feature

Куртоа во ризик да го пропушти Светското Клупско Првенство

Се верува дека голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, би можел да го пропушти претстојното Светско Клупско Првенство поради проблеми со грбот. Белгискиот репрезентативец е дијагностициран со сакроилитис – воспаление на зглобовите во долниот дел од грбот, покрај карлицата. Ова му носи болка и непријатност и ќе му биде потребен одмор и лекување околу една недела. Поради тоа, Куртоа ќе ги пропушти квалификациските натпревари за Светското Првенство против Македонија и Велс. 

Медицинскиот тим на Реал Мадрид сепак останува оптимистичен и се надева дека Куртоа ќе биде подготвен за Светското Клупско Првенство. Реал Мадрид ќе го започни турнирот против Ал Хилал на 18 јуни во Мајами, што може да биде првата титула за клубот под водство на тренерот Чаби Алонсо. 

Ако Куртоа не се опорави навреме, на голот ќе застане украинскиот чувар Андриј Лунин, кој е во Реал од 2018 година и има настапи за првиот тим. Неговото искуство ќе биде важен адут додека Куртоа се опоравува. 

Фановите се надеваат дека Куртоа ќе закрепне навреме и ќе може да помогне на тимот на Светското Клупско Првенство. Медицинскиот тим внимателно го следи неговиот напредок и работи да го врати во форма што поскоро. 


Интер заинтересиран за Хојлунд

Интер, наводно, внимателно ја следи ситуацијата со данскиот напаѓач Расмус Хојлунд, Манчестер Јунајтед разгледува опции за промени во нападот ова лето. Хојлунд, кој пред 2 сезони пристигна на Олд Трафорд од Аталанта за околу 64 милиони фунти, не успеа целосно да ги оправда очекувањата – постигнувајќи 10 голови во 52 настапи минатата сезона. 

Познато е дека спортскиот директор на Нераѕурите, Пиеро Аузилио, одамна го следи Хојлунд и јавно го пофали неговиот потенцијал уште додека настапуваше во Серија А. Интер размислува за договор во форма на позајмица со опција за откуп – модел што би им овозможил да го тестираат напаѓачот пред евентуална долгорочна инвестиција. 

Финансиската страна би можела да биде клучен фактор, но јасно е дека двете страни двете страни можат да најдат заеднички јазик доколку постои вистински интерес. Со оглед на тоа што летниот трансфер прозорец се приближува, се очекува контактите меѓу Јунајтед и потенцијалните купувачи, меѓу кои и Интер, да се интензивираат. 

Иднината на Хојлунд останува отворена – а неговата следна дестинација би можела да биде клучна пресвртница и за неговата кариера, и за плановите на клубовите што го следат. 


Арсенал се вклучи во трката за потписот на Брајан Ембеумо

Арсенал влезе во трката за потпис на ѕвездата на Брентфорд, Брајан Ембеумо. Топчиите наводно се подготвени да поднесат сериозна понуда за да го засилат нападот за новата сезона. Манчестер Јунајтед и Њукасл се исто така во трката за левакот.  

Ембеумо привлече големо внимание со своите настапи во Премиер Лигата, а ова лето е поврзан со неколку големи клубови. Влезот на Арсенал во трката дополнително ја зајакнува конкуренцијата и најавува жестока борба за потписот на овој талентиран крилен играч. 

Брентфорд наводно би сакале да го задржат нивниот главен голгетер, но не се против идеата да го продадат за правата сума. 

Според извештаи, одлуката на Ембеумо ќе зависи од шансите за редовно играње и можноста да игра во Европа. Квалификацијата на Арсенал во Лигата на Шампионите е голем плус и сигурно ќе има влијание врз одлуката на играчот.  


Кремонезе последен патник во Серија А

Фудбалерите на Кремонезе повторно ќе играат во италијанската Серија А. Во финалето од дополнителните квалификации, клубот од Кремона беше подобар од Специја со вкупен резултат од 3-2.

По 0:0 во првиот натпревар, во кој Кремонезе беше домаќин, во реваншот славеа како гостин со 3-2.

Кремонезе беше на сигурен пат кон Серија А бидејќи водеше со убедливи 3-0 до 83. минута. Де Лука постигна два гола (27. и 79. минута), додека уште еден гол додаде Колоколо во 62. минута.

На крајот, Специја успеа да внесе голема драма во реваншот. Еспозито го намали резултатот на 1-3 во 83-та минута, а во 85-та минута Вињали постигна гол за 2-3. На Специја ѝ беше потребен уште еден гол за целосен пресврт и да ја продолжи драматичната борба за Серија А, но гостите од Кремона успеаја да ја зачуваат својата предност од еден гол. Двата тима натпреварот го завршија со по 10 фудбалери на теренот.

Овие два тима испаднаа од Серија А во сезоната 2022/23, но сега Кремонезе успеа да се врати во елитата. Специја ќе има нова можност следната сезона. Емполи, Венеција и Монца испаднаа од Серија А, додека Сасуоло и Пиза претходно обезбедија директно промовирање во елитната класа.


Ренџерс има нови американски сопственици

Шкотскиот фудбалски великан, Глазгов Ренџерс има нови сопственици. Конзорциум од Соединетите Американски Држави, кој е сопственик и на НФЛ тимот Сан Франциско Фортинајнерс, го презеде управувањето со „полицајците“. Новото раководство презеде 51 процент од сопственоста, а сè беше потврдено откако Фудбалската асоцијација на Шкотска даде зелено светло.

Ендру Кавено станува ќе биде новиот претседател на клубот „Ајброкс“, додека Параг Марат, претседател на Лидс, ќе биде потпретседател на Ренџерс. Клубот веднаш нагласи дека оваа аквизиција не е дел мулти клуб модел, иако врските со Лидс се очигледни.

За крајот на јуни е планирано и вонредно Собрание, на кое ќе се потврди нова емисија на акции преку која американските инвеститори ќе инвестираат 20 милиони фунти, главно наменети за засилувања во обид да го симнат од тронот Селтик.

Дел од парите веќе се искористени за откуп на акциите на поранешните претседатели Дејв Кинг и Џон Бенет.

„Конзорциумот усвојува нова стратегија што ќе им даде приоритет на перформансите на теренот и финансиската одржливост“, соопшти клубот.

Во тој процес, Ренџерс ќе преминат од јавна во приватна компанија.


Дембеле е МВП на сезоната во Лигата на шампионите

Усман Дембеле, е прогласен за играч на сезоната во Лигата на шампионите, објави УЕФА, ден по победата на ПСЖ над Интер Милан со 5-0 во финалето во Минхен.

Во тековната сезона, Дембеле постигна 33 гола и регистрираше 15 асистенции во сите натпреварувања.

„Би му ја дал Златната топка на Усман Дембеле, само поради начинот на кој игра во одбраната. Тоа е вистинска скромност. Искрено верувам дека ја заслужува таа награда не само поради неговите голови, туку и поради неговата дефанзивна игра“, рече тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

Меѓу останатите фаворити за Златната топка се Ламин Јамал, Рафиња и Џанлуиџи Донарума.

УЕФА, исто така, го именуваше Дезире Дуе за млад играч на годината во Лигата на шампионите за 2024/25 година. Дуе, во вториник ќе наполни 20 години, во финалето постигна два гола и забележа една асистенција.

Дембеле, Дуе и уште пет играчи на ПСЖ беа вклучени во идеалниот тим на сезоната во Лигата на шампионите, избран од техничкиот панел на УЕФА. Меѓу нив се и: Маркињос (капитен), Џанлуиџи Донарума, Нуно Мендес, Ашраф Хакими и Витиња.

Покрај нив, во идеалниот состав се наоѓаат двајца играчи на Барселона, Ламин Јамал и Рафиња, играчот на Арсенал, Деклан Рајс, како и играчот на Интер, Алесандро Бастони.


Сари по две години се враќа во Лацио

Маурицио Сари е блиску до враќање во Лацио, пишува Фабрицио Романо. Тренерот постигна договор со „орлите“ и ќе го преземе тимот. Тој ќе го замени Марко Барони.

Договорот на Маурицио Сари ќе биде на две години со опција за уште една сезона. 66-годишниот Италијанец се раздели од „орлите“ во март 2024 година и оттогаш нема водено ниту еден тим.

Маурицио Сари во минатото ги водеше и Наполи и Челзи.


Вардар 1961 доминантно го освои Купот на Македонија во ракомет

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да го освојат Купот на Македонија. Во финалето во Охрид поуспешен беше тимот на Вардар 1961, кој извојува победа од 31-27. Во текот на сите шеесет минути битолчани го ловеа водството на противникот, а голем хендикеп во вториот дел беше и повредата на столбот на одбраната Илија Абутовиќ.

Дуелот во Охрид го реши одбраната на Врадар и голманот Фереира Еспиња, кој блесна во втората половина од второто полувреме. Во вториот дел Вардар ја одржуваше предноста, во 37.минута ја врати највисоката предност од пет гола, која на крајот рутински ја одржа.

Богдан Радивојевиќ беше најефикасен играч на натпреварот со осум реализации, додека кај Вардар одлични со по шест гола беа Томислав Јагуриновски и Младен Крсманчиќ.

До крајот на сезоната остануваат уште две кола во плеј-офот, а Еурофарм Пелистер гостува кај Алкалоид и Вардар 1961.


Трапановски: Тактички мора да бидеме на најдобро ниво против Белгија

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за квалификациските натпревари за пласман на СП 2026 против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана).

Нашиот репрезентативец, Кристијан Трапановски смета дека тактички мора да бидеме на највисоко ниво за да се обидеме да се спротивставиме на Белгија, најголемиот фаворит во нашата група.

„Мотивацијата во тимот е на највисоко ниво. Ова за нас се последни натпревари оваа сезона, мислам дека сме подготвени. Имаме почит кон секого и мислам дека ќе имаме добар пристап, најпрвин со Белгија, а потоа со Казахстан.

Индивидуално, Белгија има топ фудбалери, но сметам дека ако тактички добро се подготвиме, може да им се спротивставиме“.


Лина Ѓорческа го освои турнирот во Куршумлиска Бања

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оствари голем успех и триумфираше на Фјучрс турнирот во Куршумлиска Бања (Србија), откако во финалето ја совлада Марта Матула од Грција со 2:1, по сетови 2-6, 6-0 и 6-4.

Грчката тенисерка отвори со одличен прв сет, но потоа Ѓорческа возврати со доминантна игра во вториот сет за израмнивање на резултатот, без да и дозволи на противничката да освои гем. Третиот сет Лина го доби со 6-4 и ја го заврши мечот за два часа и четири минути.

За Лина Ѓорческа ова беше 36. финале во сингл-конкуренција и ќе добие најголем дел од наградниот фонд кој е во висина од 30.000 американски долари.