feature

Бекам: Време е Манчестер Јунајтед да добие нови сопственици

Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, тврди дека доаѓа времето во кое клубот од Олд Трафорд, мора да добие нови сопственици.

Семејството Глејзери во чија сопственост е клубот од Манчестер, пред извесен период најавија дека ја разгледуваат опцијата да го продадат клубот и дека бараат потенцијални инвеститори.

До крај беа решени да одат само двајца, Сер Џим Ратклиф од Британија и Шеикот Јасик од Саудиска Арабија, две страни кои понудија нешто повеќе од 5 милијарди фунти, но на таквите понуди, семејството Глејзер остана воздржано.

Но сега и Дејвид Бекам во интервју за медиумите, тврди дека настапува време во кое продажбата на Манчестер Јунајтед е неизбежна работа.

„Ќе се случи наскоро продажба на Манчестер Јунајтед, смена на сопственичката структура. Сите добро знаат дека јас сум фан на клубот од Олд Трафорд и ги знаат моите ставови околу целата ситуација. Растев со тој клуб, со повеќе играчи и со еден ист тренер. Манчестер Јунајтед секогаш ќе биде еден од најголемите светски клубови“, порача Британецот.


Еланга: Нема некоја разлика меѓу Нотингем Форест и Манчестер Јунајтед

Ентони Еланга ги шокира фановите на Манчестер Јунајтед во една реченица, откако направи трансфер во Нотингем Форест и каде рече дека нема премногу разлика помеѓу двата клуба.

Еланга во моментот е на интернационални обврски со репрезентацијата на Шведска, а летоска направи трансфер од Олд Трафорд во Нотингем Форест, двократниот европски шампион од минатото.

Сезоната Еланга ги одигра скоро сите натпревари за Нотингем Форест, а го постигна и победничкиот гол против Челси во победата со 1-0 минатиот месец.

Зборувајки за неговиот трансфер од Јунајтед во Нотингем Форест, тој порача: „Трансферот беше полн погодок, перфекција, проектот е голем и одличен за мене“.

Го прашаа и за тоа да направи паралела за играњето во двата клуба:

„И нема некоја голема разика меѓу двата клуба, добро почнавме во првенството, ги добиваме натпреварите, Нотингем Форест е сепак поранешен европски шампион и има добри фудбалери, сезоната е долга и се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, порача Еланга.


Постекоглу од Тотенхем е тренер на месецот во Премиер лигата

Анге Постекоглу е избран за менаџер на месец септември во Премиер лигата. Така, Австралиецот стана првиот тренер кој некогаш ја освоил наградата во дебитантските два месеци од кариерата во англиската елита.

Последниот менаџер кој ја доби наградата и во август и во септември беше Јирген Клоп, што се случи во сезоната на освојување на титулата на Ливерпул. Тотенхем останува непоразен во Премиер лигата, а „Спарси“ ги победија Барнли, Шефилд Јунајтед и Ливерпул во септември и ремизираа во дербито со Арсенал.

Австралиецот победи во конкуренција на Клоп, Артета, Емери и Хау. Наградата за играч на месецот му припадна исто така на играч на Тотенхем. Оваа признание заврши кај капитенот Хјун-Мин Сон, кој постигна шест гола во споменатите пет натпревари.


Бензема: Пронајдов душевен мир во Саудиска Арабија

Карим Бензема беше привлечен од огромниот фудбалски проект и фактот дека Саудиска Арабија е муслиманска земја кога ја заврши својата импресивна магија во Реал Мадрид и се пресели во Ал Итихад. Ова го изјави напаѓачот цитиран од Ројтерс.

Бензема беше едно од големите имиња кои летото се преселија во Саудиската Про лига. Според различни информации, тој ќе добие над 100 милиони евра за престојот на Ал-Итихад, откако помина 14 години во Мадрид.

Во својот нов клуб францускиот интернационалец игра со Н’Голо Канте и Фабињо.

„Овој фудбалски проект изгледаше огромен од самиот почеток и сакав да бидам дел од него. Сакам да помогнам во развојот на фудбалот во Саудиска Арабија и тоа е исто така причината поради која се согласив на трансферот“, рече тој во интервју за Саудиска Про лига.

„Исто така, Саудиска Арабија е муслиманска земја и тука бев пречекан со раширени раце. Веднаш се почувствував сакан. Јас сум муслиман и чувствувам мир овде. Во Саудиска Арабија фудбалот се почитува и среќен сум со нивото на игра. Навистина бев изненаден бидејќи во Европа не сме виделе многу натпревари од овој шампионат. Сега работите се менуваат бидејќи тука пристигнаа големи имиња“, изјави Бензема.


Пеп доби понуда за нов договор во Сити

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола наскоро може да го продолжи договорот со Манчестер Сити. Ова го објави новинарот Николо Шира на социјалните мрежи.

Според изворот, раководството на Сити има намера на шпанскиот стручњак да му понуди нов договор до 2027 година. Сегашниот договор меѓу двете страни е со важност до крајот на јуни 2025 година. Преговорите ќе започнат во наредните недели.

Гвардиола го води Манчестер Сити седум години (од 2016 година). Под негово водство, тимот пет пати го освоил англискиот шампионат, два пати ФА Купот и Суперкупот, а по еднаш Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА.


Дончиќ: Во Европа за мене постои само Реал Мадрид

Реал Мадрид вчера славеше во пријателски меч против Далас маверикс со 127-123, а Лука Дончиќ одигра само пет минути. Дончиќ доби мала минутажа со цел да не заработи повреда на теренот, а по мечот кажа дека бил среќен што се вратил во Мадрид.

„Сакав да го играм целиот меч, но по повредата на тренингот сметаа дека тоа не е добро за мене. Во секој случај ова беше возбудлив ден. Не би бил тука каде што сум ако не беше Реал Мадрид. Тука научив сè. Имам убави спомени и ако еден ден се вратам во Европа, тогаш тоа ќе биде во Реал Мадрид“, изјави Дончиќ.


Понуди од сите страни за „бисерот“ на Баер Леверкузен

Флориан Виртц го привлече вниманието на најголемите клубови
на Стариот континент.
Манчестер Сити, Реал Мадрид, ПСЖ и Баерн Минхен веќе
подолго време ги следат настапите на Виртц и сакаат да го
донесат во своите редови.
Виртц има договор со Леверкузен до 2026 година, па поради тоа
„фармацевтите“ не брзаат со продажбата. Меѓутоа, германскиот
клуб е спремен да го продаде доколку некој клуб испрати
примамлива понуда. Манчестер Сити сака да ја победи
конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент, а
Гвардиола го посочил како приоритет.
20-годишниот Вирц оваа сезона на 7 настапи во Бундеслигата има
1 гол и 3 асистенции, а веќе е стандарден во германската
репрезентација.


Анчелоти мерка засилување од Милан за Реал Мадрид

Карло Анчелоти сака во зимскиот преоден рок да ја засили
одбраната на Реал Мадрид, а позната е најголемата желба.
Милитао ќе ја пропушти целата сезона поради повреда, па
„кралевите“ имаат потреба од дефанзивец, а прво име на
списокот е Малик Тиао од Милан. 21-годишниот Германец
импресионира со своите настапи во последно време и веќе
дебитираше за германската репрезентација.


Тој се зацврсти во стартниот тим на „росонерите“, па веќе важи за
еден од најголемите таленти.

Реал Мадрид сака да го доведе во јануари спремил понуда од 20
милиони евра, но ќе биде тешко да се убеди Милан да го пушти
својот „бисер“.


Конте негира дека ќе го преземе Наполи

Трофејниот италијански стручњак Антонио Конте денеска ја
отфрли можноста да го преземе шампионот во Серија А, Наполи
во случај италијанскиот шампион да ја прекине соработката Руди
Гарсија поради серијата лоши резултати.
„Слушам упорни гласини за трансфери кои ме поврзуваат со
разни клубови, но повторувам, единствена желба ми е да се
одморам и да уживам со семејството“ објави Конте на Инстаграм.
Претходните денови медиумите пишуваа дека Французинот
Гарсија ќе биде сменет како тренер на Наполи, но тоа не се
случи. Наполи претрпе два порази на домашен терен, од Реал во
Лигата на шампионите и Фиорентина во Серија А. По осум
одиграни кола, шампионот на Италија има седум бода помалку од
лидерот Милан.


Винчиќ ќе суди во дуелот меѓу Украина и Македонија

Словенечкиот судија, Славко Винчиќ ќе ја дели правдата на
саботниот дуел со Украина во Прага. УЕФА ги одреди судиите за
престојните квалификациски натпревари, а на Винчиќ ќе му
помагаат неговите сонародници Томаж Кланчник и Андраж
Ковачиќ.
Саботниот натпревар меѓу Украина и Македонија се игра во Прага
со почеток од 15:00 часот.