feature

Мбапе повикан за мечот против Манчестер Сити, и покрај сомнежите за повреда

Frontview of Kylian Mbappe playing for Real Madrid

Килијан Мбапе е вклучен во составот на Реал Мадрид за натпреварот против Манчестер Сити, иако имаше проблеми со мускулите, што претставува голем бенефит за „кралевите“ во време на повреден кризен период. Неговото присуство додава дополнителна интрига на мечот кој веќе е под голем притисок за тимот и тренерот.

Според извештаите во Шпанија, проблемот бил со мускулите на левата нога, доволно сериозен за да биде поставен како прашалник, но не толку критичен за да го исклучи од тимот. Дали ќе стартова зависи од тоа како ќе се чувствува непосредно пред мечот, а Мбапе силно се трудеше да биде достапен, свесен за значењето на натпреварот за сезоната на Мадрид.

Дури и ако не е на максимална форма, самото присуство на Мбапе го менува пристапот на Манчестер Сити. Неговата брзина и способност да напаѓа просторот зад одбраната остануваат најсилното оружје на Мадрид, особено со повредите на другите позиции.


Шпанецот Пабло Ласо е нов тренер на Анадолу Ефес

Искусниот шпански тренер Пабло Ласо ќе стане нов шеф на тренерскиот штаб на Анадолу Ефес. Порталот „Баскетфул“, тврди дека тој договорил 18-месечна соработка со клубот од Истанбул. Според овој извр, Шпанецот ќе биде промофиран во нов тренер по дуелот што Ефес треба да го одигра со Валенсија.

Двократниот освојувач на Евролигата, неодамна остана без тренер откако Игор Кокошков беше отпуштен од должноста по серија лоши резултати.

Според извештаите, Ласо ќе го гледа во живо гостувањето на Ефес во Валенсија, а потоа треба да се врати во Истанбул со тимот, каде што ќе ги заврши сите формалности околу потпишувањето на договорот.

Договорот е од таква природа што двете страни можат да ја прекинат соработката на крајот од оваа сезона доколку резултатите не го задоволат Ефес, додека спротивното сценарио би значело дека Ласо би останал во Истанбул до летото 2027 година.

По 15 кола во Евролигата, Ефес има скор од 5-9 и е во група од пет екипи, кои имаат идентичен сооднос на победи и порази.


Просинечки е нов селектор на Киргистан

Роберт Просинечки официјално ја презеде фудбалската репрезентација на Киргистан, потврди Фудбалскиот сојуз на таа земја.

Искусниот хрватски стручњак потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување за уште една сезона, додека секоја понатамошна соработка, потенцијално за уште три години, ќе зависи од резултатите од Азискиот куп во 2027 година.

Претседателот на Сојузот, Камчибек Ташијев, истакна дека преговорите поминале брзо и без поголеми тешкотии. Според неговите зборови, се очекува Просинечки да донесе нова енергија, да го подигне нивото на игра и да ја подобри организацијата на репрезентацијата.

Киргистан моментално е рангиран на 104-то место на ранг-листата на ФИФА. Во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, репрезентацијата заврши во третата фаза, заземајќи го петтото место во групата А со осум бода, зад Иран, Узбекистан, ОАЕ и Катар беа подобри.

Просинечки ја презема репрезентацијата откако беше без ангажман од септември, кога доби отказ во Црна Гора. Во својата тренерска кариера, тој има искуство и на клупите на репрезентациите на Азербејџан и Босна и Херцеговина.


Шпанецот Пењароја е пред промоција во Партизан

Шпанскиот стручњак, Џоан Пењароjа ќе биде новиот тренер на КК Партизан, објавија речиси сите српски медиуми. Клубот засега негира дека постигнал договор со Шпанецот. Партизан е тренер откако Жељко Обрадовиќ поднесе оставка.

По оставката на Обрадовиќ, тимот го предводеше неговиот помошник Мирко Оцокољиќ. Под негово водство, Партизан го победи Баерн во Евролигата и Клуж во АБА лигата.

Според медиумите, Пењароjа официјално ќе стане тренер на Партизан во петок, по натпреварот со Црвена звезда во Евролигата.

Шпанецот и Партизан се договориле соработката да трае до 2027 година.

Пењароjа (54) е тренер со богато искуство на елитното европско ниво, ги водеше Барселона, Басконија и Валенсија, а најголемите успеси ги забележа со Бургос, со кого освои две титули во Лигата на шампионите (2020, 2021) и Интерконтиненталниот куп на ФИБА.

Пењароjа, пред еден месец, поради лошите резултати доби отказ во Барселона.


За Атаман, Шенгун е подобар центар од Јокиќ

Ергин Атаман главниот тренер на турската репрезентација и на грчкиот Панатинаикос, го пофали настапот на центарот на Хјустон, Алперн Шенгун.

„Технички, Шенгун е најдобриот центар во светот во додавања. Според мене, тој е супериорен во однос на Никола Јокиќ. Тој има 23 години и само ќе станува подобар“, рече Атаман.

Турскиот кошаркар има просек од 23,1 поен, 9,1 скока и 7,1 асистенции по натпревар


Лукаку започна со тренинзи, се гледа крај на неговата агонија

Фудбалерот на Наполи, Ромелу Лукаку, кој е надвор од терените од 14 август поради повреда на коленото, доцна синоќа го одработи целиот тренинг со екипата.

Белгиецот постигна 14 гола и имаше 10 асистенции во Серија А во претходната сезона кога беше освоена шампионската титула.

32-годишниот Лукаку е еден од најдобрите во тимот и сигурно неговото враќање ќе влијае на ефикасноста на Наполи.


Леао има воспаление на адукторот, го чека принудна пауза

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, нема посеризона повреда, објавија луѓето од Милано. Тој по мечот со Торино одигран во Серија А, има воспаление на десниот аддуктор.

Според најавите од Италија, Португалецот нема да настапи на неделниот меч со Сасуоло во новата рунда во Калчото.

Напаѓачот веројатно ќе биде подготвен за настап на 18 декември против Наполи во полуфиналето на Супер-купот на Италија.


Роналд Араухо патува во Ерусалим за духовно и ментално обновување

Frontview of Ronald Araujo playing for Barcelona

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, отпатува во Ерусалим на лично и духовно обновување, целосно одобрено од клубот, со цел да ја подобри својата ментална и физичка сила. Според изворите блиски до случајот, патувањето се опишува како „религиозно и културно“, што го одразува силното духовно верување на фудбалерот. Араухо ќе посети повеќе свети места во градот, барајќи внатрешно обновување во време на предизвици во својот живот.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја истакна поддршката на клубот кон Араухо и призна дека играчот минува низ тешки лични моменти. Ова патување се смета за важен чекор за враќање на фокусот и самодовербата, далеку од притисокот на професионалниот фудбал.

Барселона е оптимистична дека времето поминато во Ерусалим ќе му донесе на Араухо нова енергија и целосна самодоверба, подготвен повторно да ја покаже својата најдобра форма. Клубот го гледа ова патување како можност за личен раст и стратегиски чекор кон целосна рехабилитација и враќање во тимот.


Челси го доведе 16-годишниот бисер Мухамед Зонго

Frontview of Mohammad Zongo playing for Burkina Faso

Челси го обезбеди потписот на 16-годишниот талент од Буркина Фасо, Мухамед Зонго, надминувајќи ја конкуренцијата на повеќе европски гиганти. Младиот играч, кој силно се наметна на Светското првенство до 17 години во Катар минатата година, рано влезе во радарот на лондонскиот клуб, по што сопственичката група „BlueCo“ брзо реагираше за да ја комплетира зделката, уште една потврда за нивната стратегија за градење на иднината преку млади таленти.

Зонго за кратко време се искачи меѓу најперспективните играчи од својата генерација. Со зрел настап за репрезентацијата на Буркина Фасо и сигурност во играта, тој го привлече вниманието на Челси, кој внимателно го следеше неговиот развој пред да го формализира трансферот. Во клубот веруваат дека со правилна поддршка и тренинг, играчот може да прерасне во носител на играта во иднина.

Како дел од развојниот план, Зонго прво ќе настапува за Стразбург во Лига 1, клуб кој исто така е дел од инвестициите на „BlueCo“. Челси смета дека токму таму тој ќе добие идеални услови за адаптација во европскиот фудбал и за постепена подготовка за предизвиците на Премиер лигата. Оваа патека се вклопува во пошироката филозофија на клубот за интегрирање на млади играчи преку континуиран натпреварувачки ритам на највисоко ниво.


Арне Слот: „Мо Салах мора да го направи првиот чекор кон помирување“

По победата на Ливерпул со 1-0 над Интер на „Сан Сиро“ во Лигата на шампионите, тренерот Арне Слот проговори за тензиите околу изоставувањето на Мо Салах од составот. Во искреното обраќање по мечот, Слот истакна дека првиот чекор кон смирување на ситуацијата треба да дојде од египетската ѕвезда.

„Сите грешиме,“ рече тој. „Прашањето е дали и самиот играч смета дека згрешил.“ Со тоа даде до знаење дека одредена доза самокритичност од Салах би ја олеснила можната стабилизација на односите.

Слот додаде дека останува отворено и прашањето кој треба да ја преземе иницијативата за разговор. „Дали тоа треба да бидам јас, или Салах? Тоа е нешто што допрва треба да се реши,“ изјави холандскиот стратег, нагласувајќи ја чувствителната ситуација во која се наоѓаат двете страни.

И покрај случувањата, Слот потенцираше дека комуникациските канали не се затворени. „Никогаш не сум рекол дека нема да разговарам со Мо,“ истакна тој, додавајќи дека е подготвен за разговор доколку Салах е спремен да го направи првиот чекор.