feature

АБА лигата одобри проширување од следната сезона

На седницата на Собранието на АБА лигата е донесена важна одлука, ќе се менува форматот на АБА лигата.

Како што пренесува „Меридијан спорт“, потврдено е дека АБА лигата во иднина ќе може да брои најмногу 20 клубови, а усвоен е и предлог според кој најмногу 50 отсто од учесниците можат да доаѓаат од една земја.

Ваквата одлука би можела да има директни последици врз структурата на лигата со оглед на тоа што во моментов учествуваат 16 екипи, а најголем број доаѓа од Србија – дури шест клуба.

Интересно е што предлогот не беше едногласно прифатен. Како што се наведува, Задар и Цибона гласале против, а од Крка биле воздржанани.

Ваквата одлука на раководството на регионалното натпреварување го наметнува прашањето кој ќе ги пополни четирите места следната сезона, бидејќи интерес за приклучување на регионалниот караван имаше од Абу Даби, Клуж, МЗТ и австриска Виена.

Јасно е дека едно место ќе му припадне на освојувачот на АБА 2 лигата. Во финалето Илирија (Словенија) ќе игра против победникот од дуелот меѓу Војводија (Србија) и Босна (БиХ).


Ѓорѓиев: Горди сме на ова полуфинале, Рунар е одлична екипа

Капитенот на Алкалоид, Игор Ѓорѓиев, ги изнесе размислувањата пред првиот меч со Рунар Сандефјорд во полуфиналето на Европскиот ракометен Куп на ЕХФ.

„Не очекува меч од огромно значење. Прво европско полуфинале за нас. Голем момент како за Алкалоид, така и за македонскиот ракомет. Како екипа горди сме што успеавме да се пласираме во оваа фаза и да играме за финале.

Рунар е екипа која игра типичен брз скандинавски ракомет, првиот меч ни е дома. Затоа сакам да ги повикам сите љубители на ракометот да бидат наша поддршка и да се бориме за историски момент и европско финале“, изјави Ѓорѓиев.


Ѓорческа со победа започна во Копер

Mакедонската тенисерка, Лина Ѓорческа со победа го започна својот настап на ИТФ фјучрсот турнирот кој се игра во словенечкиот град Копер.

Ѓорческа во првото коло на турнирот вреден 60.000 американски долари славеше против Мари Беноа од Белгија со максимални 2:0, по сетови 7:5 и 6:2.

Во осминафиналето Лина Ѓорческа ќе игра со подобрата од мечот меѓу Французинката Селена Јаничевиќ и Екатерине Горгодѕе од Грузија.


Младинците на Еурофарм Пелистер го декласираа Киелце во Букурешт

Еурофарм Пелистер го декласира Киелце и ќе се бори за Ф4 на младинската ЛШ!

По одличниот настап на сениорската екипа на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, сега блескаат и младинците. Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски се на чекор до голем успех и пласман на „фајнал-фор“ турнирот во Келн во првото издание на младинската Лига на шампионите. Младите ракометари на Еурофарм Пелистер триумфираа со 37-29 против Киелце во полуфиналето од групата 4 во Лигата на шампиони (ЛШ). Најдобар стрелец во редовите на Пелистер беше Хаџиќ со 14 погодоци.

Младинска Лига на шампионите 2024/25
Четвртфинална група

Еурофарм Пелистер – Киелце 37-29 (22-11)

Спортска сала „Динамо Арена“ – Букурешт
Гледачи: 500
Судии: Милис Кармон и Јасмин Диар

Еурофарм Пелистер:
Т. Фехми, Ан. Трсунов, Хаџиќ 14, Лозановски 5, Буторац 7, Марковски 2, Л. Ѓорѓиевски 2, С. Ѓорѓиевски 1, Ѓорѓиев 2, Симоновски 2, Лазаревски, Трајчевски, Спировски 1, А. Фехми. Ар. Трсунов, Велевски 1
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 6 минути

Киелце:
Печкович 6, Јануш 4, Адриан 4, Виадерни 2, Радек 4, Ткачик 3, Грден 3. Фогиел, Кулеша 1, Моравски, Вишњевски, Осуч 1, Степиен, Јанушек 1, Адријан, Лапот
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер во финалето од групата ќе се бори против победникот од мечот меѓу Динамо Букурешт и Висла Плоцк.


Серена Вилијамс: Да имав случај како Синер ќе добиев суспензија од 20 години

Американската тенисерка Серена Вилијамс, освојувачка на 23 грен слем титули и поранешен број 1 на ВТА листата, го коментираше случајот со допинг на италијанскиот тенисер Јаник Синер.

Таа во својата изјава за „Тајмс“ се осврна и на поранешната ривалка Марија Шарапова.

„Го сакам момчето, го сакам спортот. Тој е одличен за тенисот. Му треба на машкиот тенис. Но, да бидеме искрени – ако јасго направев тоа, би добила 20 години казна. Сите мои титули од грен слем турнирите би ми биле одземени”, изјави Вилијамс и додаде:

„Најчудно е што не можам да не размислувам за Марија (Шарапова)] цело ова време. Не можам да не се сочувствувам за неа“.

Јаник Синер моментално отслужува тримесечна суспензија поради прекршување на антидопинг правилата во пролетта 2024 година. Се очекува тој да се врати на наредниот месец, на Мастерсот во Рим.

Во 2016 година, Марија Шарапова сама свика вонредна прес-конференција и откри дека била позитивна на забранетата супстанција, мелдониум. Таа беше суспендирана 24 месеци.


Лаутаро: Овој Интер има машкост

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, по драматичното реми 2-2 со Баерн и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите изјави дека „нероаѕурите“ покажале дека имаат и срце и глава за вакви натпревари.

Баварците имаа три добри шанси по 90. минута до самиот крај, но не успеаја да изборат продолженија.

„Ова беше дефинитивно епски натпревар, кој ќе го паметиме долго, бидејќи Интер има огромен м***ња“, изјави Лаутаро, стрелецот на првиот гол за Интер. Овој гол беше него 150. во кариерата во дресот на Интер.

„Толку многу труд и вложивеме за да се пласираме во полуфиналето. Никогаш не се откажуваме, имаме и срце и глава“.

Ова е второ полуфинале за Интер во Лигата на шампионите во последните три сезони.


Александер-Арнолд се врати на тренинзи по повредата против ПСЖ

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека десниот бек, Трент Александер-Арнолд, кој паузираше поради повреда речиси еден месец, се вратил во тренинг процес.

Тој пропушти четири натпревари меѓу кои и финалето на Карабао купот против Њукасл.

Засега останува дилемата дали Александер-Арнолд ќе може да игра на неделното гостување кај Лестер.


Мењан заминува од Милан ова лето

Голманот на Милан, Мајк Маињан, може да биде ставен на трансфер-листата во текот на летото, најавија дел од медиумите во Италија.

Наводно, „росонерите“ се расположени да се разделат со францускиот интернационалец доколку добијат понуда во висина од 40 милиони евра.

Чуварот на мрежата на екипата од „Сан Сиро“ има тековен договор до летото во 2026 година. За 29-годишниот фудбалер наводно се заинтересирани англиските состави Манчестер Јунајтед, Челзи и Астон Вила.


Алегри фаворит за клупата на Милан следната сезона

Луѓето од Милан прават големи напори да обезбедат ново име на клупата за наредната сезона, тврдат медиумите во Италија.

Според нив, Серхио Консеисао, во текот на летото ќе си замине од редовите на „росонерите“ кои имаат разочарувачка сезона. „Газета дело Спорт“ , наведува дека неколку имиња се во преден план да седнат на клупата на Милан.

Прв на листата е искусниот Масимилијано Алегри а веднаш зад него е ставен актуелниот тренер на Болоња, Винченцо Италиано.


Компани: Повредите беа голем проблем за нас во овој двомеч

Баерн Минхен одигра нерешено 2-2 на „Џузепе Меаца“ во Милано против Интер, а тој резултат му донесе елиминација од Лигата на шампионите, оставајќи го менаџерот Винсент Компани да размислува за кризата со повреди што го снајде неговиот тим пред четврт-финалето.

„Мислам дека голем проблем пред Интер беа повредите. Моравме да сфатиме што можеме без Хироки Ито, Дајот Упамекано, Џамал ​​Мусиала, Мануел Нојер, Алфонсо Дејвис, Кингсли Коман, Александар Павловиќ“, реше Компани по натпреварот.

„Мислам дека на првиот натпревар ја покажавме добрата страна на Баерн Минхен, не зборувам за резултатот туку за играта. На вториот натпревар во Милано исто така покажавме позитивен став. Имавме многу шанси да постигнеме гол, повеќе од Интер. Имам измешани чувства. Суровата реалност е дека нема да го играме финалето на Лигата на шампионите дома. Не можеме да го промениме тоа. Освен тоа, проблем се секогаш големиот број на натпревари во краток период со многу патувања, што ја зголемува тензијата кога има отсутни“ изјави Компани.