feature

Симон Аман нема да настапи на Олимписките игри

Швајцарските ски-скокови влегуваат во нова фаза без едно од најголемите имиња во својата историја.

Легендарниот Симон Аман нема да биде дел од националниот тим на претстојните Зимски олимписки игри, со што симболично ќе се затвори едно од најзначајните поглавја во спортот.

Аман зад себе има импресивна олимписка кариера, обележана со настапи на 7 последователни Игри и историско двојно злато во Ванкувер 2010.

Сепак, тековната сезона на Светското првенство не ги донесе резултатите на кои е навикнат, а пласманот надвор од врвот и отсуството од подиумот од јануари 2018 година беа одлучувачки во одлуката на тренерот.

Наместо на искусниот ветеран, Швајцарија ќе им даде шанса на помладите сили, а едно од имињата што ќе добијат шанса на најголемата сцена е Феликс Трунц, кој е дел од новата генерација ски-скокачи.


Мусети предаде, Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен во 2026 година.

Во четвртфиналето на Грен слем турнирот, Србинот утрово се соочи со Италијанецот Лоренцо Мусети, кој го предаде мечот во третиот сет поради повреда на бутниот мускул.

До повредата Мусети водеше со 2-0 (6-4 и 6-3) во сетови, и имаше негатива 1-3 во третиот сет.

Меѓу вториот и третиот сет медицински тајмаут побара и Ѓоковиќ кој имаше проблеми со плускавци на десното на стапалото

Ѓоковиќ го одигра својот 1.400. натпревар во кариерата и ја забележа 1.168-та победа за 13 полуфинале на АО.

Противник на Србинот во полуфиналето ќе биде победникот од мечот Јаник Синер (Италија) – Бен Шелтон (САД).

Во првото полуфинале ќе се соочат Карлос Алкараз (Шпанија) и Александар Зверев (Германија).


Евролигата ќе го менува форматот на натпреварувањето

Денес во Барселона ќе заврши дводневниот состанок на челниците на Евро-лигата. Според најавите, едно од клучните прашања би можело да биде промената на генералниот директор на лигата – Паулиус Мотиејунас.

Управниот одбор ќе разговара и за евентуално нов формат со две конференции и намалување на бројот на мечеви.

Според информациите, Фенербахче е блиску до потпишување на нов десетгодишен договор додека Вилербан веројатно ќе се повлече од натпреварувањето.


Паладино: Аталанта сонува пласман во ТОП 8 на ЛШ

Тренерот на Аталанта, Рафаеле Паладино, не крие дека е оптимистички расположен пред денешното гостување кај Ројал Унион во Белгија, во рамките на последното коло по групи во елитата на Европа.

„Имаме сон да завршиме меѓу првите осум но, пред сè е важно да се фокусираме на трите бода. Натпревар е многу значаен и нема да правам никакви ротации во составот“ – рече Паладино.

Бодовите се императив и за домаќините кои се борат да влезат во елиминациите во ЛШ.


Андре Онана се враќа во Серија А

Поранешниот голман на Интер, Андре Онана, може да се врати во редовите на италијанскиот тим во наредното лето.

Црномурестиот чувар на мрежата кој е на платниот список на Манчестер Јунајтед но, игра како позајмен во Турција, има реални шанси повторно да го облече дресот на „нероаѕурите“.

Камерунецот има уште две години од договорот со „црвените ѓаволи“. 29-годишникот треба да биде наследник на Јан Зомер на голот на Интер.


Фереира Караско се враќа во Европа, Рома фаворит за неговиот потпис

Екипата на Рома во зимскиот преоден рок планира дополнително да го засили тимот, со цел да биде поконкурентна во клучната фаза од сезоната во Серија А, каде што примарна цел е пласман во Лигата на шампионите, но тука е и Лигата на Европа, каде „волчицата“ има амбиции да стигне до трофејот.

Според информациите на италијанскиот „Скај Спорт“, раководството на Рома ќе се обиде да го ангажира белгискиот крилен фудбалер Јаник Караско.

Неговиот сегашен клуб Ал Шабаб од Саудиска Арабија се соочува со финансиски проблеми и се обидува да го растовари буџетот, а со оглед на тоа што договорот на Караско истекува на крајот од сезоната, Рома сака да договори позајмица до јуни, при што би презела поголем дел од неговата плата.

Со своето богато искуство, Караско би можел значително да ѝ помогне на екипата предводена од Џанпјеро Гасперини.

Станува збор за фудбалер кој остави длабока трага во европскиот фудбал со настапите за Монако и Атлетико Мадрид, а за репрезентацијата на Белгија има 78 настапи и 11 погодоци. Караско е член на Ал Шабаб од 2023 година.


Фахад Бајо на позајмица од Вардар во Арсими

Фудбалерот од Уганда, кој е член на Вардар, Фахад Бајо до крајот на сезоната ќе го носи жолто-црниот дрес на Арсими.

„Арсими со задоволство го претставува најновото засилување во офанзивниот дел на тимот, Фахад Бајо, напаѓач со меѓународно искуство и одличен голгетерски инстикт“, се вели во соопштението на гостиварскиот клуб.

Бајо е репрезентативец на Уганда кој има одиграно 25 меча за својата земја и постигнато шест голови.

Во текот на својата кариера, тој играл за клубови како: Пролајн ФК, Билдкон ФК, Вајперс СЦ, ФК Ашдод, Бнеи Сахнин, МФК Вишков.


Кенан Јилдиз добива нов подобрен договор во Јуве

Јувентус наскоро ќе го продолжи договорот со Кенан Јилдиз. 20-годишниот Турчин е означен како централна фигура на новиот проект на клубот.

Јилдеиз во 2022 година притигна во Јувентус. Италијанскиот клуб успеа да го донесе без обесштетување од Баерн.

Тој, последните 12 месеци, беше мета на многу европски гиганти, со оглед на тоа што игра во Јувентус за 1.500.000 евра по сезона. Сепак прво реши да преговара со клубот и дете страни експресно постигнаа договор.

Според „Тутоспорт“, според новиот договор, Јилдиз ќе заработува 6.000.000 евра по сезона.

Јилдиз, заедно со Дејвид е ја има најголемата плата, пред него ќе биде само Душан Влаховиќ, кој заработува 12.000.000 евра годишно, но тој ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона.

Јилдиз оваа сезона одигра 29 натпревари во сите натпреварувања за Јувентус, постигна девет гола и забележа осум асистенции.


Доргу сериозно се повреди, ќе пропушти доста важни натпревари

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Патрик Доргу, ќе биде надвор од терените околу десет недели поради повреда на тетивата, објави новинарката Лори Витвел.

Данскиот репрезентативец се повреди во победата од 3:2 против Арсенал во неделата. Во тој натпревар, тој постигна и спектакуларен гол во второто полувреме.

Иако на почетокот се чинеше дека станува збор само за грч, тестовите ја потврдија повреда.

21-годишникот е во одлична форма во последните недели, постигна пет гола во последните седум првенствени натпревари на Јунајтед.

Доргу беше во почетниот состав и постигна гол во првите два натпревари под привремениот тренер Мајкл Карик, каде што играше на левото крило во системот 4-2-3-1.

Данецот веројатно ќе пропушти осум од преостанатите 15 натпревари во Премиер лигата и се очекува да биде подготвен за полуфиналниот бараж, за пласман на Светското првенство, на 26 март против Македонија.


Даглас Луиз се враќа во Астон Вила

Астон Вила мораше да реагира, на зимскиот пазар, поради големиот број повреди, па Унаи Емери сега повторно го доби Даглас Луиз.

Бразилецот не доби посебна шанса на позајмица во Нотингем Форест од Јувентус, поради што тој ги напушти „шумарите“, а Јувентус му дозволи да се врати во Астон Вила.

Даглас Луиз на овој начин се враќа во тимот на Емери по 18 месеци и трансферот во Јувентус, каде не се прослави.

Тој се пресели од Вила во Јувентус во летото 2024 година за дури 51.500.000 евра. Претходно го носеше дресот на Вила пет полни години, а интересно е што пристигна во Бирмингем од Манчестер Сити, каде што никогаш не доби вистинска шанса.

Вила сега го донесе на позајмица со опција за откуп во лето, но бројката не е позната.

Ова е големото враќање на капитенот, кој одигра дури 204 натпревари за Астон Вила, со улинок од 22 гола и 25 асистенции.

Луиз е ангажиран бидејќи сезоната заврши за Бубакар Камара, додека Мекгин и Тилеманс ќе бидат надвор од теренот неколку недели.