feature

Килијан Мбапе – Победник на Европската Златна Копачка

Килијан Мбапе ја освои Европската Златна Копачка за сезоната 2024/25, постигнувајќи 31 гол во Ла Лига за Реал Мадрид. Освојувањето на Европската Златна Копачка дополнително го зацврсти статусот на Килијан Мбапе како еден од најдобрите играчи во својата генерација.

Мбапе го освои првото место со 62 поени, пред Виктор Ѓокерес од Спортинг Лисабон со 58,5 поени и Мохамед Салах од Ливерпул со 56 поени. Ѓокерес постигна 39 голови во португалската лига, но поради понискиот коефициент на бодови, не успеа да го надмине Мбапе. Салах, кој имаше шанса да го достигне Мбапе со хет-трик во последниот натпревар, постигна само еден гол во ремито против Кристал Палас.  

Мбапе стана првиот играч од 2007 година кој ја освои Златната Копачка во својата дебитантска сезона во Ла Лига. Со 42 гола во сите натпреварувања ја надмина и дебитантската сезона на Кристиано Роналдо во клубот. 

Фудбалски аналитичари и фанови го гледаат ова како пресвртна точка во неговата трансформација од ѕвезда во фудбалска легенда. Аналитичарот на „ESPN“, Жулиен Лоранс, изјави: „Да ја освоиш Златната Копачка во првата сезона во Шпанија, играјќи под притисок како главна ѕвезда на Реал Мадрид – тоа го дефинира наследството.“ 


Тен Хаг именуван за нов тренер на Баер Леверкузен

Прес-службата на Баер Леверкузен го објави назначувањето на холандскиот стручњак Ерик тен Хаг на позицијата главен тренер на тимот. Договорот важи до 2027 година.

Последната работна позиција на 55-годишниот специјалист беше во Манчестер Јунајтед. Ерик Тен Хег беше на чело на „Црвените ѓаволи“ од летото 2022 до октомври 2024 година. Под негово водство, Манчестер Јунајтед го освоија ФА Купот и Англискиот Лига Куп. Вкупно, под негово водство, Манчестер Јунајтед одигра 128 натпревари во сите натпреварувања.

Претходно, Баер Леверкузен го водеше Шпанецот Чаби Алонсо, кој ги предводеше „фармацевтите“ до титулата во Бундеслигата во сезоната 2023/2024. Алонсо својот следен предизвик ќе го има на клупата на Реал Мадрид.


Палмарсон објави ракометна пензија

Арон Палмарсон одлучи да ја заврши својата кариера. Легендарниот Исланѓанец верува дека повеќе не може да игра на највисоко ниво и дека е време да се пензионира.

Палмарсон моментално е играч на Веспрем, каде што го завршува својот втор договор, а првпат играше во периодот од 2015 до 2017 година.

Малкумина очекуваа дека Палмарсон ќе се пензионира оваа година бидејќи потпиша договор со овој тим до летото 2026 година. Клубот го прифати неговото барање, сето тоа затоа што веруваат дека тој не се чувствува подготвен и не може да му помогне на тимот.

Во неговите два мандата со Веспрем, Палмарсон освои две титули во Унгарија и двапати стигна до Фајналфорот на Лигата на шампионите.

Како играч за Барселона и Кил (двапати), тој беше европски шампион, а за Исланд одигра 148 натпревари и постигна 576 гола.


Младинците на Мулти Есенс шампиони на Македонија

Ракометарите Еурофарм Пелистер се вицешампиони на Македонија во младинска конкуренција. Во финалната средба од завршниот турнир во Бутел, Мулти Есенс го совлада битолскиот тим со 22-32 (8-17).

Екипата на Фарук Мемиќ и Кире Митревски настапи без повредениот Самоил Ристевски и без најдобриот ракометар Алем Хаџиќ, кој не настапи заради правилото странски ракометари да не настапуваат во младинските категории во домашните натпреварувања.

Во натпреварот за третото место Бутел славеше над Алкалоид со 37-30.

Еурофарм Пелистер следниот месец го чека завршниот турнир на Лигата на шампионите и полуфиналето во Дормаген против ГОГ Гудме.


Чаби Алонсо официјално претставен во Мадрид

Официјално започна ерата на Чаби Алонсо во најславниот светски клуб, Реал Мадрид. Алонсо, претходните две сезони ги мина во Баер Леверкузен, кормилото во „кралскиот клуб“ го презеде од Карло Анчелоти кој во иднина ќе биде селектор на Бразил.

Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, на денешната презентација изјави дека неговата врска со клубот никогаш не престанала да постои.

Алонсо денес во просториите на клубот потпиша тригодишен договор со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Тој му се заблагодари на Перез за довербата и додаде дека чувствува дека ова е почеток на нова ера за клубот.

„Ова е многу посебен ден за мене. Ден што ќе го забележам во мојот календар до крајот на животот. Многу сум среќен што сум тука, каде што се чувствувам како дома. Врската со Реал Мадрид никогаш не престанала да постои, а откако влегов клупскиот центар добив чувствот како повотрно да сум се родил“, рече Алонсо.

Алонсо изјави дека Реал Мадрид има одличен тим, кој има добар потенцијал и светла иднина


Парична награда за младинската екипа на Еурофарм Пелистер од Министерството за спорт

Министерството за спорт донесе одлука да ги награди ракометарите на Еурофарм Пелистер, младинска екипа, со парична награда од 1,5 милиони денари за пласманот на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн.

Еурофарм Пелистер го освои првото место на турнирот во Букурешт пред неполни два месеци и ќе се бори за европската титула со ГОГ Гудме, Барселона и Веспрем. Во полуфиналето на 14 јуни во 09:00 часот во Дормаген, Еурофарм Пелистер ќе се сретне со ГОГ Гудме.

Клубот се заблагодарува на наградата и ветува дека достојно ќе ја претставува Битола и Македонија на „фајнал-фор“ турнирот следниот месец.


Алкалоид ќе ги рефундира средствата на гледачите од мечот со АЕК

Алкалоид денеска излезе со соопштение за навивачите кои синоќа дојдоа на мечот со АЕК кој не се одигра во СЦ Борис Трајковски откако гостите одлучија да не излезат на теренот.

–Вашите билети купени онлајн ќе бидат рефундирани во период од 15 работни дена. Средствата ќе ги добиете директно на вашата сметка преку која сте ги купиле билетите. Билетите што се купени од продажно место ќе можат да бидат рефундирани од местото на купување со приложување на соодветната фискална сметка и на билетот.

–Уште еднаш ви се заблагодаруваме за континуираната поддршка и трпение. Се надеваме дека заедно ќе славиме нови успеси во иднина, – се вели во соопштението на Алкалоид.


Олд Трафорд новиот дом на Матеус Куња

Манчестер Јунајтед постигна договор за потписот на бразилскиот напаѓач Матеус Куња од Вулверхамтон со петгодишен договор. Според Фабрицио Романо, трансферот изнесува околу 62,5 милиони фунти, што одговара на клаузулата за откуп во неговиот договор. Овој значаен трансфер ја покажува посветеноста на Јунајтед да го засили нападот пред новата сезона, а Куња ќе го носи  дресот со број 10, кој претходно му припаѓаше на Маркус Рашфорд. 


25-годишниот бразилец, е версатилен офанзивец кој може да игра како централен напаѓач или на крилна позиција. Познат по својата брзина, техника и способност за постигнување голови, тој остави силен впечаток во Премиер Лигата. Неговото доаѓање се очекува да донесе креативност и офанзивен оган во редовите на Манчестер Јунајтед, совршено вклопувајќи се во тактичкиот систем на Рубен Аморим. 


Навивачите на Јунајтед со нетрпение го чекаат доаѓањето на Куња, возбудени за можноста тој да го води нападот носејќи го дресот со број 10. Од клубот потенцираат дека овој трансфер е јасен знак на амбицијата за Јунајтед да се врати на врвот на англискиот фудбал. Фабрицио Романо потврди дека договорот е завршен, означувајќи го првиот од веројатно многу трансфери за Црвените Ѓаволи ова лето. 


Драматичен последен ден во Премиер Лигата

 
Ливерпул, кој ја имаше освоено титулата на 27 април, му беше преостанато само да ја прослави. Нивниот последен натпревар завши со нерешен резултат од 1-1 против Кристал Палас на Енфилд. Последниот гол на Мохамед Салах не само што донесе бод, туку и ја означи неговата 47-ма гол контрибуција оваа сезона, поставувајќи нов рекорд во Премиер Лигата за 38-натпреварна сезона.  

Манчестер Сити обезбеди учество во следната сезона на Лигата на Шампионите со победа од 2-0 против Фулам. Илкај Гундоган го отвори резултатот со спектакуларен акробатски удар, а Ерлинг Халанд ја запечати победата со пенал во второто полувреме. Натпреварот исто така беше последен за Кевин де Бруин, бидејќи се подготвува да го напушти клубот по десет години. 

Челси се врати во Лигата на Шампионите со победа од 1-0 против Нотингем Форест, додека Њукасл го обезбеди своето место и покрај поразот од 1-0 против Евертон. Квалификацијата на Магпаите беше потврдена благодарение на победата од Манчестер Јунајтед над Астон Вила. 

Надежите на Астон Вила за лигашампионски фудбал беа уништени по поразот, но сепак се квалификуваа за Лига Европа. Нотингам Форест исто така не успеа да обезбеди место во Лигата на Шампионите, но успеа да го обезбеди своето место во Конференциската Лига. 


Емотивната разделба помеѓу Трент и Ливерпул

По речиси една деценија на Енфилд, Трент Александер-Арнолд ја одигра неговата последна утакмица за Ливерпул. 25-годишниот десен бек, кој се смета за еден од најдобрите офанзивни бекови во светот, ја потврди веста на неговите социјални мрежи. Александер-Арнолд изрази благодарност кон клубот и навивачите за нивната постојана поддршка. 

Во текот на својот престој во Ливерпул, Александер-Арнолд освои многу трофеи, меѓу кои две титули во Премиер Лигата и една во Лигата на Шампионите. Неговиот развој од локален младински играч до меѓународна ѕвезда беше обележан со неверојатна способност за центрирање, визија и техничка вештина. Навивачите и соиграчите го пофалија за неговиот професионализам и посветеност и на теренот и надвор од него. 

Иднината на Александер-Арнолд станува сè појасна, експертот за трансфери Фабрицио Романо известува дека трансферот во Реал Мадрид е речиси готов. Овој трансфер ќе биде еден од најголемите летни трансфери и огромно засилување за кралскиот клуб. 

Иако официјалната потврда сè уште се чека, шпекулациите создаваат возбудување околу тоа што следи во кариерата на Александер-Арнолд. Без разлика на исходот, неговото наследство во Ливерпул е цементирано – вистинска легенда која ја дефинираше ерата за Црвените.