feature

Ерик Сполстра e нов селектор на САД

Тренерот на Мајами Хит, Ерик Сполстра, е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави.

Сполстрај го наследи Стив Кер на клупата на националниот тим, а целта е злато на Светското првенство во 2027 година и Олимписките игри една година подоцна во Лос Анџелес.

Откако беше главен асистент на Кер за време на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што Американците го освоија златниот медал, Сполстра сега е именуван за главен тренер за следниот циклус.

Сполстра, кој целата своја НБА кариера ја помина во Мајами, со кого освои две шампионски титули (2012 и 2013 година), се смета за еден од најпочитуваните тренери во лигата.

Неговото искуство, тактичка зрелост и работа со суперѕвезди како Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Џими Батлер го прават логичен избор за национална репрезентација која секогаш се стреми кон златниот медал.

Стив Кер ја предводеше репрезентацијата на САД на Светското првенство во 2023 година кога ја освоија четвртата позиција и на Олимписките игри во 2024 година, но тој го објави своето пензионирање уште порано. Изборот падна на човек кој веќе е дел од системот, што значи континуитет и јасна визија за иднината.

Следните Олимписки игри ќе се одржат во САД, што дополнително ги зголемува очекувањата и притисокот.


Пожар во вилата на Винициус во Мадрид

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, имаше неочекуван проблем, бидејќи избувнал пожар во неговата вила во елитната населба „Ла Моралеха“.

Според шпанските медиуми, Винисиус Жуниор не бил дома во моментот на пожарот и, што е најважно, нема повредени.

Се наведува дека истрагата покажала дека причина за пожарот е дефект во електричните инсталации.

Пожарот избувнал во сауната во подрумот, а потоа се проширил на остатокот од куќата. Пожарникарите брзо го изгаснале пожарот, а штетата била ограничена на сауната и областите погодени од чад.

Винисиус Жуниор моментално е со бразилската репрезентација и се подготвува за пријателски натпревари против Јужна Кореја и Јапонија.

Натпреварот против Јужна Кореја е закажан за 10 октомври во 13:00 часот, додека натпреварот против Јапонија е закажан за 14 октомври во 12:30 часот.

Винисиус Жуниор беше во центарот на вниманието оваа сезона бидејќи беше резерва на Реал Мадрид во неколку наврати по доаѓањето на Чаби Алонсо, за што понекогаш жестоко протестираше.


Познати деветнаесет учесници на следниот Мундијал

Египет го победи Џибути со 3-0 во вчерашниот квалификациски натпревар за Светското првенство во 2026 година, обезбедувајќи го првото место во Групата А.

Со ова се потврдени 19 од 48-те екипи што ќе учествуваат на Мундијалот.

На СП 2026 досега пласман изборија: САД, Мексико, Канада, Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Узбекистан, Аргентина, Бразил, Еквадор, Нов Зеланд, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис и Египет.

Светското првенство ќе се одржи во 2026 година во Канада, САД и Мексико. Четириесет и осум екипи ќе учествуваат на турнирот за прв пат.


Јанис Сферопулос сменет, Црвена Звезда ќе добие нов тренер

Црвена Ѕвезда и грчкиот стратег Јанис Сферопулос се разделија по заедничка одлука на двете страни, соопшти клубот преку официјално соопштение.

Одлуката е донесена по состанокот на претседателот на клубот Жељко Дрчелиќ, генералниот спортски менаџер Милан Томиќ, менаџментот и досегашниот тренер Сферопулос, а како што се наведува, таа е направена во најдобар интерес на клубот во овој момент.

Сферопулос го презеде водството на “црвено-белите” на 21 октомври 2023 година и во текот на две години на клупата освои вкупно четири трофеи – титулата во АБА лигата, две Куп натпреварувања “Радивоје Кораќ” и првенството на Србија. Под негово водство, тимот минатата сезона стигна и до плеј-ин фазата на Евролигата.

Црвена Ѕвезда се заблагодари и на неговиот помошник, Василис Гераготелис, за ангажманот и придонесот во работата на клубот во изминатиот период.


Јанис заминува од Милвоки

Јанис Антетокумпо е легенда на Милвоки Бакс и, заедно со Карим Абдул-Џабар (Лу Алсиндор), оставија најдлабок белег во историјата на овој клуб.

Токму двајцата ги донесоа единствените две шампионски титули. Јанис беше МВп на финалната серија против Феникс во 2021 година.

Со денови се зборува дека Јанис би можел наскоро да замине, и дека бил многу блиску до преселба во Њујорк Никс ова лето.

„Веќе многу пати кажав, сакам да бидам во ситуација каде што можам да победувам и да освојувам титули и сега сум тука. Верувам во овој тим, верувам во моите соиграчи. Тука сум за да бидам лидер на тимот, да видиме до каде можеме да стигнеме и сигурно нема да ни биде лесно. Сега, за шест или седум месеци, можам да се предомислам. И јас сум човек. Дозволено ми е да носам свои одлуки, но сега сум целосно фокусиран и посветен на овој тим“, рече Адетокумбо.


Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

Стриминг услугата Нетфликс планира да се натпреварува за глобалните права за емитување на натпреварите од Лигата на шампионите.

Според „Тајмс“, Нетфликс е заинтересиран да ги купи правата за емитување на еден натпревар од Лигата на шампионите.

УЕФА очекува да заработи приближно 4,3 милијарди евра годишно од продажба на права по следниот договор. Претходно беше објавено дека организаторите на Суперлигата предложиле нов формат на Лигата на шампионите до УЕФА.


Муслиу: Ќе се бориме за секоја топка, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија

Репрезентацијата на Македонија утревечер ќе се соочи со Белгија во Гент, во еден од најголемите предизвици во квалификациите за СП 2026.

Одбраната ќе биде под посебен притисок, но Висар Муслиу е подготвен за предизвикот.

“Го нема Лукаку, но во Белгија има голем број квалитетни напаѓачи, и сигурно нема да биде лесно. Ќе дадеме се од себе, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија. Со максимална посветеност и концентрација, со борба за секоја топка, веруваме дека можеме да ја реализираме нашата цел”, изјави дефанзивецот Висар Муслиу.


Милевски: Горд сум на тоа што досега го направивме. Ќе се бориме за успех и на утрешниот меч

Репрезентацијата на Македонија утревечер во Гент ќе игра против најголемиот фаворит во групата, селекцијата на Белгија. Нашиот национален тим дојде во Белгија како првопласирана селекција во групата, на што селекторот Благоја Милевски е посебно горд.

Тој верува дека и утре неговите избраници ќе го дадат најдоброто од себе.

“Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата што ни е потребна за да се движиме напред. Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме и не очекуваат решавачки натпревари. Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија”, изјави селекторот Милевски на прес-конференцијата.


Ѓоковиќ се избори за десетто полуфинале во Пекинг

Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Мастерсот во Шангај. На задоволство на кинеската публика, Ѓоковиќ во четвртфиналето, за еден час и 50 минути, го победи Белгиецот Зизу Бергс со 6-3, 7-5.

Ѓоковиќ го подобри рекордот поставен во вторникот, стана највозрасниот полуфиналист во историјата на тутнирите од Мастерс серијата. Десетти пат во кариерата ќе игра полуфинале во Шангај, вкупно на турнирите од Мастерс серијата во сабота 80-ти пат ќе игра во полуфиналето.

Освојувачот на 24 Грен слем титули, се до финишот на мечот немаше проблеми со талентираниот Берг. Лесно го доби првиот сет, откако направи брејк во петтиот гем. Можеше во првиот сет да одигра и гем помалку, но во осмиот гем не искористи пет сет топки на сервис на противникот.

Во вториот сет, тенисерите беа сигурни кога сервираа се до деветтиот брејк, кога Ѓоковиќ го брејкна Бергс, но во наредниот гем, кога Србинот сервираше за победа, Белгиецот возврати.

Нов брејк напраби Ѓоковиќ во 11-от гем, потоа кога сервираше не искористи две меч топки, Берг дојде до брејк шанса, но со три неизнудени грешки му го подари гемот, а со тоа и победата на Ѓоковиќ.

Интересно, Ѓоковиќ со само 11 директни поени дојде до победата, му помогнаа 40-те неизнудени грешки на Бергс.

Противник на Жоковиќ во полуфиналето ќе му биде најголемото изненадување на турнирот, 211- от на АТП листата, Валентин Вашеро.


Тухел: Англија на Мундијалот е само аутсајдер

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, изјави дека неговиот тим ќе биде аутсајдер на Светското првенство следното лето и дека нема шанси за успех ако тимот не се обедини.

Репрезентацијата на Англија играше во две последователни финалиња на Европските првенства, но не стигнаа до финалето на светските првенства од 1966 година, кога ја освоија својата единствена голема титула во историјата.

Англија ќе се квалификува за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ако ја победи Латвија во Рига во вторник, а Србија не успее да ги победи Албанија или Андора во нивните претстојни натпревари. А ако тоа не се случи, Англичаните ќе го заверат својот билет за Светското првенство во ноември.

„Ќе дојдеме на Светското првенство како аутсајдери бидејќи не сме го освоиле со децении и ќе играме против тимови кои го освоиле во неколку наврати во тој период, па затоа мора да одиме таму како тим, во спротивно немаме шанси“, рече Тухел, објави „Скај Спортс“.

Зборувајќи за составот, Тухел рече дека се обидува да избере играчи кои можат да го обединат тимот, тимот да биде тим, бидејќи на Англија ѝ е потребен најдобриот тим на Светското првенство.

Тухел ја презеде репрезентацијата во јануари и победи на пет од шест натпревари откако тимот беше поразен во пријателски натпревар од Сенегал.