feature

ПСЖ го позајми Коло Муани во Тотенхем

ПСЖ повторно го испрати на позајмица Рандал Коло Муани (26). Репрезентативецот на Франција ја помина втората половина од минатата сезона во Јувентус.

Цело лето Коло Муани чекаше Јувентус да се договори со ПСЖ. Откако клубовите не постигнаа договор, а Јувентус за 40 милиони евра го донесе Лоис Опенда, Коло Муани прифати да се пресели во Тотенхем.

Фабрицио Романо објави дека Спарс ќе му плати на ПСЖ пет милиони евра и дека во фоговорот нема опација за откуп на договорот.

ПСЖ плати 95 милиони евра за Коло Муани кога го купија од Ајнтрахт на последниот ден од летниот преоден рок. Оттогаш, тој одигра 54 натпревари за ПСЖ и постигна 11 голови.


По осум години Медведев се раздели со тренерот Сервара

Крај на својата осумгодишна соработка, објавија денеска Данил Медведев и неговиот тренер Жил Сервара, само неколку денови по инцидентот што рускиот тенисер го предизвика во првото коло на УС Опен.

Медведев загуби со 3-6, 5-7, 7-6(5), 6-0, 4-6 од Бенџамин Бонзи во натпревар во кој 29-годишниот Русин го вербално нападна судијата и го искрши својот рекет по дуелот.

Сервара, кој беше прогласен за тренер на годината во 2019 година, му помогна на Медведев да освои 20 титули, вклучувајќи го и Отвореното првенство на САД во 2021 година, како и АТП финалето во 2020 година.

„Ти благодарам што ме водеше низ сите овие години и ќе видиме што ни носи животот во иднина“, напиша Медведев на социјалните мрежи.

Одлуката за прекин на соработката дојде по слабите настапи на грен слем турнирите оваа година, на кои Медведев загуби во првото коло на три од четирите главни турнири и во второто коло на третиот.

Сервара, од своја страна, истакна уживал во работата со Русинот – „дури и кога било тешко“.

„Данил, нашата фантастична осумгодишна авантура заедно завршува. Како симболичен животен потрес, по ова Отворено првенство на САД ја завршуваме нашата соработка. Ќе ја имам предвид твојата неконвенционална магија како играч, што е твојата сила. Повторно ќе се вратиш во својата форма, сигурен сум во тоа“, порача Сервара.


Киву: Овој Интер се мачи да создаде игра

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, се осврна на вчерашниот пораз од Удинезе во 2.коло на Серија А.

„Нероазурите“ на домашен терен загубија со 2:1, иако први имаа водство.

Треба да ја пронајдеме нашата мотивација, нашиот ентузијазам и нашата желба за настап што ја имавме пред неколку дена. Денес се мачевме да создадеме игра, бевме невнимателни и не се стремевме кон совршенство. Сето ова влијаеше на исходот. Епизодата со пеналот ни предизвика психолошка штета. Не смееме да бидеме толку френетични како што бевме денес, бидејќи така ја губиме топката. Натпреварот се претвори во игра „ајде да видиме што ќе се случи“ со четири напаѓачи. Треба да работиме напорно, првенството ќе биде долго, изјави романскиот тренер.

Во следното коло Интер ќе игра на гости против Јувентус на 13 септември.


Единаесет македонски пингпонгари ќе учествуваат на Меѓународниот турнир во Скопје

На претстојниот меѓународен пингпонгарски турнир за млади играчи што ќе се одржи во Скопје ќе настапат 11 Македонци. Ова е рекорден број македонски играчи на еден турнир од вакво ниво.

Македонки пингпонгари на „World Table Tennis (WTT) Youth Star Contender Skopje 2025“ се: Кристијан Каламадевски, Мартин Ристески, Давид Јоноски, Моника Стајковска, Сара Ризовска, Бојана Јовевска, Матеја Смолиќ, Лука Стојчев, Александар Јакимовски, Софија Хасану и Фани Јованоска.

Турнирот ќе се одржи од 5 до 7 септември во салата „Јане Сандански“. Ќе се играат натпревари во категориите до 15 и 19 години.


Сити плати 39 милиони евра и го доби Џиџо Донарума

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, се пресели во Манчестер сити, објави инсајдер Фабрицио Романо.

Трансферот на 26-годишниот Италијанец ги чини „Граѓаните“ 39 милиони евра. Донарума бранеше за пари Сен-Жермен од јули 2021 година. Неговиот договор со Парижаните имаше важност до 30 јуни 2026 година. Во сезоната 2024/25, голманот прими 43 гола на 47 натпревари во сите натпреварувања, при што на 17 натпревари не прими гол.

„Трансфермаркт“ ја проценува трансферната вредност на Донарума на 40 милиони евра.


Турски Кочаели е новиот клуб на Дарко Чурлинов

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов кариерата ќе ја продолжи во Турција. Како што објавија утрово турските медиуми, екипата на Кочаелиспор се договорила со англиски Барнли за перманентен договор со нашиот репрезентативец, кој во последните неколку сезони постојано беше на позајмици во други клубови, последен пат во полска Јагиелонија.

Кочаелиспор ќе потпише 2-годишен договор со нашиот репрезентативец, кој во Турција ќе му помогне на Кочаели во битката за опстанок во елитата.


Нотингем Форест го купи Бразилецот Џон Виктор

Англискиот фудбалски состав Нотингем Форест, го купи бразилскиот голман, Џон Виктор од екипата на Ботафого, објави веб-страницата на англискиот клуб.

Откако 29-годишникот потпиша тригодишен договор, спортскиот директор на клубот, Рос Вилсон, вели дека тоа е одличен потег.

„ Тој доаѓа тука со желба да остави впечаток и ние сме воодушевени што го пречекуваме“ – рече Вилсон.


Баер Леверкузен му врачи отказ на Тен Хаг

Баер Леверкузен по само два месеца се раздели со тренерот, Ерик тен Хаг, стои во објавата на германскиот фудбалски состав.

Одлуката доаѓа по лошиот почеток во Бундес-лигата. „Фармацевтите“ загубија дома од Хофенхајм а потоа одиграа нерешено кај Вердер (3:3) иако имаа предност од два гола.

„Одлуката не беше лесна. Никој не го сакаше тој чекор. Сепак, последните недели покажаа дека градењето нов и успешен тим не може да се осмисли без крајна цел“ – рече спортскиот директор на клубот, Симон Ролфес.


Млада ѕвезда од Челзи се пресели во Фулам

Фулам постигна договор за трансфер на талентираниот млад крилен играч Тајрик Џорџ од Челзи за сума од околу 22 милиони фунти. Договорот вклучува почетна сума и дополнителни бонуси поврзани со настапите на играчот, што го отсликува ангажманот на Фулам да го зајакне својот тим за престојната сезона. 

Пакетот содржи и значајна клаузула за дел од идниот трансфер, што гарантира дека Челзи ќе има корист од евентуална идна продажба на Џорџ. 19-годишниот крилен играч, продукт на Челзи академијата, веќе ја помина медицинската проверка и наскоро ќе се приклучи на Фулам. 

Овој трансфер му нуди на Џорџ јасен пат кон редовно место во првиот тим, што му беше тешко да го обезбеди во Челзи поради ограничени шанси. Познат по својата брзина и креативност, младиот играч се очекува да донесе нова енергија во нападот на Фулам. Овој потег се смета за паметна инвестиција во долгорочната иднина на клубот. 


Баерн преговара за позајмица со опција за купување за Адемола Лукман

Баерн Минхен е во преговори за доведување на 27-годишниот напаѓач Адемола Лукман од Аталанта. Германскиот шампион, според извори, понудил договор за позајмица со цел да ги зајакне нападните линии за претстојната сезона. 

Понудата вклучува значителна такса за позајмица, што го покажува сериозниот интерес на Баерн да го обезбеди Лукман. Како дел од стратегијата да останат конкурентни и во Бундеслигата и во Европа, Баерн вклучил и опција за купување на играчот по завршување на позајмицата, доколку Лукман остави добар впечаток. 

Преговорите се во тек, а двете страни работат на финализирање на деталите пред да се затвори трансфер прозорецот. Овој трансфер би можел да биде важен чекор во кариерата на Лукман, со можност да блесне во еден од најдобрите европски клубови.