feature

Изјавена сериозноста на повредата на Делап

Лиам Делап ќе паузира 10 до 12 недели поради мускулна повреда, што го прекинува неговиот ветувачки пробив во првиот тим на Челзи. Медицинскиот тим на клубот нагласува дека е неопходна внимателна рехабилитација за да се избегнат дополнителни компликации. 

Отсуството на Делап отвора можност за Марк Гиу да заземе место во нападот веднаш. Оваа повреда доаѓа во период кога Челзи се соочува со густ распоред и ќе мора да ги прилагоди тактиките и составите. 

Случајот ја нагласува физичката напнатост на младите играчи на највисоко ниво и важноста од правилно управување со нив. Медицинскиот тим на Челзи ќе игра клучна улога во обезбедувањето на неговиот непречен повраток на теренот. 


Бузалковски го освои бронзениот медал на Европскиот шампионат 2025

Македонецот Христијан Бузалковски го освои третото место во генералниот пласман на Европскиот шампионат во моторциклизам.

Бузалковски беше го 5. место на саботната трка а поради дефект неделната трка на патеката „СловакиаРинг“ во Словачка не ја заврши.Ја извозевме нашата најдобра сезона до сега. Речиси секоја трка бевме на подиумот на Европскиот шампионат или во борба за истиот. Покажавме дека можеме да се бориме рамо до рамо со европските тимови. Среќен сум што и оваа година го повторивме и подобривме успехот од 2023 и освоивме бронзен медал повторно но овој пат бевме во тесна трка за второто место во генералниот шампионат но поради дефект во неделата не бевме во позиција да се бориме за втората позиција. Нашата цел за следната сезона е јасна и едвај чекаме да почне, информираат од тимот на Бузалковски.

Оваа година Бузалковски освои рекордни осум подиуми на ФИМ Европскиот шампионат од извозени 12 трки.


Пинар Каршиака победник на Меморијалниот турнир „Боби Петковски“

Кошаркарите на турската екипа Пинар Каршиака триумфираа на Меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија.

Во финалниот натпревар екипата од Измир убедливо го совлада косовскиот прволигаш Бора со 78-59.

Во натпреварот за третото место, кошаркарите на скопски Работнички со совладаа домаќинот на турнирот Кожув со 85-71.


Ериксен првпат ќе игра во Бундеслигата

Данскиот играч од средниот ред Кристијан Ериксен потпиша денеска двегодишен договор со бундеслигашот Волфсбург, откако на крајот од минатата сезона ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед.

Ериксен одигра 310 натпревари во Премиер лигата за Јунајтед, Брентфорд и Тотенхем во својата кариера во која настапуваше о за Ајакс и Интер.

Триесетитригодишниот Ериксен претрпе речиси фатален срцев удар за време на натпреварот од Евро 2021 против Финска, а се врати во фудбалот откако му беше вграден имплантиран кардиовертер дефибрилатор (ICD).

„Добиваме играч кој видел и доживеал сè на највисоко ниво“, рече спортскиот директор на Волфсбург, Себастијан Шиндзиелорц. „Неговото огромно искуство, квалитет на теренот и личност ќе бидат вреден поттик, особено за нашите млади играчи.“


Кремонезе официјално го претстави Џејми Варди

Џејми Варди официјално стана нов фудбалер на Кремонезе и првпат во својата кариера ќе има можност да заигра во Серија А, откако летово си замина од Лестер по истекот на договорот.

Искусниот 38-годишен напаѓач пристигна без обештетување, а веднаш по доаѓањето остави впечаток дека новата средина му одговара.

„Чувството е фантастично. Ми зборуваа дека ова е мирен град, а тука првите денови беше сè освен мирно… Многу е забавно, запознав многу навивачи кои ме запираа секаде. Импресивно. Од техничка страна нема никакви проблеми, фудбалот е заеднички јазик и преку топката се разбираме“, рече Варди.

Англичанецот призна дека уште како дете бил голем љубител на италијанскиот фудбал.

„Кога бев помлад секогаш ја следев Серија А. Станува збор за едно од најдобрите првенства во светот, тактички е потешко од англиското, но играв кај Енцо Мареска кој има сличен стил. Раниери? Не сум разговарал со него, но ќе разговарам, тој е некој кој може да ми помогне“, истакна тој.

Варди откри и кој бил неговиот најголем идол од Италија:

„Често го гледав Дел Пјеро и неговите голови. Неверојатен фудбалер“, додаде легендата на Лестер.


Работнички се засили со Трајков и Елмазоски

Скопски Работнички објави и дека се засилува со Димитар Трајков и Белул Елмазоски.

Се работи за 21-годишен фудбалер кој е роден во Италија и минал низ неколку различни академии таму.

Играл и за неколку италијански нисколигаше пред да дојде во Македонија во јануари 2025 година кога потпиша за Шкупи.

Елмазоски кој игра на позицијата крилен напаѓач, сега е нов фудбалер на Работнички кој се активираше во финишот од преодниот рок откако тргна лошо во новата сезона.


УЕФА дозволи медицинска замена во Лигата на шампионите

Европската куќа на фудбалот објави промена на едно правило во Лигата на шампионите од кое може да имаат корист фудбалерите кои не се најдоа на списокот за настап во групната фаза.

Пред почетокот на групната фаза клубовите мораа да пријават по 25 играчи. А кај оние со големи ростери испаднаа некои познати фудбалери.

Пример тренерот на Тотнем, Томас Франк нема да смета за ЛШ на засилувањето од 30 милиони фунти, Матис Тел кој призна дека одлуката го повредила.

Габриел Жесус не е во составот на Артета, Мареска го изостави Факундо Бонаноте, а Слот нема да смета на Федерико Киеза.

Според старите правила, овие играчи можеа да се надеваат дека ќе влезат во тимот по крајот на групната фаза, односно пред почетокот на нокаут натпреварите кога клубовите повторно треба да достават списоци.

УЕФА објави дека од оваа сезона на клубовите им е дозволено да регистрираат „привремена“ замена, односно некои од играчите кои не се најдоа на списокот, може да влезе во составот доколку друг играч заработи долгорочна повреда или болест. Нешто што често се случува. Ова ново правило важи до крајот на групната фаза.

Тоа значи дека оние кои беа изоставени, имаат нова надеж дека сепак ќе може да заиграат во Лигата на шампионите.


Мбапе: Мојот сон е Франција да игра финале на СП 2026

Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, изјави дека сонува да игра во финалето на Светското првенство во 2026 година.

„Фаталист сум за светот на фудбалот, но не и за животот. Животот е прекрасен. Фудбалот е тоа што е. Искрено, ако немав ваква страст, светот на фудбалот одамна ќе ми станеше одвратен. Уморот не значи дека повеќе не го сакаш она што го правиш. Сè уште сум луд. Наутро, попладне и навечер сонувам за финалето на Светското првенство, кое ќе се одржи на 19 јули во Соединетите Американски Држави. Датумот е одреден. Имаме одличен тим, се надевам дека ќе стигнеме таму“, изјави Мбапе за „Л’Екип“.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Финалето на Мундијалот е закажано за 19 јули.


Васил Гогов го продолжи договорот со Вардар 1961

Двократниот европски првак Вардар 1961 потпиша денеска нов договор со македонскиот голман Васил Гогов и тој ќе остане дел од „црвено-црните“ најмалку до јуни 2027 година.

„Актуелниот договор на Гогов истекува во јуни 2026, но задоволен од неговите настапи, клубот веднаш одлчи да му понуди продолжување“, се наведува во клупското соопштение.

Гогов, кој од 2019 година е дел од Вардар веќе неколку сезони е дел од првиот тим, сериозно се наметна како важен дел од голманската линија на Вардар. Во изминатата сезона доби сè поголема минутажа, што ја оправдува со доби настапи.

„Васил покажа дека има квалитет и карактер за Вардар. Неговиот напредок е очигледен и со нетрпение очекуваме да продолжи да расте во нашиот дрес“, соопшти Вардар 1961.


Финалето на ЛШ во 2027 година во Мадрид

Финалниот натпревар од фудбалската Лига на шампиони во 2027 година ќе се одигра на стадионот на Атлетико Мадрид, објави денеска Европската фудбалска унија (УЕФА).

Стадионот „Метрополитано“ во Мадрид е избран да биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони во сезоната 2026/2027, наведе УЕФА.

Ова ќе биде втор пат финалето на најелитното европско натпреварување да се игра на стадионот Атлетико, по 2019 година, кога Ливерпул го победи Тотенхем со 2-0.

Шпанската престолнина ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони по шести пат.

Финалето на Лигата на шампионите оваа сезона ќе се игра на 30 мај идната година на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.