feature

Феликс повторно се пронајде — од неуспеси во Европа до ѕвезда во Саудиска Арабија

Joao Felix doing the silence celebration while playing for Al Nassr

По летниот трансфер од Челси во Ал Наср, Жоао Феликс направи вистински бум во Саудиската Про лига. Португалецот брзо се наметна како прв стрелец на првенството со 10 погодоци, а во сите натпреварувања има вкупно 14 голови и 3 асистенции. Вкупно 17 директни учества во 16 настапи, што најдобро ја отсликува неговата влијателност.

Оваа форма претставува ново поглавје во кариерата на 26-годишниот напаѓач, кој по тешкиот престој во Челси и кратката епизода во Милан конечно најде средина каде што може да го покаже својот потенцијал. Под водство на португалскиот стратег Хорхе Хезус и во тим со Кристијано Роналдо, Феликс брзо се прилагоди на новата лига и средина.

Неговите досегашни настапи го вратија оптимизмот и му донесоа признание како еден од клучните играчи во борбата на Ал Наср за титулата. За Феликс, ова е повеќе од обична промена на клуб, тоа е вистински „нов почеток“, можност повторно да ужива во фудбалот и да ја потврди својата класа.


Пеп Гардиола и историскиот јубилеј — 1.000 натпревари како менаџер

Pep Guardiola smoking a cigar in a Manchester City jacket

На 9 ноември 2025 година, Пеп Гардиола стигна до еден од најимпресивните подвизи во својата блескава кариера, ја предводеше својата екипа по илјадити пат. Јубилејниот натпревар го прослави на најдобар можен начин, со убедлива победа од 3-0 против Ливерпул.

Екипата на Гардиола уште еднаш покажа зошто многумина го сметаат за еден од најголемите фудбалски умови во историјата. Од Барселона, преку Баерн Минхен, па до Манчестер Сити, неговата филозофија за „совршен фудбал“ го промени начинот на кој денес се игра играта.

Во своите 1.000 натпревари, Гардиола има неверојатен рекорд: 716 победи, 156 нерешени и само 128 порази, што претставува процент на успеси од 71,6%, бројка која малкумина можат да ја достигнат.

Со вкупно 40 големи трофеи, тој во просек освојува по еден на секои 25 натпревари. Неговата колекција опфаќа повеќекратни шампионски титули, купови и три триумфи во Лигата на шампионите, симбол на неговата конзистенција и совршенство.

Со овој јубилеј, Гардиола се приклучува на елитното друштво на тренери како Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер. Но, неговото влијание оди подалеку од бројките и трофеите.

Познат по револуционерните тактики и бескомпромисната посветеност на убавата игра, шпанскиот стратег инспирира генерации тренери и ја менува самата суштина на модерниот фудбал.

Додека дебатите за „најголемиот менаџер на сите времиња“ продолжуваат, неговите резултати, рекорди и траен печат во фудбалот му даваат повеќе од силен аргумент.


МекТоминеј се враќа во Премиер лигата

Клупскиот колега на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, Скот МекТоминеј се поврзува со трансфер со екипа од Премиер лигата. Шкотскиот репрезентативец минатата сезона го напушти Манчестер Јунајтед и направи трансфер во Наполи. На теренот во дресот на Наполи прикажува одлични игри и неговата форма ги задоволува сите пред сè бројните симпатизери на клубот.

Но, таквиот начин на поддршка во Италија, му создава притисок. Тој живее заедно со својата долгогодишна девојка Камерон Ридинг, но често на улиците знае да биде опкружен од голем број фанови.

МекТоминej ланската сезона беше еден од клучните играчи за освојувањето на титулата со 17 постигнати голови и 7 асистенции на 46 натпревари, а беше прогласен и за најдобар играч на Серија А.

Сезонава има постигнато четири голови со една асистенција на 10 натпревари, но три голови постигна за седум дена (два против ПСВ во Лигата на шампионите и еден против Интер).

Тренерот на Наполи Антонио Конте е задоволен од ефектот на шкотскиот интернационалец, кому договорот со Наполи му трае до јуни 2028 година, а клубот дојде откако за него беа платени 25,7 милиони фунти.


Влаховиќ ќе го менува Торино со Минхен

Душан Влаховиќ се најде во фокусот на јавноста откако „Билд“ објави дека Баерн Минхен сериозно е заинтересиран за неговото доведување.

Раководството на германскиот клуб веќе контактирало со Влаховиќ и неговите агенти, а играчот изразил големо воодушевување и јасно дал до знаење дека сака да се пресели во Минхен.

Планот е Влаховиќ да пристигне следното лето, без отштета, бидејќи тогаш му истекува договорот со Јувентус. Дури и ако Хари Кејн остане, Влаховиќ порача дека со задоволство би прифатил улога во Баерн.

Јувентус ова лето се обиде да го продаде Влаховиќ за да поврати дел од вложените 85 милиони евра, колку што плати на Фиорентина во 2022 година, но не успеаја.


Милан спремен да тргне по Бернардо Силва

Бернардо Силва неодамна даде на знаење дека би можел да го напушти Манчестер Сити по истекот на договорот следното лето, а за него е заинтересиран – Милан.

Раководството на Милан веќе го контактираше Португалецот за да ги открие неговите планови за по завршувањето на сезоната.

Португалскиот играч, кој сè уште не е подготвен за преселба во Саудиска Арабија, има 31 година и јасно е дека може да одработи уште неколку сезони на највисоко ниво.

Милан сака да ја искористи ситуацијата и да го доведе Силва без обештетување на Сан Сиро следното лето.


Заминаа тренерот и спортскиот директор на Македонија ЃП

Ситуацијата во Македонија Ѓорче Петров станува уште покомплицирана, тренерот Бобан Грнчаров поради ненадминливи разлики со новите сопственици на клубот си поднесе оставка.

Во изминатите денови фудбалерите штрајкуваа поради неисплатени плати, а новиот сопственик наместо да среди ситуацијата, тој со своето однесување дополнително го зголеми гневот кај фудбалерите и стручниот штаб.

Тој решил да го замрзне статусот на фудбалерите, а утрешниот меч против Шкендија да го игра со младинци. Поради актуелната ситуација Бобан Грнчаров си поднесе оставка од тренерската функција, а со него од клубот заминува и спортскиот директор, Александар Бајевски.

„Би сакал да ја информирам македонската јавност дека од денеска не сум веќе шеф на стручниот штаб на Македонија Ѓорче Петров.
Од клубот се разделувам со тага и жал, но и горд со сѐ што сторив во овие година и пол, заедно со фудбалерите, тренерите од стручниот штаб и директорот Александар Бајевски. Откако дојдоа новите газди, се појавија ненадминливи разлики околу концептот на водење на клубот, особено по нивната одлука утрешниот меч со Шкендија да го играме со младинци. Сакајќи да си го оставам образот чист, решив веднаш да се повлечам. Резултатите кои ги оставам зад мене доволно говорат за мојата работа во Македонија ЃП.

Ланската сезона триумфално минавме низ Втората лига и експресно се вративме во елитата, а годинава успеавме да го стабилизираме клубот во средината на табелата со шанси да се вмешаме во борба за некои од погорните места. На новите газди и на мојот наследник му посакувам среќа и успех во работата што им претстои“, пишува во соопштението на сега веќе поранешниот тренер на Македонија ЃП.


Отказ за Пењароа, Барса ќе добие нов тренер

Џоан Пењароа и Барселона ја прекинаа соработката, потврди каталонскиот клуб.

Крајот на соработката меѓу тренерот и кошаркарскиот гигант од Барселона дојде по уште еден неуспех во шпанската лига.

Барселона доживеа понижувачки пораз од Џирона (96-78), откако претходно загуби од Реал во евролигата и Мурсија во првенството.

„Тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Џоан Пењароа, ја напушти позицијата прв тренер. Барселона му се заблагодари на Пењароа за неговиот професионализам и му посака многу успех во понатамошната кариера. Каталонецот го презеде тимот на почетокот на сезоната 2024/25, а привремено ќе биде заменет од помошникот тренер Оскар Орелана“, се вели во соопштението на Барселона.

Шпанските медиуми наведуваат дека долгогодишниот тренер на Зенит, Чави Пасквал е главен фаворит да го наследи Пењароа. Пасквал ја водеше Барселона од 2008 до 2016 година.


Сака пред нов договор до 2040 година на „Емирати“

Ѕвездата на Арсенал, Букајо Сака, е блиску до потпишување на нов долгорочен договор со клубот до 2030 година.

Според инсајдерот Николо Шира, страните стигнале до последната фаза од преговорите. Според изворот, новиот договор вклучува значително зголемување на платата на играчот, но финансиските детали сè уште не се откриваат.

Тековниот договор на 24-годишниот Англичанец е до летото 2027 година. Оваа сезона, Сака има 14 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола.


Роб Едвардс пред промоција во Вулверхемптон

Раководството на Вулверхемптон неодамна му врачи отказ на Витор Переира, а информациите велат дека клубот го пронашол новиот стратег.

Се работи за актуелниот тренер на Мидлсброу, Роб Едвардс кој ја прифатил понудата од Вулвс. Тој ќе го напушти Мидлсброу и ќе стави потпис на договор со Вулвс.

Мидлсброу излезе и потврда дека Едвардс ќе замине за Вулвс. Тие одбиле една понуда за него, но откако разговарале со тренерот решиле разочарани решиле да му дозволат да замине.

Мисијата за опстанок на Вулверхемптон ќе му биде исклучително тешка со оглед на тоа што по 10 одиграни меча имаат освоено само два бода, а немаат тим кој влева надеж дека може да се направи некоја позитивна серија.

Со оглед на тоа што Мидлсброу е на второто место во Чемпионшип, може да се случи по крајот од сезоната тие да влезат во најдобрата англиска лига, а Роб Едвардс и Вулвс да испаднат во Чемпионшип.


Нов гол на Дориев, нова победа на Согдиана

Љупче Дориев игра во голема форма за Согдиана во првенството на Узбекистан, македонскиот фудбалер беше стрелец во гостинска победа од 2-0.

Дориев погоди во 85. минута за водство од 1-0 на Согдиана на гостувањето кај Хоразм. Во судиското продолжение неговиот тим даде уште еден гол за триумф од 2-0.

Согдиана е на средина на табелата, но нашиот Дориев со 16 постигнати гола е на второто место на листата на стрелци со само два погодоци помалку од првиот. Македонецот има и шест асистенции оваа сезона.