Инфантино ги осуди расистичките испади на фудбалските терени
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2024/01/infantino-1-1024x692.jpg)
По вчерашните расистички навреди упатени кон играчите во Италија и Англија, првиот човек на ФИФА, Џани Инфатино, излезе со револуционерен предлог за санкционирање.
„Покрај процесот во три чекори кој вклучува опомена, времен прекин и напуштање на теренот, треба да воведеме и автоматска дисквалификација и одземање на бодови на тимот чии навивачи покажаа расизам. Треба да има и глобални забрани и кривични пријави против сите расисти. Настаните што се случија во Удине и Шефилд во саботата се одвратни и целосно неприфатливи. Играчите погодени од саботните настани ја имаат мојата безрезервна поддршка“, напиша Инфантино на профилот на социјалната мрежа „Икс“.