feature

Ракометарките со победа над Словачка го освоија турнирот во Турција

Македонската женска ракометна репрезентација го освои првото место на меѓународниот турнир во Анкара во рамки на ЕХФ неделата, откако денеска во завршното трето коло ја совлада Словачка со 26-24.

Дуелот против до овој натпревар непоразената Словачка донесе резултатски израмнето прво полувреме (12-12).

На стартот од вториот дел, македонските ракометарки влегоа во серија од 3-0, за водство од 15-12, кое со пожртвувана игра го задржаа до самиот крај на натпреварот.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски го завршија настапот на турнирот со пет бодови, откако во првото коло триумфираа над домаќинот Турција со 29-26, а во саботата одиграа нерешено против Словенија 23-23.


Винсент Крихмаер победи на супер-велеслаломот во Бивер Крик

Скијачот, Винсент Крихмаер, победи во трката во Супер-Џи реализирана во Бивер Крик, САД. Истата беше одложена за еден час поради магла и обилни снежни врнежи.

Австриецот постигна време од 1:06,77 секунди, победувајќи го Норвежанецот Фредрик Милер за 56 стотинки. Рафаел Хасер од Австрија го пополни третото место на подиумот.

Зад нив се пласираа Доминик Париз и Марко Одермат, кој со новите бодови останува на чело во генералниот пласман во Светскиот куп во алпско скијање.


Шпанија прв фаворит на Мундијалот следното лето

Откако беше извршена жрепката за групите за Светското првенство во 2026 година, водечките светски обложувалници ја гледаат Шпанија како најголем фаворит за освојување на титулата.

Според обложувалниците, Шпанија е прв фаворит за светската титула со коефициент од 4-5.

На второто место се Англија и Франција со коефициент од 6,5, по што следат Аргентина и Бразил (8,5), Германија (14), Португалија (16) и Холандија (20).

Хаити има најмали шанси, со коефициент од 4.500.


Динамо се спаси од пораз во 102. минута од хрватското дерби со Хајдук

Најголемото хрватско дерби, меѓу Динамо и Хајдук во 16-то коло од СуперСпорт ХНЛ заврши 1-1.

Натпреварот имаше неверојатен тек, Динамо доминираше речиси 70 минути, но не успеа да поведе, додека по интервенцијата на ВАР, на „модрите“ им беа поништени гол и пенал.

После тоа, Шего го шокираше „Максимир“ во 68-та минута и Хајдук беше на дофат на голема победа, но Арбер Хоџа ги постави конечните 1-1 во 12-тата минута од судиското продолжение.

По ова лудо дерби, Динамо го задржа првото место на табелата со бод повеќе од второпласираниот Хајдук.


Барса го декласира Бетис, хет-трик на Феран Торес

Барселона убедливо победи во едно од дербињата на 15-то коло од Ла Лига. Во Севилја го победи Бетис со 3-5.

Се чинеше дека Барселона може да се лизне во Севилја против Бетис. Ерупција на воодушевување донесе голот на Антони во петтата минута. Барселона одоговори експресно со два гола на Феран Торес во 11-та и 13-та минута.

Барселона не застана тука. Напротив, во 31-та минута, Педри беше во улога на асистент, а Бардаги совршено ја контролираше топката, а потоа од 15 метри го погоди блискиот агол на голманот Валхес.

До крајот на првото полувреме, Барселона веќе го обезбеди триумфот, во 40-та минута имаше малку среќа, Торес шутираше, топката се одби од противничкиот играч и заврши во мрежата на домашниот тим.

Во продолжение, Барселона постигна петти гол, во 57-та минута беше досуден пенал за гостите, по прегледаното ВАР видео, а Ламине Јамал погоди за 1-5.

До крајот на натпреварот, има уште три детали што вреди да се споменат, пред сè оној од 85-та минута кога Љоренте го постигна вториот гол за Бетис, а потоа и неверојатното промашување на Рашфорд кој, минута подоцна, сам се најде пред голманот на Бетис и шутираше покрај голот од десетина метри.

Во 90-та минута, Кунде направи пенал, а Кучо Ернандез сигурен за конечни 3-5.


Барса размислува за напуштање на Евролигата

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона зборуваше за можноста клубот да ја напушти Евролигата.

Тој тврди дека е подготвен да го продолжи договорот со Евролигата, но со услов.

„Лиценцата на Евролигата истекува во јуни 2026 година, а клубовите што нема да ја обноват ќе го изгубат правото да се етаблираат. Се обидуваме да ѝ дадеме до знаење на Евролигата дека Барселона е важен дел од натпреварувањето и тие го разбираат тоа. Предложивме обновување со Евролигата, но со можност за флексибилност во случај предлогот на НБА да биде подобар“, рече Лапорта.

Во меѓувреме, НБА не губи време.

„НБА ни нуди средба за да можат да ни дадат повеќе детали за предлогот. Засега, сите овие средби звучат многу ветувачки, но сè уште немаме конкретна понуда“, заклучи Лапорта.


Интер Мајами е нов шампион во МЛС лигата

Inter Miami forward Lionel Messi (10) celebrates with his teammates during a ceremony for winning the Supporters’ Shield after an MLS soccer match against the New England Revolution, Saturday, Oct. 19, 2024, in Fort Lauderdale, Fla. (AP Photo/Lynne Sladky)

По шампионските титули во Шпанија, титулата шампион во Франција, освојувач на Лигата на шампионите, Копа Америка и Светското првенство, Лионел Меси во своето импресивно фудбалско досие од вечерва ја има и титулата во американската МЛС лига.

Во големото финале на сезоната, вечерва Интер Мајами со 3:1 славеше над тимот на Ванкувер и успеа да ја освои шампионската титула, што е и прва титула за Аргетинецот во розевиот дрес на момците од Флорида.

Меси ја освои својата прва титула во МЛС со Интер Мајами, не постигна гол, но директно придонесе за сите три гола во победата од 3-1 над Ванкувер, во чии редови беше германскиот ветеран Томас Милер.

Сметајќи ги трофеите освоени со Барселона, Пари Сен Жермен, Интер Мајами и аргентинската репрезентација, Меси сега има 44 титули како професионален играч.


Пелистер волеј убедлив на гостувањето кај Вардар

Полусезоната за одбојкарките на Пелистер волеј заврши со максимална победа од 0-3 во гости над екипата на Вардар од Скопје. Битолчанки одиграва одличен натпревар и, иако резултатот е 0-3, сепак домаќинот покажа дека е сосема солидна екипа.

За истакнување е перфектнот сервис на сите во екипата, (само 6 сервис грешки и 12 аса), но оние серии на Марија Димитровска беа од исклучителна важност за нашата екипа, со што Пелистер волеј покажува дека има голем број на играчи кои можат да одговорат еднакво квалитетно на задачата.

Шај Мек Ги повторно беше најефикасна со 13, Најдановска запиша 9, Стојановска 8, Димитровска 8, Ела Медвед 6, Жевлакова 2 поени.

Следува мал одмор од неколку дена, а следуваат припреми за вториот дел од сезоната.


Намалена казната на Луис Диаз

Европската фудбалска федерација (УЕФА) делумно ја усвои жалбата која минхенски Баерн ја поднесе на суспензијата за својот напаѓач Луис Диаз и му ја намали казната од три на два натпревари.

УЕФА првично на колумбискиот фудбалер му изрече суспензија од три натпревари поради црвениот картон што му беше покажан во победата од 2-1 над европскиот првак ПСЖ во Лигата на шампионите минатиот месец.

Диаз беше двоен стрелец на натпреварот пред да биде исклучен на почетокот на второто полувреме поради груб прекршок врз фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими. Ден подоцна, ПСЖ соопшти дека Хакими го повредил левиот глужд и оттогаш мароканскиот дефанзивец нема настап за клубот од Париз.

Диаз ќе го пропушти домашниот натпревар на Баерн во Лигата на шампиони против Спортинг Лисабон во вторник, но би можел да се врати во составот за дуелот против белгиски Унион Сен Жил.


Верстапен обезбеди пол позицијата на ГН на Абу Даби

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), ќе стартува од пол-позицијата на последната трка од овогодишното Светско првенство, Големата награда на Абу Даби, која ќе се вози в недела.

Верстапен на денешните квалификации постигна време кое беше за 0,201 секунди подобро од водечкиот возач во генералниот пласман, Британецот возач Ландо Норис (Мекларен), кој ќе стартува од втората позиција, додека неговиот клупски колега, Австралиецот Оскар Пјастри ќе стартува од третото место.

Пред последната трка од сезоната, лидерот Норис има 12 бодови повеќе од второпласираниот Верстапен, а 16 од третопласираниот Пјастри, и ќе ја освои шампионската титула ако заврши на подиумот в недела.