feature

Искусниот Лукас Васкез ново засилување на Баер Леверкузен

Баер Леверкузен официјално го потврди ангажманот на шпанскиот репрезентативец Лукас Васкез, кој пристигнува како слободен агент. 34-годишниот поранешен фудбалер на Реал Мадрид потпиша договор до јуни 2027 година, носејќи искуство и разновидност во германскиот тим кој се подготвува за клучна сезона. 

Васкез е познат по својата брзина, приспособливост и неуморна работа на теренот. Може да настапува како крило и како десен бек, што му дава на Леверкузен дополнителна тактичка флексибилност и опции во нападот. 

По години играње на највисоко ниво во Ла Лига и Лигата на Шампионите, Васкез доаѓа со богато искуство и победнички менталитет. Со Реал Мадрид освои бројни домашни и меѓународни трофеи, а неговото лидерство се очекува да има силно влијание во соблекувалната на Леверкузен. 

Овој трансфер е јасен сигнал за амбициите на Леверкузен пред предизвикувачката сезона што следи. Со Васкез во тимот, клубот јасно покажува дека има сериозни намери да се бори за врвни позиции во Бундеслигата и за продлабочување на учеството во европските натпреварувања. 


Капитенот на Јунајтед отворен за преселба во Саудиска Арабија или САД

Бруно Фернандеш наводно е отворен за трансфер во странство по завршувањето на сезоната 2025/26, при што опциите во Саудиската Про Лига и МЛС се дел од можните дестинации. Иако засега останува целосно посветен на Манчестер Јунајтед, капитенот на тимот размислува за следната фаза во неговата кариера, по завршувањето на Светското Првенство во 2026 година. 

Интересот од саудиските клубови не стивнува. Ал-Итихад неодамна испратил богата понуда во вредност од околу 33 милиони фунти годишно. Фернандеш претходно ја одби сличната понуда од Ал-Хилал, нагласувајќи дека сè уште сака да се натпреварува на највисоко ниво во Европа. 

Сепак, со приближувањето на 32-от роденден во 2026 година и влегувањето во завршната фаза од договорот со Јунајтед, се зголемува неговата отвореност кон трансфер во странство. Извори блиски до играчот велат дека идејата за нов предизвик – било на Блискиот Исток или во САД – станува сè поинтересна за него. 

Манчестер Јунајтед, наводно нема намера да се раздели со Фернандеш барем до крајот на сезоната 2025/26. Клубот го гледа како клучна фигура и лидер на теренот. Сепак, доколку пристигне сериозна понуда од Саудиска Арабија, не се исклучува можноста раководството да преиспита дел од своите позиции – особено ако се земе во предвид финансискиот аспект. 

Во меѓувреме, се очекува Фернандеш да ја одигра сегашната сезона со Јунајтед. Но по 2026 година, ново поглавје во неговата кариера сè повеќе се насетува. 


Малинков го продолжи договорот со Гостивар

Екипата на Гостивар го оствари најважниот потпис за новата сезона и го продолжи договорот со тренерот Љупчо Малинков.

Македонскиот стратег пред една сезона се врати на клупата на гостиварчани, чиј тренер беше и во сезоната 2022/23. Гостивар минатиот шампионат немаше резултати според очекувањата, до последно се бореше за опстанок во елитата, но клубот сè уште верува во квалитетите на Малинков и нему му ја додели довербата да го води клубот во новата сезона.


Киелце го договори Милосављев од следната година

Српскиот репрезентативен голман Дејан Милосављев си заминува од редовите на Фуксе Берлин, иако беше еден од клучните играчи во историската сезона во која „лисиците“ стигнаа до првата титула во Бундеслигата.

Договорот е веќе постигнат, а Милосављев ќе му се приклучи на новиот клуб по завршувањето на актуелниот договор со Германците, кој трае до јуни 2026 година.

Милосављев ќе потпише тригодишен договор. Оваа сезона ќе ја мине во Берлин, а потоа без обештетување ќе се пресели во Полска.


Кавадарци домаќин на Суперкупот на Македонија во ракомет

Тимовите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 на почетокот на септември ќе се борат за првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона.

Традиционално ракометните возбудувања во Македонија започнуваат со Суперкупот, кој оваа година ќе се игра во Кавадарци.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извести клубовите за местото каде ќе ја водат новата битка, а салата „Јасмин“ за првпат ќе биде домаќин на еден ваков ракометен спектакл.

Натпреварот е закажан за на трети септември, а РФМ дополнително ќе извести за терминот и судиите кои ќе ја делат правдата на ова дерби.


Антони на чекор до останува во Севиља, Јунајтед и Бетис пред договор

Бетис напредува во однос на реализирање на една од своите големи трансферни цели – да го обезбеди Антони од Манчестер Јунајтед и за следната сезона.

Според Фабрицио Романо, двата клуба воделе директни разговори во понеделник, и комуникацијата продолжила денес. Понудата на андалузијците е повторно за почетна позајмица на Бразилецот со опција за откуп. Мајк Макграт од „Дејли Телеграф“ дури тврди дека двата клуба веќе дошле до принципиелен договор за зделката.

Манчестер Јунајтед преферираше директна продажба уште сега, но клубот не доби поволна понуда за таква. Желбата на самиот Антони беше да се врати во Бетис, каде што минатата сезона одигра 26 натпревари, во кои постигна девет гола и запиша пет асистенции.

На „Бенито Виљамарин” продолжуваат да ја чуваат фудбалската маица со бр.7 за Антони.


Реал и Олимпик Марсеј во завршни преговори за Себаљос

Реал Мадрид и Марсеј сè уште не можат да постигнат договор за трансферот на играчот од средниот ред на „кралскиот клуб“ Дани Себаљос, соопштува трансфер експертот Фабрицио Романо.

Како што е познато, 29-годишниот шпански полузащитник објави на социјалните мрежи дека ќе го напушти клубот, а ОМ веднаш изрази интерес за него.

Во овој момент, меѓутоа, двата клуба не можат да се договорат. Пречката е во побарани 15 милиони евра од Реал за играчот, кои изгледаат премногу на Французите.

Себаљос игра за кралскиот клуб од 2017 година, откако пристигна во Мадрид од Бетис. Тој има одиграно 194 натпревари за Реал, во кои постигна 7 гола, додека меѓувреме имаше период на позајмица од две години во Арсенал. Но, во последно време играчот добива премногу малку шанси за изразување.

По оваа причина Марсеј се насочи кон друг полузащитник – играчот од средниот ред на Бенфика Флорентино Луис. Станува збор за позајмица со обврска за трајно купување. ОМ интензивно бара внатрешен полузащитник, а сè уште не е јасно каква ќе биде судбината на тешко провиниениот ас во средината на теренот Адриен Рабио.


Исак знае што сака и инсистира на трансфер во Ливерпул

Александар Исак јасно им кажа што сака на челниците на Њукасл кои разговараа во неговиот дом.

Пред вчерашниот натпревар меѓу Њукасл и Ливерпул, Ишак разговараше со челниците на Њукасл, а единствената тема беше неговата иднина на Сент Џејмс Парк.

Порано овој месец, Свраките добија формална понуда од 130 милиони евра од Ливерпул за напаѓачот кој сака да замине, но таа беше одбиена.

Потоа, Исак јавно изјави дека Њукасл ги прекршил ветувањата кои му беа дадени и дека не е задоволен со тоа.

„Ветувањата беа дадени и клубот одамна го знае мојот став. Да се однесуваат како овие проблеми да се појавиле сега е измамнички. Кога ветувањата се прекршат и довербата се изгуби, односот не може да продолжи”, изјави тогаш Исак.

Минатата недела, како одговор на изјавата на Ишак, од Њукасл јасно кажаа дека се “разочарани” од играчот и неговото однесување.

Како што стојат работите, Ишак, иако јасно на сите им кажа дека сака да потпише за Ливерпул, на крајот на оваа сезона ќе го носи дресот на Њукасл.


Кремонезе пред потпис со Варди

Новиот италијански прволигаш Кремонезе започал преговори со легендарниот напаѓач на Лестер, Џејми Варди кој си замина од клубот каде што остави длабока трага по истекот на договорот на крајот на минатата сезона.

Варди смета дека и понатаму може да игра на високо ниво, а во претходниот период се поврзуваше и со преселба во Наполи. Сепак, таа опција изгледа отпадна.

СКремонезе оваа сезона е врати во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал и сезоната ја започна со победа над Милан на гостински терен.

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио тврди дека преговорите за трансфер на Варди се во тек и дека Кремонезе вложува големи напори да го убеди искусниот голгетер да пристигне во Италија.

Ангажманот во Кремонезе би бил прв за Варди во италјанскиот фудбал.


Серхио Перез официјално ќе вози за Кадилак

Кадилак од наредната сезона ќе се натпреварува во шампионатот на Формула 1. Минатата недела тимот го потврди дека еден од возачите ќе биде Валтери Ботас, а денес потврда дојде и за Серхио Перез.

Мексиканецот и Финецот имаат многу искуство зад себе, бидејќи во својата богата кариера возеа и за Ред Бул и за Мерцедес во своите најдобри сезони. Ова ќе биде интересен тим, бидејќи за прв пат ќе имаат можност да се борат за статусот на прв возач, што не беше можно ниту за Перез поради Ферстапен, ниту за Ботас поради Хамилтон.

„Потпишувањето на овие двајца возачи е голем чекор за овој нов тим. Сите ги познаваат, додека тие знаат како да бележат одлични резултати во Формула 1“, соопштија од Кадилак.

Од следната сезона, Формула 1 ќе претрпи големи промени, буквално „најбрзиот циркус“ ќе влезе во нова ера, со нов тим во името на Кадилак, кој ќе настапува во докажан состав.