feature

Донарума го посвети трофејот на ЛШ на Михајловиќ

Пари Сен Жермен конечно испиша историја, и тоа на најубедлив можен начин. Во финалето на Лигата на шампионите, францускиот шампион го декласираше Интер со 5:0 и пар пат историјата на клубот ја освои Лигата на шампионите.

Италијанскиот голман Џиџи Донарума беше еден од најзаслужните за неверојатната сеозна што ја имаа „светците“.

Бранеше брилијантно, особено во нокаут фазата, а финалето само го потврди неговиот статус како еден од најдобрите во светот.

Во моментот на најголемата слава, Донарума не заборави кој прв му даде шанса да брани на врвно ниво.

На прашањето дали во моментот кога го примил медалот помислил на Синиша Михајловиќ, неговиот прв тренер во Милан, Донарума емотивно одговори:

„Секако, му го посветувам овој трофеј на мистерот бидејќи благодарение на него сум тука, тој беше првиот што веруваше во мене, ми даде толку многу сила, континуитет и тој е секако тренер кој има посебно место во моето срце.“

Донарума го имаше своето деби за Милан кога имаше само 16 години и 242 дена, под водство на Синиша Михајловиќ. Стана третиот најмлад голман во историјата на Серија А.

Оттогаш, кариерата на младиот Италијанец константно напредува. Денес, на 26-годишна возраст, Донарума е столб и на италијанската репрезентација, за која веќе има 72 настапи, со неа беше европски првак, а во саботат и на клупско ниво го покори стариот континет.


Барса ризикува казна од УЕФА заради финанската некомплетност

Фудбалскиот клуб Барселона би можел да се соочи со санкции од УЕФА во следната сезона на Европските купови поради прекршување на финансиските правила, објави „Тајмс“.

Според изворот, каталонскиот клуб продолжува да ги крши европските фудбалски прописи со погрешно евидентирање на приходите од продажба на нематеријални средства, што им овозможува на Каталонците да ги зголемат своите можности за трансфер. Во есента 2024 година, на Барселона ѝ беше наредено да плати казна од 500.000 евра за вакви прекршоци. Клубот поднесе жалба на оваа одлука до Спортскиот арбитражен суд (CAS), но жалбата беше одбиена.

Во случај на повторени прекршувања на правилата за финансиски фер-плеј, Барселона би можела да биде казнета со неколку бода во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2025/2026, како и да изгуби дел од својот состав за учество на турнирот.

Минатата сезона, Барселона стана шампион на Шпанија, а исто така ги освои Купот и Суперкупот на земјата. Во Лигата на шампионите, стигнаа до полуфиналето, каде што беа елиминирани од Интер.


Милан и Челзи преговараат за Мањан, Италијанците бараат 30 милиони

Милан бара од Челзи 30 милиони евра за да му дозволи на францускиот голман Мањан да замине во Лондон. Претходно стана познато дека лондонскиот клуб контактирал со Милан во врска со трансферот на голманот, а „росонерите“ немаат ништо против да се реализира зделката.

Според Џанлука Ди Марцио, Милан бара сума 30 милиони евра, за да отпочне со преговори. Тековниот договор на Мањан со Милан е до летото 2026 година и сигурно нема да биде обновен.

Минатата сезона, 29-годишниот голман одигра 37 натпревари во Серија А, од кои на 13 остана без примен гол.


Модриќ ги договори личните услови со Милан

Откако синоќа стана јасно дека Милан е многу блиску до потпишување договор со Лука Модриќ денеска доаѓаат информации за текот на преговорите. Според „Газета дело Спорт“, страните се оптимисти за постигнување договор. Условите на договорот би можеле да бидат договорени уште денеска, откако клубот и 39-годишниот играч од средниот ред разговараат за можноста за потпишување на едногодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона. Платата на Хрватот би можела да биде меѓу 3 и 3,5 милиони евра годишно.

„Росонерите“ очекуваат Модриќ веднаш да стане еден од лидерите во соблекувалната, што е и главна причина зошто клубот сака да го донесе на „Сан Сиро“.


Монако ја оживува кариерата на Пол Погба

Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус и Манчестер Јунајтед, Пол Погба, би можел да ја продолжи кариерата во францускиот клуб Монако, објави денес „Футмеркато“.

Според истите, Погба му бил понуден на клубот од Кнежевството од страна на менаџерите, а одговорот бил позитивен. Монако активно бара засилувања во средниот ред поради претстојните трансформации на тимот, а Погба со своето искуство би можел да им биде корисен, веруваат на стадионот „Луј Втори“.

Тој беше активно поврзуван со Олимпик Марсеј, но во моментов разговорите со овој клуб се во застој.

Погба кој е светски шампион во 2018 година со Франција, беше дисквалификуван поради кршење на антидопинг правилата четири години, но потоа, по жалбата и презентирањето на нови докази, казната беше намалена на 18 месеци.


РБ Лајпциг по секоја цена го продава Вернер

Германскиот тим РБ Лајпциг постави многу ниска цена за напаѓачот Тимо Вернер, бидејќи тимот од Бундеслигата има јасна намера да се раздели од играчот ова лето, објавува „Спорт1“.

Вернер е во сопственост на РБ Лајпциг и се очекува да се врати во клубот откако ќе заврши неговата позајмица во англискиот клуб Тотенхем. Напаѓачот ќе биде достапен за заинтересираните клубови за само 4 милиони евра.

Тимо Вернер се приклучи на Тотенхем во јануари 2024 година и постигна два гола во Премиер лигата до крајот на таа сезона, а во следната сезона – 2024/2025 – играше на 18 натпревари, но не успеа да постигне гол. Со оглед на неговата неубедлива статистика, Тотенхем не ја активираше опцијата да го купат играчот, вредна 10 милиони евра.

29-годишниот Вернер потпиша за англискиот клуб Челзи во 2020 година, постигнувајќи шест гола и 12 асистенции во својата прва сезона во Премиер лигата. Сепак, неговата форма се намали и тој се врати во Германија во 2022 година.


Грузија ќе го дарува Квича со орден за заслуги

Грузискиот премиер Иракли Кобахиџе објави дека играчот од средниот ред на ПСЖ, Квича Кварацхелија ќе биде одликуван со орден „Свети Ѓорѓи“ за освојување на Лигата на шампионите.

„Имаме традиција, кога нашите спортисти ќе го достигнат врвот, им доделуваме високи државни награди и мислам дека освојувањето на Лигата на шампионите е токму таков успех што заслужува такво признание“, изјави Кобахиџе за тамошните медиуми.

Грузискиот премиер го смета успехот на Кварацхелија за победа на целата земја. Тој истакна дека орденот ќе биде доделен и на поранешниот фудбалер и градоначалник на Тбилиси, Каха Каладзе и двократниот шампион во НБА со Голден Стејт, Заза Пачулија.

Во сабота, 31 мај, ПСЖ го совлада Интер во финалето на Лигата на шампионите (5:0). Дваесет и четиригодишниот Кварацхелија постигна гол на овој натпревар.

Фудбалерот им се приклучи на парижаните во јануари годинава. Тој одигра 25 натпревари за ПСЖ постигнувајќи шест гола и седум асистенции.


Перишиќ го менува ПСВ Ајндховен со Олимпик Марсеј

Иван Перишиќ имаше одлична сезона во дресот на ПСВ, каде што освои титулата холандски шампион. Ова лето му завршува договорот и станува слободен играч. Сè уште не е јасно дали ќе остане уште една година во ПСВ или ќе разгледа нови можности.

Холандскиот новинар Рик Елфринк, кој со години го следи ПСВ, пред неколку дена пишуваше дека преговорите меѓу Перишиќ и клубот се во напредна фаза. Последните информации од Елфринк покажуваат дека хрватскиот фудбалер би можел да ја продолжи кариерата во францускиот Марсеј.

Марсеј е клуб кој оваа сезона обезбеди учество во Лигата на шампионите и планира дополнително да ги зајакне своите напаѓачки редови. Покрај Перишиќ, Марсеј размислува и за ангажман на Ноа Ланг, уште еден напаѓач од ПСВ кој остави добар впечаток минатата сезона. Француската лига не би била новина за Перишиќ, бидејќи претходно во кариерата беше дел од Сошо.

Перишиќ имаше значајна улога во освојувањето на титулата на ПСВ и клубот од Ајндховен ќе направи сè што е можно за да го задржи во своите редови барем уште една година. Но, несомнено, Перишиќ продолжува да предизвикува интерес на пазарот дури и на 37 години.


Аделман останува тренер, но Денвер најавува големи промени

Денвер Нагетс одлучи да направи прилично ризичен потег пред почетокот на плејофот оваа година, откако го отпуштија тренерот Мајк Мелоун кој им донесе НБА прстен, а наместо него го поставија Давид Аделман, кој работеше како негов помошник. Аделман ги задоволи очекувањата, ќе остане на клупата, но ќе направи големи резови, кои би можеле да влијаат и на Никола Јокиќ.

Денвер многу ризикуваше со отпуштањето на Мелоун, кој беше еден од најважните фактори како во напредокот на Никола Јокиќ, така и во освојувањето на прстенот. Тој воспостави одлична врска со нашиот центар, кој под негово водство постигна извонредни партии и трипати стана МВП на НБА лигата.

Меѓутоа, некаде се наруши љубовта помеѓу Мелоун и Денвер. Тој доби отказ на суров начин, три натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната. Потоа Аделман го презема тимот, постигна три победи и успеа да ги елиминира Клиперс по седум натпревари, и да игра седми натпревар со Оклахома, каде убедливо беше поразен.

Задоволни беа во Денвер од овој резултат, му понудија договор на Аделман и го оставија на местото тренер, но тој ќе има комплетно нов стручен штаб, пренесува американскиот новинар Крис Хејнс.

Тој истакнува дека Денвер одлучи да не ги продолжи договорите со Рајан Сандерс, Попај Џонс, Чарлс Класка и Стивен Грејем, па Аделман ќе мора да пронајде целосно нов стручен штаб.


Стевче Шулески потпиша за Еурофарм Пелистер 2!

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Славчо Шулески е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Средниот бек на Тиквеш доаѓа во таборот на новиот суперлигаш и од следниот месеџ ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков.

Се работи за 20-годишен ракометар, роден во Струга, кој во претходните сезони го носеше дресот на Тиквеш. Висок е 180 сантиметри и летово ќе ја репрезентира Македонија на Светското младинско првенство во Полска.

Неговото претставување во Битола е предвидено на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер 2 на крајот од месец јули.