feature

Винициус добива нов договор и подобри услови во Реал

Винициус Јуниор и оваа сезона игра во фантастична форма во дресот
на Реал Мадрид и се промовираше во еден од најдобрите млади
фудбалери во светот.
Тој има договор со Реал до јуни 2027 година, но клубот сака да го
награди за добрите партии и да му понуди подобар договор. Иако
Бразилецот неодамна го продолжи договорот со „кралевите“, сепак со
доаѓањето на Мбапе може да се доздаде незадоволство бидејќи
Французинот ќе добива далеку повисока плата.
Поради тоа Реал наскоро ќе започне преговори за продолжување на
договорот до 2029 година со значително повисока плата.
Притоа, во договорот ќе има богат бонус доколку Винициус ја добие
„Златната топка“ оваа година.


Даглас Луиз на радарот а два премиерлигашки гиганти

Европските гиганти покажуваат силен интерес за играчот на Астон
Вила и бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз.
Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, неодамна
го продолжи договорот, но е спремен да ја промени средината. Тој
игра фантастична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите
играчи за врска во Премиер лигата.
Неколку европски гиганти го сакаат Бразилецот, но главната битка за
неговиот потпис ќе ја водат Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Астон Вила прави се за да го задржи, па нема да прифаќа понуди
пониски од 80 милиони евра.


Робинсон го чека пауза од два месеци

Кошаркарот на Њујорк, Мичел Робинсон, имаше успешна операција на глуждот. Тој ќе мора да паузира најмалку 6 до 8 недели.

Центарот на Никси и претходно имаше таков проблем и пропушти 50 натпревари пред да се врати на терените кон крајот на март.

За време на првото коло од плеј-офот со Филаделфија, проблемите продолжија по што лекарите решија дека мора да оди на операција


Капело: Де Зерби не е тренер за Милан

Фабио Капело се осврна на информацијата дека Роберто Де Зерби може да го преземе кормилото на Милан.

„За него многу се зборува како еден од најдобрите тренери бидејќи Гвардиола го поддржува. Што освои во кариерата? Досега никој не му испрати понуда а во неговиот договор со Брајтон има клаузула од 15 милиони. Тоа премногу е да се плати“, вели Капело.


Ширер: Ова е најлошиот Јунајтед кој некогаш сум го видел

Легендарниот напаѓач, Алан Ширер, упати критики за „црвените ѓаволи“ кои имаат разочарувачка сезона.

„Мислам дека ова е најлошиот тим на Манчестер Јунајтед што сум го видел во мојот живот. Ќе им треба долго време да се приближат до врвот. Дури и да се опорават сите играчи, ќе им треба многу време да го достигнат нивото на Сити, Ливерпул и Арсенал“, нагласи Ширер.


Адарабиојо од Фулам доаѓа во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за услугите на Тосин
Адарабиојо од Фулам, кој има договор до крајот на сезоната.
Манчестер Јунајтед има големи проблеми во одбраната оваа сезона и
приоритет на лето ќе биде доведување на врвен дефанзивец.
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи ја победил
конкуренцијата за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој има
договор до крајот на сезоната.

Се очекува на лето од Олд Трафорд да си заминат Варан и Линделоф,
па Јунајтед ќе доведе уште еден дефанзивец покрај Адарабиојо.


Харгрејвс предложи два приоритети за преодниот рок на Челзи

Челзи влезе во добар ритам во финишот на оваа сезона и е на добар
пат да обезбеди место во европските купови во наредната сезона.
Секако желбата, целта на „сините“ за актуелнава кампања беа да
бидат конкурентни за самиот врв, меѓутоа тоа не се случи, реализира,
но овие последни резултати како и учинокот во Лига и ФА Купот
може да биде основа за натпреварувачката 2024/2025.
Според поранешниот англиски репрезентативец, Овен Харгрејвс
„сините“ не треба да прават нова револуција кога се во прашање
трансферите во летниот преоден рок, односно најважно е да најдат
квалитетен голман и екстра напаѓач.
„Веројатно се воодушевени што се враќа Рис Џејмс. Тој е толку
талентиран играч, веројатно би можел да биде еден од најдобрите
десни бекови во светот, но мора да најдат начин да го одржат во
форма, да биде фит.
Мислам дека ако можат да најдат центарфор на лето, да ја средат
голманската позиција, тие имаат неколку неверојатни млади таленти
таму, би било навистина интересно да се види што ќе направи Челси
следната сезона, бидејќи искрено не знам како ќе играат.
Не трошете пари – само донесете голман, земете напаѓач. Најдете
неколку лидери во групата, тие речиси сите се на иста возраст, во ист
момент во нивната кариера, мислам дека тоа не е добра работа.
Мислам дека кога сте тим, сте млади и се мачите, ви требаат примери.
Ви требаат лидери и мислам дека го немаат тоа надвор од Тиаго
Силва. Во моментов тие се во одлична форма, тоа е добро, но мислам
дека би можеле да имаат уште една незгодна сезона ако не се осврнат
на клучните позиции“, порача Харгрејвс.


Германеџот Вирц е трансфер желбата на Реал Мадрид во 2025 година

Флоријан Вирц е еден од најдобрите играчи во Европа оваа сезона.
Офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен зад своето име има
18 гола и 19 асистенции на 46 настапи, а според „Трансфермаркт“
вреди 110 милиони евра.
Вирц со години е еден од најголемите германски таленти, а оваа
сезона експлодираше под водство на Чаби Алонсо. Вирц и Баер се
непоразени оваа сезона и ја освоија Бундеслигата. На Баер му
остануваат уште финалињата во Лига Европа и домашниот куп.
Следната сезона Вирц најверојатно ќе игра за Баер и покрај бројните
понуди од најголемите европски клубови. Реал Мадрид и Манчестер
Сити се во првиот ред, но Германецот има план да остане летово.
„Марка“ пишува дека негово заминување може да очекуваме во 2025
година и дека Реал веќе работи на тој трансфер, исто како и на
трансферите на Џуд Белингем и Килијан Мбапе.
Мбапе ќе му се приклучи на Реал ова лето откако ќе му истече
договорот со ПСЖ, додека Виртц треба да пристигне во мадридскиот
клуб една година подоцна. Реал ќе мора скапо да го плати Вирц
бидејќи неговиот договор со германскиот клуб е до 30 јуни 2027
година. „Марка“ тврди дека тоа ќе биде тешка операција, но Реал е
решен да го обезбеди потписот на брилијантниот играч од средниот
ред.


Еди Таварес ќе потпише нов договор со Реал Мадрид

Според Рамон Алварез де Мон, новинар добро упатен во случувањата
во „кралскиот клуб“, Таварез и Реал се договориле за тригодишно продолжување на соработката.
Тавареш е во Реал од 2017 година, претходно играше за Гран Канарија
од 2009 до 2015 година, додека во НБА одигра 13 натпревари.
Оваа сезона Тавареш има просек од 9,6 поени, 6,6 скока, 1,5
асистенции и 1,5 блокади.
Реал беше прв во регуларниот дел од сезоната во Евролигата, во
четвртфиналето ја исфрли Басконија со 3-0, а на фајналфорот во
Берлин (24-26 мај) ќе гледаме реприза на ланското финале со
Олимпијакос.


Чус Матео е тренер на сезоната во Евролигата

Шпанскиот стратег и тренер на Реал Мадрид, Чус Матео е избран за
најдобар тренер во Евролигата.
Признанието кое го носи името „Александар Гомељски“ заслужено
оди во неговите раце, ако се знае дека Реал беше најдобриот тим во
основниот дел од сезоната на Евролигата со учинок од 27/7.
Во плеј-офот со 3-0 ја елиминирааше Басконија и така обезбеди
пласман на завршниот турнир.
„Кралевите“ во Берлин на крајот од месецот ќе ја бранат титулата која минатата година ја освоија во Каунас.
Со изборот Матео стана трет шпански тренер кој ја освоил оваа
награда. Пред него истата ја освојуваа Чави Пасквал и Пабло Ласо. Во
претходните две сезони добитник беше Јоргос Бароцкас.