feature

Петар Гиноски одличен на Зимскиот младински фестивал во Грузија

Одличен почеток на македонскиот биатлонец Петар Гиноски на зимскиот младински фестивал во Бакуриани, Грузија.

Утрово тој учествуваше заедно со 64 останати натпреварувачи и имаше одличен настап.

Во првиот круг, Петар испука и погоди 5 од 5 , во вториот круг 4 од 5, а во третиот круг 4 од 5. Но, последниот круг беше пресуден за тој да заврши на 46. место.

„Бевме сведоци на одличен настап, каде Петар ги покажа своите амбиции и желба да ја претстави Македонија во најдобро светло. Неговата посветеност и упорност се неспорни. МОК максимално верува и го поддржува Петар, кој е придружуван од својот тренер Ѓоко Динески“, објавија од МОК.

Следниот настап на Петар ќе биде во петок, во 10:00 часот по грузиско време.


Сити го сака Симонс како замена за Де Брујне

Медиумите во Англија наведуваат дека фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, сериозно размислува да прифати некоја од понудите што пристигнале од Саудиска Арабија.

Според наведеното, интернационалецот од Белгија, има намера да си замине од англискиот шампион кој пак, ќе мора да бара соодветна замена.

Затоа „граѓаните“ размислуваат за потписот на Чаби Симонс од екипата на РБ Лајпциг. Биндес-тимот за неговиот потпис ќе бара најмалку 100 милиони евра.


Торино и Спартак уште не можат да се договорат за Илиќ

Италијанскиот Торино бара од Спартак Москва најмалку 25 милиони евра за потписот на фудбалерот од средниот ред, Иван Илиќ.

Во исто време „црвено-белите“ се подготвени да платат 20 милиони евра + 2 како бонуси. Играчот од средниот ред во сезонава настапи на 13 натпревари на сите турнири со ефект од еден гол и една асистенција.

Актуелниот договор на Илиќ со калчо-лигашот е до летото во 2027 година.


Сучиќ официјално парафираше со Интер

Екипата на Интер го купи младиот фудбалер, Петар Сучиќ од Динамо Загреб за вкупно 16,5 милиони евра.

На Хрватите им следуваат фиксни 14 милиони и уште два и половина преку бонуси. Играчот кој има само 21-на година, ќе ја доигра сезоната со Динамо а потоа ќе му се приклучи на Интер.

Сучиќ деновиве треба да потпише повеќегодишен договор со „нероаѕурите“, најавија медиумите во Хрватска.


Левандовски израмни рекорд на Лео Меси

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски стана првиот играч кој постигнал 19+ голови во своите први 22 натпревари во една сезона во Примера по Лионел Меси во сезоната 2019/20 (исто така 19 гола).

Левандовски постигна гол на натпреварот од 23. коло на шпанското првенство против Севиља (4-1).

Полскиот напаѓач за Барселона настапува од 2022 година. Договорот на фудбалерот со клубот е до 2026 година. Во моментов, трансферната вредност на фудбалерот се проценува на 15 милиони евра.

Сезонава Левандовски одигра 33 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна 31 гол и три асистенции.


Претседателот на Адана Демирспор поднесе оставка

Претседателот на Адана Демирспор, Бедирхан Дурак на својата страница на социјалните мрежи објави дека се повлекува од функцијата.

Фудбалерите на Адана Демирспор вчера во 31. минута го напуштија теренот на натпреварот од 23. коло на турското првенство против Галатасарај. Гостите не беа задоволни од досуден пенал за Галатасарај во 13. минута.

-Отсекогаш ги игнорирав деструктивните и досадни пораки на социјалните мрежи за доброто на мојот клуб. Ме растажува кога гледам дека дојдовме до точка каде што нема излез. Сакам да ве информирам дека ја напуштам функцијата пред се заради клубот, семејството, блиските и моето здравје, се вели во пораката на Дурак.

Тој ја извршуваше функцијата претседател на турскиот клуб од октомври 2024 година.

Адана Демирспор е на последното, 19. место во првенствениот поредок со пет бода.


Ал Наср и Роналдо се согласија за нов договор

Сè уште не е официјално објавено, но според вестите од Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо ќе го продолжи договорот со Ал Наср до крајот на 2026 година.

Португалецот пред неколку дена наполни 40 години, се почести со победа и уште еден гол против Ал Фејха, а од клубот на подарок доби нов договорот.

Португалецот пристигна во Саудиска Арабија во декември 2022 година од Манчестер јунајтед, на 90 натпревари постигна 82 гола и забележа 19 асистенции. Оваа сезона на 26 натпревари постигна 24 гола. На последните девет натпревари за Ал Наср во првенството постигна 10 гола.

Роналдо е водечки стрелец во ПРО лигата со 16 гола, Карим Бензема има постигнато два помалку, а зад него се напаѓачите на Ал Хилал Маркос Леонардо и Александар Митровиќ со по 12 гола.


Неста се врати на клупата на Монца

Алесандро Неста се врати во Монца, откако клубот очекувано му врачи отказ на Салваторе Бокети, по шест порази во седум натпревари.

Шефот на клубот Адријано Галијани веднаш реагираше и реши на тренерската позиција да го врати Алесандро Неста со кого во декември го раскина договорот по поразот од Јувентус.

„Монца објавува дека го отповика отказот за Алесандро Неста, кој ја продолжува својата улога како тренер на првиот тим“, се вели во соопштението на ФК Монца.

Неста го предводеше тимот на 17 натпревари оваа сезона, со една победа, седум нерешени и девет порази. Монца моментално има само 13 бода, осум помалку од Емполи кој е на 17. место во зоната за опстанок во Серија А.


Евротип и МКК Куманово го официјализираа договорот за соработка.

Спортските обложувалници Евротип кои се дел од КС Групацијата,  ја официјализираа соработката со кошаркарскиот клуб МКК Куманово.

Официјалното потпишување на договорот за спонзорство се случи пред саботниот натпревар од првата македонска лига помеѓу домаќинот МКК Куманово и КК Кожув.

На истиот присуствуваа претставници од раководството на кумановскиот клуб и од компанијата Евротип.

На потпишување на договорот беше направена и промоција на новите клубски дресови на кои стои логото на Евротип. Публиката која беше присутна на натпреварот беше пријатно изненадена со бројни награди кои им ги додели менаџерката за Куманово на Евротип Јелена Шутевска.

Евротип без сомневање ќе биде сојузник на МКК Куманово на патот кон идни успеси во кошарката.


Македонија загуби во драматичен финиш од Украина во Рига

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа болен пораз од Украина од 74-72 во последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП.

Нашите кошаркарки го одиграа најдобриот натпревар во овој циклус и беа многу блиску и до победата затоа што на 55 секунди до крајот водевме со 72-71 по тројката на Митрашиновиќ.

Меѓутоа потоа не реализиравме до крајот, имавме неуспешно обиди на Николиќ и Митрашиновиќ, додека Украинките погодија три од четирите слободни и се израдуваа на триумф во Рига.

Капитенот Митрашиновиќ со 33 поени, 7 скока и 7 асистенции беше најдобар наш поединец.