feature

ПСЖ испрати одлична понуда до Динамо за Батурина

Еден од најбогатите фудбалски клубови во светот Пари Сен Жермен, покажал сериозен интерес за фудбалерот на Динамо Загреб, Мартин Батурина.

Батурина сезонава игра во одлична форма, Лука Модриќ им го препорачал сонародникот на Реал, но како што сега стојат работите интересот на ПСЖ е конкретен.

Францускиот клуб испратил понуда за 21-годишниот фудбалер вредна 25 милиони евра, пренесува хрватскиот портал „Германијак“.

Динамо летово одби понуда од 18 милиони евра за Батурина од Фиорентина.

Планот на ПСЖ е да го купи Батурина во јануарскиот преоден рок и да го остави на позајмица во Динамо до крајот на сезоната.


Барса по секоја цена го продава Де Јонг

Барселона и Ханси Флик повеќе немаат трпение за Френки Де Јонг. Каталонските медиуми тврдат дека клубот е подготвен да го продаде Холанѓанецот во зимскиот преоден рок за само 20 милиони евра.

Клубот, тренерот и навивачите сметаат дека Де Јонг секогаш кога е на теренот игра со малку ризик. Медиумите потсетуваат дека во краток период тој два пати го оперираше скочниот зглоб и дека се уште целосно не се рехабиритирал.

Де Јонг е под договор до јуни 2026 година и следното лето е последната шанса за Барселона да заработи од неговото заминување.

Да потсетиме, Де Јонг пристигна во Барселона летото 2019 година за 75 милиони евра од Ајакс, досега одигра 223 натпревари, постигна 17 голови и забележа 21 асистенција.

Доколку биде достапен за само 20 милиони евра, јасно е дека ќе има многу заинтересирани клубови.


Дида верува дека Мањан ќе биде најдобар светски голман

Soccer Football – Euro 2024 – France Training – Paderborn Arena, Paderborn, Germany – June 24, 2024 France’s Mike Maignan during training REUTERS/Kacper Pempel/File Photo

Поранешниот голман на фудбалскиот состав Милан, Дида, имаше ласкави зборови за првиот чувар на мрежата на „росонерите“, Мајк Мањан.

Легендата на клубот од Италија вели дека 29-годишниот Французин има потенцијал да биде најдобар на светов.

„Работев со него. Тој е одличен на гол-линијата“, вели Бразилецот кој играше за Милан од 2000 до 2010 година.


Кристенсен се сели од Шпанија во Италија

Италијанските фудбалски екипи Јувентус и Интер, се заинтересирани за дефанзивецот на Барселона, Андреас Кристенсен.

28-годишниот Данец кој неодамна беше подложен на операција на Ахиловата тетива, има договор со шпанскиот состав до 2026 година.

Според најавите, искусниот фудбалер нема да се врати на терените барем до средината на јануари.


Реал има повеќе опции за новиот Крос

Реал Мадрид напорно работи да најде замена за Тони Крос. Завршувањето на кариерата на Германецот отвори сериозна дупка во средниот ред на Реал Мадрид и клубот веќе бара играч со слични квалитети за да биде доведен сега или најдоцна следното лето.

Клубот веќе има неколку играчи на мета. Тие вклучуваат Кертис Џонс од Ливерпул, Родри од Манчестер Сити, Енцо Фернандез од Челзи, Џошуа Кимих од Баерн Минхен и Витиња од Пари Сен Жермен. Реал допрва треба да го оцени секој од нив и да процени кој најдобро ќе се вклопи во тимот и кој има квалитети да биде лидер во средниот ред на тимот.

Од „Сантијаго Бернабеу“ се надеваат дека со доведување на еден од овие играчи, ќе најдат рамнотежа во средниот ред што ќе им даде поголема слобода на Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе и Џуд Белингем да ја градат својата напаѓачка игра.


Шифрин неколку недели надвор од скијачките терени

Американската алпска скијачка Микаела Шифрин ќе пропушти неколку недели поради повреда на стомакот по падот во Вермонт викендот на трка од Светскиот куп.

Ќе бидат потребни најмалку неколку недели пред да се вратам. Ви благодариме за вашата љубов и поддршка, напиша Шифрин на социјалните мрежи.

На 1 декември, за време на нејзиното второ возење на велеслалом, Шифрин падна и удри во заштитната мрежа. Лежеше крај патеката неколку минути пред да добие помош. Таа беше пренесена во медицинска установа.

Според „ESPN“, Шифрин нема оштетување на лигаментите, а нема ниту други сериозни повреди.

Дваесет и деветгодишната Шифрин е двократна олимписка шампионка, седумкратна светска шампионка и петкратна победничка во Светскиот куп.

Претплатете се на нашиот newsletter

Е-маил


Аморим го сака Кенан Јилдиз од Јуве

Манчестер јунајтед сака да го ангажира Кенан Јилдиз. Англискиот клуб го разгледува 19-годишниот играч како еден од главните кандидати за засилување за средниот ред.

Во Јунајтед се импресионирани од развојот на играчот на Јувентус и продолжуваат внимателно да го следат.

Сепак, самиот Јилдиз не планира да ги напушти „бјанконерите“. Тој се чувствува многу удобно во клубот и има намера да остане и следната сезона.

Во тековната сезона во Серија А, Јилдиз одигра 14 натпревари, постигнувајќи три гола и две асистенции.


Ракометарките со пораз од Унгарија го завршија Европското првенство

Melina SPASOVA, North Macedonia vs Türkiye, Women’s EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 30.11.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа убедлив пораз на последниот меч на Европското првенство, откако беше поразена од домаќинот Унгарија со 29-19 (11-10).

„Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме, но за жал следеше голем пад во второто за на крајот да бидеме и убедливо поразен.

Најефикасна за македонскиот тим бешеРистовска со шест гола, додека за Унгарките исто толку постигна Шолози-Шатз.

Европското првенство го завршуваме со еден освоен бод од натпреварот против Турција во минатото коло, а претходно во првиот натпревар бевме поразени од Шведска.

Дали ќе успееме да го освоиме третото место кое носи полесни квалификации за СП 2025 година ќе биде познато вечерва по мечот меѓу Турција и Шведска.


Арсенал – Јунајтед уште во третото коло на ФА Купот

Фудбалерите на Арсенал и Манчестер јунајтед ќе се сретнат во третото коло од ФА Купот, беше одлучено со денешната ждрепка.

Третото коло е првото коло во кое се вклучуваат и најсилните тимови од Премиер лигата, а ждрепката веднаш ги спои Арсенал и Манчестерј, како и Астон Вила и Вест Хем.

Манчестер сити помина добро, ќе го пречека нисколигашот Салфорд, исто како и Ливерпул кој го пречекува Акрингтон, додека Челзи ќе му биде домаќин на Моркамб.

Натпреварите од третото коло во ФА Купот се закажани за 10, 11, 12 и 13 јануари.

Титулата ја брани Манчестер јунајтед кој во ланското финале го совлада Манчестер сити.


Неверојатна суспензија на шестгодишен навивач на француски второлигаш

Сосема необична вест доаѓа од Франција, каде член на елитниот Авр суспендира шестгодишен навивач!

Локалниот „Лекип“ наведува дека бил обвинет за фрлање проектили во средината на второто полувреме на мечот против Ремс (0-3) на почетокот на ноември, додека „проектилите“ всушност биле празни хартиени чаши и хартиени топчиња, кои најверојатно ги фрлил кон својот пријател.

Сепак, тие слетале на работ од теренот, надвор од рекламните панели – иако никого не погодиле.

Малку е тажно, но мораме да дејствуваме по овие прашања и во однос на зголеменото лошо однесување. Треба да ја подигнеме свеста кај оние кои нѐ следат и да покажеме дека стадионот мора да остане место за славење, а не место за исфрлање гнев – велат од клубот.

Овој инцидент е забележан во извештајот на делегатот. Користењето на видео надзор овозможило да се идентификува малолетникот, кому потоа му е забранет влез на стадионот неколку месеци, како и на неговиот старател (кој ги купил и ги држел билетите). Неговите родители биле контактирани од клубот и по пошта известени за одлуката, што тие не ја оспориле. Суспензијата вклучувала натпревари против Анже, како и Стразбур (во декември) и Ленс (во јануари).