feature

Сет Кари се согласил да потпише за „воините“

Ветеранот Сет Кари ќе му се приклучи на својот брат, двократниот МВП во НБА лигата Стеф Кари, во тимот на Голден Стејт, потпишувајќи договор до крајот на сезоната, јавија денеска американските медиуми.

Трисетипетгодишниот Сет Кари беше дел од претсезонските подготовки на Голден Стејт, но не беше повикан во тимот на почетокот на регуларната сезона поради финансиски ограничувања.

Голден Стејт имаше можност да задржи само 14 кошаркари во својот состав, но сега ќе може да додаде уште еден.

За Сет Кари ова ќе биде 12 сезона во НБА лигата во кои настапуваше за девет различни екипои, но сè уште нема настапувано заедно со својот брат во текот на регуларната сезона.

Последен пат беше на теренот во пролет оваа година во дресот на Шарлот.


Гојун: Еурофарм Пелистер не е подобра екипа од нас

Пелистерци го победија Загреб во првиот меч одигран во Битола, но искусниот ракометар на Загреб Јаков Гојун најавува реванш и подобрување на впечатокот во елитното натпреварување.

„Не сакам да кукам и да барам изговори, но не се сеќавам кога екипата имала толку голем број повредени играчи. Во тешка ситуација сме, немаме победа по девет одиграни кола. Верувајте, нам ни е најтешко, затоа што на некои мечеви воопшто немавме среќа.

Во Битола игравме рамноправно, имавме и напад за бод, но на крајот загубивме. Што се однесува до Еурофарм Пелистер, сметам дека тие не се подобра екипа од нас, но имаат четири бода и тоа мораме да го почитуваме.

Верувам дека дојде време среќата малку да ни се насмевне. Овој колектив заслужи да замине на зимските празници со барем еден успешен резултат. Ќе го дадеме нашиот максимум за да победиме и да ги израдуваме навивачите“, изјави Гојун.

Натпреварот помеѓу Загреб и Еурофам Пелистер ќе се одигра в среда од 18:45 часот.


Натаниел Браун на мета на Манчестер Јунајтед

Луѓето од Манчестер Јунајтед континуирано ги следат игрите на дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт, Натаниел Браун, велат последните информации од Англија.

Наводно, тимот од „Олд Трафорд“ сака да го ангажира 22-годишниот бек кој има тековен договор до 2030 година.

Анализите велат дека Германците за неговиот потпис ќе бараат околу 60 милиони евра.


Даниел Фарке пред отказ од клупата на Лидс

Челниците на фудбалскиот состав Лидс, дефинитивно ќе размислуваат за промена на кормилото.

Имено, менаџерот Даниел Фарке, би можел да биде отпуштен доколку претрпи порази во претстојните натпревари против Челзи и Ливерпул.

Англискиот состав откако претрпе четири порази во последните пет рунди, се спушти на 18-то место на табелата


Родриго руши негативни рекорди, триесет меча не постигнал гол

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго не успеа да постигне гол во својот 30-ти натпревар по ред, со што го израмни рекордот на сите времиња за напаѓачи на Реал Мадрид, според статистичкиот портал „365Scores“.

Според изворот, овој антирекорд претходно му припаѓал на доминиканскиот поранешен напаѓач на Кралскиот клуб, Маријано Дијаз.

Последниот гол на Родриго за Реал Мадрид беше во март 2025 година. Тогаш, во плејофот од Лигата на шампионите за сезоната 2024/25, Бразилецот постигна гол против Атлетико Мадрид (2:1).

Оваа сезона, 24-годишниот напаѓач одигра 15 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања, при што имаше само две асистенции.


Анчелоти го потврди Естевао за Мундијалот следното лето

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека играчот на Челзи, Естевао, ќе игра за Бразил на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во 2026 година.

Естевао пристигна во Челзи од Палмеирас во јуни оваа година за 29 милиони фунти. Младиот бразилски фудбалер одигра 18 натпревари за Челзи оваа сезона и постигна пет гола.

„Мислам дека Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство 2026. Врз основа на тоа како Естевао играше во последните шест месеци, мислам дека ќе игра на Мундијалот“, изјави Анчелоти.

Естевао дебитираше за Бразил во 2024 година, а за репрезентацијата одигра 11 натпревари и постигна пет гола.

„Тој е многу, многу посебен играч. Тој е сосема поинаков, бидејќи е природно талентиран. Што се однесува до неговиот талент, не може да го подобри, но она што може да го направи е да обезбеди континуитет“, додаде селекторот на Бразил.

Анчелоти истакна дека е задоволен од настапите на младиот фудбалер во Челзи.

„Естевао напредува многу добро во Челзи. Не сум разговарал со претставниците на Челзи, но сум сигурен дека работат на посебна програма со него. Мислам дека националниот тим мора да го искористи овој голем талент“, заклучи Анчелоти.


Фенер во последен момент се избори за реми со Галатасарај

Во азискиот дел на Истанбул се одигра 281-то интерконтинентално дерби. На стадионот „Шукру Сараџоглу“, Фенербахче и Галтасарај одиграа 1-1 (0-1).

Голот за гостите од европскиот дел беше заслуга на Лерој Сане во 27-та минута. Германскиот репрезентативец го совлада Едерсон, поранешен соиграч од Манчестер Сити.

Џокерите од клупата на Џовани Тедеско, Левент Мерјан и Колумбиецот Џон Дуран се заслужни за нерешениот резултат. Во 95-та минута тие креираа акција по која Колумбиецот го постави конечниот резултат.

На табелата по 14 рунди води актуелниот првак Галатасарај со 33 поени, еден повеќе од Фенербахче и два од Трабзон.


Макаби му даде доверба на Одед Каташ

Макаби Тел Авив објави дека Одед Каташ ќе остане на чело на тимот барем до крајот на сезоната.

„Кошаркарскиот клуб Макаби Тел Авив изразува целосна доверба во тренерот Одед Каташ. Клубот му посакува успех во сите предизвици што го очекуваат во остатокот од сезоната“, се вели во официјалното соопштение на учесникот во Евро-лигата.

Објавата доаѓа по гласините дека екипата од Израел се обидува да пронајде нов тренер.


Ламин Јамал: “Меси е најдобриот во историјата, но мојот пат е различен”

Lamine Yamal crowning himself

Ламин Јамал, перспективната млада ѕвезда на шпанскиот фудбал и актуелниот број 10 на Барселона, изрази големо почитување кон Лионел Меси, нарекувајќи го „најдобриот во историјата“ на фудбалот. Сепак, Јамал нагласи дека неговите лични амбиции не се за да го имитира Меси, туку да го гради својот уникатен пат.

Во врска со натпреварот на Финалисимата 2026, во кој ќе се сретнат Шпанија и Аргентина, Јамал за изјави дека го почитува Меси за сѐ што направил за фудбалот: „Ако се сретнеме на теренот, ќе има взаемно почитување. Тој е најдобриот во историјата“, рече Јамал, потврдувајќи го непобитниот статус на Меси во светот на фудбалот.

Иако не може да се избегнат споредбите помеѓу нив, Јамал истакна дека неговата цел е да не го следи Меси, туку да ја гради својата сопствена кариера. „Ниту јас не сакам да бидам Меси, ниту Меси сака да бидам тој… Јас едноставно сакам да го следам мојот пат“, додаде тој. Оваа изјава ја потврдува неговата посветеност на личен развој и сопствениот идентитет во фудбалот.

Љубовта на Јамал за Меси не е нова, бидејќи тој претходно го нарече аргентинскиот мајстор „оригиналниот сопственик“ на Камп Ноу, признавајќи го неговото легендарно наследство, но фокусирајќи се на неговата улога во тимот и својата иднина.

Финалисима, која ќе се одигра во март 2026 година пред почетокот на Светското првенство, ќе претставува не само натпревар меѓу јужноамериканскиот и европскиот шампион, туку и културен судир на генерациите. Ќе се сретнат Меси, кој со својата присутност и влијание продолжува да доминира во светот на фудбалот, и Јамал, кој започнува да ја пишува својата приказна. Со две силни и динамични екипи на теренот, овој натпревар ќе биде многу повеќе од само фудбалски дуел, ќе биде симбол на старт на новата фудбалска ера.


Тамба единствен стрелец, Шкендија го надигра бледиот Работнички

Шкендија со минимални 1-0 го совлада Работнички во Тетово, во последниот меч од 15. коло во Првата лига. Тимот на Јетон Беќири така им се врати на победите, додека составот од „Градски парк“ продолжи со серијата негативни резултати.

Домашните поведоа уште во петтата минута. Трумчи од десно одлично уфрли во казнениот простор, каде што Фабрис Тамба со силен удар откосо ја погоди мрежата на Работнички.

Во 25. минута можеше да следи и втор гол. Бесарт Ибраими го мина голманот Васко Василев, но токму на гол-линијата навреме интервенираше Јасмин Мециновиќ и спречи сигурен погодок. Работнички имаше шанса за израмнување во 40. минута, кога Демир Имери шутираше од десната страна, но голманот Гаје беше сигурен и одбрани во корнер. Шкендија замина на пауза со минимална предност

По паузата, „црвено-црните“ значително паднаа во ритамот, што им овозможи на гостите да тргнат по гол за израмнување.Во 65. минута, Флоријан Кадриу заврши опасен контранапад со удар од работ на шеснаесетникот, но повторно Гаје беше на висина на задачата.

Потоа Имери се закани од слободен удар, но топката заврши во жив ѕид. Во 87. минута Флоријан Кадриу постигна гол, но беше поништен поради офсајд позиција на Далеј во текот на акцијата. Шкендија успеа да ја задржи минималната предност до самиот крај и да ги запише значајните три бода.