feature

Кајри и Јанг дополнително повикани на Ол стар натпреварот

НБА лигата ги одреди замените за Јанис Адетокумбо и Ентони Дејвис на Олс стар викендот во Сан Франциско.

Јанис Адетокумбо не игра две недели поради повреда, а Ентони Дејвис се повреди на дебито за Далас Маверикс.

Замена за Адетокумбо ќе биде кошаркарот на Атланта, Тре Јанг.

Јанг по четврти пат во кариерата ќе игра на Ол-стар натпреварот. Во досегашниот тек од сезоната, Јанг е водечки лидер во лигата со 11,4 асистенции и постигнува 23,5 поени по натпревар.

Замена за Дејвис ќе биде неговот нов соиграч, Кајри Ирвинг. Ова ќе биде деветти Ол-стар настап во кариерата.

Тој ги имаше првите четири за време на неговиот престој во Кливленд од 2013 до 2017 година. Потоа ја продолжи традицијата во дресот на Бостон две сезони со нив, а уште два пати беше дел од НБА спектаклот, за време на неговиот мандат со Бруклин (2021) и Далас во 2023 година


Јончевски ги сврсти и Хап и Шортс во составот за Естонија и Полска

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Јончевски, излезе со списокот на кошаркари на чии услуги ќе смета во претстојниот трет евроквалификациски прозорец.

Репрезентацијата ќе тренира неколку дена во Скопје, а потоа ќе замине за Талин каде на 21 февруари ќе го одигра претпоследниот натпревар за овој квалификациски циклус. Три дена подоцна, на 24. февруари (понеделник) ќе ја пречекаме соодветната репрезентација на Полска во Скопје. Натпреварот против Полска ќе се одигра во СРЦ Кале, со почеток во 18:30 часот.

Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 17 февруари (понеделник) со почеток во 18:00 часот, во СРЦ Кале.

Македонија мора да ги добие двете средби плус против Естонија треба да победи со разлика поголема од пет поени и во исто време Естонија да доживее два порази, за да се квалификува на Европското првенство.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Дамјан Робев – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Шошкиќ – Работнички
Теодор Симиќ – Кожув
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
Лејсон Зеќири – Башкими
Андреј Јакимовски – Колорадо
Итан Хап – Валенсија
Ти Џеј Шортс – Парис Баскетбалл


Ријека го претстави Јован Манев

Македонскиот фудбалски репрезентативен стопер Јован Манев има нов клуб откако си замина од редовите на турска Адана Демирспор. Манев за оваа екипа настапуваше во изминатите три години, а од денес е нов играч на Ријека.

24-годишниот фудбалер беше дел од Адана од 2022 година, во меѓувреме имаше една позајмица во Осијек. Сепак, тој се одлучи да замине од клубот и да бара нов предизвик во шампионатот на Хрватска кој му е познат.

Манев се врати во Хрватска, каде ќе продолжи во Ријека. Договорот на двете страни е до 2027 година, а во новиот клуб ќе настапув во дресот со број 15.

Манев има седум настапи и еден постигнат гол за сениорскиот тим на Македонија.


Шифрин и Џонсон златни во екипна комбинација во Залбах

Американските скијачки Микаела Шифрин и Бризи Џонсон освоија злато во новата екипна комбинација на Светското првенство, во Залбах, Австрија.

Новата тимска комбинација вклучува еден член на тимот да се натпреварува во слалом, а другиот во спуст. Времињата на двата члена потоа се собираат за да се добие нивниот конечен резултат.

Шифрин настапи во слалом, додека Џонсон во спуст. Победија со вкупен резултат 2:40,89 минути.

Среброто им припадна на Венди Холденер и Лара Гут-Бехрами од Швајцарија со 0,39 секунди заостанување, додека бронзата ја освоија Австријките Стефани Вениер и Катарина Трупе со 0,53 секунди заостанување.

Шифрин има 62 победи во слалом и е апослутна рекордерка во Светскиот куп, додека Џонсон го освои златниот медал во спуст на овогодинешното Светско првенство.

Дамите на СП во четврток ќе возат велеслало. Шифрин поради посттрауматски стрес се повлече од оваа дисциплина што значи дека нема да го брани златниот медал освоен пред две години.

На СП досега во кариерата, Шифрин има освоено 15 медали, осум од нив се со златен сјај.


КС Групација ја спроведе 14 крводарителска акција

КС Групација во чиј состав влегуваат компаниите Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт успешно ја спроведе 14-та крводарителска акција од отворен тип.
На крводарителската акција која се одржа во канцелариите на КС Групација во Битола се собраа 39 крвни единици.

Оваа крводарителска акција како и сите предходни поттикна голем интерес кај вработените од самата Групација. Кон крводарителската акција се приклучија и вработени од Минт Финтек Груп.

Со редовното организирање на крводарителски акции КС Групацијата сака да даде личен пример за зголемување на свеста кон дарувањето на најдрагоцената течност која живот значи.
Со донирањето на крв можат да се спасат човечки животи, а и се обезбедуваат потребните залихи на крв за хитни медицински ситуации.

Менаџерскиот тим на групацијата истакна дека ќе продолжи со организирање на крводарителски акции и во иднина бидејќи донирањето на крв е од витално значење за цело општество.


Ембид повторно се повреди, нови грижи за Сиксерси

Џоел Ембид повторно има проблеми со коленото и затоа не е на нивото од претходните сезони, па наскоро ќе мора да оди да прави операција.

Откако го повреди коленото пред една година, Ембид потврди дека мора да оди на операција и го чека подолга пауза.

Засега нема точен термин кога ќе оди на операција, но се шпекулира дека тоа најверојатно ќе биде за време на летната пауза.

Ова за искусниот кошаркар ќе биде дури шеста операција во период од 2014 до 2025 година.


Браќата Ѓорѓиеви ќе играат во ист клуб во Турција

За првпат во ист клуб надвор од Македонија играат нашите одбојкарски репрезентативци, браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиев.

Ѓорѓи Ѓоргиев одлучи да ја продолжи кариерата во редовите на турскиот одбојкарски клуб Туршад каде што настапува и Никола Ѓоргиев, капитенот на македонската репрезентација.

– После 14 години играње заедно во репрезентацијата на Македонија, за прв пат играме заедно и во ист клуб надвор од Македонија.

Одличен момент и историја за нашата фамилија, се надевам дека ќе останеме здрави и ќе имаме успешен крај на сезоната – стои во објавата на Никола Ѓоргиев на Фејсбук.


Синер го стигна Алкараз по бројот на недели на врвот на АТП листата

Јаник Синер го стигна карлос Алкараз по број на седмици како светски тенисер број 1.

Дваесет и тригодишниот Италијанец е на врвот на ВТА листата веќе 36-та недела. Тој на лидерското место се искачи на 10 јуни 2024 година и оттогаш останува таму.

Алкараз го држеше првото место неколку периоди, вклучувајќи 20 и 11 недели по ред.

Синер и Алкараз се изедначени на 16-то место по најмногу недели како светски број 1. Илие Настасе е пред нив 40, Енди Мареј на 14-тото има 41, Густаво Куертен на 13-тото со 43. Рекордот му припаѓа на Новак Ѓоковиќ, кој 428 недели беше бр. 1 во светот.


Репрезентативците на Алкалоид на прием кај Живко Мукаетов

Членовите на РК Алкалоид кои настапија за македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет денес беа на прием кај генералниот директор и претседател на УО на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов.

На средбата, Мукаетов им честиташе на ракометарите и на стручниот штаб за одличното претставување на Македонија на светската ракометна сцена, за нивното професионално однесување и за постигнатите резултати. Тој ја нагласи и важноста на нивното учество како дел од националната репрезентација и нивниот придонес како членови на клубот.

По тој повод Мукаетов им додели благодарници и им посака уште поголеми успеси во иднина.

РК Алкалоид на Светското првенство 2025 го претставуваа ракометарите: Марко Кизиќ, Иван Галевски, Иван Џонов, Марко Митев, Игор Ѓоргиев, Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Александар Петковски, Никола Маркоски, Валентин Карасманакис и Марко Стојковиќ. Во стручниот штаб на националниот тим беа: селекторот Кирил Лазаров, помошникот Билјана Црвенкоска, кондицискиот тренер Петар Баснарков и физиотерапевтот Тоше Трајковски.


Интер сервираше реванш за Фиорентина во меч преполн со полемики

Интер на „Џузепе Меаца“ ја победи Фиорентина со 2-1 (1-1) во натпреварот од 24. коло во Серија А и се доближи на бод до лидерот Наполи на табелата во италијанскиот шампионат. Интер и се реваншира на Фиорентина за тежкиот пораз пред четири дена во Фиренца (3:0).

Нероаѕурите поведоа со автоголот на 27-годишниот хрватски дефанзивец Марин Понграчиќ во 28. минута.

Матео Дармијан малку пред крајот на полувремето играше со рака во шеснаесетникот. ВАР го потврди пеналот за гостите, а најстрогата казна во гол ја претвори Роландо Мандрагора во 44. минута.

Второто полувреме го донесе и конечниот резултат на натпреварот. Марко Арнаутовиќ погоди со глава во 52.минута.

Арнаутовиќ сепак ут и засрамен го напушти теренот.

За секој играч еден вид понижување е кога тренерот ќе го внесе во игра, а потоа ќе го извади кон крајот на натпреварот, а токму тоа му се случи на Арнаутовиќ.

Симоне Инзаги го извади Арнаутовиќ од игра во 77. минута, поради што темпераментниот напаѓач реагираше бурно и одби да се ракува со тренерот.

Интер во наредното коло гпстига на Јувентус во „Дерби д’Италија“, додека Фиорентина истиот ден ќе го пречека Комо.