feature

Луис Енрике го замени Олимпик Марсеј со Интер

Италијанскиот фудбалски состав Интер, објави преку социјалните мрежи дека го обезбедила крилниот напаѓач, Луис Енрике, кој доаѓа од Франција од екипата на Олимпик Марсеј.

Бразилецот е второто летно засилување за гигантот од Милано по централниот играч за врска Петар Сучиќ. Договорот е до 2030 година и вреди вкупно 25 милиони евра со бонуси.

23-годишникот ќе добие шанса да настапи на Светското првенство за клубови во текот на летото.


Томас Франк фаворит за тренерското место во Тотенхем

Томас Франк, e главниот фаворит да го наследи Постекоглу на клупата на Тотенхем, објавија денес англиските медиуми.

Според Скај Спортс, „пчелите“ нема да му создаваат пречки ако сака да си замине. 51-годишниот Франк го предводи Брентфорд од октомври 2018 година. Во последната сезона го освои десеттото место на табелата.

Тој во 317 натпревари има 136 победи, 71 нерешени и 110 порази. „Спарси“ на листата за нов тренер го имаат ставено и Марко Силва од Фулам.


Кузмановски: Македонија е зелено-бела, Битола ќе слави титула три дена!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата во домашниот шампионат откако во решавачкиот меч забележаа победа на гостувањето кај Вардар со 30-32. Во победничкиот состав Кузмановски постигна седум, а Пешевски и Тајник по пет. гола На крајот на шампионатот Еурофарм Пелистер го обезбеди врвот со два бода предност пред „црвено-црните“.

По победата своите импресии ги изнесоа капитените на Еурофарм Пелистер, Кузмановски и Митревски.

Филип Кузмановски
Верував во екипата, од почетокот до крајот и се надминавме. Ова е најдрагата титула за мене, за мојот матичен клуб, за мојот град и за нашите навивачи. Поминавме многу заедно и заслуживме да дојдеме каде што сме. Вечерва Македонија е „зелено-бела“. Ќе славиме титула три дена.

Никола Митревски
Сакам да им честитам на сите присутни во салата. Покажавме дека можеме да организираме натпревар со врвна организација и однесување на теренот и трибините. Имавме тешка сезона, големи падови, но кога требаше се издигнавме. Верувавме дека можеме, а кога веруваш сè е можно. На претходните два порази од Вардар 1961 сите ничии топки завршуваат кај нив. Денес сите тие топки завршија кај нас, имавме спортска среќа и затоа победивме. Вардар беше под притисок, ние немаше што да загубиме и покажавме карактер.

Осуммина пелистерци со трите шампионски титули во Суперлигата!

Со голема драма во сите три сезони и со различни тренери на клупата Еурофарм Пелистер комплетираше хет-трик на трофеи од домашниот шампионат. Мала е групата на ракометари и членови на стручниот штаб кои ги освоија сите три титули. Во генерациите 2022/23, 2023/24, 2024/25 учествуваа: Павле и Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Емилијан Ѓорговски, Ненад Костески, Павле Петровиќ и Жарко Пешевски. Исто така дел од трите шампионски генерации се тренерот на голмани Ице Соколески, спортскиот директор Звонко Шундовски, кондициониот тренер Александар Марковски и физиоперапевтот Филип Милевски.

Секако, трофеите се под палката на семејството Стерјеви и компанијата Еурофарм, која е сопственик на мнозинскиот пакет акции на Еурофарм Пелистер. Дел од акциите има и Општина Битола, која секоја година несебично го помага клубот и повеќе од потпишаниот договор. По потпишувањето на платформата за ракометна Битола има само еден трофеј кој пелистерци не го освоиле – тоа е Купот на Македонија.


Еурофарм Пелистер среде Скопје ја одбрани шампионската титула!

Еурофарм Пелистер е старо-нов шампион на Македонија. Битолчани вечерва во Скопје го совлада Вардар со 30-32 и стигнаа до трофејот.. Победата пелистерци ја обезбедија во второто полувреме. Првото им припадна на домаќините со 17-15, а имаа и пет гола предност (15-10). Сепак, во вториот дел Еурофарм Пелистер беше подобар противник, одигра поагресивно во одбраната, нападот беше потечен за конечен триумф вреден титула.

Најефикасен во победничкиот тим беше Филип Кузмановски, кај вардарци се истакна Вуко Борозан со осум погодоци.

Ова е деветта титула за пелистерци и прв хет-трик на трофеи на домашни трофеи од шампионатот.


Баерн преговара со Рафаел Леао

Ѕвездата на Милан Рафаел Леао побарал да биде продаден за време на летниот трансфер период, тврди германскиот новинар Флориан Плетенберг.

Според него, клубот поставил цена од најмалку 70 милиони евра за крилото, а интерес пројавил Бајерн Минхен, но од таму сè уште не презеле конкретни чекори за започнување на преговори.

Италијанските новинари Матео Морето и Џанлука Ди Марцио даваат различни информации за оваа тема. Според нив, Леао не го известил клубот за својата желба да замине, ниту раководството има намера да се раздели со него, и покрај очекувањата за продажба на други ѕвезди како Тижани Рајндерс, Тео Ернандес и веројатно Мајк Мењан.

Освен тоа, двајцата трансфер експерти додаваат дека понуда на Бајерн би изнесувала околу 80-90 милиони евра, при што не е исклучена можноста сумата да се намали на 50-60 милиони евра со вклучување на играч во потенцијална зделка.


Алиоски: Се радувам за голот, но жалам што не победивме!

Џани Алиоски можеше да стане трагичар поради пропуштената шанса, но на крајот стана херој на Македонија откако со прекрасен гол донесе реми.

Македонија имаше шанси и да победи, но на крајот треба да бидеме среќни за ремито против силниот состав на Белгија.

„Среќен сум што дадов гол, но жалам што не победивме. Белгија е добра селекција, но имавме шанси да ја совладаме вечерва. Сега целосно сме фокусирани на дуелот со Казахстан – сакаме победа“, изјави кусо стрелецот на голот за Македонија.


Милевски нема да ја води Македонија на гостувањето во Астана

Македонија одигра 1-1 против Белгија во Скопје на стартот од јунскиот квалификациски прозорец за Мундијалот 2026, но натпреварот ќе се памети и по жолтиот картон за селекторот Благоја Милевски.

Во 82. минута, Милевски влезе во вербален дуел со четвртиот судија и судијата одлучи да му покаже жолт картон – санкција која значи дека нема да може да ја води репрезентацијата на следниот меч.

Против Казахстан во Астана, Македонија ќе ја води некој од неговите помошници. Најверојатно Роберт Стојановски ќе биде првото име на клупата, а покрај него ќе биде и Влатко Грозданоски.


Кевин Дурент заминува од Феникс

Кевин Дурант, кој очигледно е на пат да си замине од Фeникс Санс, ќе биде продаден по пониска цена, прогнозираат НБА инсајдерите.

Тимот од Аризона плати многу за него во 2023 година, а би можеле да го ослободат за многу помалку.

Според Кели Ико од „Атлетик“, Санс сакаат да го продадат Дурант, но побарале премногу за него, па затоа сега ја намалиле цената.


Јуриќ е нов тренер на Аталанта

Аталанта потврди дека го ангажирала 49-годишниот хрватски тренер Иван Јуриќ. Хрватскиот стручњак потпиша двегодишен договор со „Ла Деа“, до 30 јуни 2027 година.

Искусниот 49-годишен тренер од Сплит во текот на целата своја кариера тренираше италијански клубови (Монтова, Кротоне, Џенова, Верона, Торино и Рома), сè додека не го презеде Саутемптон минатата сезона.

Сепак, тој не успеа да го задржи овој клуб во Премиер лигата. Тој беше отпуштен по 13 порази во 16 натпревари. Оваа сезона, Аталанта го заврши италијанското првенство на третото место зад Наполи и Интер.

На 1 јуни, клубот од Бергамо го потврди заминувањето на долгогодишниот тренер Џан Пјеро Гасперини, кој ја предводеше Аталанта од 2016 година. Гасперини ќе ја предводи Рома во новата сезона.


Јуве преговара со Олимпик Марсеј за Балерди

Челниците на фудбалскиот состав Јувентус, ќе се обидат во текот на летото да го ангажираат дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Леонардо Балерди, објавија денеска неколку медиуми во Италија.

Аргентинскиот интернационалец има и италијански пасош и нема да пополни една од квотите за играчи кои доаѓаат надвор од Европската Унија.

26-годишникот е капитен на францускиот состав. Тој во четири сезони има реализирано 164 натпревари со ефект од 5 голови и 2 асистенции.