feature

Лазаров: Треба да научиме да бидеме поконстантни во успесите

Лазаров: Треба да научиме да бидеме поконстантни во успесите

Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз во квалификациите за ЕП 2025, откако на домашен терен загуби од Словенија со 26:32. Овој резултат е особено разочарувачки со оглед на одличниот старт на натпреварот, во кој Македонија имаше шест гола предност (10:4) во првите дваесет минути.

Сепак, тимот на Кирил Лазаров не успеа да го задржи темпото, а Словенија, предводена од Влах и Јанц, направи целосен пресврт и на крајот стигна до убедлива победа.

По мечот, селекторот Лазаров го сподели своето мислење:

„Треба да преспиеме и да анализираме. Одигравме многу добро во првите 20 минути и не заслуживме да водиме само со еден гол на полувреме. Во голем дел од мечот Словенија беше немоќна, но разочарани сме што не го искористивме тоа. Со црвениот картон на Карасманакис изгубивме важна ротација, а отсуството на Никола Марковски поради повреда исто така ни значеше. Нашата цел е пласман на ЕП, но мораме да научиме да бидеме поконстантни во успесите.“

Следниот натпревар за Македонија ќе биде клучен во борбата за место на Европското првенство.


Македонија потфрли во вториот дел и загуби од Словенија во Скопје

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Словенија со 26-32 во квалификацискиот натпревар за Европското првенство, кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Момците на Кирил Лазаров покажаа две лица на овој натпревар, одигравме одлично во најголемиот дел од првото полувреме, но попуштивме во вторите триесет минути.

Македонија одлично го почна натпреварот, во текот на првиот дел имавме предност и од шест голови разлика, беше 11-5 за нас, но како одминуваше времето Словенија почна да ја топи нашата предност. Првото полувреме заврши со водство на македонската репрезентација од 16-15.

Во вториот дел Словенија брзо излезе од негатива, Македонија особено падна во финишот од мечот во кој противникот направи серија од 5-1 и на крајот победи со убедливи 26-32.

Филип Кузмановски со десет голови беше најефикасен наш ракометар, Митев постигна пет, а Пешевски четири. Митревски запиша девет одбрани.

В недела овие две селекции играат во Копер, во рамките од четвртото коло на квалификационата група.


Кејн: Не браневме предност, игравме на победа во Леверкузен

Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн ги искажа своите впечатоци по победата над Баер Леверкузен (0-2) синоќа во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Многу добар натпревар. Од првата минута не сакавме да бидеме тим што се повлекува за да одбрани предност. Сакавме да бидеме офанзивни, да извршиме притисок, да создаваме шанси и да победиме. Направивме многу од ова и во првото полувреме, кога бевме поблиску до гол. Што се однесува до второто полувреме, разбравме дека противникот ќе се обиде да промени нешто, но го казнивме. Ова е петти пат да играме со Баер, а тука победија само еднаш пред еден месец. Во други случаи победивме. Ова во голема мера се должи на активниот висок пресинг“, изјави Кејн.

Баерн ќе игра против Интер во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар е закажан за 8 април во Минхен, а реваншот по седум дена во Милано.


НБА натпревари првпат ќе се играат во Австралија

Националната кошаркарска лига на Австралија (НБЛ) и НБА лигата објавија денеска дека НБА лигашот Њу Орлеанс ќе одигра два претсезонски натпревари против НБЛ тимови во Мелбурн во октомври оваа година. Ова ќе биде прво гостување во Австралија на една од екипите од најсилната светска кошаркарска лига.

Њу Орлеанс, во моментов претпоследен во Западната конференција со ефект од 17 победи и 48 порази, прво ќе се соочи со Мелбурн Јунајтед на 3 октомври, а два дена подоцна ќе игра против Мелбурн Феникс

„По долги 15 години, нашиот сон се оствари“, изјави Лери Кестелман, сопственик и директор на елитната австралиска кошаркарска лига (НБЛ), додека Денис Лауш.

Од своја страна, претседател на кошаркарскиот тим Њу Орлеанс, Денис Лауш наведе дека гостувањето во Австралија е уште една потврда за глобалниот раст на НБА лигата.

„Ова е возбудлив момент за нашата организација и доказ за растечкото влијание на НБА на глобално ниво“, посочи првиот човек на Њу Орлеанс.


Сари фаворит за тренерското место во Рома

Италијанските медиуми објавија денес дека Клаудио Раниери, и покрај одличните резултати, нема намера да остане на клупата на Рома следната сезона, а прв фаворит за негов наследник е Маурицио Сари.

Раниери ја презеде Рома минатата есен по отказот на Иван Јуриќ и успеа да го извлече тимот од кризата. Сепак, медиумите наведуваат дека искусниот тренер ќе се држи до првичниот план да го води тимот до лето, по што ќе ја преземе функцијата извршен директор на клубот.

Наследникот на 73-годишниот Раниери сè уште не е познат, а во моментов најголеми шанси му се даваат на поранешниот тренер на Наполи, Јувентус и Лацио, Маурицио Сари.


Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите со Лихтенштајн и Велс

Селекторот на македонската фудбалска репрезентацијата, Благоја Милевски го објави денес го објави списокот со повикани фудбалери за претстојните натпревари од квалификациите против Лихтенштајн на 22 март и против Велс на 26 март.

На списокот на Милевски за двата меча се наоѓаат следните фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски.

Одбрана: Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Стефан Ашковски, Андреј Стојчевски, Висар Муслиу, Бојан Илиевски и Ѓоко Зајков.

Среден ред: Енис Барди, Јани Атанасов, Исник Алими, Давид Бабунски, Тихомир Костадинов и Агон Елези.

Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Лирим Ќамили, Александар Трајковски, Кристијан Трапановски Лука Станковски.


Слот без два важни дефанзивци во финалето на Карабао Купот

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, призна дека би бил „изненаден“ доколку Трент Александер-Арнолд биде подготвен за настап во финалето на Карабао Купот во недела, но сепак, е поголем оптимист кога станува збор за повредата на Ибрахима Конате.

Двајцата дефанзивци се повредија синоќа во поразот на „црвените“ во реваншот од Пари Сен Жермен во осминафиналето на Лигата на шампионите во вторникот. Александер-Арнолд ја напушти играта во 73-та минута, откако се покажа дека го изврте коленото, додека Конате не можеше да го заврши продолжението на Енфилд поради болки во мускулите. Ливерпул сега може да остане без двајца стартни дефанзивци за мечот со Њукасл на Вембли и битката за прв трофеј сезонава.


Миркуловски по една деценија заминува од Вецлар

Германскиот ракометен бундеслигаш, Вецлар официјално објави дека нема да го продолжи догооворот на македонскиот тренер Филип Миркуловски.

Информацијата ја соопшти спортскиот директор, Јасмин Чамџиќ, кој преку клупско соопштение изрази голема благодарност за трудот на нашиот стратег и му се заблагодари за одличната соработка.

„Би сакале да му се заблагодариме на Филип длабокот од нашите срца за неговата важна и вредна работа во нашиот клуб. Тој покажа како треба посветено да се работи и тоа нема да биде заборавено“, стои во соопштението.

Наследникот на Миркуловски треба да биде најавен во следните денови. Вецлар во моментов е на тринаесеттата позиција во Бундеслигата.


Вардар два месеци без Нилтон Мело

Левиот бек Нилтон Мело, имаше успешен оперативен зафат на менискусот на коленото и му претстои период на рехабилитација.

Според првите лекарски предвидувања ќе бидат потребни два месеци за враќање на Мело на теренот.

Левиот бек кој повеќе беше со дефанзивни задачи, имаше проблеми со коленото, но мораше со оперативен зафат да се реши состојбата, за да може побрзо да се врати на терен.

Операцијата ја изврши др. Небојша Настов, и веќе е почнат професот на рехабилитација на играчот.

Мело ќе биде целосно подготвен за последниот дел од сезоната и ќе може да им помогне на своите соиграчи во остварување на целите, враќање на трофеите.


Паредес добива нов договор со Рома

Два дена пред реваншот со Атлетик Билбао, во Лига Европа, аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес потпиша нов договор со Рома.

„Рома со задоволство објавува дека Паредес го обнови договорот со клубот до 30 јуни 2026 година. Фудбалерот од средниот ред, светски шампион со Аргентина во 2022 година, мина значаен дел од својата кариера во нашиот клуб. Откако пристигна во Рим во Бока Јуниорс, тој го носеше дресот на Рома во сезоната 2014/2015 година, како и во два различни сезона сезоната 2-16/2017. Во клубот се врати во летото 2023. За Рома има 129 настапи и 10 голови во сите натпреварувања, честитки, Лео“, се вели во соопштението на Рома на официјалната веб-страница.