feature

Дончиќ еден месец надвор од кошаркарските терени

Суперѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ ќе биде околу еден месец надвор од терените откако се здоби со повреда на потколеницата на Божиќниот натпревар против Минесота во средата.

Лука Дончиќ до овој момент има просек од 28,8 поени, 8,5 скока и 8,1 асистенции по натпревар.

Словенецот ја губи можноста да се квалификува за поединечни награди во сезоната на НБА, бидејќи нема да ги исполни критериумите на лигата за бројот на одиграни натпревари.


Де Ла Фуенте: Шпанија на следниот Мундијал ќе биде уште посилна

Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте изјави дека неговата селекција е една од најдобрите селекции во светот.

Не знам кој е најдобар, но Шпанија сигурно е една од најдобрите селекции. Секако, на неодамнешното Европско првенство покажавме дека сме конкурентна репрезентација, играме модерен фудбал и поседуваме победнички дух. Но, има и други големи тимови во Европа и пошироко. Шпанија има квалитет да се бори со секој противник, изјави Де ла Фуенте за „АС“.

Тој ги сподели и своите очекувања за Светското првенство во 2026 година.

Останува многу малку време бидејќи 18 месеци ќе летнат многу брзо. Но, ние сме подготвени, и јас сум многу оптимист, да бидам искрен. И тоа е затоа што ги познавам моите играчи и тие се ненаситни и сакаат да продолжат да победуваат. Не знам до каде ќе одиме, но за овие 18 месеци ќе бидеме уште подобри отколку што сме сега. Ќе се појават нови добри играчи, а тие што ги имаме сега ќе станат позрели и посилни. За Светското првенство во САД, Мексико и Канада ќе бидеме уште посилни отколку што сме сега, додаде Де ла Фуенте.

На Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада ќе играат 16 селекции од Европа. Европските квалификации за турнирот ќе започнат во март 2025 година и ќе завршат со плејофот во март 2026 година.


Симона Халеп го откажа учеството на Австралија Опен

Симона Халеп, 33-годишната романска тенисерка и некогаш најдобра светска тенисерка, поради повреда се повлече од Австралија опен, првиот Грен слем турнир годинава.

Халеп моментално е 877. тенисерка на ВТА рангирањето, а од организаторите на турнирот во Мелбурн доби покана за настап во квалификациите. Романката го откажа доаѓањето во Мелбурн поради повреда на коленото и рамото што ја добила на почетокот од подготовките за новата тениска сезона.

Во октомври 2022 година, Халеп беше суспендирана на четири години поради позитивен допинг тест, но по жалба казната ѝ беше намалена на девет месеци бидејќи беше утврдено дека намерно не ја земала забранетата супстанца роксадустат. Халеп на крајот на 2017 година беше најдобрата тенисерка на светот, а во кариерата освои вкупно 24 ВТА турнири.

Од тоа, таа двапати победи на Грен слем турнирите, најдобра беше во 2018 година на Ролан Гарос и 2019 година на Вимблдон. На Австралија Опен во 2018 година, играше во финалето кога беше поразена од Данката Каролин Вознијацки. Отвореното првенство на Австралија ќе се одржи од 12 до 26 јануари, а Халеп последен пат играше на Грен слем турнир на УС Опен во 2022 година.


Мурињо и Фенер бараат странски судии за пролетниот дел на Суперлигата

Фенербахче побара од турската фудбалска федерација да ангажира странски судии за првенствените натпревари.

Клубот од Истанбул смета дека домашните судии не можат да го издржат притисокот и да ги водат натпреварите според правилата.

„По 16 натпревари не може да се негира дека судиите влијаат на резултатите. Сезоната која започна со разговори за „правдата во фудбалот“ се претвори во мрачен театар на скандалозни судиски одлуки, секако на штета на нашиот тим. Турскиот фудбал систематски се уништува, особено со ВАР-от“, се вели во соопштението на Фенербахче.

Во жестокото писмо се нагласува дека судиите фаворизираат „еден тим“. Не се истакнува, но јасно е дека прстот е вперен во Галатасарај.

Капката што ја прли чашата беше натпреварот против Ејуп во петокот (1-1).

„На нашиот противник му беше дозволено да остане со единаесет играчи бидејќи судијата не покажуваше црвени картони. Бевме сведоци на судиски масакр кога на нашиот тим не му беа досудени два чисти пенали. Не можеме повеќе да го жртвуваме турскиот фудбал поради оваа бесрамна корупција. Тоа веќе не се грешки. Не го прифаќаме овој срам. Сакаме правда и бараме веднаш да се назначат странски судии“, се вели во соопштението на Фенербахче.

Фенербахче е втор на табелата со 36 бодови, осум помалку од лидерот Галатасарај.


Пливачот Маршан е најдобар европски спортист за 2024 година

Францускиот пливач Леон Маршан е прогласен за најдобар спортист во Европа во традиционалниот избор на новинските агенции. Изборот по 67. пат го организираше Полската национална агенција (ПАП).

Маршанд (22) освои пет медали на Олимписките игри во Париз, четири златни и една бронза.

Францускиот пливач доби вкупно 155 поени. Второто место во изборот за најдобар европски спортист му припадна на словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар (148 поени), а на третото место заврши шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, кој освои 142 поени.

На четвртото место е италијанскиот тенисер Јаник Синер со 113,5 поени, а петти е актуелниот светски шампион во Ф1, Макс Ферстапен (71).

Во Топ 10 се и шпанскиот фудбалер Родри (53), швајцарскиот скијач Марко Одермат (49), украинската атлетичарка Јарослава Махучич (43), белгискиот велосипедист Ремко Евенепул (36) и српскиот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ (35).


Аталанта го сака Киеза на позајмица за да атакува на скудетото

Лидерот во Серија А, Аталанта, има план дополнително да го подобри нападот за вториот дел од сезоната. Џанпјеро Гасперини има намера да го ангажира фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза.

Поранешниот првотимец на Јувентус не се претстави најдобро на „Енфилд“, каде летово пристигна од Торино за 13 милиони евра. Повредите го ограничија на само четири настапи во дресот на црвените. Она што не е добро за Киеза кој сега е целосно здрав што последен пат за Ливерпул настапи во септември.

Во Бергамо веруваат дека мпожат да го вратат Киеза во препознатливата форма. Гасперини го гледа како играч од клупата со загарантирани минути во второто полувреме.

Според италијанските медиуми, оваа опција била прифатлива за Киеза, кој сака да се врати во форма, а дополнителен мотив му е борбата за шампшионската титула во Серија А.

Идејата е италијанскиот интернационалец прво да дојде во Аталанта на позајмица до крајот на актуелната сезона, а потоа доколку двете страни бидат задоволни, би се активирала откупна клаузула.


Дурент: Јокиќ е меѓу најдобрите десет на сите времиња

Денвер Нагетс, предводени од трикратниот најкорисен играч (МВП) Никола Јокиќ, загубија од Феникс со 110-100 во Аризона во Божиќната пресметка во НБА. Кевин Дурент и Бредли Бил постигнаа по 27 поени во победата на Санс, а Јокиќ за Денвер имаше 25 поени и 15 скока.

На овој натпревар Јокиќ остана далеку под сезонските просеци во поени (30,9) и асистенции (9,7).

Многу НБА аналитичари сметаат дека 29-годишниот Јокиќ ги троши своите најдобри денови од кариерата во тим кој е далеку од шампионските амбиции, какви што имаше пред неколку сезонаи.

Се предвидува дека Денвер наскоро ќе се обиде да направи трејд и да му донесе ѕвезда на Јокиќ за соиграч, а најмногу се зборува за Џими Батлер од Мајами Хит. Во тој случај, Денвер ќе го напушта Мајкл Поертер Јуниор, Зек Наѓи и Дарио Шариќ.

По натпреварот, Дурант не штедеше комплименти за Јокиќ.

„Сакавме да се вратиме и да играме посилно и подобро, особено во третата четвртина. Го издржавме притисокот, тие се физички силен тим и го имаат најдобриот играч во светот, кој е меѓу најдобрите 10 на сите времиња, Никола Јокиќ.“


Халанд промаши пенал, Сити не го победи ни Евертон

Манчестер сити продолжува да тоне. Сити на Боксинг Деј не успеа да го победи Евертон, натпреварот заврши без победник 1-1 (1-1). Трагичар е Ерлнг Халанд, чии пенал го одбрани Џордан Пикфорд.

Факт за рубриката „верувале или не“ е дека Манчестер сити има само една победа, три нерешени и девет порази во последните 13 натпревари во сите натпреварувања.

За Сити натпреварот започна добро, бидејќи Бернардо Силва погоди во 14. минута за водство.

Но, еден гол не беше доволен да ја зголеми самодовербата, Евертон успеа да изедначи со голот на Ндиај во 36минута. е доволен за да се подобри самодовербата, а гостите од Ливерпул само придонесоа за нервоза кај домашните со израмнување во 36. минута.

Во 53. минута Сити доби пенал, но Пикфорд го прочита Халанд. До крајот Сити не успеа да создаде серизна шанса за гол, најдобрата можност ја имаше Рико Луис во финишот, но неговиот удар заврши над голот.


Јунајтед пак потопен, Вулверхемптон со гол од корнер до победа

Вулверхемптон вечерва го совлада Манчестер jунајтед на домашен терен за прв пат од 2019 година. Во 18. коло од Премиер лигата, Волвс победиja со 2-0, со головите на Матеус Куња и Хи-Чан Хванг, на кого Куња несебично асистираше во последните секунди од натпреварот.

Со оваа победа, Волвс го прескокна Лестер на 17. место на табелата во Премиер лигата и ја напушти зоната за испаѓање со втората последователна победа. Манчестер јунајтед, пак, го претрпе третиот последователен пораз во последната недела и моментално е на 14. место во англискиот шампионат.


Милан сака да го врати Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и одигра солидна сезона, но во последно време добива мала минутажа.

Дијаз блескаше во дресот на „росонерите“, па Реал одлучи да го врати како замена за Асенсио минатото лето.

Меѓутоа, Дијаз добива мала минутажа, а на лето конкуренцијата на неговата позиција додатно ќе се зголеми, па е спремен да ја промени средината.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал е спремен да го пушти на лето, а најсилен интерес покажува Милан, кој сака да ја исправи грешката и да го врати на „Сан Сиро“.