Барса го враќа Тиаго Алкантара

Тиаго Алкантара наскоро би можел да се врати во Барселона, клуб
каде ја започна кариерата и ја доживеа својата афирмација.
Алкатара минатата сезона пропушти голем дел поради повреда, па го
загуби местото во првиот тим, а сега предност пред него имаат
Мекалистер и Собоцлај. Поради тоа Шпанецот е спремен да ја
промени средината во јануари, а најсилен интерес за него покажува
Барселона.
Каталонците се во потрага по квалитетен играч за врска, кој ќе го
замени повредениот Гави, а Чави смета дека Алкантара би бил
идеално решение.
Договорот на Алкантара со Ливерпул истекува на крајот од сезоната и
во моментов нема изгледи за негово обновување.