Фудбалскиот клуб Вардар повеќе нема да смета на досегашниот капитен Дарко Мицевски, со кој е постигнат заеднички договор за прекин на соработката и тој е слободен да премине во друг клуб.
Владица Брдаровски, кој е еден од фудбалерите со најдолг стаж во „црвено-црниот“ тим, е ослободен од обврските и ќе бара нова фудбалска средина.
Вардар ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, при што првата фаза ќе ја реализира во својата база во Скопје. Како дел од подготовките, „црвено-црните“ ќе заминат во Анталија на 18 јануари.
Виницииус го купува португалскиот клуб Алверка
Винисиус Жуниор е во преговори за купување на португалскиот клуб Алверка, пренесуваат португалските медиуми.
Клубот моментално се наоѓа на осмата позиција во Втората дивизија на португалскиот фудбал – Лига де Хонра.
„Мајсфутебол“ тврди дека преговорите меѓу Винисиус и клубот веќе се во тек, дури и информациите велат дека тие би можеле да бидат склучени за околу 10 милиони евра.
Доколку тоа се случи, Винисиус ќе им се придружи на Дејвид Бекам, Златан Ибрахимовиќ и Килијан Мбапе, кои исто така поседуваат клубови.
Јунајтед налета на Лестер на Ван Нистелрој во ФА Купот
По дербито од 3. коло на ФА Купот помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, беше извршена ждрепката за 4. коло од најстарото куп натпреварување во светот.
Бранителот на титулата Манчестер Јунајтед, по херојската победа на пенали над „топџиите“ во Лондон со човек помалку, во следното коло ќе игра пред своите навивачи на „Олд Трафорд“, а ривал ќе им биде поранешниот (привремен) менаџер и легендарен стрелец – Руд Ван Нистелрој.
Ждрепката беше сурова за славниот Холанѓанец, кој емотивно се прости од „црвените ѓаволи“ кога мораше да го напушти Театарот на соништата со доаѓањето на португалскиот тренер Рубен Аморим.
Во меѓувреме, тој ја прифати улогата на менаџер во Лестер и сега ќе патува со „лисиците“ во посета на својот сакан клуб.
Што се однесува до останатите двојки, на програмата се три дуели во кои ќе се сретнат прволигаши.
Сите парови од 4. коло во ФА Купот:
Манчестер Јунајтед – Лестер Сити
Лидс Јунајтед или Милвол/Дагенхем и Редбриџ
Брајтон – Челси
Престон/Чарлтон Атлетик – Вајкомб Вондерерс
Ексетер Сити – Нотингем Форест
Ковентри Сити – Ипсвич Таун
Блекбурн Роверс – Вулверхемптон
Менсфилд Таун/Виган Атлетик – Фулам
Бирмингем Сити – Њукасл Јунајтед
Плимут Аргајл – Ливерпул
Евертон – Бурнмаут
Астон Вила – Тотенхем Хотспур
Саутемптон – Барнли
Лејтон Ориент/Дерби Каунти – Манчестер Сити
Донкастер Роверс – Кристал Палас
Стоук Сити – Кардиф Сити
Натпреварите се закажани од 7 до 10 февруари.
Дончиќ пропушти многу натпревари, нема да биде во конкуренција за МВП наградата
Лука Дончиќ повеќе нема да има право да конкурира за индивидуалните награди оваа сезона во НБА лигата.
Ѕвездата на Далас Маверикс ќе го пропушти неделниот натпревар против Денвер Нагетс, што не е изненадување со оглед на тоа дека веќе е надвор од теренот поради повреда на левата потколеница и се очекува да отсуствува најмалку уште две недели.
Дуелот со Денвер ќе биде 17-ти натпревар што Дончиќ го пропушта оваа сезона, со што ќе ја прекине серијата од пет последователни појавувања во All-NBA First Team изборот.
Исто така, тој автоматски е елиминиран од трката за наградата МВП.
Дончиќ се приклучува на растечката листа на ѕвезди кои нема да го исполнат условот на НБА од 65 натпревари за да можат да бидат во конкуренција за наградите на крајот од сезоната. На таа листа се Каваи Ленард, Џоел Ембид, Зион Вилијамсон, Паоло Банкеро и Чет Холмгрен.
„За жал, тоа е норма сега со правилата кои се поставени“, изјави тренерот на Маверикс Џејсон Кид.
„Кога имате сериозна повреда, тоа може да ве исклучи, но сите знаеме дека тој е еден од најдобрите играчи. Секогаш се споменува како кандидат за наградата МВП”.
Македонија минимално ги надигра Зеленортските острови во последниот тест пред Мундијалот
Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа од 27-26 на последниот натпревар пред Светското првенство кој го игравме против селекцијата на Зеленортски Острови.
Во изедначен натпревар Македонија беше подобра во клучните моменти и така стигна до победата. По првото полувреме предноста беше на страна на африканската репрезентација со 14-15, но во вториот дел успеавме да направиме пресврт.
Мундијалот Македонија го започнува в среда против Унгарија во терминот од 20:30 часот.
Претходно избраниците на Лазарово одиграа два теста со Хрватска од која загубивме и тимот на Сесвете кој го победивме убедливо.
МЗТ Скопје го доби дербито со Пелистер
Кошаркарите на МЗТ Скопје му одржаа лекција на Пелистер (82-62) во дерби средбата од 13. коло во Првата лига.
Бранителот на трофејот покажа далеку повеќе на средбата во СЦ „Јане Сандански“, го разби противникот и со тоа му се одмазди за тесниот пораз на првиот меч одигран во Битола
„Металците“ ја добија првата четвртина со 20-7, втората со 19-17 и со убава предност од 39-24 заминаа на пауза. Пелистер подобро се снајде во вториот период (20-23), ама домаќините одново одговорија во завршните десет минути и забележаа конечно славје од 20 разлика.
Ова за клубот од Аеродром беше десетта победа во сезоната, најефикасен беше Едвин со 18 поени, Маслинко додаде 15, а Магдевски имаше дабл-дабл од 16 поени и 10 скока. Кај поразените Стајиќ и Антоан реализираа по 14 кошеви.
Доужер потпиша за Анадолу Ефес
Американскиот кошаркар, Пи Џеј Доужер се врати во Европа. До крајот на сезоната ќе го носи дресот на Анадолу Ефес.
Доужер, неодамна доби отказ од НБА, откако челниците на Минесота решија да го раскинат неговиот договорот.
Крилниот бек, минатата сезона прв пат во кариерата играше во Европа, го носеше дресот на Партизан. Сезоната в Белград не беше сјајна за него, па Партизаб реши да не му го продолжи договорот, а тој се врати во НБА.
Откако не доби шанса во Минесота, доби раскин на договорот и се врати во Евролигата.
Тој е поранешен студент на универзитетот Јужна Каролина и поранешен член на Оклахома, Бостон, Денвер и Сакраменто.
Фулкруг сериозно се повреди, Вест Хем бара нов напаѓач
31-годишниот напаѓач на Вест Хем, Никлас Фулкруг, поради повреда ќе паузира до три месеци, објави „Скај Спорт“.
Според изворот, во текот на викендот напаѓачот бил подложен на лекарски преглед, каде му било констатирано оштетување на тетивата на бутниот мускул.
Да потсетиме, Фулкруг ја повреди тетивата за време на натпреварот на Вест Хем со Астон Вила во петок, 10 јануари (1:2). Фудбалерот беше заменет во 15. минута.
Оваа сезона Фулкруг учествуваше на 11 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола и една асистенција. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година.
Барса доминантно го освои Суперкупот на Шпанија
Барселона го освои 15. трофеј во Суперкупот на Шпанија. Во финалето, во Ријад, Барселона го декласира Реал Мадрид со 5-2 (4-1).
Барселона го надигра и го понижи најголемиот ривал во финалниот меч. Каталонците за 26 минути спакуваа пет гола во мрежата на Тибо Куртоа. Колку Реал беше инфериорен говори и податокот дека и со играч повеќе не успеаја да и наштетат на Барселона.
Во 52.минута исклучен беше голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Мбапе го постигна првиот гол на натпреварот во петтата минута. барселона изедначи во 22. преку Јамал, а до крајот на првиот дел погодија Левандовски, Рафиња и Балде.
На стартот од вториот дел, во 48. минута, петтиот гол го постигна Рафиња. По исклучувањето на Шчесни, Родриго го намали поразот.
Одермат во велеслалом не греши, победи и во Аделбоден
Швајцарскиот скијач Марко Одермат победи на денешниот велеслалом што се одржа во Аделбоден, Швајцарија и ја зголеми својата предност во оваа дисциплина, но и во вкупниот пласман во Светскиот Куп.
Одермат победи со време од 2:27.55 минути и така ја забележа четвртата последователна победа на оваа патека. Швајцарец по првото возење беше трет, но во второто успеа да ја надополни разликата од 0.34 секунди и стигна до 42-та победа во Светскиот куп, односно 26-та во велеслалом.
Второто место му припадна на неговиот сонародник Лоик Мејар со заостанување од 0.20 секунди. Италијанецот Лука де Алипрандини го освои третото место со 0.69 секунди заостанување зад Одермат.
Во генералниот пласман во велеслалом, Одермат е прв со 300 бода, пред Кристоферсен со 199 бода. Одермат е прв во вкупниот пласман за Светскиот Куп со 730 бода, пред второпласираниот Кристоферсен кој има 574, додека Мејар со 474 бода е трет.