feature

Објавен распоредот за ракометниот олимписки турнир

Организацискиот комитет на Олимписките Игри во Лос Анџелес 2028 (ЛА28) ја откри долгоочекуваната програма за ракометните турнири, најавувајќи жешка акција во Лонг Бич Арена.

Натпреварите ќе започнат два дена пред свеченото отворање, а финалната еуфорија ќе трае до самиот крај на Олимпијадата.

Олимпискиот ракометен турнир започнува во среда, 12 јули 2028 година, со машкиот прелиминарен круг.

Натпреварите во машка и женска конкуренција ќе се одвиваат наизменично секој ден, со три сесии од по два натпревари (вкупно шест натпревари дневно), обезбедувајќи вистински ракометен маратон за љубителите на овој спорт.

Важно: Единствена пауза во групната фаза е предвидена за петок, 14 јули, поради Церемонијата на свечено отворање на Игрите.

Единствена пауза во групната фаза е предвидена за петок, 14 јули, поради Церемонијата на свечено отворање на Игрите

Четвртфиналиња (Мажи): Недела, 23 јули
Четвртфиналиња (Жени): Понеделник, 24 јули
Полуфиналните дуели се закажани за 25 и 26 јули.

Кулминацијата на турнирот е резервирана за последните два дена од ракометната програма:

Машки Медали (Бронза и Злато): Четврток, 27 јули
Женски Медали (Бронза и Злато): Петок, 28 јули
Со вкупно 46 сесии, ракометниот турнир ќе биде еден од најобемните натпреварувачки блокови на ЛА28.


Ливаковиќ се враќа во Динамо Загреб

Доминик Ливаковиќ е блиску до враќање во Динамо во зимскиот преоден рок.

Ливаковиќ сака да се врати во Динамо, а и клубот сака легендата повторно да застане на голот.

Извори блиски до клубот наведуваат дека договорот е блиску до завршување, со оглед на тоа што постои взаемна волја.

Ова лето, Ливаковиќ отиде на позајмица во Џирона до крајот на сезоната од Фенербахче, со кого има договор до летото 2028 година.


Пораз во четири сета за Пелистер волеј против Струмица Жени

Одбојкарките на Струмица жени по два порази во низа запишаа важна победа на гостувањето во Битола, кај Пелистер волеј so 1-3 во шестото коло од Првата лига жени. Во натпреварот со многу пресврти кај струмичанки пресуди прволигашкото искуство кое им донесе можеби клучни гостински три бода во плеј-оф трката.

Девојките на Вардар ЕМ, исто така, стигнаа до победа која може да биде значајна за нив, со победата од 3-1 над градскиот ривал Фит Фан Волеј. Со овој триумф „црвено-црните“ влегоа во победничка низа во најсилното домашно женско друштво.

Лидерот Работнички Скопје и Наковски волеј, кој со еден бод е зад него на табелата, држат позитивен ритам од самиот старт на сезоната и досега се непоразени во првенството. Токму поради тоа и нивниот меѓусебен дуел следната недела ќе биде во центарот на вниманието. Последниот натпревар од шестото коло кај дамите, кое носи епитет дерби ќе се игра в понеделник во СЦ „Форца“ кога се соочуваат Газели волеј и Јанта волеј КВ.

Прва лига (ж)
Шесто коло:

Ускана – Работнички Скопје 0-3 (17-25, 14-25, 12-25)
Вардар ЕМ – Фит Фан Волеј 3-1 (25-13, 21-25, 25-16, 25-23)
Пелистер волеј – Струмица Жени 1-3 (21-25, 23-25, 25-22, 12-25)
Наковски волеј – Младост УГД 3-0 (25-20, 25-18, 25-14)
Газели волеј– Јанта волеј КВ – 17 ноември


Маџари ја продолжи серијата на победи, Работнички немоќен против новајлијата

Кошаркарите на Маџари со одлично второ полувреме во дуелот со Работнички направија резултатски пресврт, и стигнаа до третата по ред победа во македонското првенство. Од друга страна Работнички ја прекина серијата од четири победи.

Маџари кои по првото полувреме губеше со девет поени разлика (38-47) одигра извонредно во последните 10 минути и по 28-14 дојде до конечни 87-80.

Седмо коло:
МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ 80-67
Ангели – Тиквеш Голден Игл
Чаир 2030 – Гостивар
Феникс 2010 – Кожув
МКК Куманово – Пелистер


Голем проблем за Ефес, Ларкин два месеци надвор од терените

Шејн Ларкин ги повреди препоните на дуелот на Ефес со Баерн Минхен, а познато е и колку долго ќе паузира искусниот кошаркар.

Тренерот Игор Кокошков нема да може да смета на долгогодишната прва ѕвезда на тимот во следните два месеци.

Повредата се случи во првата четвртина од натпреварот во Анталија, кој Ефес го доби во трилер завршница со 74-72.

Капитенот на Ефес, има просек од 15,8 поени и 4,5 асистенции по натпревар оваа сезона.


Алкараз и Синер ќе играат за титулата на Мастерсот во Торино

Карлос Алкараз го победи Феликс Оже-Алијасим со 6-2, 6-4 и ќе се бори за својот прв трофеј на Завршниот Мастерс во Торино. Противник во финалето ќе му биде Јаник Синер.

Канаѓанецот речиси и да немаше шанси да му наштети на Алкараз, кој му дозволи само една брејк шанса во текот на мечот. Феликс не ја искористи, додека првиот рекет на планетата во најголем дел ги реализираше своите шанси.

Во првиот сет, прилично конфорни 6-2, во вториот, понеизвесни 6-4. Немаше брејк-топки сè до десеттиот гем кога 25-годишникот од Монтреал сервираше за да остане во мечот.

Секако, Оже-Алијаси може да биде задоволен од феноменалната форма што ја покажа во втората половина од сезоната. На следната АТП листа, тој ќе биде на петтата позиција, што ќе биде неговиот најдобар пласман во кариерата. Убав финиш по титулата во Брисел, полуфиналето на Отвореното првенство на САД и финалето на Мастерсот во Париз.


Вили Грин не е повеќе тренер на Њу Орлеанс

Управата на Њу Орлеанс пеликанс денес му додели отказ на Вили Грин. Четириесет и четиригодишниот тренер го водеше тимот од 2021 година.

– Имам огромно восхитување и почит кон Вили Грин и сум навистина благодарен за сè што направи за нашата организација во текот на изминатите неколку години. Ова е тешка работа и овие одлуки не се донесуваат лесно, изјави сопственикот на тимот, Гејл Бенсон.

Грин претходно беше асистент во Феникс (2019-2021) и Голден Стејт (2016-2019).

Најдоброто достигнување на Грин со Њу Орлеанс беше стигнувањето до првата рунда од плејофот на НБА во 2022 и 2024 година. Во тековната сезона Пеликанс загубија 10 од 12 натпревари и се на дното на табелата во Западната конференција на НБА-лигата.


Велс минимално го совлада Лихтенштајн, реми ни одговара во вторник во Кардиф

Фудбалерите на Велс вечерва го победија Лихтенштајн со 0-1 на гостувањето во Вадуз.

Велшаните се надеваа на триумф со најмалку шест голови разлика, но едвај стигнаа и до минимална победа.

По овој резултат, на македонската репрезентација во Кардиф во вторник доволно ќе и биде и реми за да го освои второто место во Ј-групата и да оди во бараж за СП 2026 преку квалификациите.

Во случај на чудо, односно Белгија да загуби од Лихтенштајн дома, тогаш нашата репрезентација со победа над Велс ќе избори директен пласман на Мундијалот 2026 што ќе се игра во САД, Мексико и Канада.


Мусети како Синер: Го откажа учеството на Дејвис Купот во Болоња

Италијанската машка тениска репрезентација ќе биде дополнително ослабена за финалето на Дејвис купот, кое ќе се игра во Болоња следната недела, откако по Јаник Синер, настапот го откажа и Лоренцо Мусети.

Синер и Мусети, во моментов рангирани на второто и деветтото место во светот, лани ѝ ја донесоа титулата на Италија. Сепак, Синер пред две недели објави дека ќе го прескокне овогодишното финале, а денеска за италијанскиот тренер Филипо Воландри дојде нов непријатен удар по откажувањето на Мусети.

На местото на Мусети во италијанскиот состав е повикан Лоренцо Сонего (АТП. – 45), кој ќе настапи заедно со Флавио Коболи и Матео Беретини во поединечна конкуренција и Андреа Вавасори и Симоне Болели во двојки.


Курасао сонува историски пласман на Светско првенство

Фудбалерите на Курасао се едно од најголемите во квалификациите за Светското првенство и се наоѓааат на само еден чекор од историски пласман на Мундијал.

По убедливата победа од 7-0 над Бермудските Острови, на тимот му е потребен само бод за да ја обезбеди првата позиција во групата и местото на Светското првенство од КОНКАКАФ зоната. Доколку успеат, Курсао ќе стане најмалата држава во историјата која се пласирала на Мундијал, со население од само 150.000 жители.

Репрезентацијата е предводена главно од играчи од најсилната холандска лига, но меѓу нив им и двајца фудбалери од Премиер лига, Вурнор-Анита од Њукасл и Кука Мартина од Евертон.

Во последното коло, Курасао го очекува дербито со Јамајка и со барем еден освоен бод ќе ја испишат најубавата страница во својата фудбалска историја, но и ако не успеат, ќе имаат уште една шанса преку баражот.