feature

Барса нема право на трансфери во зимскиот преоден рок

Eкипата на Барселона поради финансискиот фер-плеј нема да
може да купува играчи во јануарскиот преоден рок.
Спорткиот директор на каталонците, Деко потврди дека во
јануари нема да има нови имиња.
„Финансискиот фер-плеј погоди многу клубови, па и нас. Во овој
момент не можеме да купуваме нови играчи, тоа е реалноста“,
истана Деко.
Се шпекулираше и дека Чави повеќе не е сигурен на клупата
поради лошите резултати во последно време, но шпанскиот
стратег ја има поддршката.
„Позицијата на Чави не е загрозена. Има целосна доверба од сите
во Барселона. Разочарани сме, но нашиот план не може да се
промени поради еден пораз“, изјави Деко.


Половина Европа го посакува Зиркзе од Болоња

Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиумите на Апенините.

22-годишиот Зиркзе поникна во академијата на Баерн Минхен, но бидејќи не можеше да се избори за место во тимот беше испраќан на позајмици.

Болоња минатото лето го откупи неговиот договор за 8 милиони евра, а Зиркзе блеска оваа сезона и беше избран за отритие на сезоната.

Зиркзе оваа сезона до сега постигна 8 гола и 8 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Француски тенисер суспендиран на десет години заради местење мечеви

2RNJNE3 Sept. 1, 2023, New York, NY: Frances Tiafoe (USA) catches balls during his match against Adrian Mannarino (FRA) on day five of the 2023 US Open. ©Susan Mullane/Alamy Live

Лени Митјан е француски тенисер кој не е познат на пошироката јавност, но сега се најде во центарот на вниманието поради скандал.

Имено, Митјан доби суспензија од цели 10 години поради местење натпревари во тенисот и ќе мора да плати казна од 20.000 долари.

Оваа одлука е донесена поради неодамна завршениот кривичен случај поврзан со синдикатот за местење натпревари во Белгија. Григор Саргасјан кој бил главен на овој синдикат е осуден на пет години затвор по соработката со ИТИА и белгиските власти.

Во текот на 2018 година Митјан беше рангиран како 458-ми тенисер во светот, а тој ги отфрли обвинувањата за местење натпревари помеѓу 2017-та и 2018-та година. На крајот сепак беше потврдено дека учествувал во местење на мечеви и влијаел на други играчи да не го даваат својот максимум.

Неговата суспензија ќе важи до 21-ви декември 2033 година, а во тој период не може да игра, но ниту да присуствува на било кој настан организиран од АТП или ИТФ.


Барса и Њукасл подготвуваат трампа Гимараеш – Феран Торес

Барселона го одреди плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш како примарна трансфер цел за следното лето.

Каталонците се во потрага по квалитетен играч за врска, а Чави смета дека Бразилецот би бил идеално засилување. 25-годишниот Бразилец е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата и Њукасл сигурно нема лесно да се раздели со него.

Поради лошата финансиска ситиуација, Барселона не може да си дозволи да ја плати високата цена на Бразилецот, па сака како дел од трансферот да вклучи некој фудбалер.

„Чавките“ се заинтересирани за Феран Торес, па Каталонците се спремни да го понудат напаѓачот плус 50 милиони евра.


Митровиќ експресно се враќа во Англија

Моментално најдобриот српски напаѓач и ѕвездата на Ал Хилал, Александар Митровиќ, би можел да се врати во Премиер лигата по шестмесечна пауза. Според новинарот на Sky Sport, Кит Дауни, Митровиќ би можел да се врати во Њукасл.

„Страчките“ наводно планираат да ја засилат офанзивната линија во која ги имаат Александер Исак и Калум Вилсон кои често имаат проблеми со повредите, а Србинот дополнително би можел да создаде конкуренција во нападот.

Како што пишуваат Англичаните, планот е Митровиќ да дојде на позајмица во соработка со саудискиот државен фонд кој стои зад тамошната инвестиција во фудбалот, како и Њукасл.

Останува прашањето каква реакција ќе предизвика тоа кај челниците на клубот од Ријад, со оглед на тоа што српскиот репрезентативец на 26 натпревари постигна 25 гола.

Тој дефинитивно е една од најголемите ѕвезди во Саудиска Арабија, но Њукасл може да биде примамлива дестинација.


Ливерпул фаворит за потписот на Тодибо

Ливерпул неочекувано би можел да се засили во јануарскиот преоден рок по повредата на Жоел Матип, а тренерот Јирген Клоп е заинтересиран за голема желба на неговиот колега од Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг.

Клоп сака да го купи Жан-Клер Тодибо од Ница до крајот на јануарскиот преоден рок. Овој фудбалер се поврзуваше и со Тотенхем, а беше желба и на „црвените ѓаволи“. Тодибо има одлични односи со Конате, кој наводно учествува во преговорите и сака да го убеди да потпише за „црвените“ од „Енфилд“.

Ливерпул најверојатно ќе плати околу 50 милиони евра за неговиот трансфер, а дел од сумата ќе добие и Барселона.


Матиќ изненадувачки потпишува за Милан

Немања Матиќ ќе ги напушти Рен, а главната причина е што е лут на клубот, бидејќи не го испочитувале договорот за упис на неговите деца во меѓународно училиште во Франција.

Матиќ решил да ги спакува куферите и демонстративно да си замине, па веќе не се појавува и на тренинзите со тимот. Двете страни ќе го раскинат договорот, а Србинот е веќе во потрага по нов клуб и најверојатно ќе се врати во Италија.

Итерес за него покажува Милан, кој сака да го доведе до крајот на сезоната со можност за продолжување на уште една сезона. Ибрахимовиќ е голем пријател со Матиќ и тој инсистира на негово доаѓање во Милан.


Матсен од Челзи позајмен во Дортмунд

Eден ден откако го врати Џејдон Санчо, Борусија Дортмунд објави дека се засилува и со фудбалер од редовите на Челзи.

Нов член на „сините“ е 21-годишниот Ијан Матсен. Како и Санчо и Холанѓанецот за „милионерите“ ќе игра како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Договорот на Матсен со Челзи е до 2026 година и Борусија засега нема опција за откуп. Претхоно, Матсен беше дел од младинските категории на Феенорд, Спарта Ротердам, ПСВ и Челзи.

Во првиот тим на Челзи беше промоввиран во 2019 година и досега собра 12 настапи во Премиер лигата. Како позајмен фудбалер беше дел од Чарлтон, Барнли и Ковентри. Станува збор за фудбалер кој може да игра како лев бек или лево крило.


Јанис и Леброн добија најмногу гласови на Ол-стар натпреварот

Јанис Адетекумбо и Леброн Џејмс се двајцата играчи со најмногу гласови во анкетата на навивачите за претстојниот НБА Ол-стар натпревар, кој ќе се одржи на 19 февруари во Индијанаполис.

Гркот е број 1 во Источната конференција со 3.475.698 гласови, додека Леброн е прв на Западот со 3.096.031 глас. Поделено по конференција, Јанис води на Истокот а по него е Џоел Ембиид од Филаделфија со 2.975.987. Третото место му припадна на Џејсон Тејтум од Бостон со 2.939.663, додека Тајрис Халибартон од Индијана е четврти со 2.192.810. По него е Треј Јанг од Атланта со 1.449.485, а веднаш зад него е Демијан Лилард од Милвоки со 1.414.122.

Веднаш зад Леброн на Западот е Никола Јокиќ од Денвер со 2.777.068 гласови. Кевин Дурент од Феникс е трет со 2.773.809 а Лука Дончиќ од Далас е четврти со 2.508.618. По него е Стеф Кари од Голден Стејт со 2.126.037 и Шеј Гилгес-Александер од Оклахома со 1.763.671 глас.


Јуве се вклучи во трката за Самарџиќ

Лазар Самарџиќ, кој настапува во Удинезе, беше пред промоција во Неапол, меѓутоа сега Јувентус изби во прв план за неговиот потпис.

Србинот кој е роден во Германија и има двојно државјанство, во летниот преоден рок беше поврзуван со Интер.

Покрај Јувентус и Наполи, за Самарџиќ е заинтересиран и составот на Брајтон.