feature

Милитао започна со тренинзи по долгата пауза заради повреда

Едер Милитао е блиску до враќање по повредата на коленото. Дефанзивецот на Реал Мадрид ги скина вкрстените лигаменти на натпреварот против Осасуна (4-0) на 9 ноември 2024 година.

Како што објави „АС“, закрепнувањето на Милитао оди добро – во март тој продолжи со тренинзите со топката и веќе е во можност да изведува интензивни вежби. Се очекува Бразилецот наскоро да почне да тренира скратено со главната група на Реал Мадрид, а неговото конечно враќање се очекува до крајот на мај.

Се забележува дека Милитао веројатно нема да игра за Реал Мадрид оваа сезона во Ла Лига , но сè укажува дека Бразилецот ќе биде подготвен за Светското клупско првенство, кое ќе се одржи во САД во јуни-јули.

Да потсетиме дека покрај Милитао, Реал Мадрид има уште четворица повредени дефанзивци од својот главен состав: Даниел Карвахал, Антонио Рудигер, Ферланд Менди и Давид Алаба.


Брентфорд ги расипа плановите на Нотингем Форест

Фудбалерите на Брентфорд го победија Нотингем Форест со 2-0 на гостински терен во 34. коло од Премиер лигата.

Со овој натпревар беше комплетирано 34-то коло од елитното ниво на фудбал на островот, а Брентфорд им направи огромна услуга на Њукасл, Сити и Челзи.

Овие три екипи сега се на последните три места што водат кон Лигата на шампионите следната сезона, додека Форест е шести, што е доволно само за Лигата на Европа.

Гостите поведоа во 44-тата минута преку Шаде, а предноста беше удвоена во 70-тата минута преку Виза.

На Висa му асистираше голманот Флекен, што беше деветта асистенција на голман оваа сезона во Премиер лигата, што е нов рекорд. Тоа беше втора асистенција за искусниот холандски голман, а пред него е само Едерсон со неверојатни четири.


Олимпијакос го освои Мадрид и се чекира за Ф4

Олимпијакос, тимот со најдобра резулта во регуларниот дел од сезоната во Евролигата, обезбеди пласман на завршниот турнир во Абу Даби. Грчкиот тим ја доби серијата против Реал со 3-1. Вечерва во драматичен натпревар, Олимпијакос победи во Мадрид со 86-84.

Во полуфиналето на завршниот турнир, Олимпијакос ќе игра со победникот од серијата меѓу Барселона и Монако. Четвртиот меч се игра во петок во Барселона, Монако има водство во серијата 2-1.


Даниел е кошаркар со најголем напредок во НБА лигата

Дајсон Даниелс од Атланта е играч со најголем напредок (MИП) во НБА. Кошаркарот на Хокс доби најмногу гласови од новинарите кои ја следат најсилната кошаркарска лига во светот.

Секој од гласачите му дава на еден играч прво, второ и трето место, односни 5, 3 и 1 поен.

Даниелс победи со 332 поени, од кои 44 гласачи му дадоа максимален број поени. Втор беше Хрватот Ивица Зубац од Лос Анџелес Клиперс со 186 поени и 23 први места. Кејд Канингем од Детроит Пистонс е трет.

Даниелс ја доби наградата за учинок во својата трета сезона во НБА и првата во Атланта. Сезоната ја заврши со просек од 14,1 поен, 5,9 скока, 4,4 асистенции и три украдени топки по натпревар.

Во споредба со минатата сезона, бројот на поени го зголемил за 8,3, скоковите за два, асистенциите за 1,7 и украдените топки за 1,62 по натпревар. Тој беше водечкиот „крадец на топки“, во НБА.

Покрај тоа што ја освои наградата за играч со најголем напредок оваа сезона во НБА, Даниелс беше второпласиран во изборот за најдобар дефанзивен играч во лигата.

Сепак, многу експерти веруваат дека Ивица Зубац, кој ја одигра најдобрата сезона во кариерата е оштетен. За Клиперси, тој бележеше 16,8 поени, 12,6 скока, 2,7 асистенции со 62,8 проценти реализација од поле.


Аморим: Освојување на Лига Европа нема да ги реши сите проблеми

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека евентуалното освојување на Лига Европа само ќе му обезбеди место на тимот во Лигата на шампионите следната сезона, но тоа нема да биде доволно за да ја направи тековната сезона успешна.

Јунајтед се среќава со Атлетик Билбао во полуфиналето на второто најсилно европско натпреварување, откако го елиминираше Лион во натпревар за паметење.

Сепак, Аморим е свесен дека освојувањето на Лигата на Европа само би ги маскирало проблемите на Јунајтед.

„Сите знаат дека би било голема работа за нас ако го освоиме трофејот. Тоа би ни обезбедило играње во Лигата на шампионите следната сезона и би можело да промени многу работи, но засега тоа не е најважното нешто. Би имало повеќе пари за трошење, но прво мора да решиме некои други проблеми“, рече Аморим.

Тој исто така спомена кои работи би требало да се променат ако сакаат да го подигнат клубот на повисоко ниво.

„Мораме да го промениме ставот на нашите навивачи со добри одлуки, подобро регрутирање и работа во академијата. Исто така, треба да бидеме поконзистентни. Лига Европа засега е само пократок пат до Лигата на шампионите, за која прво мора добро да се подготвиме“, рече Аморим.

На четири кола до крајот, Јунајтед е на 14-то место во Премиер лигата со само 39 освоени бода.


Ѓорческа со победа го започна турнирот во Грузија

Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ фјучерсот во Лопота (Грузија) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа која ја има улогата на четврта носителка во првото коло се соочи со домашната претставничка Зозија Кардава, тенисерка која дојде до главниот ждреб со вајлд карта.

Лина ја оправа фаворитската улога и тоа со победа во два сета и тоа прва „рунда“ во која противничката даде силен отпор кој беше скршен во 12 гејма (7-5) за да потоа биде многу полесно за Македонката која со 6-2 го потврди триумфот и местото во наредната фаза.

За место во четвртфиналето ќе се бори со Анастасија Тихонова која во моментов е на 346 место на ВТА листата.


Кенан Јилдиз казнет два натпревари, нема да игра со Болоња и Лацио

Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз, беше суспендиран на два натпревари и казнет со 10.000 евра откако удри со лакт играч на Монца во последниот натпревар од Серија А.

„Кенан Јилдиз е суспендиран на два натпревари и казнет со 10.000 евра откако удри со лакт противнички играч додека не беше блиску до топката“, објавија официјалните лица на италијанската Серија А.

19-годишниот турски репрезентативец беше исклучен во судиското продолжение од првото полувреме во неделата поради старт врз гостинскиот играч Алесандро Бјанко.

Во тој дуел, Јувентус беше подобар со резултат од 2-0.

Јилдиз постигна шест гола за Јувентус оваа сезона, а сега ќе мора да пропушти два важни дуели во борбата за место во Лигата на шампионите.

На четири кола до крајот, Јувентус е на четвртата позиција што води во Лигата на шампионите, но има само еден бод повеќе од петтопласираната Болоња, два повеќе од римските клубови Рома и Лацио и три бода повеќе од осмопласираната Фиорентина.

Во следните две кола од Серија А, Јувентус ќе ги гостува кај директните ривали во борбата за Лигата на шампионите, Болоња и Лацио.


Симоне Инзаги: Тројца дефанзивци мораа да го бранат Ламин Јамал

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, на прес конференцијата по ремито со Барселона 3-3, го пофали настапот на Ламин Јамал.

Јамал постигна гол и двапати ја погоди гредата.

„Не сум видел играч како Јамал во последните осум или девет години. Моравме да ставиме тројца играчи до него, што отвори простор во другите делови од теренот. После тоа, неговото ниво малку падна“, рече Инзаги.

„Стратегијата на Барселона е ризична, но се исплати. Тие постигнаа повеќе од 150 гола, освоија два трофеи и сè уште се борат за два. Нашата изведба беше на многу високо ниво“, дополни тренерот на Интер.

Реваншот е закажан за вторник во Милано.


Тен Хаг кандидат за тренер на Баер Леверкузен

Баер од Леверкузен полека бара тренер за иднината, бидејќи е извесно дека Чаби Алонсо ќе ја напушти Германија по завршувањето на сезоната.

Кога станува збор за наследниците, Баер бара име кое ќе седне на клупата наместо Чаби Алонсо и на самиот врв на листата на Сајмон Ролфс се наоѓа Ерик тен Хаг.

Поранешниот стратег на Манчестер Јунајтед е без работа од октомври и оттогаш често се поврзуваше со Рома.


Лејкерси сакаат да го купат и братот на Џуд Белингам

Џуд Белингам е еден од најдобрите фудбалери на светот. Одличниот офанзивен играч за врска според Трансфермаркт вреди 180 милиони евра, а со Реал минатата сезона ја освои Ла Лига и Лигата на шампиони. За мадридскиот клуб досега има 90 настапи, 36 голови и 26 асистенции, а за Англија во 42 настапи постигнал шест голови.

Според пишувањето на шпанска Марка, Џуд наскоро можеби нема да биде единствениот Белингам во Реал. Кралскиот клуб од Мадрид сака да го донесе неговиот 19-годишен брат Џоб, играч за врска кој игра за Сандерленд во Чемпионшип, втората лига на англискиот фудбал која многумина ја сметаат за најтешка во светот.

Џоб Белингам оваа сезона има три гола и четири асистенции во 39 лигашки настапи за Сандерленд. Значајно е дека во април официјално беше прогласен за најдобар млад играч во оваа предизвикувачка лига, а близу до тоа беше и минатата сезона кога постигна седум голови.