црвена звезда и се чини дека Кендрик Нан е „максимално наострен“ и оваа средба заврши со 37 поени.

Постигна 18 поени во првото полувреме, па уште 12 (со индекс 14 во тие 10 минути) во третата четвртина и седум во последниот период.

Партизан во Каунас го пропушти последниот воз за место во плеј-ин. Жалгирис одамна ги загуби шансите за пласман во доигрувањето, но максимално го одигра последниот евролигашни меч сезонава пред своите навивачи.

Поразот уште повеќе ќе ги боли црно-белите, бидејчи нивниот поранешен играч Ален Смајлагиќ ги постигна последните поени на мечот. Смајлаги постигна 14 поени еден помалку од најефикасниот играч на жалгирис Силван Франциско.

Карлик Џонс беше најефикасен во тимот на Партизан со 23 поени, од кои 16 во првото полувреме. Брендон Дејвис постигна 10 поени со шест скока, Исак Бонга постигна девет поени со шест скока, а Стерлинг Браун и Алексеј Покушевски по седум поени.


Енцо Фернандез го одлучи лондонското дерби меѓу Челзи и Тотенхем

Фудбалерите на Челзи во последниот натпревар од 30. коло на Премиер лигата го совладаа градскиот ривал Тотенхем со резултат 1-0.

По првото полувреме каде што немаше возбудувања, второто полувреме беше многу поинтересно.

Во 50. минута Енцо Фернандеш одлично реагираше по центаршут и со глава ја упати топката во мрежата на Викарио.

Избраниците на Енцо Мареска можеа да го зголемат водството само шест минути подоцна, но голот на Мојсес Каиседо беше поништен поради офсајд.

Постигна гол и Тотенхем, но тој беше поништен по реакцијата од ВАР собата.

Папе Сар успеа од голема далечина да ја насочи топката кон голот и на крајот да го совлада Санчез, но и овој гол беше поништен, бидејќи истиот играч пред тоа направи прекршок, а на крајот наместо гол доби жолт картон.

По оваа победа, Челзи ги мина Манчестер сити и Њукасл на табелата во Премиер лигата и сега го зазема четвртото место, со еден бод повеќе од тимот на Пеп Гвардиола.

Во следното коло избраниците на Енцо Мареска гостуваат кај тимот на Брентфорд, а Тотенхем на домашен терен ќе игра против Саутемптон.


Чаби Алонсо се подалеку од Реал, сака да го испочитува договорот со Баер Леверкузен

Раководството на фудбалскиот состав Баер Леверкузен очекува Чаби Алонсо да остане во клубот и да го одработи договорот кој му е валиден до летото во 2026 година, тврди денеска весникот – Билд.

Шпанскиот тренер иако во континуитет се поврзува со клупата на Реал Мадрид, веројатно ќе почека уште една сезона пред да ја напушти Германија.

Во исто време, „кралевите“ уште не размислуваат за разделба со Карло Анчелоти кој ќе се обиде во сезонава да ја освои тројната круна.


Охрид се засили со Хрватот Иванковиќ

Хрватскиот ракометар Анте Иванковиќ е новото засилување за ГРК Охрид од сезона 2025/2026. Иванковиќ денес потпиша договор со важност две години почнувајќи од следната сезона.

Дваесет и четиригодишниот Иванковиќ е дел од поширокиот состав на хрватската репрезентација под кормилото на Перковац и Сигурдсон, а ги има поминато и сите младински категории на репрезентацијата на Хрватска.

Хрватот во ГРК Охрид доаѓа од Штутгарт по две минати сезони, а пред тоа бележеше одлични настапи во тимот на Целје во Лигата на шампионите постигнувајќи 80 голови во две сезони. Пред Целје својата кариера ја има започнато во Дубрава (Хрватска).


Вардар 1961 потпиша со трет полски ракометар

Од следната сезона нов член на Вардар ќе биде полскиот репрезентативен пивотмен Виктор Јанаковски. 23-годишниот ракометар се согласи на тригодишна верност со македонскиот клуб. Јанковски е висок 200 см. и ќе биде важна алка во тимот, во одбрана и во напад.

Покрај играњето во екипата на Квиџин каде сега настапува, Јанковски бил член и на Висла каде беше дел од составот што беше пријавен за настап во ЕХФ лигата на шампионите во сезоната 2019/2020, а има настап и во квалификациите за Лига Европа во 2022/2023, објави РК Вардар.

Неколку години Јанковски е дел од сениорската репрезентација на Полска, се наоѓа на поширокиот список, а минатиот месец настапи и на дуелот со Полска во квалификациите за ЕП 2026. Претходно беше на располагање на полскиот селектор и за квалификациите од ЕП 2025 и СП 2025.

Сезонава Јанковски има постигнато 63 гола, 15 асистенции и процент на реализација од 76 отсто на упатените удари.


Македонија 67-ма на ФИФА ранкинг листата

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави најновата листа, на која Македонија ја задржа позицијата од претходното рангирање. Листата ја предводи Аргентина, пред Шпанија, која на второто место ја мина Франција.

Македонија минатиот месец ги започна квалификациите за пласман на Светсктоо првенство. Забележа победа над Лихтенштајн и ремизираше со Велс. На најновата листа Македонија го задржа 67.место.

Од конкуренте во групата Ј за пласман на Светското првенство најдобро рангирана е Белија, на осмото место. Следуваат Велс (29), Казахстан (113) и Лихтенштајн (2025).


Челзи нуди богатство за Ендрик од Реал

Реал Мадрид во вторникот избори пласман во финалето на шпанскиот Куп. Избраниците на тренерот Карло Анчелоти во реваншот одиграа 4:4 со Реал Сосиедад по продолженијата и благодарение на победата од 0:1 во првиот меч влегоа во борбата за титулата.

Стрелец на првиот гол на Реал беше Ендрик, 18-годишен Бразилец кој ја игра првата сезона во клубот. Досега одигра 29 натпревари, најмногу како резерва, акумулираше 562 минути на теренот. Тој постигна седум гола.

„Дефенса централ“, медиум специјализиран за следење на Реал, тврди дека на „Бернабеу“ по натпреварот со Сосиедад пристигнала понуда од 70 милиони евра за Ендрик. Според овој извор понудата била испратена од Челси.

„Челзи веќе некое време го следи младиот Бразилец и бара напаѓач кој би бил стартер следната сезона. Тие веруваат дека Ендрик е идеалното решение, поради што испратија конкретна понуда од 70 милиони евра за напаѓачот на Реал. На „Станфорд Бриџ“, веруваат дека со атрактивна финансиска понуда и со гаранција дека ќе биде прв напаѓач ќе можат да го привлечат младиот Бразилец“, пишува „Дефенза централ“ и тврди дека Реал нема намера да го продаде Ендрик.

Инаку, Ендрик има договор со Реал до 30.јуни 2030 година.


Де Зерби го менува Консеисао во Милан

Тренерот на Марсеј, Роберто Де Зерби би можел да го преземе Милан, објави „Газета дело спорт“. Според италијанскиот весник, 45-годишниот Италијанец е прв фаворит за тренерската функција доколку биде отпуштен актуелниот тренер Серхио Консеикао.

Де Зерби го тренира Марсеј од летото 2024. Пред тоа работеше во Брајтон, Шахтјор, Сасуоло, Беневенто и Палермо.

Клубот ги разгледува и кандидатурите на Антонио Конте (Наполи) и Масимилијано Алегри, кои веќе работеа во Милан.

Милан по 30 кола се наоѓа на деветтото место во италијанската Серија А со 47 бодови.