feature

Нисколигаш го сака Кристијан Ериксен

Фудбалскиот клуб Рексам, во сопственост на холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекелен, го направи својот најамбициозен чекор досега, го контакриа данскиот играч од средниот ред Кристијан Ериксен во обид да го потпише, објави Би-Би-Си.

Ериксен (33), поранешен дански репрезентативец со 144 настапи, моментално е без клуб откако неговиот договор со Манчестер јунајтед истече на крајот од сезоната 2024/25.

Управниот одбор на Рексам го гледа Ериксен како идеално засилување кое би донело непроценливо искуство во првата сезона на клубот во втората лига на англискиот фудбал по 44 години.

Менаџерот на играчот, Мартин Скотс, потврди за „Дејли Мејл“ дека „проектот на Рексам е исклучително импресивен“, но додаде: „Кристијан сè уште сака да игра во врвните лиги и е решен да остане во Западна Европа“.

Од почетокот на летниот преоден рок, Рексам веќе ги доведе голманот на Велс, Дени Ворд, напаѓачот Рајан Харди, играчите од средниот ред Луис О’Брајан и Џорџ Томасон, левиот бек Либерато Кака и офанзивниот играч од средниот ред Џош Виндас.


Весли од Фламенго се сели во Рома

Фламенго обезбеди замена во Емерсон Ројал од Милан, што му овозможи на бразилскиот клуб да се согласи за трансферот на Весли во клубот од Рим.

Според медиумите, Рома за услугите на Весли ќе издвои 25 милиони евра, плус дополнителни пет милиони евра во бонуси.

Дваесетиедногодишниот Бразилец одигра 28 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона за Фламенго на кои постигна два гола и додаде три асистенции.


Јокиќ ќе игра за Србија на Евробаскетот

На неколку дена пред почетокот на подготовките и објавувањето на списокот на кошаркарската репрезентација на Србија информациите се дека Никола Јокиќ ќе биде во составот. Според сцецијализираните медиуми за кошарка најавите се дека Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо ќе настапат за своите репрезентации на претстојниот Евробаскет.

Првата ѕвезда на српскиот тим Јокиќ, настапи за својата репрезентација на Оилимписките Игри во Париз 2024 и во Рио 2016, а играше и на Светското првенство 2019, како и на Европското првенство 2022. Но, на некои од шампионатите отсуствуваше поради физчка и ментална исцрпеност поради настапите за својот НБА тим Денвер Нагетс, особено по освојувањето на шампионската титула во 2023 година.

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ во понеделник ќе го објави списокот на играчи за подготовките за Европското првенство.


Јуве нема да го откупи Коло Муани

Напаѓачот на ПСЖ половина од минатата сезона ја мина како позајмен играч во италијанскиот клуб и импресионираше со своите настапи.

Напаѓачот на ПСЖ половина од минатата сезона ја мина како позајмен играч во италијанскиот клуб и импресионираше со своите настапи.

Според италијанските медиуми, Јувентус има намера да склучи договор само според свои услови, потпирајќи се на желбата на францускиот репрезентативец да се врати во Италија. Сега клубот од Торино чека сигнал за подготвеноста на европскиот шампион повторно да го позајми играчот.

Дваесетишестгодишниот Муани постигна 10 голови и додаде три асистенции на 22 натпревари за Јувентус.


УЕФА го казни Вардар со 30.000 евра за првата средба со Ла Фиорита

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди казните за екипите од првите кола во квалификациите во европските купови, а најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе мора да плати висока парична казна.

Се работи за се она што се случуваше за време на мечот на Ла Фиорита од Сан Марино. На теренот од Западната трибина беа фрлени пиротехнички средства и петарди, а за тоа од клупската каса на Вардар ќе мора да се издвојат 20.000 евра.

Исто така, има и казна од додатни 10.000 евра за политичка порака. Навивачката група „Комити“ истакна транспарент кој беше посветен на ЕУ Парламентот во кој се дебатираше за македонскиот идеднтитет и јазик, а тоа беше забележано од делетатот на натпреварот.


Барса летна на азиската турнеја со триесет фудбалери

Шпанскиот шампион Барселона потврди во официјално соопштение дека сите проблеми со организаторот на тестот против Висел Кобе се решени и тимот утрово замина за Јапонија, каде што ќе ја започне својата азиска турнеја со пријателски натпревар во недела.

„Барселона информира дека првиот тим веќе отпатувал во Јапонија за почетокот на овогодинешните азиски подготовки. Ова доаѓа откако беше постигнат договор помеѓу клубот и организаторот, со кој се решија разликите што се појавија и се потврди дека тестот со Висел Кобе ќе се одржи како што е планирано на 27 јули. По завршувањето на јапонскиот дел од турнејата, тимот ќе продолжи во Јужна Кореја за натпреварите против ФК Сеул (31 јули) и ФК Даегу (4 август)“, се вели во официјалното соопштение од каталонскиот клуб.

Во меѓувреме, беше објавен и проширениот состав за трите теста – вкупно 30 играчи кои ќе му бидат на располагање на главниот тренер Ханзи Флик. Групата ги вклучува новите засилувања – голманот Жоан Гарсија, како и крилните играчи Руни Барџи и Маркус Рашфорд. Првично, се очекуваше тренерскиот тим да им верува на 26 играчи, но Флик одлучи да им даде шанса на неколку млади таленти од академијата, кои ќе имаат можност да се докажат за време на контролите.


Магдевски е нов капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија

Андреј Магдевски е новиот капитен на сениорската репрезентација на Маакедонија, одлучи селекторот Марјан Илиевски.

Еден од најискусните играчи кои во овој момент ги има селекторот на располагање, ја доби довербата да го предводи нашиот сениорски национален тим низ подготовките, и оние мечеви од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година, против селекциите на Романија и на Унгарија.

„Ќе ми биде, тоест, ми е голема чест што ќе го заменам Војдан ова лето. Но, секако со ‘капитенската лента’ доаѓа и поголема одговорност на теренот, како и во соблекувалната. Ќе се обидам атмосферата во екипата да остане како што била и до сега, и на теренот сите да продолжиме да играме за тимот и да гинеме за секоја топка“ – вели Магдевски.

Првата прилика да истрча прв на теренот како предводник на сениорскиот национален тим ќе ја има вечерва во Гевгелија, каде од 19.часот, Македонија ќе го има првиот од двата предвидени контролни натпревари за време на подготовките. Во спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негорски бањи ќе гостува селекцијата на Швајцарија.


Рома и Волвс преговараат за Фабио Силва

Младиот фудбалер на Вулверхемптон, Фабио Силва, влегува во плановите на италијанскиот состав Рома.

Наводно, „волчицата“ се обидела да дознае под кои услови 23-годишниот интернационалец од Португалија би прифатил да заигра во Серија „А“.

Силва има играно за Порто, Андерлехт, ПСВ Ајндховен, Ренџерс и во изминатата сезона како позајмен во Лас Палмас.


Костиќ: Зошто да не изненадиме во Атина!?

Една седмица машката сениорска репрезентација во Маврово мирно се подготвува за престојниот двомеч со Грција и Грузија од евро-квалификациите за ЕП 2026.

Екипата на селекторот Јошко Миленкоски работи со висок интензитет со пресрет на пријателските натпревари со Бугарија во Софија на почетокот на следната недела, кои треба да бидат прв показател на формата во која се наоѓа репрезентацијата.

Секако Грците е единствениот ривал кон кој се насочени сите мисли.

„Со висок интензитет и позитивна енергија работиме во Маврово, фокусирани на дуелите со Грција и Грузија. Желбите и амбициите се да обезбедиме учество на четвртото Европско првенство во низа. Тренираме со полна пареа во пресрет прво на пријателските натпревари. Двомечот во Софија со Бугарија треба да ни покаже дали сме на вистинскиот пат и што треба да корегираме. Потоа следи меморијалот ‘Чајка’, па она главното – мечот со Грција, кој е од клучно значење. Сакам да верувам дека летово ќе го завршиме со две победи и пласман на ЕП. Зошто да не!? Вистина е дека со Грците имаме два порази на последните два натпревари, но тоа не значи дека не може да изненадиме во Атина. Така и победата ќе биде многу послатка!“ – оптимист е Лука Костиќ.

Репрезентацијата в понеделник патува за Софија, каде на 29 и 30 август ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата на Бугарија. Потоа се стационира во Скопје, каде од 5 до 7 август ќе настапи на меморијалниот турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“ заедно со Бугарија и Швајцарија, што ќе биде финална проверка на силата пред евро-квалификациите.


Баерн испрати трета понуда за Луис Диаз

Баерн Минхен упати трета понуда за крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Диаз. Понудата на Баварците е вредна повеќе од 67,5 милиони евра, пишува Флоријан Плетенберг.

Преговорите меѓу двата клуба се во тек. 28-годишниот Колумбиец сака да се пресели на „Алијанц Арена“, откако веќе ги договори условите со германскиот шампион.

Луис Диаз ќе потпише договор до летото 2029 година доколку Баерн и Ливерпул се согласат. Сепак, договорот може и да пропадне.