feature

Слот: Мора да научиме да играме под притисок

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, вели дека е задоволен по ремито на теренот на Нотингем Форест кој има одлична серија без пораз. Мечот заврши 1:1.

„Не можев да барам повеќе. Второто полувреме беше исклучително. Малкумина можат да создадат толку многу шанси на меч против толку силен противник во одбраната. За жал, не успеавме да го постигнеме вториот гол“, рече Слот.

„Црвените“ со 47 бодови се лидери на табелата. Нотингем го има второто место со 41 бод пред Арсенал со 40-ет бодови.


Реми во заостанатото дерби меѓу Аталанта и Јуве

Аталанта и Јувентус одиграа нерешено (1-1) во дербито во Серија А. Ова беше одлоѓжен натпревар од 19.коло.

„Старата дама“ водеше во 54. минута со голот на Пјер Калулу, но тимот од Бергамо дојде до бод во 78. минута преку Матео Ретеги.

Јувентус ја продолжи серијата на нерешени резултати, ова е 13.реми за четата на Тијаго Мота во 20.натпревар, односно седми нерешен резултат на последните осум натпревари.

Аталанта е на третото место со 43 бода, Јувентус со 34 бода се наоѓа на петтото место.


Коло Муани на позајмица од ПСЖ во Јуве

Францускиот напаѓач Рандал Коло Муани ќе биде новото засилување на Јувентус.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен пристигнува во Торино на позајмица до јуни оваа година, без опција за откуп.

Тиаго Мота, тренерот на „Старата дама“ сака да ја засили конкуренцијата во нападот, но се е исклучено Дуашн Влаховиќ да го напушти клубот.

Коло Муани, во првиот дел од сезоната настапи на само 14 натпревари за ПСЖ.

Постигна два гола и забележа една асистенција, а последниот меч го имаше на 6. декември во ремито со Оксер.

Тој е член на Пари Сен Жермен од летото 2023 година, кога за 95 милиони евра пристигна од Ајнтрахт.

Коло Муни во кариерата настапуваше и за Нант и Булоњ, а има седум настапи за француската репрезентација.


Ѓоковиќ загуби сет, но го совлада Португалецот Фарија

MELBOURNE, AUSTRALIA – JANUARY 13: Novak Djokovic of Serbia celebrates a point against Nishesh Basavareddy of the United States in the Men’s Singles First Round match during day two of the 2025 Australian Open at Melbourne Park on January 13, 2025 in Melbourne, Australia. (Photo by Cameron Spencer/Getty Images)

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз изборија пласман во третото коло на Австралија опен. Ѓоковиќ во четири сета го победи Жаиме Фарија, а Алкараз во три сета убедливо го победи Јошихито Нишиока.

Ѓоковиќ прптив младиот Португалец Фарија на теренот мина нешто повеќе од три часа победи со 6-1, 6-7, 6-3, 6-2. Со исклучок на вториот сет кој го загуби во тај-брејк, седмиот носител доминираше против Фарија.

Покрај победата тој успеа да урне рекорд на Роџер Федерер. Го одигра 430.меч на Гренд слем турнирите.

Новак во третото коло ќе игра против Томаш Махач, кој го елиминира Рајли Опелка.

Алкараз беше немилосрден против 65.тенисер на АТП листата. Шпанецот славеше со 6.0, 6:1, 6:4. Алркараз првиот сет го освои за само 18 минути игра, првиот гем на Нишиока му го препушти дури во четвртиот гем од вториот сет.

Алкараз во следното коло ќе игра против победникот од мечот меѓу Нуно Борхес и Џордан Томпсон.


Нанадејно почина ракометниот тренер Александар Јовиќ

Утрово тажна вест ја потресе македонската јавност. На 51-годишна возраст почина македонски репрезентативец Александар Јовиќ.

Александар Јовиќ е роден во Бјелина, Босна и Херцеговина, Јовиќ во кариерата играше во најголемите клубови во земјава: Борец, Јафа Промет, Вардар, Металург, Пелистер. Играше со македонската репрезентација на две големи натпреварувања: Светското првенство во 2009 и Европското првенство во 2012 година.

Последните месеци, Јовиќ беше тренер на Пролет. Претходно во кариерата беше тренер на Металург, Металург 2, Пелистер и Пелистер 2.

Како тренер на Пелистер ја освои шампионската титула во домашното првенство, прва по 2006 година


Тео Хернандез е дефанзивец со најмногу голови во историјата на Милан

Тео Хернандез со вчерашниот погодок на мечот со Комо во Серија А, стана најефикасниот играч на „росонерите“ кога станува за дефанзивните фудбалери.

Тојпостигна еден од головите во победата од 2-1 и така дојде до бројката од 30 -ет што е најмногу во историјата на миланскиот состав.

Французинот успеа да го собори рекордот на легендарниот, Паоло Малдини, кој успеа да постигне 29 голови.


Репрезентативците го одработија официјалниот тренинг пред дуелот со Унгарија

Македонската ракометна репрезентација попладнево од Свети Мартин пристигна во Вараждин. Нашите раометари го одржаа последниот тренинг пред премиерниот натпревар на Светското првенство, каде ќе се соочиме со силната селекција на Унгарија.

Деветнаесетте избраници на селекторот Кирил Лазаров беа во редовентренажен процес и работеа со максимален интензитет во малата сала во Вараждин, што автоматски значи дека нашата селекција има позитивен здравствен биланс.

Во текот на утрешниот ден нашите репрезентативци ќе имаат кратко загревање во салата во комплексот „Свети Мартин“, каде впрочем и е сместена нашата делегација. Натпреварот против Унгарија ќе се одигра утре со почеток во 20:30 часот.


Лазаров: Унгарија е ракометна сила, но ние сме спремни и ќе одиграме најдобро што знаеме

Македонската ракометна репрезентација утре го започнува својот настап на Светското првенство (СП) 2025, со првиот натпревар против силната селекција на Унгарија.

Селекторот Кире Лазаров на средбата со новинарите изрази увереност дека неговите избраници ќе дадат сè од себе на теренот.

„Унгарија е сериозна ракометна сила, со богата традиција и високо квалитетни играчи. Нивните репрезентативци главно настапуваат за две од најдобрите екипи во Лигата на шампиони. Под водство на селекторот Чема Родригез, нивната репрезентација постојано напредува и е исклучително добро организирана. Тешко е да се каже дека имаат слаба точка, бидејќи се многу комплетен тим. Сепак, веруваме дека со дисциплинирана игра и максимален ангажман, можеме да се надеваме на позитивен резултат“, изјави Лазаров.

Оваа пресметка, која ќе се одигра во „Вараждин Арена“, е закажана за 15 јануари со почеток во 20:30 часот.


Лапорта: Сакаа да ја уништат Барселона, но тоа не им успеа

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, остро ги критикуваше оние кои, според него, му пречат на клубот.

Не им успеа тоа што го планираа. Покажавме сила и решителност. Се обидоа да не уништат, сакаа да не елиминираат. Но, повеќето официјални членови на Барселона сфатија дека ова е напад со цел да се дестабилизира единството на клубот. Ќе мора да работат повеќе ако сакаат да дестабилизираат клуб со над 100 години историја. Секоја кампања која има за цел да не дискредитира нема да не спречи да бидеме клуб кој го сакаат милиони ширум светот. Навикнат сум да ме критикуваат, тоа е нормална работа во мојот живот. Би сакал да ја потврдам силата на ФК Барселона. Не чека светла иднина, изјави Лапорта.

Посочи на нештата кои според него покажуваат дека каталонскиот фудбалски великан е на вистинскиот пат.

Потпишавме договор со Најк. Дополнително, новиот стадион ќе ни гарантира солидни приходи уште многу години. Велам „нов стадион“ затоа што ова што се случува со Камп Ноу не е само реновирање. Во исто време, уживаме во силен тим со домашни играчи, засилен со неколку странци. Имаме и исклучителен тренер во Ханси Флик. Наскоро ќе навршат 4 години откако јас и мојот тим го започнавме клубот. За тоа време, работевме на четири главни работи – зголемување на приходите, намалување на трошоците и платите без тимот да ја изгуби својата конкурентност, економско закрепнување и да не го загрози работниот сопственички модел на клубот. Ние го направивме тоа. Полни сме со енергија од она што се случи неодамна. Се обидоа да не дестабилизираат во клучен момент од историјата. Сепак, имаме тим кој ќе ни донесе уште поголема радост и кој веќе ги остварува соништата, додаде Лапорта.

Барселона во неделата го освои шпанскиот Суперкуп совладувајќи го во финалето Реал Мадрид со 5-2.


Хрватска забрани внесување на други знамиња освен официјалното

Светското првенство во ракомет го означува својот почеток денеска и Македонија повторно ќе биде дел од овој значаен спортски настан.

Пред самиот старт, Ракометниот сојуз на Хрватска објави кодекс за однесување за навивачите на трибините.

Во „Вараждин Арената“, според правилникот, македонските фанови можат да внесат само официјално знаме во големина од 2×1.5 метри, додека внесување на тврди предмети е строго забрането.

Утре Македонија ќе се соочи со Унгарија во првата средба од првенството која почнува во 20:30 часот. Натпреварите од второто и третото коло против Холандија и Гвинеја се закажани за 17 и 19 јануари.