feature

Големо реми на македонските фудбалери во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра реми без голови против Белгија во Гент и го задржа првото место после гостувањето кај најголемиот фаворит во групата. Ова е голем бод кој внесува уште поголеми мотиви пред преостанатите два натпревари, против Казахстан во понеделник во Скопје и следниот месец против Велс во Кардиф.

Белгија ја имаше фаворитската улога, селекторот Благоја Милевски одлучи да го препушти комплетно поседот на топката, но затоа изгради цврст бедем пред фантастичниот Столе Димитриевски на голот.

Во 13.минута, дојде првата посериозна закана. Костадинов кусо исфрли со глава, топката дојде Кевин де Брујне кој шутираше, но во последен момент беше изблокиран.

Седум минути подоцна, Де Брујне изведе корнер, ја извлече на 16 метри, а Салемакерс зафати силен волеј, но заврши над голот.

Белгијците извршија нов притисок во 26.минута. Доку беше во можност да го загрози голот на Столе Димитриевски, но во последен момент блокираше Јани Атанасов.

Само пет минути подоцна, Леандро Тросар шутираше со глава, над гредата.

На почетокот на вториот дел, уште поголем притисок на домаќинот. Кевин де Брујне во 53.минута се одлучи на удар од 18 метри со левата нога, но и Столе Димитриевски одлично одбрани.

Следен беше Доку во 61.минута. Доби топка во транзиција од Де Брујне, се ослободи од чуварот пред себе, но повторно се испречи Столе Димитриевски.

Натпреварот влезе во завршница, а Белгијците сѐ уште немаа решение. Сѐ почесто се обидуваа преку Доку, кој создаваше можности за соиграчите од левата страна. Во 77.минута, по додавањето на Доку, Томоти Кастањ не успеа да реализира од непосредна близина.

Пет минути подоцна, Доку повторно мина по левата страна, Опенда шутираше кон голот, но од блокот топката заврши во корнер.

Во 88.минута уште еден силен удар на Опенда од 20 метри, но повторно Столе Димитриевски беше одличен на голот.

Македонија освои голем бод во Гент, но сега веднаш фокусот треба д


САД ги декласираа Италијанците и се пласираа во четвртфиналето на У20 Мундијалот

Репрезентациите на Мароко и на САД како последни успеаја да се пласираат на Светското првенство за фудбалери до 20 години.

Во последните два осминафинални дуела Мароко ја совлада Јужна Кореја со 2:1, додека САД славеше убедлива победа над Италија од 3-0

Според „костурот“ двојките во четвртфиналето се: Шпанија – Колумбија, Мексико – Аргентина, САД – Мароко и Норвешка – Франција.

Полуфиналните дуели се играат на 15.октомври, додека финалето на програмата е на 20.октомври во 01 часот по полноќ по македонско време.


Ракометарките во Битола против Словенија пред полна сала, цените на билетите ептен поволни

Македонската женската ракометна репрезентација на 19 .октомври го игра натпреварот против Словенија од квалификациите за ЕП 2026. Дуелот ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 18:00 часот.
РФМ ја одреди цената за дуелот на ракометарките со Словенија во Битола

Федерацијата објави дека денеска почна продажбата на влезници за натпреварот и тоа online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk). Влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата. Продажната цена на влезниците за натпреварот е 100 денари.

Националниот тим подготовките ги почнува во понеделник 12.октомври, а на 16.октомври (четврток) избраничките на селекторот Кристијан Грчевски ќе играат против Германија на гостински терен.


Њукасл го сака Сорлот од Атлетико Мадрид

Екипата на Њукасл внимателно ги следи настапите на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Александар Сорлот.

Англискиот клуб во зимскиот преоден рок ќе бара нов класичен центарфор за да ја пополни празнината по заминувањето на Александар Исак во Ливерпул.

Медиумите наведуваат дека изборот може да падне на корпулентинот Норвежанец кој добил високи оценки од скаутите на Њукасл.


Евертон и Севиља преговараат за Хуанлу Санчез

Евертон планира во јануари да испрати понуда до десниот бек на Севилја, Хуанлу Санчез, велат последните информации од Островот.

Според проценките, популарните „карамели“ ќе треба да платат повеќе од 20 милиони евра доколку сакаат да дојдат до потписот на Шпанецот.

Тој има 80 настапи, постигнато шест голови и девет асистенции за неговиот клуб.


Димарко добива нов договор во Интер

Челниците на фудбалскиот клуб Интер влегле во преговори за продолжување на договорот со крилниот напаѓач, Федерико Димарко, кој е обврзан на верност до јуни во 2027 година.

Дефанзивецот е во одлична форма од почетокот на сезоната постигнувајќи два гола и обезбедувајќи три асистенции во шест натпревари во Серија А.

Се очекува новиот договор на Димарко да биде до 2029 или 2030 година и да има далеку подобра финансиска рамка од сегашниот.


Челси влегува во трката со Дортмунд и Баерн за бундеслигашки бисер

Челси наводно се приклучи во трката за потписот на Саид Ел Мала, младиот крилен напаѓач на Келн, кој оваа сезона блесна во Бундеслигата. Покрај лондонскиот клуб, за 19-годишниот талент се заинтересирани и германските гиганти Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. 

Ел Мала се истакна со брзина, техника и способност да создава шанси, привлекувајќи внимание ширум Европа. За кратко време стана еден од најветувачките млади играчи во лигата. 

Келн е подготвен да преговара за негова продажба, но само доколку пристигне сериозна понуда. Поранешна понуда од 20 милиони евра од Брајтон беше одбиена, бидејќи клубот очекува далеку повисока сума за својот бисер. 

Интересот од Челси внесува дополнителна тежина во оваа трансфер приказна, клубот го гледа Ел Мала како долгорочна инвестиција со огромен потенцијал. 

Од друга страна, Баерн и Дортмунд го гледаат како играч кој може да помогне во одржување на домашната доминација и засилување на европските амбиции. Како што се зголемува интересот, трката за Ел Мала ветува да биде една од најинтересните трансфер саги во наредниот преоден рок. 


Баерн заинтереисран за Мурило од Форест

Баерн Минхен наводно подготвува неочекуван трансфер ова лето, насочен кон дефанзивецот на Нотингам Форест – Мурило. Германскиот гигант веќе започна со плановите за следната сезона и сака да го засили одбранбениот ред во обид да остане конкурентен и дома и во Европа. 

Според извори блиски до клубот, Баерн го гледа 23-годишниот Бразилец како идеално засилување кое ќе му даде рамнотежа на тимот. Неговото искуство од Премиер Лигата може да биде клучно, особено во натпревари со висок интензитет. 

Со Кејн како предводник во нападот, клубот сака да изгради тим што ќе биде конкурентен на сите нивоа – а Мурило може да биде важна алатка во одбраната. 


Дани Олмо исклучен од шпанската репрезентација поради повреда

Дани Олмо беше принуден предвреме да го напушти подготовките со репрезентацијата на Шпанија, откако почувствува болка за време на тренинг. Играчот на Барселона изгледаше заморено, и стручниот штаб реши да го прекине неговото учество како претпазливост. 

Медицинските прегледи потврдија мускулна повреда на листот, проблем кој Олмо го влечел и пред да се приклучи на репрезентацијата. Тоа значи дека ќе ги пропушти престојните квалификациски натпревари против Грузија и Бугарија. 

Олмо се враќа во Барселона на дополнителни тестови и ќе започне со рехабилитација под надзор на клупскиот медицински тим. Ова е дополнителен удар за каталонскиот клуб, кој веќе се соочува со сериозни проблеми со повреди. 


Ерлин Халанд играч на месецот во Премиер Лигата за септември

Ерлинг Халанд е прогласен за Играч на месецот во Премиер Лигата за септември 2025 година, откако постигна 5 голови и 1 асистенција во текот на месецот. 

Напаѓачот на Манчестер Сити повторно беше клучен за успехот на својот тим, играјќи пресудна улога во клучни моменти и демонстрирајќи моќна форма и ефикасност пред голот. 

Ова е четврта ваква награда за Халанд откако се пресели во Англија, со што се изедначи со легенди на лигата како Тјери Анри, Френк Лампард, Алан Ширер, Денис Бергкамп и други што ја имаат освоено истата бројка на признанија.