feature

Внатрешноста на трансфер сагата за Ѓокереш – Арсенал, Јунајтед и хаосот во Спортинг

Трансфер борбата за Виктор Ѓокереш предизвика контроверзија во фудбалските кругови, вклучувајќи ги Спортинг, Манчестер Јунајтед, и Арсенал – и откри дел од хаосот што често стои зад трансферите на највисоко ниво. 

Извори велат дека Спортинг постигнал договор со Манчестер Јунајтед за шведскиот напаѓач, но без знаење или одобрување од неговиот агент, Хасан Четинкаја. Неочекуваниот потег предизвика незадоволство кај таборот на Ѓокереш, особено бидејќи договорот бил туркан напред без многу најава. 

Понудата од Јунајтед наводно била финансиски посилна од другите, што дополнително ги искомплицирало работите. Според извори, ако Хуго Виана, поранешниот спортски директор на Спортинг, сè уште беше на функција, трансферот можеби ќе се реализираше многу порано, бидејќи условите веќе биле познати. Но тајмингот и тајноста на договорот го изненадија тимот на Ѓокереш, оставајќи им малку простор за реакција или правни чекори. 

Додатна забуна настана кога понуди биле испратени и до клубови како Реал Мадрид, што предизвика медиумски врева. Сепак, се смета дека Ѓокереш од почетокот на преодниот рок имал јасна цел – Арсенал. Според извори, уште тогаш постоел вербален договор, со Арсенал како посакувана дестинација. 

Оваа сага уште еднаш потврдува колку знаат да бидат хаотични и сложени трансферите во елитниот фудбал, каде различни интереси често го одвлекуваат фокусот од она што го сака самиот играч. 


Гардиола воодушевен од тактичкиот стил на Ханси Флик

Пеп Гардиола со пофалби за Барселона на Ханси Флик, опишувајќи ја како една од највозбудливите екипи сезонава. Тренерот на Манчестер Сити истакна дека под водство на Флик, Барса останува верна на својата напаѓачка филозофија, но со модерна надградба која ја продолжува визијата на Јохан Кројф со нова динамика. 

Гардиола смета дека силата на тимот не лежи во класичната дефанзивна стабилност, туку во постојаниот напор да се напаѓа и контролира играта. Иако постојат критики за одбраната, тој верува дека клубот не треба да се откажува од својот храбар стил. 

Поранешниот тренер на Баерн Минхен и германската репрезентација донесе свежина и агресивност во играта на Барселона. Тимот не само што ја контролира топката, туку постојано создава шанси – одраз на Кројфовата идеја дека најдобар начин на одбрана е нападот. 


Од теренот до личните борби – искрената порака на Белингам

Џуд Белингам отворено проговори за своите борби со менталното здравје, повикувајќи на поголема отвореност и поддршка на сите нивоа во општеството. Ѕвездата на Реал Мадрид и репрезентацијата на Англија се осврна на емоционалниот притисок кој го носи елитниот спорт, и штетните очекувања дека спортистите секогаш мора да бидат „ментално силни“. 

Белингам призна дека се соочувал со моменти на несигурност и ранливост, но често чувствувал дека мора сам да се справува со тие чувства. Потенцираше дека признавањето дека ти треба разговор може да биде пресвртна точка. 

22-годишниот фудбалер нагласи колку е важно јавните личности да ја покажат својата човечка страна. Со тоа што е отворен за своите предизвици, се надева дека ќе ги охрабри и другите да проговорат и да побараат помош без срам. 

Тој ги повика и другите познати личности да бидат пример, велејќи дека нивната искреност може да има клучна улога во рушењето на стигмата околу менталното здравје. Белингам верува дека нормализирањето на овие разговори е суштински чекор кон третирање на менталната благосостојба како приоритет за сите. 


Ензо Фернандез го напушти кампот на Аргентина поради повреда на коленото

Ензо Фернандез, го напушти кампот на репрезентацијата на Аргентина поради оток во десното колено, дијагностициран како синовитис – воспаление на синовиалната мембрана на коленото. Тој се врати порано во Лондон за понатамошна проценка од медицинскиот тим на Челзи. 

Фернандез играше значајна улога во последната пријателска победа на Аргентина од 1-0 против Венецуела, но беше заменет во 78-та минута. Сега ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Порторико. Оваа повреда дополнително ги загрижува редовите на Челзи во средината на теренот, каде веќе се отсутни Кол Палмер и Дарио Есуго поради подолг период на опоравување. 

Како што Челзи се подготвува за враќањето во Премиер Лигата со натпреварот против Нотингем Форест на 18 октомври, останува неизвесно дали Фернандез ќе биде во форма.  

Оваа ситуација ја нагласува физичката изнемоштеност на играчите кои балансираат меѓу репрезентативни и клубски обврски. Челзи се надева на брз и успешен опоравок за да ја одржи конкурентноста на тимот во текот на сезоната. 


Мемфис Депај го урна и рекордот за асистенции на холандската репрезентација

Мемфис Депај напиша историјата на холандскиот фудбал со тоа што стана најдобриот стрелец и асистент во историјата на националниот тим. Со 54 гола и 35 асистенции, ниту еден друг холандски фудбалер не го достигнал овој комбиниран рекорд, што ја истакнува неговата голема улога во репрезентацијата. 

Само неговиот број на голови го става меѓу легендите на земјата, но импресивниот број асистенции додава уште една димензија на неговата игра. Мемфис постојано ја покажува својата верстаилност и влијание на теренот, докажувајќи дека е клучен напаѓач. 

Овој успех ја открива не само неговата индивидуална вештина, туку и способноста да создава шанси за соиграчите, што го прави комплетна напаѓачка сила. 

Додека Холандија се подготвува за претстојните квалификации и турнири, рекордот на Мемфис ја зголемува самодовербата и поставува високи стандарди за идните генерации. 


Левандовски заминува од Барса на крајот на сезоната

Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона по крајот на оваа сезона, открива каталонски „Спорт“. 37-годишниот полски напаѓач оваа сезона во Ла Лига има седум настапи и четири голови, но сѐ почесто се наоѓа на клупата поради фаворизирањето на Феран Торес.

Во Барселона веќе се разгледуваат потенцијални наследници, а најчесто споменуван е 21-годишниот Карл Ета Ејонг од Леванте.

Левандовски пристигна во Барселона во 2022 година, по одличните настапи во Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, со кој во 2020 година освои тројна круна под водство на сегашниот тренер на Барса, Ханси Флик.


Клоп: Талент како Вирц се раѓа еднаш во еден век

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, испрати порака до навивачите на „Црвените“ и застана во одбрана на 22-годишниот Флоријан Вирц, по лошиот почеток на сезоната на германскиот играч од средниот ред на „Енфилд“.

Вирц, кој пристигна ова лето од Баер Леверкузен за 116 милиони фунти (133 милиони евра), сè уште чека на својот прв гол или асистенција во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Ливерпул го сруши британскиот рекорд за трансфери во летниот преоден рок за да го доведе Вирц, кој брилијантно играше во Баер Леверкузен во текот на пет и пол години во Бундеслигата.

Затоа очекувањата од германскиот репрезентативец беа исклучително високи. Сепак, 22-годишникот досега не ги исполни, што предизвика критики од јавноста во Англија.

Притисокот го зголемува и лошата форма на клубот, кој доживеа три порази по ред, што покрена прашања за способностите на Вирц.

И покрај критиките, легендарниот Клоп решително застана зад младиот играч. Во разговор за „Sport.de“, тој им порача на навивачите да бидат трпеливи.

„Неговиот квалитет е извонреден. Дискусиите се малку претерани. Ливерпул загуби три натпревари по ред, што е невообичаено. Но, тоа е и нормално во животот. Вирц е талент што се појавува еднаш во еден век и во еден момент ќе го покаже тоа повторно на секој натпревар, исто како што го правеше во Леверкузен“, рече Клоп.


Коко Гоф го освои турнирот во Вухан

Американската тенисерка Коко Гоф денес го освој трофејот на Мастерсот во Вухан, откако ја совлада својата сонародничка Џесика Пегула со 6-4, 7-5, и на тој начин ја продолжи својата неверојатна низа на девет победи во девет финалиња на тврда подлога.

На само 21 година, Гоф изгледа како играчка што ја наследува енергијата на Серена Вилијамс.

Исто како неа, таа владее на тврдите подлоги со комбинација на сила и ментална стабилност. Во Вухан не изгуби ниту еден сет во пет натпревари, а титулата ја освои со неверојатна смиреност, иако во вториот сет губеше со 0-3.

Со десет освоени поени во низа, ја презеде контролата и ја заврши работата за 1 час и 42 минути.

Триумфот во Вухан е нејзин 11-ти трофеј во кариерата, меѓу кои има три ВТА 1000 титули и два Гренд слема. Таа стана првата тенисерка во историјата на Отворената ера што ја започнала кариерата со биланс 9-0 во финалиња на терени со тврда подлога. Гоф исто така стана и првата шампионка на Вухан од 2014 година која ја освои титулата без да загуби сет, и тоа со најмал број загубени гејмови (само 25).


Леао е повреден, ќе го скокне дуелот со Унгарија

Рафаел Леао ја напушти репрезентацијата на Португалија. Крилниот напаѓач на Милан не тренираше поради „лоша форма“, објави весникот -„А Бола“.

Португалскиот селектор, Роберто Мартинез, одлучи да го врати напаѓачот во италијанскиот клуб. Мартинез не беше незадоволен од настапот на Леао на саботниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година против Ирска.

Португалија утре ја чека меч со Унгарија.


Македонија до 19 години: Убедлива победа на вториот меч од гостувањето во Црна Гора

Македонската репрезентација до 19 години, предводена од селекторот Ерхан Селими, забележа одлична победа на гостински терен, совладувајќи ја Црна Гора со убедливи 2-4 во вториот пријателски натпревар меѓу двете селекции.

Во дуел во кој нашите млади репрезентативци имаа далеку повеќе од играта, Македонија постигна четири погодоци, доминираше на теренот и целосно заслужено се радуваше на овој извонреден триумф.

Серијата голови за нашата селекција ја отвори фудбалерот на Вардар, Емир Шаботиќ, во првото полувреме. Откако домаќините успеаја да израмнат, Македонија повторно поведе со гол од пенал на членот на Црвена ѕвезда, Горазд Ристовски.

Црна Гора повторно израмни на 2-2, но по голема грешка на домашниот голман, Адмир Љафити донесе ново водство за Македонија. Истот играч со прекрасен соло продор и прецизен удар го постави конечниот резултат, 2-4 во корист на нашата селекција.