feature

Лазаров ги сврсти Дамјан Митев и Томовски за дуелот со Естонија

Македонската ракометна репрезентација денеска во Талин против Естонија го игра еден од двата клучни натпревари за пласман на Европското првенство 2026. Селекторот Кирил Лазаров го одреди составот кој ќе ѝ се спротистави на Естонија, а во него се најд еповратникот на нашиот гол, Мартин Томовски, но и дебитантот Мартин Ивановски.

За пласман на ЕП, Македонија денеска мора да слави.


Шкендија по петти пат го освои шампионатот на Македонија

Со победата од 2-1 против екипата на Работнички, Шкендија и официјално е новиот фудбалски шампион на Македонија. Попладнево во Тетово во мечот од 31. коло тетовци славеа над Работнички и дојдоа до 4 бода предност пред Силекс на две кола до крајот на шампионатот.

Шкендија ја осигура петтата шампионска круна со оглед на тоа што има четири бода предност пред второпласираниот Силекс, а во следното коло треба да игра со екипата на Гостивар. Но, откако гостиварци се откажаа од шампионатот, Шкендија следното коло ќе добие службена победа од 3-0, поради што уште од сега е јасно дека веќе осигураа доволна предност за шампионска круна.

Во преостанатите денешни дуели, во вистинска драма во Струмица, Брера со пресврт славеше над Шкупи со 4-3, додека Тиквеш дома ја совлада Беса со 1-0.


Иџе викендов ќе вози на трка во Португалија

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе овој викенд со нова трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC). Летечкиот Македонец во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), овој викенд ќе ја вози третата трка. Ќе вози на патеката Рампа Да Фалепра во португалската Брага. За него оваа патека е добро позната, шампионски освојувана.

Стефановски по првите две трки во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки е трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи.

„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Патеката Рампа Да Фалпера добро ја познавам. Двапати бев на подиум и тоа на првата позиција. Моите очекувања и овојпат се слични, да триумфираме. Би сакал да истакнам дека ова е патека на која брзината на некои делови надминува и повеќе од 240 км, што е голем и силен предизвик за сите натпреварувачи. И пред оваа трка, би сакал да се заблагодарам на мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, моите спонзори, и секако, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка, вели Иџе.

Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.


Каоимин Келехер заминува од Ливерпул ова лето

По потврденото заминување на Трент Александер-Арнолд, Ливерпул е на пат да се раздели и со уште еден свој играч. Станува збор за резервниот голман Каоимин Келехер.

Според пишувањата на англискиот печат, се очекува резервниот голман да замине од тимот ова лето, особено што во Ливерпул доаѓа Гиорги Мамардашвили, кој уште минатото лето беше купен од Валенсија за 38 милиони долари и моментално е на позајмица во шпанскиот тим. Тој ќе го замени Келехер како заменик на Алисон Бекер. Алисон, кој ја потврди својата посветеност на Ливерпул, има договор до 2027 година.


Хакими: Луис Енрике е најзаслужен за ова финале на ПСЖ

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, му се заблагодари на тренерот Луис Енрике за пласманот во финалето на Лигата на шампионите.

„Луис Енрике заврши неверојатна работа откако дојде. Тој изгради фантастичен тим, а тоа бара многу работа. Тој е мајстор на својот занает“, рече Хакими.

„Многу луѓе не веруваа во нас, но ние го направивме тоа. Работевме напорно, ние сме тим, ние сме семејство, го заслужуваме овој момент, сите навивачи, сите Парижани“, додаде мароканскиот репрезентативец, кој го постигна вториот гол за својот тим во победата од 2-1 над Арсенал во полуфиналниот реванш.

ПСЖ се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, кое ќе се одигра во Минхен на 31 мај.


Алегри фаворит за тренер на Наполи ако Конте одлучи да си замине

Шпекулациите за заминувањето на Антонио Конте од клупата на Наполи го натераа претседателот на наполитанците, Де Лаурентис, активно да се вклучи во потрага по нов тренер. Според италијанските портали, Наполи може да го смени тренерот ова лето, па доколку тоа се случи прв на листата на посакувани замени за Конте е Масимилијано Алегри.

Претседателот Аурелио Де Лаурентис е во активен контакт со Алегри, со кого има одлични односи. „Наполитанците“ моментално се на чело на италијанското првенство пред Интер со три бода на три кола до крајот на сезоната и имаат реални шанси да ја освојат титулата. За Конте се шпекулира дека може да застане на чело на Јувентус.


Флориан Виртц се отвара за неговата иднина

„Дефинитивно сакам да ја напуштам зоната на удобност и да искусам нешто ново“, рече Виртц во интервјуто со „Sports Illustrated“. Добро ги познавам фудбалските соблекувални и убеден сум дека брзо ќе се вклопам каде било. 

22-годишниот има договор со Леверкузен до 2027 година, но е силно поврзан со преселба во Баерн Минхен, премиерлигашот Манчестер Сити и шпанскиот гигант Реал Мадрид. 
 
Моќниот брокер на Баерн, Ули Хоенс, го бараше потписот на Виртц, но финансиското ограничен клуб најверојатно ќе најде потешкотии со цената што Леверкузен може да ја побара за офанзивецот, кој нашироко се смета за еден од најдобрите играчи во Германија. 
 
Манчестер Сити нема да има такви ограничувања бидејќи бара наследник на Кевин де Бруин. Мадрид исто така изгледа како веројатна дестинација, особено ако неговиот сегашен тренер Џаби Алонсо потпише со Галактикос. 

„Кога се префрлив од Келн во Леверкузен, не размислував за мојата плата ниту една секунда, туку само за тоа што е најдобро за мојата кариера. Не ни размислувам колку пари имам на мојата сметка или што би можел да заработам во иднина“, рече Виртц, забалгодарувајќи ги своите родители за нивната поддршка и воспитување. 


Анж Постекоглу не се согласува со мислењето на Арсен Венгер

Анж Постекоглу го критикуваше „лудото“ тврдење на Арсен Венгер дека победникот на Лига Европа не треба да се квалификува во Лигата на Шампионите. 
 
Екипата на Постекоглу може да обезбеди пласман во финалето на Лига Европа одкако ќе се соочи со Бодо/Глимт во полуфиналниот реванш во Норвешка вечерва. 
 
И покрај тоа што се наоѓа на 16-тото место во Премиер лигата, освојувањето на Лига Европа ќе им овозможи на Спурс да се квалификуваат во Лигата на Шампионите поради правилото на УЕФА воведено во сезоната 2014-15. 

Поранешниот тренер на Арсенал, Венгер, моментално шеф на глобалниот фудбалски развој во ФИФА, оваа недела изјави дека Тотенхем и Јунајтед не треба да можат да влезат во елитното европско натпреварување преку Лига Европа, повикувајќи ја УЕФА да го „преиспита“ нивното правило. 

Зборувајќи со медиумите пред реваншот, Постекоглу одговори на коментарите на Венгер и рече: „Никогаш не сум го слушнал тоа досега. Го кажав тоа порано, Спурс им прави луди работи на луѓето. Го ставаш нашиот клуб во која било дискусија, и секогаш, се зборува негативно за нас. Зошто немаше проблем порано, а тоа е  проблем сега? Која е разликата? Не разбирам која е разликата“. 
 


Микел Артета верува дека неговиот тим бил најдобар во Лигата на Шампионите оваа сезона

И покрај поразот во полуфиналето од Лигата на Шампионите, Микел Артета остана горд после разочарувачкиот резултат. Арсенал одпадна од турнирот во средата, губејќи со 2-1 од Пари Сен Жермен. Резултатот стави крај на надежта на „топчиите“ да стигнат до нивното прво финале во Лигата на Шампионите од 2006 година, но Артета цврсто веруваше дека неговиот тим бил најдобар во натпреварувањето оваа сезона. 

„Кога ќе ги погледнете двата натпревари, нивниот најдобар играч на теренот беше голманот, тој беше разликата за нив. Бевме многу блиску, многу поблиску одколку што покажа резултатот, но за жал одпаднавме. Многу сум горд на играчите, 100% мислам дека нема подобар тим од Арсенал во конкуренцијата“, изјави Артета. 

Откако пропушти пласман во финалето на Лигата на шампионите, Артета призна дека во соблекувалната на Арсенал имало многу емоции, а неколку играчи останале во солзи. Менаџерот на Топчиите призна дека бил „вознемирен и изнервиран“ што неговиот тим не можел да најде начин да го промени резултатот.  

На прашањето дали го дели мислењето на Артета, менаџерот на ПСЖ, Луис Енрике не се согласува, инсистирајќи дека неговата екипа го заслужила своето место во финалето.   

„Микел Артета е добар пријател, но јас воопшто не се согласувам. Играа на паметен начин, но во двата натпревари постигнавме повеќе голови од нив и тоа е најважното нешто во фудбалот“. 


Донарума: Менталитетот на ПСЖ се промени по заминувањето на Мбапе

Џанлуиџи Донарума повторно беше клучен фактор во полуфиналето меѓу ПСЖ и Арсенал, бидејќи после бравурозните две одбрани на првиот меч, Италијанецот синоќа блескаше и на реваншот во Париз.

Во воведниот дел од мечот, Донарума имаше две круцијални одбрани со кои спречи чисти голови на Мартинели и Одегард, па токму поради двете импресивни изданија, голем дел од јавноста го нарекува херој за пласманот во големото финале.

ПСЖ ги надмина сите очекувања со своите партии во нокаут фазата откако претходно едвај ја мина првата рунда во Лигата на шампиони, но значителниот напредок во последните пет месеци сега го натера Донарума да извлече и еден заклучок кој не го става во добра положба Килијан Мбапе.

Напаѓачот го напушти ПСЖ со цел да се бори за трофејот во Лигата на шампиони, а во првата сезона по неговото заминување, токму „светците“ се оние кои ќе се борат за трофејот со Интер на 31-ви мај.

– Менталитетот во тимот се промени по заминувањето на Мбапе, сега сме повеќе тим од претходно. Сите сме обединети и играме сплотено. Искусив нешто слично и со Италија, ние изгледавме вака кога го освоивме Европското првенство. Верувајте ми дека тимскиот дух прави разлика на вакви натпреварувања, – изјави Донарума.