feature

Работнички преку Мухарем и Талаков до три бода во Куманово

Екипата на Работнички со заслуга ги освои трите бода на гостувањето кај Башкими во Куманово, продолжувајќи ја борбата за опстанок во елитата на домашниот фудбал. Веќе во 11-тата минута, по еден брз противнапад за гостите, Сухел Мухареми успеа да го совлада домашниот голман Јашари за водство од 1-0.

Четири минути подоцна, Башкими одговори преку Рибеиро, кој по асистенцијата на Мемети шутираше само покрај стативата. Алексовски од редовите на домаќините имаше златна шанса за израмнување во 41-вата минута, но гостинскиот голман беше на висина на задачата. Пред самиот крај на првиот дел, Алексовски повторно проби по десната страна и нафрли во шеснаесетникот, но Рибеиро не беше прецизен во завршницата.

Во второто полувреме, домаќините први се заканија преку Ор, чиј удар од 16 метри заврши во рацете на сигурниот голман на Работнички. Во 62-рата минута, Бошнаков се обиде со шут од 18 метри, но топката замина покрај голот на Јашари. На спротивната страна, Мемети се обиде од далечина, но неговиот удар заврши во рацете на Ондоа. Во 67-мата минута, Пејовиќ упати удар од дистанца кој заврши над голот.

Клучниот момент се случи во 72-рата минута кога следеше „студен туш“ за домашната екипа: Мерџани испрати центаршут во шеснаесетникот, а Талаков вешто ја искористи грешката на одбраната на Башкими за да го постигне вториот гол за Работнички.

Домаќините успеаја да се вратат во игра во 79-тата минута преку Алексовски, кој погоди по асистенција на Лимани. Во драматичната 90-та минута, Пејовиќ за малку ќе си постигнеше автогол, но Ондоа беше на вистинското место, а во продолжението од истата акција го сопре и последниот обид на Рибеиро, потврдувајќи го триумфот на својот тим.


Станиќ за претстојните настапи на младата репрезентација смета на 23 фудбалери

Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот на играчи кои ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојните квалификациски натпревар против Италија и Ерменија.

Станиќ за овие две средби на располагање ќе има 23. фудбалери меѓу кои има и неколку нови имиња.

ГОЛМАНИ: Васко Василев (Струга Трим Лум), Љупче Џеков (Силекс), Никола Филевски (Брегалница).

ОДБРАНА: Марко Стоилевски (АП Брера), Андрија Димески (Вождовац; Србија), Андреј Аризанковски (АП Брера), Анес Мелиќи (Шкендија Тетово), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Нуман Ајетовиќ (Шкендија Тетово), Меметриза Хамза (Струга Трим Лум), Давид Стојановски (Браво, Словенија).

СРЕДЕН РЕД: Матеј Ангелов (Работнички), Сејдо Дураков (Рот Вајс Ерфурт, ГерманијаО, Илија Масларов (Лугано, Швајцарија),Матео Софијаноски (Македонија ЃП), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Мухамед Куртиши (Базел, Швајцарија).

НАПАД: Димитар Данев (Вардар), Матеј Гаштаров (Борац Чачак, Србија), Кире Стојанов (АП Брера), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Никола Манојлов (Работнички), Димитар Трајков (Дуго Поље, Хрватска)

Собирот на фудбалерите е на 23 март и по еден тренинг во Скопје, следува патувањето за Емполи каде на 26-ти се среќаваме со Италија додека пет дена подоцна следува соочувањето со Ерменија.


Милан го става Леао на трансфер-листа?

Неколку извори од Италија пренесуваат дека „росонерите“ го губат трпението со Рафаел Леао, немаат намера да го чекаат Португалецот да стане главен играч на Сан Сиро, па ќе го продадат доколку пристигне интересна понуда.

Рафаел Леао е во фокусот на фудбалската јавност во Италија по реакцијата на синоќешниот натпревар против Лацио, кога мрзеливо го напушти теренот, дури голманот Мајк Мењан требаше да претрча половина терен за да го турне побрзо да биде заменет.

Португалецот потоа одби да се поздрави со тренерот Макс Алегри, а во соблекувалната влегол во расправија и со Кристијан Пулишиќ, незадоволен зошто не бил проигран во два наврати .

Последните информации велат дека на „росонерите“ им е преку глава од Рафаел Леао, па напаѓачот летоска ќе биде продаден доколку пристигне интересна понуда.

Милан го направи напаѓачот најплатен на Сан Сиро, сметаше дека тој ќе стане главен играч околу кој ќе се гради тимот, но Рафаел Леао не покажува знаци на прогрес, па директорите го губат трпението и не сакаат повеќе да чекаат за тој да порасне.

Во минатото за неговите услуги интерес имаше од екипи како ПСЖ, Барселона, Арсенал, Челси и Манчестер јунајтед, па останува да се види дали некој летоска ќе тропне на вратата на Милан, се верува дека цената која „росонерите“ ќе ја бараат ќе изнесува помеѓу 80-90 милиони евра.


Три премиерлигаши го сакаат Гордон од Њукасл

Луис Хол во моментов е еден од најинтересните млади фудбалери на англиската фудбалска сцена, па не е ни чудно што скаути на неколку големи премиерлигашки тимови се обидуваат да го убедат младиот фудбалер од на лето да им се приклучи.

Неговиот извонреден настап против Барселона се чини дека го изостри постоечкиот интерес кон нешто посериозно, а според англискиот печат скаути од Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, РБ Лајпциг, Борусија Дортмунд и неколку тимови од Ла Лига внимателно го следат младиот фудбалер на Њукасл. Сепак, Еди Хау го смета Хол за „камен-темелник на неговиот проект“, а клубот наводно подготвува нов договор со значително зголемување на платата и долгорочна обврска.


Шифрин победи на слаломот во Оре

Американската скијачка Микаела Шифрин победи во слалом, трка од Светскиот куп што се одржа во Оре, Шведска.

Таа ја оствари победата со вкупно време од 1:43,35 минути. Шифрин беше најбрза и во првото (50,22 секунди) и во второто (53,13 секунди) возење.

Второто место го освои Германката Ема Ајхер, со време од 1:44,29 минути, а трета беше Венди Холденер од Швајцарија, со време од 1:44,35 минути.

Шифрин веќе го обезбеди својот деветти мал кристален глобус во слалом, бидејќи има недостижна предност од 362 бода во дисциплината во однос на Швајцарката Камил Раст.

Борбата за големиот кристален глобус во генералниот пласман сè уште не е завршена. Шифрин води со 1.286 бода, додека второпласираната Ајхер има 1.206.

Трките во Оре претставуваат последна станица од Светскиот куп пред финалето на сезоната во Лилехамер, кое е закажано од 19 до 25 март


Илјада македонски фанови обезбедија билети за баражот во Копенхаген

Од Фудбалската Федерација на Македонија на официјалната прес конференција за претстојниот бараж дуел за Мундијалот против Данска кој ќе се одигра на гости во Копенхаген на 26 март пренесоа информација дека билетите резервирани за нашите навивачи се речиси распорадени.

Тоа значи дека Македонија на „Паркен“ ќе ја бодрат околу 1000 наши навивачи, членови на популарната „Фаланга“.

Секако, тоа ќе биде уште еден голем плус за нас во овој историски дуел.


Челзи заработи казна уште од времето на Роман Абрамович

PORTO, PORTUGAL – MAY 29: Roman Abramovich, owner of Chelsea waves towards the fans after the UEFA Champions League Final between Manchester City and Chelsea FC at Estadio do Dragao on May 29, 2021 in Porto, Portugal. (Photo by Alex Livesey – Danehouse/Getty Images)

Англискиот гигант Челси е казнет со 12,3 милиони евра од страна на Премиерлигата и забрана за трансфери, која засега е условна на период од две години, поради кршење на правилата во периодот кога клубот беше во сопственост на Роман Абрамович.

„Премиерлигата заклучи два одвоени дисциплински постапки против Челси, откако клубот доброволно пријави потенцијални прекршувања на правилата во минатото“, се наведува во соопштението на лигата.

Независната комисија потоа потврдила два договори за санкции, според кои лондонскиот клуб прифати парични казни во вкупен износ од 12,3 милиони евра. Казните се однесуваат на прекршување на правилата на Премиерлигата поврзани со финансиското известување, инвестициите од трети страни и развојот на младите играчи.

Покрај финансиските казни, клубот доби и спортски санкции. Челзи е казнет со деветмесечна забрана за трансфери во клупската академија, додека едногодишната забрана за доведување играчи во првиот тим е условна на период од две години.


Реал спремен да плати богатство за Олисе

Според последните информации, Флорентино Перез размислува за нов голем трансфер, желба на „кралевите“ како што пишува „Билд“ сега е одличниот фудбалер на Баерн Минхен, Мајкл Олисе.

Олисе оваа сезона блеска во дресот на Баерн Минхен и на 38 натпревари постигна 15 гола додавајќи и 27 асистенции во сите натпреварувања, што го прави еден од најдобрите играчи во Европа.

Сепак, оваа трансфер-операција нема да биде лесна, бидејќи Баерн Минхен не е клуб кој се откажува од своите најголеми ѕвезди. Олисе летото 2024 година пристигна како големо засилување за 53 милиони евра од Кристал Палас, а сега неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува 130 милиони евра. Шпанските медиуми тврдат дека Реал нема да има проблем да плати и до 160 милиони евра за трансферот на 24-годишниот Французин.

Олисе е веќе стандарден член на репрезентацијата на Франција и се очекува заедно со Килијан Мбапе да бидат тандем кај Дидие Дешан, па така по Мундијалот на лето неговата цена би можела и да порасне. Во дресот на Баерн, Олисе досега има 93 натпревари, 35 гола и 50 асистенции.


Леброн заминува од Лос Анџелес ова лето?

Инсајдерот на „ESPN“, Марк Спирс, верува дека Леброн Џејмс ќе ги напушти ЛА Лејкерси претстојното лето.

„Леброн Џејмс ќе биде слободен агент. Не го гледам во дресот на Лејкерси – никој од Лејкерси не ми го кажал тоа, тоа е само моја претпоставка.

И би претпоставил дека Кливленд е неговата опција број еден, а Голден Стејт веројатно втора варијанта. Ова се само гласини, работи што ги слушнав од луѓе“, изјави Спирс за радиото „95.7 The Game“.

Оваа сезона, Леброн Џејмс има просек од 21,3 поени, 5,7 скока и седум асистенции по натпревар.


Седлоски: Данска е топ репрезентација, но имаме идеја, мотивација и верба во фудбалерите

Селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните бараж натпревари за пласман на Светскиот шампионат.

Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 28 играчи, а меѓу нив се тројца кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација, дефанзивецот на Борац Бања Лука, Себастијан Ерера, стоперот на тетовска Шкендија, Имран Фетаи и напаѓачот на Сиетл, Дени Мусовски. Во составот има и фудбалери кои по извесна пауза повторно се дел од најдобрата селекција и тоа Бобан Николов од Вардар, Љупче Дориев кој настапува во првенството на Узбекистан и Егзон Бејтулаи од Дрита.

Гоце Седлоски – селектор на македонската А репрезентација:

„Баражот против Данска за пласман на Светско првенство е натпревар кој носи голема тежина, но и огромен мотив за сите нас. Времето за подготовка е многу кратко, нецели два дена. Токму затоа, го задржавме костурот на тимот кој настапуваше во претходниот квалификациски циклус. Тоа е група фудбалери кои добро се познаваат, имаат изградено хемија и веќе знаат што значи да се игра ваков натпревар. Секако, направивме и одредени освежувања таму каде што сметавме дека е потребно. На списокот има тројца дебитанти, Фетаи, Ерера и Мусовски. Веруваме дека со формата и квалитетот што го покажуваат заслужија шанса и дека можат да донесат дополнителна енергија во тимот. Во составот се враќаат и Дориев, Николов и Бејтулаи, фудбалери кои добро го познаваат системот и атмосферата во репрезентацијата и кои во минатото знаеле да дадат важен придонес“.

„Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и дека ја има улогата на фаворит, особено затоа што натпреварот се игра во Копенхаген, но, ние имаме јасна идеја, голема мотивација и верба во фудбалерите. Наш фокус е исклучиво на тоа како ние ќе изгледаме на теренот и како ќе одговориме на предизвикот“.